Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol

Празничната еуфорија би била незамислива без традиционалните божиќни филмови. Иако меѓу нив знае да се најде некој автентичен филм кој ќе ти го згрее срцето (мојот личен фаворит е Klaus, 2019), јасно е дека преовладуваат наративи кои слепо ги потврдуваат божиќните хетеронормативни и патријархални идеали како единствени опции. Исто така, без разлика на тоа во каков хаос се наоѓаат ликовите на почетокот на филмот, на тоа колку непремостливи се нивните разлики и недоразбирања, до крајот на дејството сите пречки се надминати, па целото семејство сложно и среќно го прославува триумфот на љубовта и солидарноста на полната трпеза. А ако постои едно правило за Божиќ, тоа е дека не смееш да го поминеш сам/а.

Но Божиќ за многумина не е најсреќното и идилично време од годината како што овие филмови го претставуваат, особено не за оние чии вредности и форми на бидување и живеење излегуваат од хетеронормативната рамка или оние чии семејства ги отфрлиле поради истите. Според квир теоретичарката Ив Сеџвик Косовски, она што го прави Божиќ депресивен за квир заедницата е целата таа институционализирана божиќна пропаганда и притисоците кои ги врши врз индивидуата. „Сите тие – религијата, државата, капиталот, идеологијата, семејниот живот, дискурсите на моќ и исправност – толку вешто се здружуваат еднаш годишно, а на така создадениот монолит може да се гледа само со несреќни очи” [1].

Во својата статија Божиќ не е за настраните, Лорен Гутерман потенцира дека за време на празниците, Божиќ и семејството се изедначуваат, тие се содржат еден во друг и се утврдуваат еден преку друг. Според неа, во сликата на овој утврден идеал и опасен спој на сакралното и секуларното нема простор за неуредноста и неконзистентноста на настраноста и „неможноста да се изедначат и конформираат телата, изгледот, идентитетите, искуствата и фантазиите на квир субјектите” [2]. Таа оди дотаму што заклучува дека Божиќ и настраноста се спротивни еден на друг. Гутерман го гледа крајот на овој антагонизам во признавањето на правата на ЛГБТК+ заедницата, права кои ќе им дозволат на нејзините припадници да основаат поинаков облик на хармонични семејства и со тоа да влезат во божиќната рамка. Но дали тоа значи дека и тогаш Божиќ ќе им биде достапен само на оние кои спаѓаат во сега малку проширената (хомонормативна?) категорија семејство?

Гутерман несомнено е во право, но она што исто така ни е потребно се божиќни наративи кои отсокнуваат од утврдената рамка, наративи чија задача е да ги предизвикаат и испитаат нејзините граници за да ги разлабават или, уште подобро, да ги избришат. Потребни се квир наративи кои ja демистифицираат божиќнaта хетеронормативна хармонија, филмови кои ја препознаваат (но не и романтизираат) дисфункционалноста и осаменоста, неприфатеноста и различноста, без да ни сервираат лажно и краткотрајно прифаќање на божиќната трпеза.

Со еден поинаков божиќен наратив се среќаваме во филмот Carol (2015), на режисерот Тод Хајнс. Филмот ја прикажува забранетата желба и љубовта која се развива помеѓу Керол (Cate Blanchett), богата, привилигирана и привлечна жена која се обидува да стави крај на својот несреќен брак, и младата Терез Беливет (Rooney Mara) која работи како службеничка во стоковна куќа и сонува да стане фотографка. Нивната љубов е попречена од мажот на Керол, Харџ (Kyle Chandler), кој не може да се помири со фактот дека ја губи Керол, па ја уценува со старателството врз нивната 2-3 годишна ќерка.

Дејството се одвива во Њујорк, во педесетите години на минатиот век. Сценариото е напишано според книгата The Price of Salt (1952) на Patricia Highsmith која поради контроверзната тематика, морала да ја објави книгата под псевдоним. Холивудскиот филмски кодекс од тој период, укинат во 1968 год., забранувал прикажување на било каква сексуална „перверзија”¹ . Оние режисери кои биле решени да вклучат квир ликови во своите филмови биле принудени да се служат со стереотипи и бројни алузии кои би им помогнале да го искомуницираат нивниот идентитет. Голем број хомофобични и трансфобични стереотипи кои опстојуваат и ден-денес потекнуваат токму од ваквите архетипски ликови.

Во линија со ваквите уметнички решенија, а во склад со исклучително стигматизирачкиот период во кој Керол и Терез се вљубуваат една во друга, во Carol лезбејската желба никогаш не е експлицитно именувана како таква. На сметка на тоа, режисерот ја наговестува желбата преку женскиот поглед, кој служи не само како социолошки феномен кој се спротивставува на посесивниот и објектификувачки машки поглед (the female vs male gaze), туку претставува и замена за говорот (похотливите и копнежливи погледи со кои ликовите ја испитуваат и искажуваат желбата која ја чувствуваат една кон друга). Низ филмот, иако се заедно, Терез и Керол ретко ги гледаме во иста филмска рамка. Најчесто другиот субјект на желбата го гледаме низ погледот на првиот, а одличната глума на Бланшет и Мара ги прави тензијата и премолчената интимност поради ускратеноста и стравот желбата да биде изговорена сосема видливи за гледачот.

 

 

 

 

Дејството во филмот започнува неколку дена пред Божиќ (Керол за првпат ја здогледува Терез во стоковната куќа додека купува божиќен подарок за ќерка си) и го опфаќа целиот тој празничен период. Наспроти очекувањата наметнати од класичниот божиќен наратив, протагонистките се соочуваат со силни разочарувања, болка, беизлезност, осаменост, загуба, разделба и неизвесност. За да ја долови растргнатоста и внатрешниот немир на ликовите, режисерот низ речиси целиот филм ги прикажува фрагментирано, преку прозори, автомобилски стакла и излози, низ врати и во огледала. Освен што ја нагласува нивната поделеност, ваквото прикажување како да ги „врамува” ликовите во нормите и вредностите на доминантната култура. Гледачите го делат товарот бидејќи за да стигнат до с’ржта на ликовите треба да ги надминат и срушат овие вредности.

Божиќ за Керол и Терез е низа од стапици. Што и да одберат, тие ќе се чувствуваат неисполнето и ограничено. Керол може да одбере да го прослави Божиќ сама или пак да прифати да слави со семејството на Харџ за да биде со ќерка си. Терез, исто така, треба да избере помеѓу тоа да слави сама или да го помине Божиќ со семејството на дечко ѝ во кого не е заљубена. За да го прослават Божиќ надвор од канџите на патријархатот, тие заминуват на road trip во потрага по нивно лично и интимно божиќно место. Единствениот простор достапен за Керол и Терез и нивната „девијантна” желба е оној кој тие самите ќе го најдат/создадат: road trip одисејата, мотелите во кои отседнуваат, дајнерот во кој го прославуваат Божиќ. Ова се простори кои ги ослободуваат од патријархалните и хетеронормативните притисоци, од сферата на домот, бракот, дозволените начини на љубење и живеење и неуспехот да ги задоволат истите. „Би можела да се навикнам да имам цел град за себе”, вели Терез додека појадуваат во трошниот дајнер тоа поинакво божиќно утро.

Овие места, кои како да постојат на границата помеѓу реалното и мистичното, Фуко ги нарекува хетеротопии. Наспроти утопиите кои преставувават места кои не можат да се лоцираат во реалниот простор, секоја култура креира свои хетеротопии, места во кои реалниот свет е истовремено претставен, оспорен и извртен [3]. За Керол и Терез, овие простори имаат пред се трансформативна моќ, тие се противтежа која ги соочува со нивната позиција во реалноста и ја преиспитува истата. Божиќната квир хетеротопија која ја создаваат и населуваат привремено нема да направи да исчезнат загубата и страдањето кои ги чувствуваат. Напротив, нивното бегство е вртење во круг (како вовчето кое Керол симболично ѝ го подарува на Терез за Божиќ) кое завршува со разделба пред да настапи задоцнетата трансформација која им дава нова сила да создаваат простори за себе во реалноста.

Квир божиќните наративи се важни токму поради тоа што ги прифаќаат и негативните емоции (разочарување, вина, страв, осаменост, срам, страдање, отфрленост, неизвесност, итн) кои се инаку неспојливи со овој празничен период. Тие се важни затоа што не пропагираат дека овие емоции треба да се потиснат и пикнат под тепихот како симбол на нашиот неуспех туку ги разоткриваат угнетувачките механизми на доминантната култура, нејзините in-your-face хетеронормативни вредности и традиции кои врз (квир) индивидуите вршат дополнителен притисок да се чувстуваат неудобно, заробено и недоволно во текот на овој период затоа што нивните форми на живеење и љубење се „неприфатливи”.

Забранетата љубов на Керол и Терез e само една од причините поради кои Carol се разликува од хомонормативните божиќни класици. Дополнително, Carol ги става неуспехот, негативните емоции и социјалниот распад на ликовите и средината во која живееат и нивниот трансформативен набој во центарот на божиќниот наратив кој го раскажува. Сето ова, заедно со визуелните техники и уметнички решенија на режисерот, сценографијата која во целост го доловува естетскиот шарм на 50тите и одличната глума го прават Carol вистинска празнична посластица.

 

¹[1] Дури во 1973 год. Американската психијатриска организација (APA) ја тргна хомосексуалноста од листата на патологии наведени во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања (DSM).

Користена литература:

[1] Sedgwick, E.K. (1994) Tendencies. London: Routledge, p.71
[2] Gutterman, L. (2015) Christmas Isn’t for Queers. HuffPost.com
[3] Foucault, M. (1967) Of Other Spaces. Trans. Jay Miskowiec, Diacritics 16.1:26.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • January 8, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram