Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.

Авторка: Роксен Геј

Кога бев мала, со родителите одевме на Хаити за време на летото. За нив, ова си беше враќање дома. Но за мене и браќата тоа беше авантура, понекогаш обврска, и секогаш неопходна лекција за привилегиите и благодатот на американскиот пасош. Сè додека не го посетив Хаити, немав претстава како всушност изгледа сиромаштијата или, пак, разликата помеѓу релативна и целосна сиромаштија. Тоа што ја видов сиромаштијата толку јасно и продорно, остави длабока трага врз мене.

До ден денес се сеќавам на првата посета и како на секоја раскрсница, испотени мажи и жени се собираа во толпа околу колата и ги подаваа ковчестите раце, надевајќи се дека ќе добијат неколку гурди или американски долари. Ги видов раштрканите сиромашни квартови, колибите во кои беа напикани цели семејства, ѓубрето натрупано на улиците, како и преубавата плажа и младите мажи во униформи што ни носеа кока-кола во стаклени шишиња и ни правеа капи и чамчиња од палмини листови. Тешко е дете да почне да го разбира контрастот помеѓу таа неизбежна сиромаштија и речиси одбивниот луксуз веднаш до неа, па потоа и Соединетите Држави, оддалечени неполни осумстотини милји со блескавите градови што се издигнуваат над хоризонтот и добро одржаните автопати што се протегаат низ целата држава, со вода за пиење и струја. Дури по многу, многу години сфатив дека мојата лекција по привилегија започна долго пред да можам вистински да ја ценам.

Привилегијата е право или имунитет што е доделен како необична придобивка, предност или услуга. Постои расна привилегија, родова привилегија (и идентитетска), хетеросексуална, економска, привилегија на физичка способност, верска – на списокот му нема крај. Кога-тогаш, мора да се предадеш на привилегиите кои ги имаш. Речиси сите, особено во развиениот свет, поседуваат нешто што некој друг го нема, нешто по кое некој друг копнее.

Проблемот е во тоа што културните критичари зборуваат за привилегијата со толку алармантна леснотијa, но со толку празни зборови, што зборот го изгуби своето значење. Кога луѓето го користат зборот „привилегија“, обично не го ни регистрираме зашто го слушаме толку често, што стана само бел шум.

Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија. Тоа е проект што сѐ уште трае. Јас сум жена, човек со обоена кожа, дете на имигранти, но исто така израснав во средната, а потоа и високата средна класа. Родителите нѐ израснаа мене и моите браќа во строга средина, но сепак полна со љубов. Тие беа и сѐ уште се во среќен брак, па не морав да минувам низ со разводи или гадни брачни динамики. Учев во елитни училишта. Магистратурата и докторатот ми беа финансирани. Веднаш добив решение за работа на универзитет откако завршив. Сметките ми се платени. Имам доволно пари и време за да ги трошам на што сакам. Имам релативно многу објавени дела. Имам сопствен агент и мои книги. Животот ми е далеку од совршен, но сепак се срамам да прифатам колку всушност сум привилегирана.

Тешко ми е и да ги земам предвид сите нешта за кои не сум привилегирана или нештата за кои привилегијата волшебно не ме спасила од преголема болка. Во оние потешки денови, не сум сигурна што ме нервира повеќе – тоа што сум црнкиња или тоа што сум жена. Мило ми е што сум и двете нешта, но светот постојано ми се меша. Ме побудалуваат еден куп потсетници за тоа каде ми е местото – непознати луѓе што ме распрашуваат на паркингот на работа небаре е незамисливо јас да бидам член на колегиумот, упорноста на законодавците кои се обидуваат да управуваат со женското тело, вознемирување на улица, непознати што сакаат да ми ја пипкаат косата.

Склони сме да веруваме дека обвинувањата за привилегија значат дека ни е лесно, па се лутиме бидејќи животот е тежок речиси за сите. Се разбира дека сме лути на овие обвиненија. Погледнете ги белите мажи кога ќе ги обвинат дека се привилегирани. Веднаш заземаат одбранбен став (понекогаш и разбирливо). Велат „Не сум јас крив што сум бел маж“, или „Јас сум (внесете друга состојба што им ја порекнува привилегијата)“, наместо едноставно да прифатат дека во овој поглед, да, имаат придобивки од некои привилегии кои други ги немаат. Да се има привилегија во едно или повеќе полиња не значи дека сте целосно привилегирани. Да се предадете и прифатите дека сте привилегирани е тешко, но тоа е сè што се очекува од вас. Цело време се потсетувам дека: со тоа што прифаќам дека сум привилегирана не значи дека ги негирам начините на кои бев и сум маргинализирана, начините на кои сум страдала.

Не мора да правите ништо откако ќе ја признаете својата привилегија. Не мора да се извинувате. Треба да го сфатите степенот на привилегијата, последиците на привилегијата, и да останете свесни дека луѓето што се поинакви од вас се движат низ светот и го доживуваат на начини кои вие можеби никогаш нема да ги разберете. Тие можеби ќе се најдат во ситуации за кои вие никогаш не би знаеле. Но сепак, би можеле да ја искористите таа привилегија за општо добро – да се обидете да го израмните теренот за сите, да работите за унапредување на социјалната правда, да го привлечете вниманието кон тоа како оние без одредени привилегии се обесправени. Веќе видовме што направи трупањето на привилегии и резултатите се срамни.

Кога зборуваме за привилегија, некои луѓе почнуваат да играат многу бесмислена и опасна игра каде што се обидуваат да мешаат и комбинираат разноразни демографски карактеристики за да одредат кој ќе победи во „Играта на привилегија“. Кој би победил во „Играта на привилегија“ помеѓу богата црнкиња и богат белец? Кој би победил во „Играта на привилегија“ помеѓу квир белец и квир Азијка? Кој би победил во „Играта на привилегија“ помеѓу белец од работничка класа и богата Мексиканка со поинакви физички способности? Можеме да ја играме играва цел ден и да не најдеме победник. Да се игра „Играта на привилегија“ е како ментална мастурбација – убавко им е само на оние што ја играат.

Премногу луѓе си играат самопрогласени полицајци за привилегија и патролираат низ ходниците на дискурсот, спремни да ги потсетат сите за нивната привилегија без разлика дали тие луѓе ја негираат или не. Во онлајн дискурсот на пример, сеништето на привилегија секогаш демне во темницата. Кога некој пишува од искуство, често има некој друг што чека како на готовс, со размавтан прст да го обвини писателот дека е привилегиран на многу начини. Како ли се осмелува некој да зборува од лично искуство без да ги земе предвид сите можни конфигурации на привилегијата или пак отсуството на привилегија? Би живееле во свет од тишина доколку луѓето без привилегии се единствените на кои им би им било дозволено да пишуваат и зборуваат за различности, или пак да пишуваат и зборуваат од искуство.

Кога луѓе осудуваат други за привилегираноста, најчесто само сакаат да бидат слушнати и видени. Нивната потреба е акутна, па дури и очајна, а потекнува од многуте историски и современи обиди за да се замолчат, а воедно и да се направат невидливи маргинализираните групи. Дали мораме да ги задоволиме сопствените потреби да сме слушнати и видени со тоа што ќе спречиме некој друг да биде слушнат и виден? Дали привилегијата автоматски ги негира сите важни нешта што некој привилегиран сака да ги каже? Дали да игнорираме, на пример, сè што имаат да кажат белите мажи?

Треба да стигнеме до степен каде што ќе можеме да зборуваме за привилегиите преку набљудување и признавање наместо преку обвинување. Треба да можеме да расправаме за ова без заканата од привилегии. Мора да престанеме да учествуваме во Олимпијадата на привилегија или Олимпијадата на угнетување зашто нема да стигнеме никаде ако не најдеме поефективни начини да ги надминеме разликите преку разговор. Треба да можеме да кажеме „Ова е мојата вистина“ и таа вистина да може да опстои без стотина џагорливи гласчиња да вриштат, оставајќи впечаток дека не може да постојат повеќе вистини истовремено. Зашто, во еден момент, нели привилегијата веќе не и е поентата?

Привилегијата е релативна и контекстуална. Ретко кои луѓе во развиениот свет, а особено во Соединетите Држави, воопшто немаат привилегии. Меѓу нас што сме дел од интелектуални заедници, привилегијата ја има на претек. Сите ние имаме време за трошење и редовен пристап до интернет. Ја имаме слободата да ги изразуваме нашите мислења без закана од казни. Имаме паметни телефони и ај-производи и компјутери и лаптопи. Ако го читате овој есеј тогаш имате одреден вид на привилегија. Можеби ви е тешко да го слушнете ова, знам, но ако не можете да си ја препознаете привилегијата, ве чека многу труд; фатете се за работа.

 

 

 

 

 

 

Превод:
Теодора Димитриевска
Ангел Димовски
Даниела Дракуловска
Сара Гинова

Менторство: Благица Димитрова и Румена Бужаровска

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • January 24, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram