Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.

Официјални слики наменети да се промовира подмладокот на украинската армија: дузина женски кадети маршираат со својот замор и штикли, пред престојната парада која треба да се одржи следниот месец и да ја одбележи 30-годишнината од независноста на земјата.

По лавината лути реакции од државниците, демонстрација пред Министерството за одбрана и скептичниот одзив од кадетите неделава, украинската армија го промени својот став за обувките, признавајќи го предизвикот на марширањето во штикли.

„Со пешачењето по жешките улици, армијата ризикува повреди на потколениците и лигаментите, па дури и триење на стапалата“, опозиционерката Ина Совсун (Inna Sovsun) напиша на Фејсбук. „Зошто? За да оживееме нечии стереотипи за тоа дека единствената улога на жената е да биде порцеланска кукла?“

Сликите покренаа широка дебата во Украина за (не)соодветната опрема за жените во украинската армија и неуспехот на армијата да ја подобри интеграцијата на жените во вооружените сили и покрај воведените промени во последниве години. Штиклите се дел од униформата на женските кадети наменета за формални прилики, а истите не ги носат на терен.

Мариа Берлинска (Maria Berlinska), активистка која се застапува за поголема родова еднаквост во редовите на армијата, изјави дека целта на парадата треба да биде да се покаже способноста на војската, но единственото нешто што го покажува војник кој носи штикли е неспособност и неподготвеност.

„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“, напиша Берлинска на Фејсбук. „Во војната, многу од нашите девојки загинаа на бојното поле во војничка униформа.“

На жените им е дозволено да служат во украинските вооружени сили од 1993та, а во 2018та, армијата отвори дополнителен број воени позиции за нив, како што се артилерец за вооружените возила, снајперист или командант на пешадија.

Украинската војска брои околу 31,000 жени или 15% од вкупниот број вооружени сили, бројка која се има дуплирано од 2014 па наваму, бидејќи Украина водеше долгогодишна војна против сепаратистите поддржани од Русија во источните делови од земјата.

Сепак, истражувањата покажуваат дека жените сè уште се соочуваат со сексуално малтретирање и родова дискриминација, како и дека им се назначени слабо платени и ниски позиции.

Истражување објавено во 2016 од Обединетите Нации за украинските жени во армијата открива дека жените морале да носат обувки и униформи скроени за мажи или самите да си најдат соодветна униформа, како и тоа дека не биле снабдени со производи за одржување женска хигиена.

„Имам впечаток како да не постојат жени во армијата“, вели една од женските испитаници за истражувањето, „Невидливиот баталјон“. Друга жена изјавила: „секој еден маж што го сретнав на баталјонот ми рече дека треба да седам дома и да раѓам деца.“

Ана Квит (Anna Kvit), експерт за родова еднаквост базирана во Киев и коавторка на истражувањето вели дека условите за жените се имаат подобрено откако било објавено истражувањето. Сепак, додава таа, жените сè уште се жртва на недоволно признание, дискриминација и несоодветни униформи и обувки.

Исто така, сликите кои прикажуваат единица предводена само од жени праќаат погрешка порака, вели Квит, а тоа е дека жените се изолирани и одвоени од мажите во армијата. „Смешно е, на страна од штиклите, и против украинските ветување дека ќе работи на интеграција на жените во воениот сектор и ќе промовира родова еднаквост“, вели Квит.

Украинското Министерство за одбрана на својот Фејсбук профил изјави дека и во другите земји армиите барале од жените да носат штикли и дека ваквиот дрес код е усвоен со официјален декрет од 2017. Како дел од објавата можат да се видат и слики од жени во штикли од армии низ светот.

Но, веќе наредниот ден, Анриу Таран, министерот за одбрана, во посета на кадетите изјави дека „подобри“ и „ергономски“ обувки ќе бидат достапни „во најбрзо време“. „Едноставно е непријатно жените војници да пешачат во такви чевли“, се огласија од Министерството за одбрана во нивната официјална медиумска изјава по посетата.

Објавени се и нови фотографии: овојпат, жените носат чизми.

Извор: The New York Times

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • July 12, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram