Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.

Едни од најчесто наметнатите цели и општествени очекувања со кои, првенствено на семејно ниво, а потоа и општествено, се соочува речиси секоја млада жена, е идејата за брак и создавање потомство. Заедничка одлика на секое хетеронормативно и патријархално општество, без разлика на етничката и културна позадина, е очекување од женските деца во семејството без исклучок да бидат мајки. Тоа очекување суптилно се провејува уште од најмали нозе, преку родовите стереотипи стандардни за родителското воспитување и најчестите детски игри.

Кога една жена ќе го отфрли концептот на мајчинство како улога во која се гледа во иднина, често се соочува со етикетирања и осуда од најблиската околина. Девојките и жените, нееднакво и непропорционално со своите машки врсници, се стигматизирани и табуизирани поради немањето желба за создавање потомство. Недостатокот на т.н. мајчински инстинкт во очите на традиционално ориентираната општествена средина ја доведува до прашање нашата вредност и  „женскост“ (што е автоматски дискриминирачки кон транс жените), но и како личности со способност за емпатија и одговорност. Тие жени и девојки се дефинирани како себични, ладни и неемотивни. Додека двата одговори на личната дилема околу репродукцијата се потполно валиден индивидуален избор, само негативниот се дочекува со инфантилизација и очекување со тек на време неизбежно да се промени мислењето и, ако не е доволно доцна, да дојде до каење за одлуката.

Постојат цел спектар на валидни причини поради кои една девојка или жена може да е скептична и да не се чувствува подготвена за раѓање и родителство на долг рок или воопшто во животот – од стравот од бројните здравствени ризици на бременоста сама по себе и/или лошите акушерски услови (акушерско насилство) во државава, егзистенцијални дилеми околу условите во кое би донела нов живот (невработеност, недоволни финансиски средства, но и глобалната состојба на пандемиска и климатска неизвесност), до трауматски искуства во улога на ќерка со сопствените родители и немање соодветен пример за здраво родителство. За жал, традиционалните вредности на нашето општество ги инвалидираат сите овие причини – иако истите не е ни потребно една девојка или жена да ги приложува никому, туку нејзината желба е сосема доволен фактор во оваа клучна одлука за сопственото тело.

 

Лингвистичката родова несензитивност кон жените без деца

 

 

Низ јазикот, заедно со дијалектите и идиолектите кои ги опфаќа, како основно средство за комуникација – можеме непосредно да ги согледаме проблемите и предрасудите вкоренети во едно општество. Па така, во нашиот разговорен јазик имаме широка палета на дискриминирачки термини кои се користат за жена која нема родено: јалова, безродна, бездетна, неротка. Во македонското народно творештво, кое ги отсликува патријархалните вредности на едни изминати времиња, но и во секојдневието – сите овие епитети се користат во дерогативен или во најмала рака сожалувачки контекст кон жената, нејзиното здравје, вредност и комплетност. Во склоп на овие навредливи калапи во кои се ставаат жените без деца е и т.н. „стара мома со мачки“ – модерен стереотип за жени во зрели години надвор од хетеронормативните семејни рамки кои се посветуваат на љубовта кон домашните животни.

Од друга страна, сè уште ниту лингвистички не се препознава разликата помеѓу епитетите childless (личност без деца) и childfree (личност која нема деца по свој избор), што е суптилен показател за игнорирањето на личниот избор како клучен фактор во репродуктивниот процес, особено мајчинството.

Ваквиот родово несензитивен речник е само уште еден показател за потребата од популаризирање на женскиот глас во областа на јазикот и пишаниот збор. Пренесувањето на женските искуства од женска перспектива во медиумите и литературата е клучно во неутрализирање на конзервативните ставови во врска со телесната автономија.

 

Стапките на наталитетот како националистичко-патријархален аргумент

 

 

Гореспоменатите поенти и искуства со негативни сентименти и предрасуди главно произлегуваат од личното и анегдоталното, за кои сепак ние жените немаме луксуз целосно да ги одвоиме од политичкото. Критично прашање на кое македонската и светската јавност често се навраќа е она за намалените стапки на наталитет и наводниот драматичен причинско-последичен след од истиот. Главен виновник е, секако, еманципацијата на жените и унапредувањето на нашите права и слободи. Особено заканувачки тон се провејува во бројните несензитивни кампањи за проширување на семејството со кои конзервативните политичари и влади го перпетуираат овој националистички и патријархален наратив, а кои не се страни во државава и регионов во последниве две децении. Пример за тоа се интензивните медиумски кампањи на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ за многудетно семејство и демонизирање на абортусот во Македонија, кои кулминираа со донесувањето на рестриктивниот Закон за абортус во 2013. Денес, овој наратив во сличен облик го пресликува демохристијанската влада во Србија.

Важно е да се сфати дека интересите, вредностите и проширувањето на ниту еден колектив (семејство, етничка/верска заедница, нација) не смее да биде над личната волја и одлука на жената во врска со репродуктивната функција на своето тело. Раѓањето не е обврска и ниту една жена не должи нови членови на нејзината заедница.

 

 

Репродуктивниот избор како право на секоја жена и приоритет во интерсекционалната феминистичка борба

 

 

Како и во секоја дискусија за женски права, најподмолната стратегија на патријархатот е онаа да ги подели и сврти жените со различни искуства и цели едни против други. Во случајов, жените кои по свој избор одлучуваат да не раѓаат и/или имаат прекинато несакана бременост се претставуваат како бесчувствителни и неблагодарни во споредба со оние кои се борат со неплодност, бидејќи се неволни да ја искористат можноста која вторите ја немаат. Искористувајќи ја ранливоста и предизвиците со кои се соочува втората група, патријархалното општество се стреми да им наштети и да ги лиши од овој избор сите жени.

Уште една лажна дихотомија која создава неоснована поделба меѓу жените и нивно ставање во калап, е онаа на кариерно ориентирани наспроти домаќинки кои се посветени на мајчинството. Во реалноста, како што една амбициозна и деловно успешна жена може во исто време да биде и одлична мајка посветена на своето дете/деца, така и сите жени кои немаат деца не мора да се натпросечно амбициозни и фокусирани на кариерата. Немањето потомство не е неуспех или празнина која треба да се компензира со исклучителни достигнувања во професионалната сфера за да се биде валидна како член на општеството.

Исто така, опцијата да не се пронаоѓаш во бременоста и биолошкото родителство не смее да се набљудува како тренд или привилегија резервирана за успешни, бели жени од средната класа во развиените западни земји – туку основно човеково право кое спаѓа во телесната автономија на секоја индивидуа со репродуктивен систем кој овозможува бременост. Затоа е важно во склоп на темава да ги имаме предвид искуствата на сите жени без деца – жени од секаква финансиска позадина, боја на кожа, етничка и верска позадина, жените со попреченост, како и транс жените и транс мажите.

На оваа потреба укажува и Мона Елтахауи, египетска новинарка и феминистка која фокусот на својот долгогодишен активизам го става на женските права и патријархалните вредности во рамките на арапскиот свет. Во својот есеј “Unmothering” („Немајчинство“), таа го раскажува своето искуство како прогресивна и независна жена која ја прекинува традицијата на многудетни семејства низ генерации на нејзини женски претци – нешто што во таа средина сè уште во голема мера се смета за табу. Својата одлука да нема деца практично ја донела во тинејџерските години, по тешко детство и миграции со семејството, ветувајќи си дека никогаш нема да се доведе во безизлезна ситуација – а, за разлика од бракот, мајчинството е најодговорната животна улога од која е невозможно да се излезе. Денес, кога на своја 53 годишна возраст е веќе од другата страна на фамозното „ќе се премислиш/покаеш“, Елтахауи потврдува дека не се кае за својата одлука и порачува дека е среќна со истата, охрабрувајќи други жени кои никогаш не го слушнале гласно тој сентимент. Како прва жена во поширокото семејство без деца, таа се надева дека со својот начин на живот служи како бунтовен пример и отвара простор за избор и алтернатива на идните генерации нејзини женски роднини, но и на останатите млади жени – кои на некој начин сепак ги смета за нејзини потомци. “Ќе те научев да пркосиш на сè што би те учела”, порачува таа во својата емотивна кратка песна “To My Unborn Daughter” („За мојата неродена ќерка“).

Дестигматизацијата на одлуката да се нема деца е неминовен дел од борбата за женско ослободување. Важно е да се нагласи дека постои единствен клучен фактор кој ја претвора бременоста од здравствена состојба на телото, во среќен, исполнет и специјален период од животот на жената – а тоа е присуството на недвосмислена волја и согласност кај неа. Додека можноста за (посакувана) бременост и мајчинство е дефинитивно женска супермоќ, таа не е неопходна за жената да биде доволна и целосна како личност, а како таква и признаена со сите свои права во општеството. Во моментот кога почитта и заштитата на жените во општеството се претставува како потребна бидејќи создаваат живот, таа станува условна. Ние веќе имаме еден живот – нашиот сопствен, и заслужуваме почит и безбедност првенствено на база на истиот – а не поради биолошкиот потенцијал да донесеме нов(и) на овој свет.

Користена литература: Essay: Unmothering, Feminist Giant – Mona Eltahawy

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Нина Раповска
  • September 27, 2021
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram