Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.

Силвија Митевска е една од основачките на првата и единствена граѓанска организација која се залага за родова рамноправност во спортот – ТАКТ, која минататиот месец ја прослави петгодишнината од своето постоење. Ја имав честа да запознаам пред точно една година, благодарение на Румена Бужаровска, кога како гостинки на радио емисијата ПичПрич, разговаравме за жените во спортот и стереотипите за женското тело кое сè уште го бара своето место во спортот. Една од причините што токму сега го правиме ова интервју е манифестацијата “Вечер за жени во спортот” која денес се одржува втора година по ред, а на која се доделуваат награди за најуспешните спортистки и жени кои делуваат во спортскиот сектор во земјава. Интервјуто го водеше Бојана Јовановска.

 

Дел од јавноста те препознава како првата параглајдеристка во земјава, но веројатно поголем дел како една од основачките на ТАКТ. Што за тебе значи да се биде жена во спортот во денешно време?

 

Да, ме препознаваа како параглајдеристка зашто беше многу невообичаено девојка да лета со параглајдери и честопати се пишуваше на оваа тема, но тоа беше пред многу години и одамна сум немала интервју поврзано со параглајдество. Тој период од животот ми беше особено убав зашто буквално живеев за летањето и само тоа ми беше на ум; кога да летам, каде да летам, на која височина итн. Дури мислам дека некои денови повеќе време поминував во воздух отколку на земја.
Тоа секогаш ќе остане дел од мојот живот на кој драго се потсетувам. Сега се други времиња, цврсто стојам на земја и се гледам себеси во улога на претседателка на ТАКТ. Имам големо спортско искуство зашто освен што долго време се бавев и се натпреварував со параглајдерство, дипломирав на Факултетот за физичко образование и рекреативно многу спортувам. Со други зборови, знам како е да си жена и во професионален и во рекреативен спорт. Воопшто не е лесно и постојат многу предизвици со кои се соочуваме, а кои се невидливи за повеќето луѓе.

 

 

Имајќи предвид дека спортот од самото создавање па сè до денес претставува една од сферите која е доминантно “машка”, каде го гледаш местото на феминизмот во денешно време во спортот? Како според тебе можеме да ги разобличиме длабоко вкоренетите стереотипи за женското тело во спортот и оттука неприфаќањето на истото?

 

 

Од феминизам има потреба во секое поле, особено во спортот кој важи за „машки свет“. За жал, околу феминизмот постои некоја стигма и дури и жени кои се декларираат за правата на жените се оградуваат од феминизмот. Тука улога играат и медиумите кои ги сензационализираат нештата и ги прикажуваат феминистките како некои кои мразат мажи и други бесмислици. Јас, покрај тоа што сум мајка на две деца, носам кармин и високи потпетици, спортувам екстремни спортови, сум и феминистка зашто верувам дека сите треба да имаат еднакви права и можности.

 

Во контекст на сексуалната објектификација на женското тело, спортот не изостанува со практиките на сексуално вознемирување и насилство врз жените. Неодамна, во рамки на кампањата 16 дена активизам, ТАКТ беше ко-организатор на трибина за сексуално вознемирување на жени кои се занимаваат со рекреативен спорт. Според тебе, зошто е ова честа појава во спортот?

 

Сексуалната објектификација е многу присутна во спортот. Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Колку поатрактивно изгледаат толку повеќе се пишува за нив. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план. Ретко се објавуваат фотографии од спортистки кои се мускулести и крупни, најчесто се бираат послаби, но во добра спортска форма. Тие фотографии само ги зајакнуваат родовите стереотипи и погрешно ги наведуваат девојчињата да бираат ,,женствени,, спортови, а момчињата да бираат спортови каде најмногу доминира силата.
Од друга страна, има спортистки кои заработуваат не поради спортските успеси, туку токму заради нивниот изглед. Еден пример е тенисерката Ана Курникова која нема победено ниту на еден поголем турнир, но е најдобро платена од спонзори. Некои спортиски имаат финансиска корист од сексуализацијата и оттаму балансирањето помеѓу материјалните удобности и феминистичките идеали е многу тешко. Следствено, сексуализацијата од страна на медиумите продолжува и понатаму.

 

Како гледаш на улогата на мажите во оваа борба за еднаквост во спортот? Дали ги гледаш како сојузници или пречката која не дозволува напредок?

 

Би сакала да ги гледам мажите како сојузници. Не може да постигнеме промена без нивна поддршка. Во спортскиот сектор, мажите се на сите можни раководни функции и ниту една промена не е можна доколку тие самите не ја разберат важноста од родова еднаквост. Ова не е е борба за моќ, па да стравуваат дека ќе имаат помали ингеренции доколку има жени на значајни и одговорни позиции. Ние се бориме да сфатат дека придобивките од родовата еднаквост се за сите и не ги исклучуваат мажите во ниту еден момент. Моментално, за жал, познавам многу мал број на мажи кои знаат дека дискриминаторскиот однос нема да нè однесе никаде и ретки се оние кои искрено веруваат дека еднаквоста е бенефит за сите. Истовремено, сметам дека тие ретки мажи кои се гласноговорници за родова еднаквост треба да се афирмираат и поддржат, но не треба да се претера со промоцијата на нивниот хероизам и не треба да им се восхитуваме. Поддршката на мажите за родова еднаквост не треба да биде исклучок, туку норма.

 

Дали можеме да зборуваме за постоење на женска солидарност во спортот и колку ни е таа потребна за постигнување на родовата еднаквост во ова поле?

 

Поддршката од жена за жена е од суштествена важност. Во изминативе години започнавме да говориме за значајноста од менторството во спортскиот сектор. Има многу млади жени со голем потенцијал кои во клучен момент не знаат каде да го насочат својот потенцијал и честопати се откажуваат од кариера во спортскиот сектор. Лично, имам многу позитивно искуство бидејќи неколкупати имам учествувано во менторски програми и знам дека менторката може да направи пресврт во твојот професионален живот. Ние во иднина би сакале да развиеме менторски програми каде поискусните жени ќе можат на неформален начин да го пренесат своето искуство и да ги понудат своите контакти на девојки и жени кои имаат амбиции да работат во спортски организации.

 

Манифестацијата “Вечер за жени во спортот” оваа година го има своето второ издание. Kако во ТАКТ беше поттикна идејата за органзирање на настанот?

 

Додека бев на спортска програма во САД, присуствував на сличен настан организиран од невладината организација која ги застапува правата на жените во спортот ,,Women’s Sport Foundation’’ и многу ми се допадна настанот. Меѓутоа мислам дека она што најмногу ја засили оваа идеја е фрустрацијата гледајќи ги спортските настани и свечени манифестации каде речиси и нема жени помеѓу наградените, нема жени меѓу оние кои доделуваат награди или ретки се жените во поканетата публика, а воопшто да не разговараме за вклученост на жени во комисија која одлучува за победници. Овој тренд ја отсликува погубната реалност во спортскиот сектор.
Од овие причини и го организираме овој настан. Жените нема да бидат оставени на маргините, туку ќе имаат клучна улога на оваа манифестација. Имено, комисијата е составена од жени, како доделувачи на награди се поканети голем број на жени, поканети во публиката исто така ќе бидат многу жени и секако сите наградени во дванаесете категории се девојки и жени од спортскиот сектор.

 

Каде ја гледаш најголемата пречка за родова рамноправност во спортот? Каде треба да ги насочиме напорите за промени и понатамошниот активизам во ова поле?

 

Немаме повеќе време ниту трпение да слушаме декларативни заложби за родова еднаквост. Ни требаат конкретни акции и храбри одлуки. Ние работиме на подигнување на свеста за важноста од родова еднаквост кај сите кои делуваат во спортскиот сектор, но најтешко се менува мајндсетот и културата на луѓето. Затоа, еднаквоста треба да стане норма и услов за поддршка и финансирање на спортските организации. Институциите кои се надлежни за спорт во нашата земја имаат и право и обврска да поттикнат воведување на концептот на еднакви можности во сите федерации и клубови. На пример, во Норвешка и во други земји не можете да добиете финансирање за доставената годишна програма доколку немате еднаква застапеност во самиот спорт, но и доколку немате еднаква застапеност на жени во управувачките тела на таа федерација. На тој начин, иако тоа е наметнато (зашто нели нема време да чекаме да се смени мајндсетот на лидерите), промени настануваат брзо. Но, за вакви радикални мерки треба решителност и храброст. Дали имаме лидери со овие вредности, ќе оставам на читателите и читателките да резимираат.

 

 

Сигурна сум дека во текот на својата работа си се соочила и со многу непријатни ситуации кои знаат да бидат обесхрабрувачки. Каде ја наоѓаш мотивацијата и/или поддршката за да бидеш истрајна во својата работа?

 

Трагикомично е што и јас самата сум била родово дискриминирана со години, притоа не знаејќи дека тое не е во ред. Тој дискриминаторски однос сум го нормализирала и сум го прифатила како стандард. Тој тренд продолжува и денес кај многу наши спортистки. Го проголтуваат тој горчлив момент кога пред нивни очи се случува неправда, тешејќи се дека живеат во машки свет. Добро познат ми е моментот кога ќе добијат различна награда на натпревар или нема да бидат доволно добри за работно место во федерација, кога некој нема да се сети на нивното искуство и експертиза кога се формира комисија или кога треба да се прогласуваат победниците, а нив никој не ги споменува. Ете, сите овие моменти кои поминуваат без осуда и критика, неправди заташкани под тепих, ми даваат мотивација да зборувам гласно и да се борам за промени.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • December 20, 2019
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Стоименовска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram