Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!

Јавното обвинителство е клучната институција која има обврска да ги гони сторителите на кривичните дела од Јавна соба, со што ќе овозможи заштита од сексуално возменирување и родово засновано насилство на сите жртви. Неефикасноста на оваа институција во казнувањето на сторителите на родово засновано насилство ни е позната оддамна, а овој заклучок само се потврди со случајот Јавна соба. Институцијата е особено неефикасна кога станува збор за сексуално вознемирување на интернет, па низ годините слушавме различни оправдувања за неказнување на сторителите. Нашите пријави за онлајн вознемирување и говор на омраза завршуваат со пријавувањето, без да добиеме каков било одговор или во најдобар случај основното и вишото јавно обвинителство си ја префрлувале топката.

Јавна соба е случај на масовно и организирано сексуално вознемирување, со бројни жени жртви и со бројни сторители мажи, кое трае повеќе од една година. Кога се појави случајот надлежните институции нè убедуваа дека преземаат сè, во согласност со закон и дека сторителите ќе бидат санкционирани. Но после една година стана очигледно дека тоа нема да се случи, со што се овозможи поддршка за сторителите, а не за жртвите. Жртвите се множеа, а сторителите не се уплашија, продолжија со сексуално вознемирување, продолжија со злоупотреба на лични податоци, продолжија со родово засновано насилство. Наместо да ги санкционираат сторителите со што ќе спречат оваа група да продолжи да постои, ги повикаа повторно жртвите да пријават, жртвите пријавуваа, а тие им велеа дека за фотографиите сами си се виновни.

Не, жртвите не се виновни, виновни сте вие што не ги санкциониравте сторителите, што наместо на страна на жените застанавте на страна на насилниците. Оттука, Јавна соба е само доказ дека насилството врз жените има институционална форма, тоа се спроведува и од страна на институциите со нивниот молк.

Законските измени што ги најавувавте се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да ги санкционирате сторителите од Јавна соба. И според постоечкиот Кривичен закон, Јавна соба е кривично дело. И по ратификацијата на Истанбулската конвенција Кривичниот законик претрепе измени, но пропуштивте да го вметнете сексуалното вознемирување како кривично дело.

Бараме конечно да сфатите дека насилството врз жените не е личен проблем на секоја жена, туку ваша обврска! Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и ни треба правда за жртвите. Бараме да си ги исполните обврските поради кои добивате плати секој месец, бараме да постапувате согласно правото, а не според лични и произволни убедувања, дополнително поттикнати од непотизам и корупција. Немојте да нè убедувате дека институциите се спремни за да нè заштитуваат од родово засновано насилство, голем дел од нас и на своја кожа знаат дека не се. Наместо ова, санцкионирајте го секој полициски службеник кој нема да постапи согласно закон, кој ќе ја обвини жртвата или уште повеќе самиот ќе стори насилство над жена. Бараме да им верувате на жртвите, а политичката волја да ја покажете со санкционирање на сторителите и на нити еден друг начин.

Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!

 

 

 

 

Драгана Дрндаревска 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • February 4, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram