Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.

Невидливиот човек е научно-фантастичен хорор филм од 2020, од режисерот Ли Ванел. Почетокот свесно потсетува на заплетот во Sleeping with the Enemy oд 1991, кога Лора (Џулија Робертс) ќе ја исценира сопствената смрт за да избега од насилникот со кој живее, но со клучна разлика. Сесилија (Елизабет Мос) бега и со тоа му дава до знаење на Адријан (Оливер Јексон-Коен) дека свесно го напушта, по што тој е оној кој лажно умира за да може да и ја продолжи тортурата како невидлив. Жанровски, доволно соодветно за да ја издигне и истакне морбидната реалност на жртва на домашно насилство со трансформирање на антагонистот во нешто што се граничи со човечката реалност. Со ова, филмот успева да ни го ,,нацрта’’ начинот на коишто жртвите на родово-базирано насилство се справуваат и живеат со насилниците, но и после нив. Го пригушува претпоставеното дејство пред почетокот на филмот и она после во невидливост и нејасност, дотолку што и самите гледачи се ставени во улога на судии, неретко сомневајќи се дали Сисилија е навистина жртва или повторно ние ќе бидеме жртвите на веќе истрошениот заплет, каде протагонист/ката е всушност негативецот.

Но, сметам дека симболизмот на невидливоста е доволно јасно ставен во функција, па одлично ги обработува сите аспекти на животот со насилен партнер и ни ја доближува реалноста на оние 79% од жените кои не пријавуваат насилство во земјава. Невидливоста во филмот се трансформира и подмолно се провлекува низ сцените за да паметно изгради канцерогена мрежа од опресивни тактики коишто најчесто ги користат насилниците. Почнувајќи од тактиките за изолирање и оттуѓување на жртвата, ограничување на нејзиното движење и сопствен простор, до контолирање на начинот на кој таа размислува. Таа самата, иако свесна за тоа што и се случувало е сепак немоќна да влијае врз начинот на кој е перцепирана од нејзините најблиски – како ранлива и неурамонотежена жртва на насилство.

Со ова, филмот ни открива дел од тоа како е да се биде жртва, што честопати резултира жената да биде етикетирана како хистерична и ментално нестабилна. Елизабет Мос паметно кокетира со оваа идеја и нејзиното присуство во ваквите сцени никогаш не изгледа нагло или несмасно, туку напротив, природно и логично. Ликот на Сесилија поминува низ голгота на обвинувања веќе добро познато како gaslighting¹ тактика, кое исто така логично се вклопува во целиот наратив изграден од несигурните околностите во кои таа живее.

Околу половина час пред крајот на овој филм, има сцена кадешто протагонистката Сесилија сфаќа дека е сосема сама во борбата против нејзиниот насилен поранешен партнер, којшто всушност би требало да е мртов. Па така, после две-третини од филмот којшто се одвива во страв, параноја и несигурност, Сесилија, го заокружува процесот на изолација од луѓето околу неа. Прво со сестра ѝ, па со пријателите, за на крај комплетно да се оттуѓи од околината и таа самата не стане невидлива, токму како нејзиниот опресор.

 

Но, можеби најјасната порака доаѓа токму кога таа треба да одбере помеѓу тоа да биде неправедно осудена за убиството на сестра ѝ или да се врати да живее со Адријан, кој впрочем е убиецот. Таа одбира да остане во ментална институција и со тоа субверзивно му се противи на системот, кој ја препознава само како ментално болна или како сопственост на психопат.

Понатаму, филмот ја позиционира Сесилија како дел од отровна констелација каде само таа може да стави крај на генерациското нарцисоидно пореметување и траума, секако повторно невидливи за сите други. Нејзината несакана бременост нè потсетува на контролата на женските тела, но и на транс-генерациско наследство кое е вкоренето во патријахатот. Брат му на Адријан, целиот живот измачуван од него, ја интернализира траумата така што го пресликува и имитира односот со другите околу него, па така ја имаме жртвата која станала и самата џелат. Ликот на Сесилија е спротиставен со оваа дијаметрално различна приказна, па затоа контрастот дополнително ги поставува женскоста и машкоста на различни страни кога станува збор за насилството како наследство.

Режисерот Ли Ванел, во интервју за Vulture ја објаснува намерата да ја модернизира приказната од истоимениот роман од 1897 и прилагоди на таков начин што отсуството на јасен хорор објект би бил повознемирувачки од тоа гледачот да знае каде е негативецот. Во исто време, кога е прашан за врската помеѓу #MeToo движењето и темите кои ги обработува филмот, тој изјавува дека ,,му е драго што добил шанса да екранизира култен лик од Стариот Холивуд (Old Hollywood) и што тоа се вклопило во моменталниот дискурс’’. Елизабет Мос, од друга страна во интервју за The Hollywood Reporter свесно зборуваше за феминистичките теми во филмот што подиректно излегува рамката на дискусија за филмот што режисерот ја постави.

За жал, филмот не одолева а да не понуди одмазда како завршница и со тоа прекомотно си се вкалапи во поджанрот на revenge fantasy film. Но сепак, во ерата кога хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства. Иако несовршен, со пребрзо темпо во втората половина, The Invisible Man функционира и вознемирува со својата повеќеслојност. А што е пострашно од насилството и искуствата на жртвите што ни се пред нос, а сепак се невидливи?

¹Gaslighting e тактика на психолошка манипулација што може да се случи во семејството, партнерска релација или пријателство. Најчесто  вклучува невалидирање, одрекување и лажење од страна на насилникот, сè со цел да ја поткопа вербата на жртвата во сопственото расудување. Ова честопати оди до крајности, по што жртвата може да се чувствува ментално и емотивно нестабилно и тоа да ја наведе да биде уште повеќе зависна од насилникот. Терминот потекнува од истоимената драма од 1938, по која во 1944 се снима и филмска адаптација.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • March 30, 2020
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сè уште верувам во моќта на сексуалната слобода
Што би значело да се оди чекор подалеку од согласноста и она што не ни се допаѓа за да откриеме што навистина ни се допаѓа?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто мајчинството носи неосновано чувство на вина?
Притисокот да се достигнат нереални мајчински идеали води кон себе-обвинување и срам кај мајките
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сите за МКЦ: Движење кое почна со дружба
Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Карол Раѓишевски: Квир архивите ги менуваат колективните наративи
Со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“, на полскиот уметник Карол Раѓишевски, вечерва ќе се отвори единаесетото издание на Скопскиот викенд на гордоста – Скопје.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram