Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.

Баш кога се обидов да закажам сонограм минатата година, моето разбирање на еден основен научен принцип беше целосно испревртено. Медицинската сестра, обидувајќи се да сфати колку бремена би можела да бидам, се покажа како крајно незаинтересирана за датумот на зачнувањето. Само сакаше да го знае датумот на мојот последен менструален циклус. Тоа – објасни таа – е начинот како се пресметува бременоста. Тоа значеше дека што се однесува до медицинската заедница, јас технички бев во петтата недела, иако не постоеше физички начин да бидам во повеќе од третата недела. Тие две претходни недели, претпоставувам дека сум била…пред-бремена? Бремена-во-чекање? Навистина, ова беше неверојатна вест.

Така, минатата недела кога Џон Бекер, пратеник од Охајо, случајно сугерираше дека ектопичната бременост може да биде „отстранета од фалопиевата туба и повторно вметната во матката“ (па не баш: трагично, но таа постапка не постои), и кога истакнатиот експерт Бен Шапиро самоуверено го спои концептот „шест недели бременост“ со „шестнеделен ембрион“ (две различни работи, всушност), и кога гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, потпиша нацрт-закон со кој се бара абортусот да се одвива само во временски период пред многу жени воопшто да дознаат дека се бремени – кога сите овие работи се случија, мојата фрустрација се приближи до космичко ниво. Не кон оние пратеници, туку кон наметката на таинственост и незнаење што ги прекрива сите нешта поврзани со јајниците.

Колективно сме ужасни кога зборуваме за репродукција. Особено кога станува збор за бремени тела. Мораме да пробаме да бидеме подобри во тоа. Кога предлог-законот за абортус во Џорџија беше потпишан, слушнав дека некои гинеколози-акушери тврдат дека една жена лесно може да го исполни овој рок од шест недели едноставно со правење на тест за бременост многу, многу рано, значи, веднаш по сексуалниот однос! – да дознае дали постои несакана бременост која треба да биде прекината.

За жал, овие советодавци изгледа не знаеја дека треба да поминат неколку дена за оплодените јајца да бидат имплантирани во матката. Дополнително, тестовите за бременост не се баш точни додека еден менструален циклус не е пропуштен. И тоа – дури и под претпоставка дека една личност има 28-дневен менструален циклус ист како оној опишан во книгите – многу често циклусот е подолг или далеку понепредвидлив – менструалниот циклус нема да биде пропуштен сè додека не поминат 15 или 16 дена од денот на зачнувањето.

Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, споделија фотографија со нивниот новороден син оваа недела, и видов ројал-гледачи кои ја споделуваа семејната слика, наивно прашувајќи се зошто Меган сè уште изгледа „дебело“. Очигледно, тие никогаш не дознале дека женското тело не се враќа назад во форма како да е гумена топка; тоа може да потрае неколку недели или месеци, а во некои случаи средниот дел од телото никогаш не се враќа во претходната големина.

Некои од понтификаторите во овие случаи биле мажи, но далеку од тоа дека сите биле само мажи. Не се работи за прекршоци направени од страна на конкретни машки лица. Овој став постои со векови – иако зачнувањето може да биде биолошко чудо, тоа исто така е грозно, исполнето со сало и слуз од кои – ла ла ла ла ла! – на пристојните луѓе им е дозволено да бегаат вриштејќи. Многу луѓе се подготвени да ги третираат фетусите како бесценети граѓани, но телата кои ги создаваат овие фетуси ги доживуваат како срамни, сиромашни квартови. На една забава, забележав нов татко кој со гордост го нарекуваше неговото дете „принцеза“, а неговата сопруга „шампион“, но потоа нападно си ги покриваше ушите кога таа го спомна зборот „плацента“. Исто како да не била плацентата токму таа што ѝ овозможила на Принцезата да расте.

И сите за време на забавата се смееја! Како да е сосема прифатлива оваа намерна игнорантност! Бидејќи, всушност, е прифатлива: ја прифативме. Приказните како оваa порано звучеа забавно. И јас се имам кикотено на BuzzFeed статии со наслови од типот „24 апсурдни нешта за менструалниот циклус во кои луѓето всушност веруваа“. Еднаш си цимолев на биро додека читкав жалба од страна на еден господин кој беше вознемирен поради тоа што жените кои добивале имале потреба да фрлаат пари на санитарни производи. Зошто не научиле некако да „задржат“, предложи тој, исто како што мажите се научиле да се воздржат од уринирање?

Почнувам да сфаќам дека овој вид незнаење не е нешто на што треба да се смееме. Ако сакаме да носиме закони поврзани со биологијата – дали треба да се оданочуваат тампони или дали абортусите треба да се случат за шест или осум или четиринаесет недели – прво треба да ја разбереме таа биологија. Затоа што доколку сте застапник за слободен абортус или пак сте анти абортус, треба да бидете способни да ја разберете и одбраните сложеноста на вашата позиција.

Има уште една причина што нема никаква врска со законот: ако не разбирате како функционираат женските тела, можеби на крај ќе почнете да верувате во некои навистина штетни нешта за жените. Ако мислите дека на жените за менструација им се потребни санитарни производи само затоа што не се способни да си ја „задржат“ менструацијата, тогаш можеби ќе почнете да мислите дека се само помрзливи од мажите. Ако ги гледате жените после раѓање како „дебели“, тогаш можете да почнете да ги доживувате жените како помалку дисциплинирани. Ако не знаете што прави плацентата, можеби ќе почнете да мислите дека телото на вашата сопруга е грозно. Ако мислите дека една жена треба да знае дека е бремена само за неколку дена – за разлика од неделите што биологијата генерално ги диктира – тогаш можете да претпоставите дека нејзиното незнаење во рок од неколку дена е знак дека е расеана и неодговорна. Можете да одлучите дека не е во можност да управува со сопственото здравје.

Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. За пропуштени циклуси, отчукувања на срцето, графикони за растење на плодот, менструални периоди, временски рокови на оплодување и сè останато. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.

 

 

 

 

 

 

 

Авторка: Моника Хесе

Извор: The Washington Post 

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • May 29, 2019
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram