Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)

Неколку Фејсбук страни и групи се особено гласни околу нивната опозиција кон сеопфатното сексуално образование (ССО) и феномен кој наводно би се промовирал од овој вид на образование, кој тие го нарекуваат „трансродовата идеологија“. Тие го користат терминот „трансродова идеологија“ како нешто што е наводно наметнато врз мнозинството од страна на трансродовата заедница, односно луѓе кои имаат различен родов идентитет од полот кој им бил доделен при раѓање. Тешко е да се дефинира што овие групи подразбираат под овој термин, освен дека тие го разбираат самото постоење на транс луѓето како некоја зла агенда. Иако овие групи немаат конзистентна внатрешна логика, генерално тие сметаат дека „трансродовата идеологија“ промовира „либерални идеи“ за одделноста на полот и родот и ги охрабрува децата да го „менуваат својот пол“. 

Фејсбук страните „Од нас за нас“ и „Преземи Одговорност“ и Фејсбук групата „Да го зачуваме бракот и семејството“ постојано го користат терминот „трансродовата идеологија“ како застрашувачка сила која е увезена од странство и претставува опасност за децата. Овие групи се противат на родот како концепт и сметаат дека ако децата се запознаени со овој концепт и последователно со постоењето на различни родови идентитети, тие ќе бидат збунети и тоа некако ќе има негативен ефект врз нивното здравје. Родот е важна категорија не само за транс луѓето, туку и генерално за едно општество кое се стреми кон родова еднаквост бидејќи ги демистифицира родовите улоги како „природни“ и го разбира општественото родово уредување како социо-историски конструкт. 

Овие групи често споделуваат постови каде трансородовите лица се претставени како монструозни карикатури или самото искуство на транзиција кон различен род е тривијализирано, карикирано и дури претставено како мутилација на телото, како кај овој пример.

Транзицијата на една трансродова жена не претставува буквално „сечење на пенисот“, туку е комплексен медицински и општествен процес кој може да инволвира промена на родовото изразување (пр. носење различна облека), користење различни заменки, примање хормонска терапија итн. Но овие движења не ги интересира што всушност значи да си трансродова личност, ниту пак како нивната трансфобична кампања има ефект врз животите на транс луѓето. Наместо тоа, за ваквите реакционистички движења самото постоење на транс луѓето претставува еден вид идеологија. 

Проблемот со терминот „трансродовата идеологија“ не е само неговата инхерентна трансфобија, туку што терминот нема никаква логика, бидејќи едноставно не постои некаква унифицирана идеологија во која веруваат сите транс луѓе и нивните поддржувачи. Не сите трансродови луѓе го искусуваат својот род на ист начин, ниту пак постои една теорија која ги опишува сите различни родови идентитети. Често, еден елемент кој го искусуваат многу транс луѓе е родовата дисфорија – состојба на психолошка вознемиреност која е резултат на неусогласеност помеѓу полот доделен при раѓањето и родовиот идентитет. На пример, некои транс мажи чувствуваат дисфорија околу нивниот граден кош и често носат биндер (binder), вид на облека која ги сплескува градите и дава „помашки“ изглед на нивното тело што помага со нивната дисфорија. Но, не секоја транс личност искусува дисфорија. Некои транс луѓе всушност не го искусуваат својот род низ негативна призма, туку низ позитивното искуство на родова еуфорија (gender euphoria), чувство на радост што може да го има транс личност, кога го изразува својот вистински родов идентитет. 

„[Родова еуфорија] е моментот кога се чувствувате удобно и „целосно“ во себе си во вашето сегашно тело, дури и ако тоа ги крши бинарните дефиниции [на родот],“ вели Колапсела, транс личност од Сан Марино која сега живее во Берлин.  

Искуствата на транс луѓе не можат да се поделат само во категориите на дисфорија и еуфорија, туку често се нешто измеѓу. Различни транс луѓе стануваат свесни за својот родов идентитет на различни возрасти и преку различни искуства, така што невозможно е да зборуваме за „трансродова идеологија“. Трансродовите идентитети, исто како и сите други идентити, постојат на спектар, а во различни историски контексти и култури се искусувани на различни начини. Еве неколку примери за како транс луѓе го искусуваат или во минатото го искусувале својот род: 

„Како дете сакав да бидам кошаркар и си визуелизирав како играм во НБА. Подоцна сфатив дека јас сум се градел преку тие ликови на кои се угледував. Прво тоа беше Еминем, па како растев ликовите со кои се идентификував се менуваа, но тоа никогаш не беше женски лик,“ вели Алекс Ристовски, трансродов маж од Скопје, за неговото детство во интервју со Слободен Печат. 

„На многу луѓе им е влезено во глава дека се будиме и одлучуваме да бидеме транс. Сакам луѓето да знаат дека тоа не е избор. Ништо не се случило во мојот живот за да ме направи транс. Јас сум роден транс,“ вели Кит Ренолдс, 18-годишен студент по психологија, за The Guardian. 

„Дали сум навистина жена, онтолошки, невролошки, метафизички? Па, искрено, дури и не знам што би значело тоа. Но, знам дека животот кој го живеам како жена е единствениот живот што го имам и мислам дека тоа е доволно легитимно,“ вели познатата левичарска Јутуберка ContraPoints за нејзиното искуство како транс жена. Во друго видео, таа хумористично се опишува себе си како „неортодоксна транс личност“ бидејќи себе си се доживува како „жена која порано била маж, наместо како личност која секогаш била жена“. 

Сите овие искуства се многу различни и не треба да бараме од транс луѓето совршено да ни го опишат својот род, како небаре да имаат диплома од катедра за родови студии. Како транс луѓето го разбираат својот родов идентитет и како истиот е (не)разбран од луѓето во нивните животи не го менува фактот дека транс луѓето постојат. Можеме да зборуваме за „трансродова идеологија“ само ако одиме со трансфобичната претпоставка дека самото постоење на транс луѓе претставува некаква политичка агенда и зло влијание. Но, кога ќе ја погледнеме реториката на овие трансфобични (и сексистички) движења, можеме да забележиме дека, всушност, тоа што е увезено е нивната трансфобија. Односно, најголемиот број постови на овие групи се преводи од англиски за случувања надвор од Македонија и регионот, како содржини од американскиот десничарски политички коментатор Бен Шапиро кој е познат по тоа што намерно им се обраќа со погрешните заменки на транс луѓето за да предизвика агресивна реакција кај нив. 

Освен што луѓето кои ја водат Фејсбук страната „Преземи Одговорност“ се апсолутно опседнати со гениталиите на малолетни деца (како во стрипот погоре), тие исто така се загрижени за други проблематики како учеството на транс жените во женскиот спорт. Пост од 12.09.2021 на застрашувачки начин зборува за Алана Меклоклин, транс жена која се напреварува во ММА (Mixed Martial Arts) борбите во женската категорија. Нема да навлегувам во тоа дали треба или не треба транс луѓе да учествуваат во спортски натпревари, бидејќи не сум експерт за спорт (иако лично сметам дека треба), но интересно е што буквално истиве дебати се случуваат во круговите на американската трансфобична десница. Одеднаш, на луѓе кои никогаш не размислувале за женските спортови (кои и онака се маргинализирани во однос на машките спортови), моментално најголемата грижа им е тоа дали транс жена ќе биде во иста спортска категорија со цисродови жени (жени чиј родов идентитет се совпаѓа со полот кој им бил доделен при раѓање). Апсурдноста на оваа увезена трансфобија е што нема никаква врска со барањата и потребите на транс заедницата во Македонија и регионот. Во моментов нема транс спортистки во државава кои бараат да се натпреваруваат во женски спортски категории. Основните барања на транс заедницата се пристап до хормонска терапија и други медицински услуги поврзани со родовата транзиција, заштита од насилство и дискриминација и правно признавање на родот (ППР), што ќе им овозможи на транс луѓето да го променат нивниот матичен број и маркерот за пол на нивните документи за лична идентификација. 

Учењето за различните родови идентитети нема да ги „збуни“ децата или пак да ги „направи транс“, туку ќе даде речник на децата (и возрасните) кои искусуваат неудобност со нивниот род и ќе ја намали стигмата која ја искусува оваа заедница. Преку поголемо општествено прифаќање на различни родови идентитети како и легислативни промени, животите на транс луѓето ќе бидат несомнено олеснати. Со тоа може потенцијално да се спасат животи, односно да се намали високата стапка за обиди за самоубиство во транс заедницата и да се намали насилството против транс луѓето кое најчесто доаѓа од игнорантност, омраза и трансфобија. 

Постоењето на транс луѓето не претставува „трансродова идеологија“, но луѓето кои пробуваат да го популаризираат овој термин во Македонија на организиран начин пробуваат да ги загрозат животите на една заедница, која секако е една од најмаргинализираните во нашето општество. Не постои „трансродова идеологија“, но апсолутно постои трансфобична агенда која е активно увезена од група на луѓе која се противи на родовата еднаквост, сеопфатното сексуално образование и правата на ЛГБТИ заедницата – нешто што треба да ги засега сите луѓе. 

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • November 15, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram