Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.

Пандемијата на ковид 19 ги интензивираше сите претходни слоеви на криза на општествените текови – сите тензии, анксиозности и неуспеси се згуснаа во континуирано и уште покомплексно страдање што го носи секој за себе – во својата осаменост и немоќ, дури и кога се споделени. Проблемот со менталното здравје исплива на површина како никогаш до сега. Самата ургентност исфрли и бројни наталожени прашања во врска со менталното здравје, поврзани со нужноста, достапноста и ефикасноста. Ќе се обидам да опфатам многу кусо само мал дел од овие прашања, со кои и самата се соочувам.

Првиот проблем е поврзан со третирањето на менталното здравје. Проблемот е во самиот концетот на ментално здравје што произлегува од медицинската парадигма за здравјето, целосно фокусирана на индивидуалната состојба, болест или функционирање.  Менталното здравје се третира како дел од грижата за личното здравје, односно нарушувањето како нарушување на индивидуалните процеси, капацитети и организам во справување. Ваквата парадигма дополнително се одразува на тоа што го нарекуваме „ментално здравје“ преку повратната реакција – губење на (ментално) здравје.

Во нашите капиталистички, неолиберални општества, секоја болест па и проблем значи и се доживува како личен пораз. Тоа е резултат на фетишизирањето на успехот, младоста, здравјето и продуктивноста како достижни идеали, што постојано се сервираат како ултиматум. Поразително е да се чувствуваш немоќен во општество каде моќта и успехот се сѐ. Што си ти ако не можеш да работиш? Што си ти ако си болен и не можеш да работиш, некогаш и повеќе од една работа или да работиш постојано? Жална, лузерска, мрзлива, неважна, ситна форма на организам што е осудена на животарење и паразитирање.

Постои и друга страна – ако си болен/а, тогаш можеби ќе го добиеш вниманието што ти недостига или ќе има некој до тебе, па ќе можеш да здивнеш и одмориш. Многу заводлива неуротична придобивка, која не поминува без внатрешна растргнатост дека треба да ти се намали моќта за да можеш да добиеш грижа или дозвола да одмориш. На крајот повторно се активира вината дека воопшто помислуваш на помош или одмор. За некого, за кои вниманието може да се добие единствено на ваков начин, а тоа било единствен начин да преживее, овозможува вгнездување во непријатната позиција на жртва. Да примиш помош е исто како да примиш милостина – и тоа е за презир. Можеш да примиш помош само ако тоа е дел од динамичната игра на посилните, на пример, „да фатиш врски кај најдобриот доктор“.

Во капиталистичките општества да се грижиш за себе е ултиматум, така што ќе се исцрпуваш во бескрајни дисциплинирани, фактоизирани (по мерка и во бројка) спортови, програми, режими, шеми и езотерии. И во тоа само најсилните успеваат, па автоматски остатокот се лузери.

Проблемите со менталното здравје се доживуваат како срамен личен пораз, затоа што сè уште владее уверување дека менталното здравје е одраз на „силен карактер“. Можеби поминува да си анксиозен и да имаш панични напади. Тоа се поврзува со тоа што многу си се трудел, и на крајот на денот тоа е сега одлика на најуспешните кои успеале и се справиле со анксиозност и со панични напади. Има еден тон примери и јутјуб прирачници за мотивација и помош. Ок, да се биде анксиозен е дел од тоа да се живее во 21век. Само додека можеш да продолжиш да работиш.

Од друга страна, клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје, и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.  Причините за нарушување на менталното здравје не се единствено во индивидуалните капацитети – или како што е популарното уверување „силата на карактерот“. Напротив, причините за нарушувањата во психичкото функцинирање се резултат на системски воспоставените односи на доминација и експлоатација, на нарушени односи, недоволно услови и поддршка за остварување на потреби и развој, на лишувања, на губитоци, на сиромаштија, несигурност, неприфаќање, осаменост, отуѓеност, трауматски искуства…

Баш затоа, невозможно е да се зборува за ментално здравје без контекст, без релации и без политики. Иако привидно секој сам се носи со предизвиците на менталното здравје, страдањето се прелева на сите наоколу и придонесува за колективна дисфункција, лоши односи, токсична атмосфера, деструктивни процеси, итн. Погрешното лоцирање на проблемите со менталното здравје во индивидуата само ја овозможува спирала на страдање во која сме сите колективно вклучени.

Често, критиката за проблемите за менталното здравје е насочена кон оние што професионално треба да се грижат за менталното здравје (психолози, психијатри, психотерапевти). Првиот проблем е тоа што токму овие профили се кои се недоволни, скоро невидливи и изоставени од сите „политики“ и „институции“.

Психотерапијата ја сметам за најсоодветна за грижа за себе и помагање за проблемите со ментално здравје – но таа е скапа и недостапна. Проблемот е што самата област е во некоја „сива“ зона помеѓу наука и практика. Ретко во која држава постои системска регулација на оваа професија. Ретко каде постои формална едукација за психотерапија(во смисла на официјално образование на факултети и универзитети, па да биде достапна). Психотерапијата се учи во неформални системи на образование, што е фантастична средина на искуствено и теориско учење, размена и експеримент (многу инспирација во ова може да се најде и за формалното образование и предизвиците со кои се соочува и во методологија и во епистемологија), а се регулирани од професионалните здруженија. Моето искуство е дека овие здруженија направиле одлична работа во поставувањето на стандардите и организирањето на едукацијата. Но, недостатокот на ресурси да се развива и разменува знаењето со други дисциплини, воопшто слабата врска со научните институции ја остава на маргините и често е поблиску до опскурните и проблематични фолклорни варијанти на лекување – популарните коучови и мотиватори и сите форми на алтернативни и духовни знаења што циркулираат.  Да додадам дека едукацијата за психотерапија е скапа, како приватно образование – а заради независноста на професионалните здруженија, целиот континуиран професионален развој што е неопходен и учеството во професионални здруженија се исто така скапи и секогаш на товар на поединецот.

Потоа, тука е и проблемот на психотераписката пракса како индивидуален процес. Психотераписките модалитети што се развивале во 70те и биле рефлексија на хуманистичкиот бран често се развивале преку работа во група. И до денес цели модалитети се потпираат на групната работа, но заради условите во кои живееме, претходно споменати и другите стравови (на пр. луѓето се плашат да се отвораат пред други) психотерапијата во моментов најчесто е индивидуален процес и најчесто се спроведува во приватна пракса.

Уште еден од системските проблеми поврзани со менталното здравје е ограничувањето на капацитетите на институциите, но и на професионалците. Во институциите нема услови за да се овозможи овој процес да одговори на потребите. Психотерапискиот процес е долг и тежок. Бара време и посветеност. Во институциите нема доволно време за ваков пристап и за личните потреби на пациентите/клиентите, а нема ниту ресурси, како доволен број на психолози и психотерапевти. Психолози што работат психотерапија во институции често прегоруваат и си заминуваат. Психијатрите ретко кога работат психотерапија и фармакотерапијата е единствениот третман што го нудат. Потоа, постојат ограничувања кои произлегуваат од природата на психотерапискиот процес – еден психотерапевт не може да работи со повеќе од 5 луѓе во денот, а и ова може да биде на граница на издржливо. Често терапевтите се приморани да работат и друга работа. Да се работи во приватна пракса е прекарна работа, ако не си самовработен/а немаш никакво осигурување, немаш платен одмор и целосно зависиш од „продуктивноста“. Прегорувањето на терапевтите, како и сите останати што се вклучени во грижа за другите, исто така станува горечка тема во услови на пандемија. Покрај големите можности и придобивки од психотерапијата, ниту капацитетите се соодветни на потребите, ниту условите можат да поддржат подобра грижа за ментално здравје во моментов.

На крајот дали може да помогнеме во решавање на комплексен проблем преку индивидуален пристап и процес? Најкраткиот одговор е не. Но, во моменталните услови, мојот одговор е поинаков: иако нема да го решиме проблемот, можеме да придонесеме кон процесите на промена. Терапискиот процес ретко кога има можност да влијае на корените на проблемот. На пример, проблемите со раното врзување не се третираат преку промена на раните искуства, туку преку свесност за искуството, обработка на преживеаното, давање на поинакво значење од перспектива на актуелната позиција, развивање на капацитети што стојат на располагање, развивање на релациите и подршките што се актуелни. Така во терапискиот процес се поттикнуваат нови можности, релации и се јакне поинаков одговор кон минатите искуства, но најважно во поинакво позиционирање во актуелните односи и ситуации. Трансформацијата на личната позиција и личното јакнење, користење на моќта, не се директен одговор на општествените проблеми, но придонесуваат кон развивање на капацитети за создавање на поинакви односи што не ја продолжуваат спиралата на страдање, туку ги јакнат здравите потенцијали и отвораат нови можности. Во таа смисла, за мене не постои можност за креирање на нови системи без интегрирање на знаењата што се искусуваат во терапискиот процес. Не постои заедница која може да биде еманципаторска и демократска без развивање на свесноста и грижата за себе и за другите, без јакнење и развивање на врските. Дополнително, за мене тераписките искуства се неразделни од еманципаторските и феминистичките политички идеи и заложби. Искуствата во терапискиот процес ги гледам како дел од политиките на грижа со кои заедницата се јакне, заздравува и се развива.

Додека не се менуваат општествените услови нема да може да се менува ниту пристапот до услуги за менталносто здравје, ниту третирањето на здравјето, ниту пак ќе имаме поздрави односи и околина. Од друга страна пак, ако не ги користиме сите знаења и ресурси што ги имаме на располагање да развиваме и креираме подобри односи и грижа и постојано да наоѓаме сила за нови експерименти, нема да се менуваат општествените услови.

НАПИШАНО ОД:
  • Ана Блажева
  • November 5, 2021
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Стоименовска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Пелин Балабан
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram