Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“

„Апсурдно е, апсурдно е да се чувствувам виновно затоа што професорот не ме пушта да положам испит затоа што сум му била убава и сакал да ме гледа почесто. Или… Да ме пипка за бутина. Или… Непријатно е малку. Малку? Уствари јас сум толку несигурна во себе што сè ова ми е прљаво. Пак го паѓам истиот испит. За да се вратам, за да му биде нему убаво и да ужива. Знам дека и други колешки поминуваат низ истото. А мислите ако кажат некому ќе му биде гајле“, гласи едно од шесте сведоштва за сексуално насилство на универзитетски кампуси кои ги сними режисерката Драгана Гунин, а беа објавени минатото лето.

Таа вели дека случаите биле пријавени во полицијата и за дел од нив била отпочната и правна постапка.

„Мислам дека сите ги паметиме случаите од пред скоро година дена. Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести“, сподели Гунин.

Реактуелизацијата на случајот „Јавна соба“ која се случи неколку месеци по објавата на сведоштвата снимени од Гунин, поттикна јавна дебата, меѓудругото и за сексуалното насилство на универзитетите.

„Покрај поддршката едни со други, сметам дека институциите/факултетите треба будно да пратат сè, прво да им дадат дадат безбеден простор за споделување на студентките и студентите, да ги заштитат, да реагираат и да не дозволат веќе ниту еднаш да се повтори било какво искуство од ваков тип“, вели Гунин.

Во меѓувреме, Правниот факултет отвори јавен повик за бесплатна правна помош на жртвите на сексуално насилство и вознемирување во случајот “Јавна соба”, забележува режисерката.

Повик за анонимно пријавување на сексуалното насилство на универзитетските кампуси беше објавен и од Универзитетското студентско собрание и студентската правобранителка, Теа Мицевска.

Таа вели дека од моментот на објавување на повикот поголемиот дел од пристигнатите пријави биле од другар/другарка на студентот/студентката која се двоуми да пријави случај на сексуално вознемирување.

„Тие пријави може да се третираат само како импулс дека во одредена мера постои некој облик на сексуално вознемирување. Но, како такви не се доволни за постапување, затоа е и објавен повикот. Основната цел е да се мотивираат студентите да пријават било каков облик на сексуално насилство кој може да се случи во рамките на Универзитетот“, вели студентската правобранителка.

Според неа, во најголем дел пријавите се однесуваат на прекршоци од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии и втор циклус студии на УКИМ и се јавуваат во облик на кратење на рокот на испитната сесија, неодржување на консултации, недавање можност за увид во испитната документација, но и ненавремено објавување на распоредот на испитите.

Објаснувајќи ја постапката за пријавување на сексуалното насилство на кампусите, студентската правобранителка вели дека постапката се започнува така што студентот/студентката го пријавува случајот до студентскиот правобранител во форма на барање кое може да биде доставено во електронска форма преку мејл, а исто така може да биде договорена и средба доколку на тој начин односниот студент се чувствува поудобно да ја објасни ситуацијата.

„Во оваа постапка најбитниот, но и најтешкиот дел е процесот на докажување. Од особено значење е да бидат приложени соодветни докази врз основа на кои ќе може да се констатира дека станува збор за случај на сексуално вознемирување. Натамошната постапка зависи од извршениот увид па така, доколку се утврди дека барањето е основано, се носи одлука за започнување на постапката и извештај во којшто се образложува констатираната состојба, како и препорака со која се воспоставува контакт со односниот факултет. Доколку се утврди дека не постои повреда, се носи одлука за неповедување на постапка која исто така треба да биде образложена. Секако, може да постои ситуација и кога студентот ќе се упати до соодветниот орган до кој треба да се обрати“, објаснува таа.

Најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ сè уште нема создадено онлајн катче за анонимно пријавување на сексуално насилство на факултетите во склоп на Универзитетот.

„Се разгледуваат различни опции преку кои студентите на непосреден начин ќе можат да исконтактираат со универзитетските тела, па во таа насока може да се разгледа и опцијата за онлајн катче кадешто ќе се пријавуваат проблемите. Како механизам се јавуваат и Правната клиника по казнено право и Правна клиника за ранливи групи на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје кои можат да обезбедат бесплатна правна помош, информација и совет на сите жртви на сексуално насилство и вознемирување“, вели студентската правобранителка.

Румена Бужаровска, долгогодишна универзитетска професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, вели дека во рамките на универзитетската институција, сексуалното насилство воопшто не се спомнува или проблематизира.

„Сведоци сме на тоа дека кога во движењето #СегаКажувам поранешни и сегашни студентки на високите образовни институции излегоа со свои сведоштва за тоа како биле сексуално вознемирувани или оценувани од страна на професори, но ниедна високо образовна институција, вклучително и УКИМ, најголемата, не излезе ниту со поддршка за движењето, ниту со осуда за она што се случувало, ниту пак со повик или стратегија за решавање на проблемот. Сметам дека во ваквите институции постои едно непишано правило на премолчување или штетна колегијалност, што всушност се солидаризира со насилниците, а не со жртвите“, вели таа.

Исто така, според неа, универзитетската институција нема воспоставено отворен дијалог за тематиката за сексуално насилство ниту со студентите, ниту со професорите.

„Апсолутно не. Ниту во времето кога јас студирав, ниту пак во времињата што следеа“, вели професорката Бужаровска.

Според неа, прашањето за сексуалното насилство е сè уште големо општествено табу и таа смета дека и студентите не се доволно запознаени со тоа како се манифестира ова насилство или вознемирување.

„Нашата средина сè уште се бори да ја прифати реалноста, а тоа е дека речиси сите жени се или биле жртви на сексуално насилство или вознемирување, дали на работа, дали на училиште или факултет, дали дома, дали на улица. Агресијата и цензурата со која се соочуваме кога ќе се обидеме да ги извадиме на површина овие прашања укажува точно на тоа колку нашето општество е шовинистичко и назадно по ова прашање. За зголемување на видливоста, потребно е да сме солидарно вплотени, да не престанеме да зборуваме за оваа тема, и да вршиме постојан притисок врз институциите да преземат мерки, до тогаш кога притисокот веќе нема да биде потребен“, истакнува професорката.

Зборувајќи за тоа во какви форми може да се појави сексуалното насилство и вознемирување во образованието, професорката нагласува дека тоа може да се проткае во сите активности – од коментари за нечив изглед со сексуална конотација, до допири, до поканување на испит доцна сами во канцеларија, до лична комуникација преку пораки која е од сугестивна природа, до сексуална уцена за добивање на преодна оценка.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, за Радио МОФ вели дека секогаш се засегнати од настанитe кои би можеле да го нарушат угледот на Универзитетот, но далеку повеќе се загрижени за доброто на своите студенти.

Тој истакнува дека Универзитетот има и Етички кодекс, кој сега се обновува, а е утврден од Ректорската управа како нацрт и упатен на јавна расправа на единиците.

„Во кодексот е забрането секаков вид на вознемирување, меѓу кои и сексуално, како форма на насилство со упатување вербални и физички предлози од сексуална природа кон друго лице, несакано изнесување на шеги и забелешки со сексуална конотација, вклучувајќи и упатување на полот и сексуалната ориентација. За прекршување на етичките норми се произнесува етичка комисија формирана од Сенатот на Универзитетот“, истакнува Јанкуловски.

Според ректорот, Универзитетот ги штити интересите на своите студенти, се залага да ги разреши сите нивни тешкотии во текот на студирањето и сè што се случува поврзано со нив е објавено јавно и транспарентно.

„Како секогаш, така и сега, не смееме и не можеме да се оградиме од лошите настани, бидејќи сепак сме академска установа која има за цел да образува и да создава цврсти личности кои ќе знаат да се соочат со секакви предизвици. Правата и интересите на нашите студенти се заштитени и од многу други аспекти, па може да го напоменеме и веќе донесениот акт за заштита од корупција со кој е назначено овластено лице за прием на пријави за корупција на Универзитетот и единиците во неговиот состав“, вели ректорот Јанкуловски.

Тој додава дека Универзитетот, ги презема сите активности кои се во негова надлежност, меѓутоа воден е од презумпцијата на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното. Затоа ги охрабрува студентите да пријават секаков вид насилство до нив и државни органи, во чија надлежност е спроведувањето на овие постапки.

Во своето интервју на Радио МОФ, Николина Кениг, редовна универзитетска професорка по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, вели дека се грижи дали на универзитот е создадена атмосфера која го поддржува пријавувањето, а оттаму и колку е ефикасно справувањето со сексуалното насилство во такви околности.

„Не само што постои огромен јаз меѓу бројот на неискажани и искажани искуства со сексуално малтретирање, туку многу е веројатно дека е уште поголема диспропорцијата меѓу пријавени и санкционирани случаи. Ако како општество не сме подготвени да дадеме широка поддршка на едукацијата која ќе ги третира овие прашања и ќе ги научи младите што значи и како се дава согласноста, ако на секој чекор го рационализираме трпењето на каква и да е злоупотреба, особено доколку доаѓа од лица кои имаат моќ или позиција на авторитет, ако не сме спремни да ги преиспитаме митовите кои го нормализираат сексуалното насилство, како би било воопшто можно да го спречиме“, вели таа.

„Се сеќавате на сведоштвата од Сега кажувам“, запрашува професорката Кениг, алудирајќи дека наспроти генералната претстава за училиштата како места кои би требало да бидат безбедни за учениците, јавноста увиде дека голем дел од приказните за сексуална злоупотреба се одвивале токму во школски контекст.

Зборувајќи за тоа зошто е тешко и за самите жртви да пријават, професорката Кениг нагласува дека сексуалното насилство е трауматско искуство кое предизвикува нарушувања на психичката и физичката добросостојба.

„Во зависност од тоа за каков вид се работи и кој е целокупниот контекст, последиците можат да бидат и трајни. Жртвите имаат чувство на крајна немоќ и страв, често поминуваат низ емоционален пекол. За да соопшти такво искуство во средина која априори е скептична, склона кон префрлање на одговорноста и кон релативизирање на намерите на насилникот, на жртвата ѝ треба и храброст, ама и сила да ги издржи последиците кои може да варираат од обвинувања за тоа „во каква положба се довела самата“, до засрамување, застрашување, дополнително насилство и вознемирување, губење на углед, статус или дури и на изворите на егзистенција“, објаснува професорката Кениг.

Весна Дишлијовска од Здружението на млади правници, за Радио МОФ објаснува дека според актуелните закони на Република Северна Македонија, сексуалното насилство и вознемирување се казниви со Кривичниот законик, Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за работни односи.

„Во кривичниот законик постојат кривични дела кои влегуваат во главата на кривични дела против половата слобода и половиот морал. Кривичното дело силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата, задоволување полови страсти пред друг, посредување во вршење проституција, подведување и овозможување полови дејствија, производство и дистрибуција на детска простуција, прикажување порнографски материјал на дете, како и родосквернавењето“, објаснува таа.

Дишлијовска продолжува дека според Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, половото насилство е предвидено како една форма на родово-базирано насилство.

„Законот за работни односи се фокусира на заштита од вознемирување и полово вознемирување , Во овој закон, сексуалното вознемирување се дефинира како „секој вербален или невербален или физички акт кој е од сексуален карактер и има цел или претставува нарушување на човековото достоинство на работникот и предизвикува непријатни чувства, како чувство на страв или понижување“, вели таа.

Што се однесува до сексуалното вознемирување, претставничката на младите правници објаснува дека истото е регулирано во Законот за спречување и заштита од дискриминација. Секое лице кое смета дека врз него е извршена дискриминација може да поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација.

Сепак, С. Македонија сè уште нема воведено правни механизми за одредени форми на сексуалното насилство. Весна дополнува дека имајќи предвид за недостатоците и потребата од дополнување и измена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, во јануари 2021 година, донесен е нов закон – Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Под сексуално вознемирување преку интернет се подразбира е секое вербално, невербално или друго постапување од сексуална природа, што има за цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика, преку електронските средства за комуникација. Овој закон ќе започне да се применува за три месеци од денот на неговото стапување на сила.

Дишлијовска вели дека доколку лице од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, сака да пријави сексуалното насилство и вознемирување прв чекор кој треба да го направи е пријавување кај студентската правобранителка. Оттаму дополнуваат дека со самата пријава кај студентскиот правобранител анонимоста е гарантирана и постапувајќи по пријавата ќе се разгледаат соодветните механизми кои можат да се искористат со цел да се овозможи заштита на жртвата во секој случај посебно.

Од друга страна пак, доколку лицето при пријавување се соочи со закани и клевети, Дишлијовска насочува дека во тој случај, лицето треба да го пријави настанот во најблиската полициска станица бидејќи со упатените закани би можела да се загрозува сигурноста на пријавителот. Истовремено, оттаму дополнуваат дека лицето кое ги упатува заканите го врши кривичното дело Загрозување на сигурноста.

 

 

 

 

Извор: РАДИОМОФ

Авторка: Ивана Смилевска

НАПИШАНО ОД:
  • Ивана Смилевска
  • February 25, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram