Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?

RuPaul’s Drag Race (RPDR) е американско ТВ шоу коешто од 2009 година па наваму нѐ запознава со посебноста на дрег уметниците, магијата во нивните приказни, шармот во нивните настапи, и играта во нивниот јазик (под јазик ги подразбирам специфичните термини, хумористичните збороигри, и двосмислените досетки по коишто дрег уметниците се препознатливи). Шоуто забрзано се прошири низ светот и стана дел од мејнстрим културата, а се снимаат и сѐ повеќе меѓународни изданија, особено во Европа. Кај нас, шоуто полека станува популарно и си има своја публика, но за многумина е сѐ уште непознато. Самата дрег култура не е многу застапена на нашата територија поради тесногледиот став што нашето општество го има кон дрег уметноста, а јазикот што се употребува во шоуто е главно присутен на социјални медиуми, блогови и разговорно, претежно меѓу квир заедницата, и тоа во својата изворна форма (на англиски).

Согледувајќи како RPDR ја доближува дрег уметноста до гледачите ширум светот, би можеле да се запрашаме дали и кај нас би се случило истото, односно дали ако се преведе шоуто на македонски би се направил чекор кон доближување и нормализирање на дрег уметноста во нашето општество? Но, за да го одговориме тоа прашање, треба да најдеме одговор и на друго тесно поврзано прашање ‒ дали е воопшто возможно да се преведе RPDR и јазикот во него? Јазикот е една од посебностите на шоуто, претставува креативен преведувачки предизвик, и токму неговата (не)преводливост беше предмет на анализата во склоп на мојот дипломскиот труд Преводливоста на специфичните термини на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“.

 

Цел и почетоци на истражувањето

 

Целта ми беше да ја истражам (не)преводливоста на специфичните термини на дрег уметноста во шоуто коишто, се разбира, не се ексклузивни за RPDR и се употребуваат насекаде. Поконкретно, целев да откријам дали термините се употребуваат кај нас исклучиво како заемки (на англиски), дали како помакедончени заемки (прилагодени на македонски со помош на наставки), или пак се употребуваат македонски преводни еквиваленти. Настрана од преводливоста на термините, сакав да добијам поголема перспектива за тоа како гледачи на шоуто ги употребуваат издвоените термини и кој е нивниот став во однос на потребата од превод на шоуто. Благодарение на трудот и креативноста на сите вклучени во истражувањето, успеав да извлечам и список со голем број можни преводни решенија на термините коишто беа дел од истражувањето.

Вакви слични истражувања веќе постојат низ светот бидејќи RPDR е преведено на неколку странски јазици (преку Netflix), вклучувајќи ги шпанскиот, францускиот, италијанскиот и романскиот јазик. Успеав да добијам пристап до одлични трудови во чија основа се токму Netflix преводите и/или синхронизациите на RPDR на споменатите јазици. Тие истражувања водат до заклучокот дека официјалниот превод не е целосно успешен бидејќи се изгубени хуморот, збороиграта и експлицитноста на оригиналот, со што се губи посебноста на јазикот. Уште еден многу важен заклучок кај истражувањата е дека доколку се применат добри преведувачки практики при преведувањето на шоуто, односно доколку се преведува креативно и со намера да се збогати јазикот, тогаш преводот со сигурност би помогнал во доближување и нормализирање на дрег културата.

 

Постоечки преводни решенија

 

За да ја откријам (не)преводливоста на RPDR на македонски, започнав со потрага по веќепостоечки преводни решенија за термините што често се среќаваат во RPDR. Преводите ги најдов при анализирање на 11 онлајн статии и 1 подкаст на македонски, како и делови од преводот на Огнен Чемерски на книгата Како да се биде геј од Дејвид М. Халперин. Она што го окрив е дека термините се навлезени како заемки. Самиот збор drag најчесто се употребува транскрибиран како дрег, а останатите колокации со зборот drag се земени како комбинација или на две заемки, или на заемка и македонски преводен еквивалент (поточно полу-калки). Па така, низ статиите се сретнаа дрег кралица, дрег куќа и дрег шоу, а во преводот на Чемерски, истите комбинации беа поврзани со тире. Во преводот на Чемерски најдов и други заемки, како трејд, камп и буч, а беше дадено и преводно решение за самиот наслов на шоуто: Дрег-трката на Ру Пол. Иако полу-калките и заемките се најзастапени, сепак во преводот на Чемерски открив и уникатни преводни решенија како што се родокурцање за genderfuck, и фемсторија за herstory.

 

Анонимен прашалник

 

Откако открив веќепостоечки преводни решенија, продолжив понатаму со истражувањето, каде што сакав да дознаам што мислат гледачите на RPDR во однос на можен превод, како ги употребуваат најчестите термини и како би ги превеле. За таа цел спроведов онлајн анонимен прашалник со 36 прашања поделени во 5 дела: 1) односот со „RuPaul’s Drag Race“, дрег терминологијата и преведувањето на дрег термините; Употреба и можен превод на: 2) термини поврзани со дрег уметноста 3) термини поврзани со видови на кралици 4) изреки својствени за „RuPaul’s Drag Race“ и 5) зборови што се употребуваат во шоуто и надвор од него. Успеав да соберам 15 анонимни одговори од гледачи на шоуто и личности што ги употребуваат тие термини, и можни преводни решенија за вкупно 31 термин.

Учесниците во првиот дел од прашалникот воглавно се изјаснија дека термините ги употребуваат на англиски, а во однос на прашањето дали е потребен превод забележав поделени ставови. Поголемиот дел од учесниците се загрижени дали преводот би звучел природно на македонски, и сметаат дека постои ризик во преводот да се изгуби смислата и хуморот од оригиналот. Сепак, останатиот дел од учесниците сметаат дека преводот би ја зголемил видливоста на дрег заедницата и би го доближил јазикот поблиску до гледачите.

 

Креативни преводни решенија

 

Во останатите делови од прашалникот, учесниците несвесно употребија мноштво на преведувачки практики во нивните одговори за тоа како ги употребуваат термините разговорно и/или би ги превеле. Во најголем дел од одговорите воочив заемки и полу-калки како најупотребувани преводни решенија, меѓу кои се лип синк за lip sync, да се такне за to tuck, бит за beat, шејда за to shade, кемп кралица за camp queen, био кралица за bio queen итн.. Друга честа практика што ја открив во понудените решенија е употребата на објаснувања и описи наместо еден збор, па така to lip sync го сретнав како се преправа дека пее, а to tuck преку објаснувањата да си го прибере и да си го собере си доби доза експлицитност поради додавањето на го за машкиот полов орган, што во оригиналот се подразбира во самиот збор. Уште почеста практика беше и буквалниот превод на некои од термините: да (про)чита за to read, работи за werk, и да послужи за to serve.

Како што ги анализирав одговорите, така сѐ повеќе се воодушевував од креативноста на учесниците. Особено ме импресионираа новите кованки кои ги предложија, како усносклад за lip sync, ѝсторија/женоминато/неасторија за herstory, и дрегститки за condragulations. Учесниците дури дојдоа и до решенија за познатиот акроним во шоуто C.U.N.T. (Charisma, Uniqueness, Nerve and Talent): П.У.Т.Е. (Посебност, Умешност, Трпение и Елоквентност), П.И.Ч.К.А. (Посветеност, Издржливост, Човечност, Креативност и Амбиција), и П.И.*.К.А. (Привлечност, Истрајност, *, Красота и Автентичност).

 

Што можеме да заклучиме?

 

Со помош на сите истражувања дојдов до неколку интересни сознанија. Иако не е исклучиво, сепак во најголема мера термините кај нас се употребуваат како заемки, нешто што го потврдив согледувајќи ги преводните решенија и ставовите на учесниците. Една можна причина за ваквата реалност е тоа што термините кај нас се навлезени на англиски, а друга можна причина е стравот да не се изгуби фонолошката/морфолошката игра и значењето на оригиналните термини. Иако очекував често да сретнам преводи каде заемките се помакедончени, сепак надвладуваа целосните македонски преводи (веднаш по заемките).

 

Што понатаму?

 

При истражувањето наидов на неколку предизвици што доведоа до недостатоци во трудот, но благодарение на нив можам да издвојам предлози за што може да се подобри во иднина при вакви истражувања. Во иднина, особено е нужно да се разговара со дрег уметниците бидејќи тие се бават со дрег и би можеле значително да помогнат во изнаоѓањето точен и веродостоен превод за термините. Настрана од тоа, самите истражувачки методи употребени во трудот можат да се збогатат, и тоа преку анализирање повеќе содржини коишто ги содржат овие термини, особено печатени, и подобра распределба на прашалникот со цел да се соберат повеќе одговори од гледачи и да се извлече поконкретен заклучок.

Сепак, со помош на истражувањата, извлеков важен заклучок. Иако преку нив собрав можни преводни решенија за дел од термините, нивната цел не е да служат како речник, туку да ја откријат (не)преводливоста на јазикот во RPDR, како и да поттикнат иницијатива за создавање македонски речник за дрег и квир терминологија и неговото збогатување. Земајќи ги предвид општествените ставови, како и ставовите на испитаниците, можам да кажам дека за нешто да е преводливо, прво треба да се сфати и прифати нашироко. Иако нашето општество сѐ уште не е сосема отворено кон дрег културата, сепак има голем број дрег уметници (самостојни или како дел од дрег куќи) коишто настапуваат пред македонската публика и земаат учество во настани како Skopje Pride и Ноќна Кралица, со што ја зголемуваат видливоста на дрегот. Штом општеството ја прифати дрег културата или барем е поотворено кон неа, тогаш можеме да разгледаме превод на терминологијата и на самото шоу.

Благодарение на решенијата од прашалникот, воочив дека преводот е возможен и дека може успешно да се долови креативноста и збороиграта на термините доколку се применат добри преведувачки практики. Преводот во никој случај не треба да биде индивидуален, туку треба да е соработка меѓу дрег уметниците, квир заедницата и преведувачите, со цел да се добијат преводни решенија коишто ќе бидат доследни до формата и смислата, успешно ќе ги доловат хуморот и креативноста на оригиналните термини, и ќе го доближат дрегот поблиску до нашето општество.

 

 

 

Пишува: Ана Илиева

___________________________________________________________________________

„Преводливоста на специфичните термини на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“’ беше темата на мојот дипломски труд и целосната анализа и списокот на сите откриени преводни решенија можете да ги прочитате во јунското издание на „Современа Филологија“. Голема благодарност до мојата менторка проф. д-р Румена Бужаровска и сите коишто го поддржаа истражувањето со својот значаен удел.

НАПИШАНО ОД:
  • Ана Илиева
  • September 15, 2022
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram