Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
Дарко Алексовски (1989, Македонија) e визуелен и изведувачки уметник. Магистрирал и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а како уметник гостувал на повеќе уметничките резиденции. Неговата практика се формира на пресекот помеѓу текстуални, сликарски и архитектонски референции. Меѓу другото, неговите уметнички интереси ги вклучуваат и институционалната критика и долгорочните соработки со други уметници. Заедно со Зорица Зафировска, Дарко ќе изложува како дел од тековниот Skopje Pride Weekend, односно на затварањето на фестивалот, на 9 јуни, во 20:00ч. во КСП Јадро, па ја користиме оваа шанса подетално да се запознаеме со неговата пракса.

 

 

Фотографија: Милена Николовска
Здраво Дарко! Се радувам што ми се укажа можноста да ти поставам неколку прашања за твојата уметничка пракса, бидејќи како што веќе веројатно знаеш, сум огромна обожавателка:) Неодамна се врати од твојата уметничка резиденција во Австрија. Како помина таму?

 

 

Здраво Калиа! Да, неодамна бев на уметничка резиденција во Atelierhaus Salzamt во Линц, организирана во контекст на CreArt мрежата – искуството беше уникатно и чудно истовремено, претпоставувам како и било кое патување во сè уште пандемиските услови. Од аспект на тоа што работев за време на резиденцијата, одлучив да ја продолжам серијата дела насловена „Места за мечтаење“, која иронично ја почнав во време кога патувањето беше навистина невозможно. Овојпат самото патување и престој ми беа и извесна пречка во работата со сеќавања и замислени места, па за „мечтаењето“ избрав места што ги среќавав и доживував низ Линц.

 

 

Места за мечтаење, 2020
Додека го конципирам разговорот ме ѕирка “Nothing gold can stay” од твојата серија дела „Music for heart brakes“, преку која всушност и се запознав со твојата работа. Дали сакаш да ни кажеш повеќе за таа серија која, ако не се лажам, излезе за време на пандемијата? Дали на некој начин специфичноста на оваа година имаше удел во серијата која визуелно ни пренесува песни кои во даден период ти биле важни?

 

“Music for heartbreaks” е една мини серија од осум слики, специјално изработена за digislavia. Сите осум дела се една романтизирана верзија на стихови кои се извадени од контекст и оставени на сите што се љубопитни да бараат и погодуваат од кои песни се стиховите. Иницијално сакав да направам плејлиста со песни што ги слушав во тој период, но сликите како медиум ми делуваа како попоетско филтрирање на менталната состојба низ која поминував. Ова несвесно ме доведе до репетитивно слушање на неколку исти песни што ме потсеќаа на една конкретна личност. Во принцип насловот е описен и укажува на самата намера на специфично селектираните стихови, но ми беше интересен и партиципативниот аспект со кој можам на публиката да ѝ оставам простор да погодува или истражува за кои точно песни се работи. Пандемиските услови и намалената фреквентност на физички релации секако имаа удел во конципирањето на овие дела. Главната идеја беше да ги споделам овие песни со луѓе кои можеби поминуваат низ слична ситуација како и јас.

 

Фрагмент од Music for Heartbreaks, 2020

 

Всушност и во други твои проекти ја покануваш публиката да влезе во интеракција со делата. Дали оваа стратегија отсекогаш беше природен дел од твојата пракса и дали имаш однапред утвредени очекувања од публиката?

 

Па, искрено, се обидувам колку што можам да ги намалам очекувањата, бидејќи динамиката и реакциите на публиката се секогаш изненадувачки. Непредвидливиот аспект на партиципативните методи, што често ги користам при изложување или презентација на моите дела, е тоа што публиката не е обврзана да следи никакви правила, па така и крајниот резултат од делото е нешто што не може да се испланира. Партиципативноста е нешто што не секогаш е инхерентен дел од темите и идеите со кои работам, но е креативен избор кој одлучувам дали и како ќе го користам.

 

Фрагмент од Music for Heartbreaks, 2020

 

Твоите дела визуелно ги доживувам како некоја мешавина од сонлива меланхолија, носталгија кон постоечки но и измислени места и луѓе, просторот меѓу кажаното и недокажаното…Како го изгради твојот јазик, кој низ сите различни серии и дела останува доста кохерентен?

 

Мислам дека порано секогаш гледав со секој нов проект на некој начин да го саботирам она што сум го сработил и изложил претходно. И долгорочната работа со исти идеи или во ист медиум многу брзо ми здосадуваше. Она што сега веројатно се препознава како мој визуелен јазик е нешто што произлезе во последните 2-3 години. За разлика од претходно кога се инспирирав исклучиво од визуелни референци, во последно време најголем дел од она што го работам е под силно влијание на музички и литературни дела, а особено од наративните методи кои се користат во музиката или литературата. Во читањето и слушањето има едно времетраење што ми недостасува кај визуелните уметности. На тој начин и почнав да работам дела во серии – структури кои се слични на албум со песни или роман во неколку делови. Ептен се согласувам и со тоа што спомнуваш „сонлива меланхолија“, бидејќи еден од главните квалитети кон кој се стремам во моите дела е таа сонлива (dreamy) атмосфера.

 

Можеби грешам, но ми се чини како розевата боја да е најважна во твојата палета? Дали нежноста со која твориш и елементите кои ги користиш претставуваат мал протест против ригидните рамки на маженственост и женственост со кои сме пораснати?

 

Да, розевата боја е доминанта во речиси сè што имам изложено во последниве неколку години. Точна е и забелешката за малиот протест на розевата боја против ригидните рамки на општественото поимање на родовите идентитети и улоги. Големо влијание на моите дела имаа неколку проекти на Велимир Жерновски, а и розевата што ја користи Трејси Емин бидејќи во нејзиното сликарство е антропоморфизирана и поврзана со телесноста – според ова почнав розевата да ја користам и како наративна алатка, а не исклучиво како боја. Во принцип секогаш избегнувам дефинитивен одговор на ова прашање☺

 

Зборовите, поетичноста и генерално раскажувањето (storytelling) се доста карактеристични за твојата работа. Приказните кои ги раскажуваш преку твојата ументост се истовремено интроспективни и интимни, но и лесно комуницираат со личноста од другата страна, а често (успешно) се испреплетуваат личното и политичкото, индивидуата и колективитетот, среќата и траумата… Дали темите го избираат методот или обратно?

 

Се согласувам со ова гледање на мојата пракса, дури би додал и дека најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми. Ова е и честопати ранлива позиција бидејќи сам ги одредувам границите на она што го споделувам со публиката. Таков е на пример случајот со „Љубовните писма до осаменоста“ – дело составено од вистински неадресирани љубовни писма, во кои од една страна, на публиката и ги откривам моите интимни размислувања поврзани со невозвратена љубов, а од друга страна, наративноста е структурирана на начин што им дозволува на читателите да се пронајдат во некој дел од она што е напишано.

За мене методите сами по себе не значат ништо без контекст, така што темите секогаш ги избираат методите – некогаш повеќе, некогаш помалку успешно 🙂 Многу ми се допаѓа еден цитат на Френк О’Хара од неговиот манифест за персонизмот (кој го парафразирам) : сè што сакал да каже преку неговите стихови, всушност е нешто што можел и директно да го каже некому во телефонски разговор; поезијата не е помеѓу две страници, туку е секогаш помеѓу две личности. Во таа смисла, и јас се обидувам преку раскажување да комуницирам со публиката на индивидуално ниво, како тивок телефонски разговор пред спиење.

 

Во среда ќе го проследиме отворањето на заедничката изложба со Зорица Зафировска, како дел од Викендот на гордоста Скопје во КЦП Јадро. Темата на изложбата е „Настрано заедничко: траума и утопија“, како дел од пошироката фестивалска тема која се бави со политики на пријателство, љубов и афекти. Како ти го разбираш и доживуваш настраното заедничко?

 

По препорака на Славчо Димитров, вовед во темите на ова издание на Викендот на гордоста ми беа неколку текстови и теоретски концепти на Хозе Естебан Муњоз. Баш преку овие можам и да зборувам за тоа како го разбирам настраното заедништво: како заеднички копнеж по вистински и замислени места, естетизирање на сеќавањата и имагинацијата, како и вчудоневиденоста со секојдневното. Мислам дека утопијата како концепт е комплементарен на концептот за траума, а заедно чинат една целина во која целата заедница може да се препознае и да ја разбере. Со Зорица низ еден колаборативен процес направивме и едно заедничко дело кое ќе биде изложено покрај нашите индивидуални проекти. Настраното заедничко го гледам и во потенцијалот за развивање интердисциплинарни уметнички и културни соработки.

 

Љубовта е битна тема за фестивалот оваа година, а и битна тема во твојот израз, како што е и името на една од твоите серии дела „Never not in love“. Како се преведува оваа комплексна емоција во таа серија, но и општо во твоето целокупно творештво? Прашањето е тешко, но затоа е и последно 🙂

 

“Never Not in Love” е технички и содржински комплексна интервенција во простор, за првпат конципирана и реализирана во соработка со PrivatePrint. Инсталацијата вклучува две засебни серии дела: „Љубовни писма до осаменоста“ и „Бранови“. Оваа емоција на „постојана вљубеност“ одлучив да ја пренесам преку 7 писма кои зборуваат за невозвратена љубов, но и со самиот контекст во кои се читаат писмата, а го создава серијата од една мултиплицирана фотографија од морски бранови. За да преведам некоја комплексна емоција со која работам во едно дело, секогаш се обидувам да работам на пресекот помеѓу различни визуелни и текстуални референци и слоеви на исчитување и толкување на делото. Работата со креативни одлуки за изнаоѓање релации помеѓу емоциите и како тие се пренесуваат преку уметнички дела, за мене подразбира и моменти на неуспех – нешто на што искрено се радувам бидејќи неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата.

 

Never Not in Love, 2019, PrivatePrint Studio, Скопје.
Изглед од изложба – просторна инсталација, варијабилни димензии.
Фото кредит: Зоран Шеќеров

 

 

Never Not in Love, 2019, PrivatePrint Studio, Скопје.
Изглед од изложба – просторна инсталација, варијабилни димензии.
Фото кредит: Зоран Шекеров
НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • June 7, 2021
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ
Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска
Верувам дека нема потреба од вовед кога станува збор за Уранија Пировска. Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во првите редови во сите борби за човековите права, феминистка, активистка... По повод одбележување на 25 годишното постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го направивме долго очекуваниот разговор со Уранија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram