Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
Illustration by Chloe Cushman

Пишува Џиа Толентино (Извор: The New Yorker)

Преведено од Грација Атанасовска и Елена Петрова

 

 

Во неделите после протекувањето во јавност на нацрт-одлуката на Врховниот суд за Добс наспроти Женската здравствена организација во Џексон (Dobbs v. Jackson Women’s Health Organization)—парница за закон во Мисисипи кој забранува абортус после петнаесет недели, со одредени здравствени исклучоци, но не и за силување или инцест—беше оживеан еден слоган: „Нема да се вратиме назад.“ Беше извикуван и на маршови, пркосно но и по малку несоодветно, со оглед на тоа што ова е очигледно ера на репресија и назадување во која правата на абортус не се единствените права кои се укинуваат. Сега кога Врховниот суд ја издаде својата конечна одлука, поништувањето на Ро наспроти Вејд и одземањето на уставното право на абортус, погрижувајќи се абортусот да стане илегален или многу ограничен во дваесет држави, слоганот се чини речиси надвор од реалноста—показател, можеби, за тоа колку станало тешко да се разбере моќта и десничарскиот есктремизам на актуелниот Врховен суд.

Стапката на поддршката за абортус никогаш не била повисока од сега, повеќе од две третини Американци се за останувањето на Ро, а 57% го потврдуваат правото на жената за абортус за каква било причина. Но и покрај тоа, има Републиканци кои даваат до знаење дека ќе се обидат да изгласаат федерална забрана за абортус ако и кога ќе имаат контрола врз Конгресот и претседателството. Сега секој што ќе забремени ќе мора да се соочи со реалноста дека половина од земјата е во рацете на законодавци кои веруваат дека вашата личност и автономија се условни—кои веруваат дека, ако сте оплодени од друга личност, под било која околност, имате правна и морална должност да минете низ бременост, породување, и, многу веројатно, децении нега и грижа без разлика на трајните и потенцијално разорни последици по вашето тело, вашето срце, вашиот ум, вашето семејство, вашата способност да носите храна дома, вашите планови, вашите стремежи, вашиот живот.  

„Нема да се вратиме назад“—тоа е еден несоодветен извик, предизвикано од настани кои ја изневеруваат неговата порака. Но е вистинит во барем една смисла. Иднината која ја живееме сега нема да биде слична со минатото пред Ро, кога жените правеле илегални абортуси и неретко умирале. Главната опасност сега лежи на друго место и достигнува подалеку. Влезени сме не во ера на небезбедни абортуси, туку на сеопфатно државно следење и криминализација—на бремени жени, се разбира, но и на доктори и фармацевти и болнички персонал и волонтери и пријатели и членови на семејството, на секој оној кој на некој значаен начин е во контакт со бременост која не завршува со здраво породување. Оние кои велат дека оваа одлука нема многу да ги смени нештата—инстинкт кој ќе го пронајдете на двете страни од политичкиот спектар—се слепи за начините на кои походите против абортусот на државно ниво веќе ја имаат претворено бременоста во казна и начините на кои ситуацијата е поставена да стане уште полоша.

Во државите каде што абортусот е веќе забранет или наскоро ќе биде забранет, секоја изгубена бременост во раните фази потенцијално може да биде разгледувана како криминал. Истории на пребарување, пораки, податоци за локација, податоци за плаќање, информации од апликации за следење на менструалниот циклус—обвинителите можат да ги разгледаат сите нив ако сметаат дека губењето на бременоста има шанси да било намерно. Дури и ако обвинителите не успеат да докажат дека абортусот се случил, оние кои се под истрага ќе бидат казнети од самиот процес, одговорни за што и да биде најдено.

Пред пет години, Латис Фишер, црна жена и мајка од Мисисипи, која заработувала единаесет долари од час како операторка на полициско радио, дома родила мртво дете, околу триесет и шестата недела од бременоста. Кога ја испрашувале, признала дека не сакала повеќе деца и дека не можела да си дозволи да се грижи за повеќе деца. Го предала телефонот на истражителите кои го пребарувале во потрага по податоци и нашле термини поврзани со мифепристон и мизопростол, т.е. апчиња за абортус.

Овие апчиња се дел од причините зошто не се враќаме назад во ерата на закачалките. Тие можат да бидат препишани преку телемедицина и да бидат доставени преку пошта; со дозвола да биде препишана и дополнителна доза, овие апчиња се ефикасни кај 95-98% од случаевите на бременост до единаесеттата недела, што сочинуваат речиси 90% од сите абортуси во САД. Досега повеќе од половина од сите абортуси во земјата се медикаментозни абортуси. Во 19 држави, на докторите им е забрането да овозможуваат абортуси преку телемедицина, но жените можат да бараат помош од доктори во други земји и во странство, како што е Ребека Гомпертс (Rebecca Gomperts), која што ја води Еид аксес (Aid Access), организација базирана во Австрија која отворено овозможува пристап до апчиња за абортус на жени во држави во кои тоа е забрането, и има испраќано апчиња за абортус сигурно и доверливо на бремени жени низ целиот свет уште од 2005 година, со организацијата Жени во мрежата (Women on Web). Во пресрет на забраните во САД, Гомпертс се залагаше за предвремено издавање апчиња: благонаклонети доктори може да препишат апчиња за абортус за секоја личност која има менструација, со тоа одземајќи дел од стравот—како и можноста за откривање—коишто доаѓаат со обидите за набавување на апчињата по бременоста. Мизопростол може да биде препишан и за други проблеми, како што се чир на стомакот, и Гомпертс вели дека не постои разумен медицински аргумент против предверемено препишување. „Купувањето белило во супермаркет е поопасно од ова,“ вели таа.

Нема докази дека Латис Фишер зела пилула за абортус. Таа стои на тоа дека родила мртво дете—нешто што се случува во една од сто и шеесет бремености во САД. Сепак, таа била обвинета за убиство од втор степен и задржана во затвор неколку недели со кауција од сто илјади долари. Јавниот обвинител, Скот Колом, во кампањата се претставуваше како прогресивен реформатор; активистите инсистираа да го поништи обвинението за убиство, и да ја информира новата голема порота за прастариот, несигурен „тест со лебдење“ кој бил користен како основа за тврдењата дека бебето на Фишер било родено живо. Големата порота одбила да ја обвини Фишер повторно; ова измачување траело повеќе од три години.

Дури и да остане возможно да се нарачуваат апчиња за абортус во држави во кои абортусот е забранет, самиот чин ќе биде противзаконски. (Во Мисури неодамна беше предложено да се класифицираат пратките на овие апчиња како трговија со дрога. Во Луизијана само што се донесе закон во кој праќањето на апчиња за абортус на нејзин жител го прави тоа криминално дело, казниво до шест месеци затвор.) Во многу држави, со цел да се избегне кршењето на законот, жената треба да вози до држава каде што абортусот е легален, таму да направи телемедицинско советување и потоа да ги прими апчињата во таа држава. Многу жени во Тексас се одлучуваат за поризична, но полесна опција: да возат отаде границата, до Мексико, и да земат апчиња за абортус од нерегулирани аптеки, каде што фармацевтите би можеле да дадат неточен совет за нивно користење. Некои жени кои ја немаат слободата и парите да отпатуваат надвор од државата, и кои потенцијално се плашат од последиците на барање болничка потврда за нивната гестациска фаза, ќе нарачаат апчиња за абортус без јасно да разберат во кој степен на бременост се. апчињата за абортус се безбедни и ефикасни, но на пациентите им треба пристап до болничко советување и нега за време на и по абортусот. Жени во држави во кои тој е забранет, а кои сакаат да побараат медицинска грижа по самоизведен абортус ќе треба, по правило, да изберат да ја ризикуваат својата слобода или да го ризикуваат своето здравје.

И абортусот и спонтаниот абортус се случуваат повеќе од милион пати годишно, секоја година, во Америка, и двете појави честопати клинички не се распознаваат. Поради ова, земји во кои има забрана за абортус пројавуваат длабоко инванзивен интерес во обидот да ги разликуваат. Некои веќе и имаат направено основа за државни датабази за бремени жени за кои е поверојатно да побараат абортус. Претходната година во Арканзас се донесе закон наречен Секоја мајка е важна (Every Mom Matters Act) којшто бара од жените што размислуваат за абортус да се јават на државна телефонска линија и бара од оние што го овозможуваат абортусот да ги регистрираат сите пациенти во една датабаза со уникатен идентификациски термин. Оттогаш, шест други држави имплементирале или предложиле слични закони. Овие линии се овозможени од кризни центри за бременост: најчесто христијански организации, многу од кои се претставуваат како клиники за абортус, но не нудат здравствена нега и ревносно ги советуваат жените против абортус. Кризните центри за бременост се три пати почести од клиниките за абортус во САД и за разлика од болниците, не се обврзани да ја заштитат приватноста на оние кои доаѓаат во нив. Конзервативните држави пренасочуваат пари кон овие организации со години, често земани од фондови резервирани за сиромашни жени и деца. Податоците кои кризните центри за бременост се способни да ги соберат—имиња, локации, семејни детали, сексуална и медицинска историја, недијагностички слики од ултразвук—сега може да бидат искористени против оние кои ја бараат нивната помош.

Ако забремените, вашиот телефон ќе знае пред многу од вашите пријатели. Целата интернет економија е изградена врз многу прецизно следење на нарачки и пребарувани термини на корисничката. Закони правени по мера на С. Б. 8 („Сенатски предлог 8“) во Тексас, којшто ги охрабрува приватните лица да поднесуваат тужби против секој оној што овозможува абортус, ќе станат сè почести, давајќи им купче алатки на самоназначените бранители да следат и да идентификуваат осомничени. (Националниот одбор за право на живот (National Right to Life Committee) неодамна издал стратегија со препораки за државите кои се против абортус која вклучува и казни за секоја онаа што дава информации за самоизведен абортус „преку телефон, интернет или кој било друг медиум за комуникација.“) Репортер за Вајс (Vice) неодамна потроши само сто и шеесет долари за да купи пакет податоци за посети во повеќе од шестотини клиники на Планирано родителство (Planned Parenthood). Трговците продаваат податоци кои овозможуваат да се следат патувањата до и од која било локација—да речеме, клиника за абортус во друга држава. Во Мисури оваа година законодавец предложил мерка која ќе им дозволи на приватните лица да го тужат секој оној којшто му помогнал на жител на државата да добие абортус на друго место; како со С. Б. 8, законот ги наградува успешните тужители со десетици илјади долари. Најблиската аналогија за ваков вид законодавство е Законот за избегани робови од 1793 година. 

Засега, главна мета на уценувачкиот закон С. Б. 8 се оние коишто вршат абортуси, не барател(к)ите на таквата услуга. Но, по сѐ изгледа и тоа ќе се смени. Конектикат, држава со прогресивни ставови за абортусот, неодамна донесе закон којшто им забранува на тамошните агенции да соработуваат со вон-државни судски обвинителски гонења и ги штити медицинските досиеја на корисничките на услуги коишто се од други држави. И други прогресивни држави ќе го следат ваквиот пример. Ако на државите коишто го забрануваат абортусот не им е дозволено да ги тужат доктор(к)ите од други држави и ако апчињата за абортус пратени по пошта најчесто не се откриваат, на мета ќе останат застапувач(к)ите за абортус и оние коишто имаат потреба од абортус. Конзервативниот христијански портал The Stream неодамна се застапуваше за задолжителен психијатриски притвор за жените коишто ќе абортираат. Луизијана, во мај, постигна напредок со закон којшто предвидува обвинение за убиство за жените коишто ќе абортираат. Иако предлог-законот беше повлечен, заканата беше јасна.

Теолошкото поимање на фетусот како личност, односно идејата дека од моментот на зачнување, ембрионот или фетусот е човечко битие коешто заслужува еднакви (или поконкретно, привилегирани) права е идеолошката основа на движењето против абортусот. Правните последици на оваа идеја—вклучувајќи ги и можните интерпретации на ин-витро оплодувањето, спиралите и апчињата за „ден потоа“ како средство за убиство—се фанатични и преригорозни дури и за просечниот американски анти-абортист. Но и покрај ова, движењето против абортусот отворено се залага да основата на законот за абортус на САД биде токму поимањето на фетусот како личност.

Во случај да фетусот се смета за личност, може да се воспостави правна рамка за бремената личност да мора да стори сѐ во своја моќ да ja заштити „личноста“ што ја носи во матката—дури и да умре. Ваков беше случајот со Савита Халапанавар од Ирска, каде што фетусите се сметаа за личност до 2018 година и со Изабела Сајбор од Полска, земја со најрестриктивни закони за абортус. Во ниедно друго општество не постои слична обврска со која полицајците можат слободно да си стојат на страна додека се убиваат деца зад затворени врати. Во Полска, барањата за хемотерапија на бремените жени болни од канцер им се редовно одбивани поради стравувањата на лекарите дека тоа ќе му наштети на фетусот.

Џорџија и Алабама веќе имаат донесено закони со коишто фетусот се смета за личност и по сѐ изгледа дека ваквите закони веќе нема да бидат неуставни. Ова би значела целосна криминализација на бременоста којашто ќе дозволува апсењe, притвор и државна интервенција при сомнеж за преземање дејства коишто се сметаат за потенцијално штетни за фетусот. Во последните четириесет години, ваквиот пристап постепено се испробува, особено кај малцинствата со ниски приходи. Од Нациналното застапништво за трудници (National Advocates for Pregnant Women)—организацијата којашто ги има правно застапувано повеќето случаи споменати во овој напис—велат дека бројат речиси илјада и осумстотини документирани случаи на бремености (веројатно потценета бројка) коишто биле предмет на правно гонење и интервенција. Дури и во држави како Калифорнија, каде што законот недвосмислено забранува жените да бидат обвинети за убиство после губење на бременост, конзервативните јавни обвинители сепак отвораат такви постапки.

Досега, повеќето обвиненија поврзани со бременост се поврзани со употреба на дроги. Жените коишто користеле дрога или барале лекарска нега заради употреба на дрога за време на бременоста биле обвинети за злоупотреба или запуштање на деца, продажба на дрога на малолетно лице, напад со смртоносно оружје, убиство од небрежност и убиство. Пред две години, во Алабама, Ким Блалок била под полициска истрага за загрозување на сигурноста на дете со хемиски супстанции, откако го известила персоналот во породилната сала дека земала лекарски препишан хидрокодон за справување со болка. (Јавниот обвинител ја обвини за измама со рецепти, коешто е кривично дело, за на крај да го повлече обвинението.) Во Оклахома, неодамна имаше низа шокантни обвиненија против кориснички на дроги за убиство од небрежност заради тоа што претрпеле спонтан абортус пред да помине точката на фетална одржливост [1]. Во Висконсин веќе постои закон којшто им дозволува на судовите за малолетници да одведат фетус—односно бремена жена—во притвор заради заштита на фетусот, што резултира со притвор и принудно лекување на повеќе од четиристотини бремени жени секоја година под сомнение дека консумираат забранети супстанции. Во Вајоминг моментално постои предлог-закон со којшто би се востановила нова, посебна категорија на кривично дело—загрозување на децата поради употреба на дрога за време на бременост—налик поранешниот Закон за фетален напад на Тенеси. Антагонистичкото сопоставување на жените наспроти фетусот којшто го носат има негативно влијание врз пренаталната нега и честопати резултира со зголемување на смртноста кај мајките и доенчињата, па затоа по две години, законот во Тенеси беше стопиран.

Мејнстрим движењето за избор претежно ја игнорираше сè пошироката криминализација на бременоста, исто како што во голема мера ја игнорираше и несоодветноста на Ро. (И покрај тоа што претседателската кампања на Џо Бајден се потпираше на тоа законот Ро да стане закон во земјата, откако стана претседател нему му требаше повеќе од една година за да службено го употреби зборот „абортус“. На Демократите им беше дадена шанса да ги тргнат опструкциите и да го кодифицираат законот Ро во мај, но како што и беше очекувано не го сторија тоа.) Многумина од поддржувачите на правото на абортус молчешкум прифатија дека сиромашните и жените од малцинствата во конзервативните држави веќе немаат пристапот до абортус уште пред Врховниот суд да ја донесе оваа одлука, а илјадниците жени коишто се соочуваат со апсење во случај на бременост, спонтан абортус, мртвороденче, па дури и здрави породувања ги ставија во кошот на несреќни исклучоци. Тоа не се никакви несреќни исклучоци и како што забележува колумнистката Ребека Трејстер, ровот помеѓу затворената, висока класа на граѓан(к)и и сите останати се продлабочува секој ден.

Бременоста е над триесетпати поопасна од абортусот, а нова студија од 2021 проценува дека забраната на абортусот на национално ниво ќе доведе до 21% пораст на смртните случаи поврзани со бременост. Дел од жените коишто допрва ќе умрат од забраната за абортус се моментално бремени. Тие нема да умрат од илегалните абортуси извршени во тајност, туку од тивкото лишување од медицинска нега, како одложените интервенции и занемарените потреби. Бидејќи телата ќе им бидат принудени на несакана бременост, овие жени ќе умрат од инфекции, од преклампсија, од хеморагија, а на анти-абортистите нема воопшто да им биде тешко да ги прифатат и прогласат овие смртни случаи како трагични и благородни—нуспојава од тоа што биле жени.

Во меѓувреме, забраните за абортуси ќе оштетуваат, онеспособуваат и загрозуваат многу луѓе коишто сакаат да си ја прекинат бременоста, а наидуваат на препреки со медицинска нега. Во државите со забранет или ограничен абортус, лекарите веќе одбиваат да ги лекуваат жените коишто во тој момент имаат спонтан абортус заради тоа што се исплашени дека медицинската нега ќе им биде класифицирана како абортус. На пример, жена од Тексас била приморана да вози петнаесет часа до Њу Мексико за прекин на ектопична бременост, којашто во најголем број од случаите не завршува со породување и е секогаш опасна за мајката. Фармацевти во Тексас, плашејќи се од правна одговорност, веќе одбиваат да препишат Мизопристол—апчиња за медикаментозен абортус коишто рутински се користат за справување со спонтан абортус затоа што помагаат да се отстрани содржината од празнината на матката. И покрај претрпување емоционална траума, којашто најчесто се зема здраво за готово, ако спонтан абортус не се постигне безбедно, жените ризикуваат перфорација на матката, откажување на органи, инфекција, неплодност и смрт.

Повеќето спонтани абортуси се должат на фактори коишто бремената личност не може да ги контролира, како болести, неправилности на плацентата или матката и генетски абнормалности. Но, третманот којшто го претрпуваат трудниците во САД ги обременува со помислата дека за опстанокот и добросостојбата на нивната бременост се одговорни единствено тие. Медицинските лица изречно им забрануваат алкохол, кафе, ретинол, сувомеснати мисирки, непастеризирано сирење, топли бањи, интензивни вежби, лекови коишто воопшто не им се ни препишани и неопходни лекарства и тоа најчесто без никакво објаснување. Она што ретко кога се спомнува се системските проблеми коишто докажано ги зголемуваат шансите за спонтан абортус: сиромаштијата, изложеноста на хемиски супстанци, нездравата животна средина и работа во ноќни смени. Како што законот со којшто фетусот се смета за личност ќе се усвојува низ САД, бремените луѓе „ќе бидат тужени, ќе им се забранува да работат, да патуваат—во суштина нема да им се дозволуваат активности за кои се верува дека го ризикуваат животот на фетусот“—истакнува Лин Палтроу, директорката на Националното застапништво за трудници.

Пред половина век, во движењето против абортусот преовладуваа католици со прогресивни и антивоени ставови коишто се залагаа за социјална помош, за разлика од денес, кога движењето е надвладеано од евангелистите, едноумието и конзервативната мисла. Иако многумина од анти-абортист(к)ите можеби прифаќаат згрижување, посвојување и разни форми на приватно штитеништво и помош, сепак не покажуваат интерес и заложба за јавна, структурна поддршка за човечкиот живот надвор од матката. Научничката и правна историчарка Мери Зиглер неодамна забележа дека за денешните анти-абортисти „поранешните стратегии на движењето за анти-абортус се апологетски, кукавички и контрапродуктивни“. Само во изминатите четири години, единаесет држави од САД усвоија забрани за абортус коишто не предвидуваат исклучоци за силување или инцест—екстрем којшто досега не беше замислив.

Во Тексас, девет, десет и единаесет годишни деца, коишто сè уште не знаат што е секс и злоупотреба, во случај на силување најверојатно ќе бидат принудени на бременост и породување. На хоспитализирани жени, среде спонтан абортус, не им е дозволено да се лекуваат од сепса бидејќи срцето на фетусот сè уште чука. Луѓе коишто не ги познавате и за кои ниту пак ќе чуете, неуспешно ќе пробуваат до крајот на својот живот да обезбедат егзистенција за своето прво или петто дете, за кое биле свесни дека не се во состојба да се грижат.

Во целавата приказна, дури и во таборот за право на избор постои колебливост и нерешителност. Абортусот честопати се прикажува само како нужна потреба, што во суштина го уважува правото на избор, но истовремено ја девалвира медицинската абортусна нега. Ваквата порака во преден план ги става репродуктивните права наместо репродуктивната правда и токму ваквиот пристап нè доведе ваму каде што сме. Општеството не се враќа во ерата пред законот Ро, ниту пак треба да се стреми кон ерата што следеше, којашто не беше толку поларизирачка, но во крајна линија сепак недоволно прогресивна. Ќе мораме и ќе треба да се стремиме кон повеќе. Ако воопшто сакаме некој ден да создадеме подобро општество, ќе мора да сме ревносни и безусловни во борбата за правото на абортус, како неопходен предуслов за правда и еднакви права за сите.


[1]  Фетална одржливост е потенцијалот на фетусот да преживее надвор од матката по раѓањето. 

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • July 5, 2022
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС и ПМДР
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ќе преживеат ли жените овде? (говори и фотографии)
Марш за женски права 2023
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Карол Раѓишевски: Квир архивите ги менуваат колективните наративи
Со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“, на полскиот уметник Карол Раѓишевски, вечерва ќе се отвори единаесетото издание на Скопскиот викенд на гордоста – Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram