Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.

Новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство донесен на 27 јануари годинава, што почна да се применува од шести мај, е во согласност со Истанбулската конвенција (Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство). Во него опфатени се поимите за насилство врз жени, родово базирано насилство врз жени, семејно насилство, род, трансродово лице, како и видовите на насилство. Ново во овој закон е дефинирањето на сексуалното насилство и силување како „Секое дејствие од сексуална природа, со кој било телесен дел или предмет, на телото на друго лице без негова/нејзина согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува или присилува друго лице да се вклучи во дејствија од сексуална природа со трето лице без негова согласност. Согласноста мора да е изразена доброволно како резултат на слободната волја на лицето, проценета во контекст на околностите“.

Законски, сето ова звучи добро, согласноста е таа што е најважна за сексуалниот чин, а сè спротивно на тоа е сексуално насилство и силување. Но, во практиката, работите се поинакви. Затоа што во Кривичниот законик на РСМ силувањето сè уште е само доколку е употребена физичка сила или закана од страна на сторителот и даден отпор од страна на жртвата, постои „невидлива“ бројка во Македонија на случаи на силување за кои малку се зборува и всушност не постојат пред институциите. А, во реалноста постојат, без разлика дали се работи за сексуално насилство во интимна врска или брак, во рамките на семејно насилство, силување со злоупотреба на супстанции, силување каде што жртвата се замрзнува од страв… Според Наташа Бошкова, адвокатка која е дел од тимот на „Маргини“, вели дека ако некоја појава не е видлива во законот исто како да не постои и да не се случува.

„Силувањето без употреба на физичка сила и закана од страна на сторителот и отпор од страна на жртвата не е препознаено во Кривичниот законик и оттука нема официјална бројка на вакви случаи. Сметам дека случаите на силување без согласност на страна на жртвата се многу поголеми од она што институциите, па и организациите го евидентираат. Со колегите од ХОПС само што завршивме истражување за родово-базираното насилство врз жените кои употребуваат дроги, чиишто наоди потврдуваат дека состојбата на дејство на одредена супстанција се злоупотребува од извршителите на силување. Имено, дел од жените кои употребуваат клупски дроги споделија специфични искуства на силување во отсуство на нивна согласност, односно отсуство на можност да ја изразат својата согласност како резултат на дејството на психоактивните супстанци. Ова силување не го препознаваат институциите, особено полициските служебници, па жртвите најчесто се разубедуваат да не пријават и да не поведат постапка со образложение дека нема присила и закана и нема отпор на страна на жртвата“, вели Бошкова.

 

Согласноста е клучна

 

 

Според Ина Џугуманова, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права, повеќето жени и девојки кај нас не се запознаени дека во нашата држава за едно лице да одговара за силување треба да применило физичка сила или закана дека ќе ја нападне жртвата, а жртвата да давала активен отпор.
„Сметам дека едни од најобесхрабрените да пријават се жртвите на силување од страна на интимен партнер. Овие жени и девојки ретко даваат активен отпор на сексуалниот однос, но тоа не значи дека тие на тој начин ја дале согласноста. Секој полов однос без согласност претставува силување. Секако, особено кога станува збор за жртви од страна на интимен партнер кои не дале согласност на сексуалниот акт, но и кон други жртви кои не дале активен отпор, кои честопати се двојно виктимизирани од страна на институциите, најчесто од полициските службеници. Сме биле сведоци на случај кога полициски службеници ѝ имаат кажано на жртва дека ако физички не се противела, сакала да има однос, но и на случаи кога полициски службеници сметаат дека жената секогаш треба да има сексуален однос со својот партнер, без разлика дали таа сака или не. Ваквиот однос, но и моменталната регулација во Кривичниот законик, на крајот резултира со непроцесирање на пријавата доколку жртвата не приложи докази за повреди со кои би докажала дека врз неа е применета физичка сила, односно дека таа давала активен отпор“, вели Џугуманова.
Според официјални податоци од МВР, во текот на 2018 година имало регистрирано 31 случај на кривично дело силување, во 2019 година 35 кривични дела, а во 2020-та 38 кривични дела силување. Во 2021 година, во периодот од јануари до април, според податоците од МВР се регистрирани десет кривични дела силување за кои се пријавени девет сторители.

 

 

Од Јавното обвинителство велат дека не водат статистика за случаите во кои отсуствуваат параметрите физичка сила или закана.
„Имајќи предвид дека кривичното дело се врши кога друго лице се присилува на обљуба со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице. Оттука, во Јавното обвинителство не се води статистика според параметрите на прашањето што го поставивте, па од тие причини не сме во можност да ви ги дадеме бараните податоци. Јавните обвинители, по завршување на истражната постапка, во која ги имаат прибрано материјалните и вербалните докази со кои несомнено го докажуваат стореното кривично дело, ги поднесуваат обвиненијата до надлежните судови. Оттука, сите поднесени обвиненија по кои е водена судска постапка се поткрепени со релевантни докази во однос на кривичната одговорност на обвинетите лица“, изјавија од Јавното обвинителство.

Бошкова вели дека срамот и стравот да се зборува за ова искуство и да се пријави пред надлежните институции ги одвраќа жртвите да ги пријават случаите на силување.

„Малиот број жртви, пак, кои одлучиле да го пријават силувањето се соочуваат со повеќекратна виктимизација преку повторување на исказот во сите фази на постапката, докажување на веродостојноста на својот исказ, одбрана на својот интегритет како жртва и слично. Ова ги пролонгира последиците од насилството врз физичкото и менталното здравје, а неретко кај жртвите се создава чувство на вина дека и тие придонеле или можеле да го спречат насилството“, вели Бошкова.

Околу тоа зошто жртвата не би давала отпор доколку некој се обиде да ја силува, Џугуманова објаснува дека многубројни истражувања од страна на психолози упатуваат на тоа дека жртвите многу често се „смрзнуваат“ од страв дека ќе бидат тешко повредени или убиени и поради тоа никако не реагираат на сексуалниот акт, односно не даваат отпор.

„Има и такви што од голем шок не даваат отпор, плачат, го молат сторителот да престане и слично. Секоја жртва различно реагира и не смее однапред да се претпоставува како една личност треба да се однесува во таква ситуација. Согласноста треба да биде јасно дадена, а недостигот од активен отпор не смее да биде претпоставка дека жртвата ја дала согласноста“, вели таа.

 

Непријавување и недоверба во институциите

 

 

Со ваков однос на институциите жртвите се обесхрабруваат, што дејствува на нивното ментално здравје, ја губат довербата, се разочаруваат и избегнуваат да пријават во полиција. Стравот и срамот во случаи на силување е голем, а во овие „нетипичните случаи“ постои и нишката на недоверба и неможноста на докажување на делото според нашиот Кривичен законик.

Многу честа појава е жртвите на силување да не го пријават силувањето веднаш, па дури да поминат и години за да се охрабрат да им пристапат на институциите, што значи дека медицински е потешко или невозможно да се докаже дека делото се случило без согласност.
„Докажувањето силување е оставено на здравствената професија преку потврда на повредите настанати како резултат на присилата и отпорот, без да се цени контекстот на извршување на кривичното дело, исказот на жртвата и другите околности на случајот. Па, така, во отсуство на медицинска документација, жртвата не може да докаже дека навистина била жртва на силување без нејзина согласност. Во насока на ова, сакам да споделам еден случај на силување што беше пријавен во 2008 година, а жртвата по првпат беше повикана да даде исказ во обвинителството во 2021 година. Обвинителството го врши испрашувањето на жртвата во насока на докажување дали во конкретниот случај има присила и закана од сторителот и отпор и одбивање од страна на жртвата“, вели Бошкова.

Ана Аврамовска Нушкова, правна советничка од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во однос на пријавувањето вели дека има голем број жртви кои воопшто не го пријавуваат силувањето, а исто и такви што ненавремено ќе побараат медицинска помош и институционална заштита.

„Со тоа се отежнува или воопшто не се случува прибирањето на потребните докази од страна на форензичарите. Дополнително, отежнувачка околност е доколку во градот каде што живее нема упатувачки центри за жртви на сексуално насилство (моментално кај нас Скопје, Тетово и Куманово) во рамките на болниците раководени од Министерството за здравство и жртвата може да биде и жртва на осуда и ревиктимизација првично од најблиската околина, а потоа и пошироко со што се зајакнува јазот на недоверба во работата на институциите“, вели Аврамовска Нушкова.

 

 

Потребно е криминализирање и на силувањето во брак

 

 

Според Џугуманова, официјалните податоци на институциите дефинитивно не ја отсликуваат вистинската слика за сексуалното насилство кај нас.

„Под сексуално насилство не се подразбира само силувањето туку и сексуалното вознемирување преку интернет, сексуалното вознемирување на јавен простор, сексуалното вознемирување на работно место, кое може да биде вербално и невербално, демнењето, половиот напад врз дете кое не наполнило 14 години итн. Дел од овие кривични дела сè уште не се инкриминирани во нашиот Кривичен законик. Поради тоа, моментално се работи на измени на Кривичниот законик во овој дел, а со цел усогласување на нашето законодавство со Истанбулската конвенција, која нашата земја ја има ратификувано. Оттука, во ситуација кога ги немаме ниту инкриминирано сите форми на сексуално насилство, нашите институции не можат да водат целосна статистика за сексуалното насилство“, вели Џугуманова.

Аврамовска Нушкова вели дека во оперативниот план на Министерството за правда се измени и дополнување на КЗ, меѓу кои една од предвидените промени е и дефиницијата за кривичното дело силување.

„До денес, Министерството ја нема спроведено таа активност. Измената треба да биде во насока на воведување согласност како еден од основните елементи на кривичното дело силување, а додека употребата на сила и/или закана да се стави како потежок облик на делото. Дополнително, иако во ниту еден контекст не е исклучено силувањето во бракот (како полово малтретирање е предвидено во семејното насилство), сепак сметаме дека треба во делото да се воведе дополнителен став каде што ќе се прецизира дека ова казнено дело може да се изврши и врз сегашен или поранешен брачен другар или интимен партнер и во согласност со член 36 став 3 од Истанбулската конвенција, а е во насока на препознавање и преземање на правни дејства за делото силување во брак“, објаснува Аврамовска Нушкова.
Владата на Република Северна Македонија на деведесет и третата седница, одржана на 9.10.2018 година, го усвои Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција (2018-2023) и ги задолжи сите надлежни министерства и релевантни институции да подготват годишни оперативни планови за спроведување на активностите од НАП-от и да ги објават на своите интернет-страници.

„Потребно е итно усогласување на КЗ со Истанбулската конвенција. Всушност, Европскиот суд за човекови права многу порано го постави стандардот што државите мораат да го воспостават на национално ниво со цел ефикасна заштита на жртвите на силување. Според судот, клучно обележје на силувањето е недостаток на согласност од страна на жртвата. Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство го дефинира семејното насилство, кое вклучува и сексуално насилство. Но, ова не е доволно да се даде ефикасна заштита на жртвите на силување во брак сè додека тоа не се криминализира со КЗ. Недостаток на постојната одредба за силување, покрај дефинирањето на обележјата на кривичното дело, е и непрепознавањето на силувањето извршено во контекст на семејно насилство. Ова е дополнителна причина да се забрза измената на КЗ и конечно да се даде заштита и на жртвите на силување извршено во контекст на семејно насилство“, вели Бошкова.

Во повеќето европски држави силувањето е кривично дело што подразбира присила, употреба на сила, закана со сили или, пак, неможност да се одбрани. Според анализа на „Амнести интернешнел“, само 12 од 31 земја во Европа имаат закони што го дефинираат силувањето како секс без согласност. Според анализата, земјите што го дефинираат силувањето како секс без согласност се: Белгија, Хрватска, Кипар, Данска, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Луксембург, Малта, Шведска и Велика Британија. Секој сексуален однос без согласност е силување и нема „ништо помеѓу“, се наведува во извештајот на „Амнести интернешнел“ од 17 декември 2020 година. Во него се вели дека силување е исто така ако жртвата е пијана или под дејство на дрога; или ако таа решила да оди дома со некого; или доколку е провокативно облечена. Силување е и ако жртвата не кажала јасно „не“ или физички не се спротивставила на насилникот. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Данска е последната што го заостри законот за силување веднаш по Хрватска во декември минатата година.

 

 

 

Извор: Portret.digital

 

„Оваа сторија е објавена во рамките на регионалната програма “Имплементирање на норми, менување на ставови,” финансирана од Европската Унија и имплементирана од UN Women“.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Марта Стевковска
  • July 14, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram