Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.

Eден пријатен априлски ден оваа година, додека фаќавме малку сонце кај Фонтана парк, пред две другарки признав на глас дека сум доста уплашена од наближувањето на 30ката. И не само тоа. Признав на глас и дека сите оние смешни „30 нешта што секоја жена мора да ги направи пред 30“ статии на женските магазини ми имаат направено сериозен мајндфак. Самата идеја дека овој момент треба да претставува некој значителен пресврт, или премин од еден во друг животен стадиум, ми направи непотребен притисок, паника и грижа. 

Имено, без стабилна работа и врска, дизајнерска ташна, заштеда, живеење во странство, трчање маратон, пливање без облека, ноќна и дневна козметичка рутина, и ред други нешта, едноставно е невозможно да се наполнат 30 години. Како што наближуваше мојот роденден, забележав дека сè повеќе размислувам за својата возраст, дека проверувам дали ми се појавила некоја брчка, и она најлошото: анализирам и се сомневам во сопствените одлуки и избори и местото каде што се наоѓам во моментов. Често пробував да се ставам во чевлите на некоја моја мината верзија и да сфатам дали таа би била горда на мене. Често, можеби пречесто, размислував за изминатава декада, која во најмала рака беше емотивен ролеркостер. Можеби очекував дека со наближувањето на 30тата, емотивниот ролеркостер ќе успори. Можеби очекував дека повеќе ќе се познавам себеси, ќе правам позрели одлуки, ќе бидам посталожена, посамоуверена, поуспешна… Во име на тие очекувања, изминава година „работев на себе“. Сакав да стигнам до некоја моја нова, подобрена верзија. Некоја верзија која задоволно, гламурозно и стабилно ќе влезе во фамозната 30ка. 

Пред неколку години, една блиска личност ми кажа „да се биде во 30тите е како конечно да си ги заслужила крилјата“. Тоа во најмала рака звучеше прекрасно. И навистина работев да ги заслужам тие крилја. Денес, на мојот 30ти роденден, морам да се соочам со фактот дека крилјата доста ми натежнаа. 

Отсекогаш сум била екстремно емотивна и ужасно резервирана личност. Тоа е лоша комбинација. Гневот и стресот од кога памтам за себе го имам изразувано на начини кои се нездрави за мене: тикови, алергии и плачење. Речиси никогаш конфликти. Мислам дека ова е случајот со многу жени, зашто сме социјализирани на таков начин. Не знам, но претпоставувам, дека се потребни многу, многу часови терапија за да се воспостават нови матрици – особено кога голем дел од стресот и траумите се колективни, а не индивидуални. Доволно иронично, токму во годината кога почнав да посетувам психолог и кога почувствував дека веќе затворам некои процеси, ми се случи остро влошување на менталното здравје. 

Кога добив паничен напад за првпат, не можев да поверувам дека чувството е толку страшно. Во теорија знаев што е паничен напад. Но забрзаното срцебиење, недостатокот на воздух, деперсонализацијата и дереализацијата, односно губењето на контакт со реалноста, нештата и луѓето околу тебе, е толку обземачка, што во моментот кога ти се случува, немаш опција да ја рационализираш состојбата. Барем јас немам. Знам дека многу луѓе се соочуваат со истиот проблем, но нема ниедна сила на светот која во тие моменти ќе ми помогне да не се чувствувам како да сум комплетно сама на планетава. Паничниот напад доаѓа и доста брзо поминува, но стравот од неговото повторување останува долго потоа. Стравот од паничен напад е паразлизирачки и оневозможува секојдневно фунционирање. Од личност која трчала наоколу 24/7, некој период едвај станував од кревет. Ефикасното работење ми стана мисловна именка. Задоволството и среќата која ми ги носеа музиката, пријателите и социјалниот живот, се замени со потреба од тишина, а тишината на моменти знае да е прегласна. Почнав да се сомневам во себеси и да се чувствувам небезбедно во сопственото тело. Преку ноќ, сè стана нестабилно, страшно и непознато. Отсекогаш сум се противела на „хемија“, но во обидот да си помогнам почнав терапија и од таков вид, сè уште со став дека тоа е далеку од трајно решение. Се соочив и со фактот дека имам интернализирана стигма. Едноставно, пиењето седатив не можев никако да го вклопам со идејата што ја имав себеси. 

Менталното здравје е доста популарна тема, но мојот впечаток е дека луѓето сакаат да зборуваат за истата до одреден степен. Степенот на безбедност. Кога секој ден на прашањето „како си“ почнуваш да одговараш искрено, забележуваш дека луѓето околу тебе мислат дека преувеличуваш, па пробуваат да те поправат, разубедат, развеселат, да ти зборуваат за автосугестија. 

Сакам да верувам во автосугестија. Според советот на една другарка почнав да водам дневник на емоции, наутро и навечер, во обид да ги идентификувам моите тригери. Една вечер, кога веќе ми беше преку глава од самата себе и развлечените пижами, во дневникот запишав „доста е, утре ќе се разбудиш среќна“. Дел од мене веруваше во напишаното. Се разбудив и се чувствував апсолутно исто. Се запишав на сесии за утринска медитација, кои само ми направија дополнителна фрустрација, а апликацијата headspace ја избришав неколку часа откако ја симнав. Ставив глинена маска за лице и додека чекав да се скамени, гледајќи се во огледало, почнав да плачам толку драматично, што целата маска се растече. Се почувствував како да сум излезена од meme. Речиси сите совети за подобрување на менталното здравје почнаа да ми звучат смешно. „To do“ листи за како да ги направиме постоечките „to do“ листи помалку стресни.

Откако повеќето рецепти за успех ми се покажаа како неуспешни, решив да му дадам време на времето. Да бидам каде што сум. Верувам дека ќе биде подобро, но сè повеќе имам проблем да го прифатам начинот на кој го третираме менталното здравје на колективно ниво. 

Проблемите поврзани со анксиозност и панични напади се толку чести, што веќе се зборува за епидемија на анксиозност, особено превалентна и со растечки проценти кај помладите генерации. Со едно едноставно пребарување на Гугл може да се најдат илјадници наслови кои зборуваат за комлицирана врска помеѓу генерацијата millenials и анксиозните нарушувања, како и порастот на појавите како депресија и „смрт од очај“ (death of despair). Еден од тие наслови гласи: „Осамени, преработени и депресивни: Состојбата со менталното здравје на милениумците во 2020.“ Наслов кој ветува. Истражувањето кое се цитира, изработено во 2019 во САД, зборува за осаменоста и нестабилноста на работните места и приходите како едни од главните тригери за менталните нарушувања кај генерациите на возраст од 23 до 38 години. Константниот проток на информации и лоши вести, сајбер насилството, климатската криза и генералната нестабилност на „иднината“, се други фактори кои исто така се идентификуваат како важни причини зошто толкав број на млади живеат во страв и паника. 

Секако, причините и тригерите за проблемите со менталното здравје варираат во зависност од мноштво фактори. Квир лицата и жените се поподложни на анксиозни нарушувања и депресија, а самоубиствата пак, се почести кај мажите. Местото и околностите на живеење, класата, расата, сексуалниот и родовиот идентитет, генетските предиспозиции, работната средина, семејните релации и практично сите аспекти на нашиот животен пејзаж имаат влијание во оваа равенка. Сепак, повеќето трауми со кои се соочуваме секојдневно, а особено оние кои доведуваат до анксиозни растројства очигледно се колективни. Тогаш зошто пристапот кон менталното здравје е толку индивидуалистички? Зошто пристапот до менталното здравје е толку ексклузивен и, едноставно кажано, скап? 

Налетав на една интересна изјава: „За сметка на сите нивни проблеми со менталното здравје, постои и светла страна – милениумците, познати и како „генерацијата на терапијата“, помагаат во дестигматизацијата на терапијата.“ Не знам дали е до мене, но оваа страна и не е толку светла. Секако, дестигматизацијата на терапијата е важна и се радувам ако ние сме генерацијата што ја носи оваа промена. Повеќето од моите пријатели имаат или имале проблем со анксиозност и/или напади на паника и доста отворено зборуваме за тоа. Некои од нив одат на терапија, некои не. Но на крајот на денот, сите сме во ист брод, давајќи си совети еден на друг, како во некоја траги-комедија “the blind leading the blind”. Зашто, терапијата може да помогне единствено до одреден степен, кога нашите околности остануваат исти. Потоа доаѓа јасната и алармантна потреба од покоренити општествени промени, зашто повеќето од проблемите со кои се соочуваме се директна последица на комплексните општествени релации во кои постоиме. Ако анксиозноста и паничните напади се во пораст, тогаш грижата за менталното здравје мора да се третира сеопфатно и организирано, наместо да исправаме штети, кој како може и умее. 

Борбата за менталното здравје е секојдневна, и некогаш не можеме да си дозволиме да инвестираме во истата. Редовната психолошка помош, јога праксата, времето за одмор и ред други елементи кои се потребни за надминување на периоди на анксиозност се недостижни за многу. Седативите кои се на природна база не се на позитивна листа и се исто така многу скапи. Денови за боледување за ментално здравје се речиси непостоечка пракса. Отворено зборување на оваа тема во семејствата е уште поретка пракса. Како тогаш очекуваме подобрување на состојбата?

Последниве месеци ексесивно зборував и читав на темиве. Можеби станав досадна, но не ми беше важно. Единствено што ми беше важно, беше да станам „старата јас“ и си дадов рок до родеденот за „да се средам“. Со оглед на тоа што не смислив временска машина во рок од два месеци, тој проект се покажа исто толку глупав, колку и самата идеја да си дадам рок за подобрување на менталното здравје, како да е тоа работна задача. 

Сфатив дека она што не можам да го прифатам е губењето на контрола. Бидејќи ако некому треба наједноставно да објаснам што за мене претставува паничен напад, описот би бил токму тоа. Мојата терапевтка вели дека анксиозноста и паниката се аларми кои треба некако да ги прифатиме и да им дозволиме пристап. Тоа се начини на кои нашето тело сигнализира дека нешто не е во ред; но информацијата што точно е тоа, сè уште не е стигната до ниво на рацио. 

Често, за паничните напади да завршат, треба да имаме некаков „аха“ момент. Некое согледување. И потоа некоја промена на околностите. Мене сè тоа ми звучеше апстрактно и далечно, но и ми даде некоја форма на надеж. Проблемот со екстремната анксиозност е што мислите толку густо се наталожуваат, а стравовите стануваат толку бизарни и реални истовремено, што не можеш да се слушнеш себеси. Не можеш да направиш место за своето „аха“. Јас се откажав од таа потрага зашто верувам дека моето „аха“ не е мое, туку е колективно: семејно, пријателско, општествено…

Толку долго бев столб за толку луѓе, што тешко ми е да прифатам дека тој процес ме има поднавалено, ме има променето. Па така, си велам, морам да си дозволам да бидам ранлива, драматична и нестабилна. Ќе си дозволам да паничам – зашто во моментов не знам како да престанам. Ќе си дозволам да влезам во новата декада со чувство дека знам многу помалку од пред 10 години. Ќе си дозволам да сум оваа нова верзија на себеси, која е далеку од таа верзија што си ја замислував и проектирав, туку е таа што едноставно ми се случи. Верзија која според „30 пред 30“ наративите е несоодветна, но е моја. Велат дека тоа што не нè убива, нè прави посилни. Тоа, според мене, е лага. Нè прави послаби, но можеби нè прави почовечни и мудри. Можеби и посмешни. Овој текст беше мој мал обид за прославување, не на силата, туку на слабоста која доаѓа со годините. Можеби токму преку нашите слабости ќе стигнеме до колективното „аха“ во борбата за менталното здравје. Можеби тогаш нема да е борба. Можеби ќе е прослава. 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • October 22, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram