Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.

Почнувајќи од 1ви август, 2020 година, па се до 5ти јуни 2022 година, Историскиот музеј на Мизури во Сент Луис за посетителите, меѓу другите, ја нуди и поставката “Beyond the Ballot: St. Louis and Suffrage”. Поставката преку збир на артефакти, фотографии, медиумски известувања и интерактивни делови ја опишува долгата историја на борбата на жените за промени и правото на глас во Сент Луис и тоа сè до донесувањето на 19тиот Амандман на Уставот на САД во 1920 година. Но, таа борба продолжува и понатаму, а трае и денес.

На влезот на поставката поставени се 250 фотографии на неидентификувани жени. Се работи за црно-бели портрети кои временски датираат од четириесеттите години на XIX век, потоа фотографии изработени за време на Светскиот саем во Сент Луис во 1904 година, како и други фотографии од дваесеттите години на XX век. Имињата на овие жени не се познати и многу од нивните приказни се заборавени, но тоа не значи дека нивното присуство е помалку важно. Нивните фотографии се метафора и потсетник за многуте заборавени жени кои со години и години работеле за да обезбедат подобра иднина за генерациите жени кои доаѓале и доаѓаат по нив.

Чекорејќи низ фотографиите и цртежите на педесетте исклучителни жени чиј живот и дела се посебно опишани, добиваме впечаток за тежината на животот како жена кон крајот на XIX и почетокот на XX век во САД. Нивните индивидуални приказни не зборуваат само за едно време кога да се биде жена било дополнително тешко, затоа што тоа со себе носело низа ограничувања и рестрикции, и тоа и во јавниот и во приватниот живот, туку и укажуваат дека за жал, и покрај промените денес, жените сè уште се наоѓаат во слични животни борби, спротивставувајќи се на дискриминацијата и родовата нееднаквост.

Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.

Нарекувајќи ја силна жена со силно мислење, Мадам Шото (Marie Therese Bourgeois Choteau) го носи епитетот „Мајка на Сент Луис“, но и жена која користејќи ја својата моќ и влијание помогнала СТЛ да израсне од мало место каде се одвивала трговијата со крзно, во град кој брзо се развивал. По покана на Пјер Лаклед, мадам Шото напуштајќи го својот насилен сопруг, се доселила во СТЛ, што ја направило првата Европејка која живеела таму. Родена во Њу Орлеанс, била омажена на 15 годишна возраст и набрзо го родила своето прво дете, по што била напуштена од сопругот Шото. Иако во текот на целиот свој живот била во законски брак со Шото, била и во интимна врска со Лаклед со кого имала уште четири деца. Но, ниту едно од нив не го носело неговото презиме, ниту го признало како биолошки татко, туку го носеле презимето на законскиот сопруг на мадам Шото. Се претпоставува дека на ваков начин, таа сакала да се заштити од долговите на Лаклед, што и овозможило да изгради империја од нивниот семеен бизнис, давајќи и го правото да носи важни финансиски и политички одлуки за градот.

Во 1868 година, само една црна жена во САД можела да напише книга за нејзините триесет години од животот како робинка, но и за нејзините четири години како лична шивачка на фустаните на првата дама Мери Линколн (Mary Todd Lincoln). Елизабет Кикли (Elizabeth Keckly (Lizzy)) била родена во ропство, во 1818 година, а во текот на животот како робинка била продадена на семејство кое живеело во Сент Луис. Имајќи потреба од повеќе пари, семејството кое ја поседувало, ја вработило како шивачка за елитните семејства во градот. По скоро две години работа, Лизи успеала да ја откупи својата слобода за околу 35 000 (денешни) американски долари, кои ги позајмила од своите богати клиенти. Како слободна жена, работела уште дополнителни пет години за ги отплати долговите, за во 1860 година да се пресели во Вашингтон каде нејзината репутација стигнала до Белата куќа.

Големите промени секогаш доаѓаат преку мали, клучни чекори. Вирџинија Мајнор (Virginia Minor) ги презела тие мали чекори борејќи се за своите права како граѓанин на САД, обраќајќи се до Врховниот суд на САД. Во 1876 година ја формирала првата организација која се борела за правото на глас на жените, а со помош на нејзиниот сопруг, кој бил адвокат, Вирџинија, револуционерно го толкувала 14тиот Амандман на Уставот на САД, укажувајќи дека државата не смее да им ги скрати привилегиите на своите државјани, па и правото на глас на жените. Нејзиниот сопруг во нејзино име (бидејќи жените немале право да започнуваат процеси пред суд) започнал процес пред Окружниот суд во Сент Луис, кој по неколку жалби завршил пред Врховниот суд на САД. Случајот Minor v. Happersett завршил без успех, силно наштетувајќи му на движењето за правото на глас за жените, но бил еден од многуте мали чекори кои довеле до големи промени.

Сент Луис, честопати бил станица на патувањето кон истокот на САД, но за Ана Бракет (Anna Bracket) која минувала низ него на пат кон Масачусетс, станал и место на живеење во кое таа била првата жена – директорка на училиште за учители, кое денес е Harris-Stowe State University. Во деветте години како директорка, Ана била и во интимна врска со внуката на претседателот на Вашингтон Универзитетот во СТЛ. По оставката од директорската позиција во 1872 година, двете се преселиле во Њујорк каде отвориле приватно училиште за девојки, а во својата граѓанска заедница посвоиле и одгледале две ќерки. Ана во националната историја е позната и по својата работа надвор од училницата, посебно во областа на филозофијата и образованието.

Родена во ропство, на плантажа во Алабама, Присила Хенри (Priscilla Henry) била една од најуспешните жени во Сент Луис. По Граѓанската војна во САД, Присила се преселила во СТЛ, каде прво работела како собарка во хотел, а потоа во пералната на бордел. Кога во 1870 година, сексуалната работа била легализирана во СТЛ, Присила отворила сопствен бордел. Нејзините два бордели (поради сегрегацијата морале да бидат одделни борделите за бели и црни сексуални работници/чки) продолжиле да функционираат и по 1874 година, кога сексуалната работа повторно била забранета. Борделите на Присила функционирале дури две децении, иако сексуалната работа не била легална. Присила не знаела ниту да чита ниту да пишува, но тоа не ја спречило да заработи скоро 2 милиони (денешни) американски долари, давајќи и го епитетот на една од најуспешните и почитувани жени во СТЛ во последните триесет години на XIX век.

Активизмот понекогаш се јавува и во форма на пишани зборови, кои раскажуваат приказна за промените многу години претходно. Таков е случајот со “The Awakening” на Кејт Шопен (Kate Chopin), која била родена во Сент Луис, во семејство кое поседувало робови и ја поддржувало Конфедерацијата. Со издавањето на „Будење“ во 1904 година, првично го „уништила“ сопствениот авторитет како авторка, затоа што романот општествено бил осуден поради интеррасниот брак, неверството и отвореното портретирање на женската сексуалност. Денес, делото е пример за раниот феминизам во XIX век, кој зборува за борбата за сексуална и лична еманципација на жените во време на опресивни општествени услови.

Поставката вклучува и приказни за многу други жени кои преку својата работа или активизмот се спротивставувале на општествениот систем и норми, барајќи подобри услови за жените, но и мажите, во американското општество. Преку медицината, науката, спортот, литературата, храбро ги искажувале своите ставови за насоката кон која треба да се развива општеството кое би требало да им даде место на сите луѓе, без разлика на нивниот родов идентитет, расна припадност, политичко мислење, религија, сексуална ориентација, етничко потекло, итн. Само преку отворено прифаќање на различноста би можеле успешно да изградиме здрави почетоци или како што порачува Маја Ангелоу (Maya Angelou) (една од педесетте жени на СТЛ) во „Пулсот на утрото“, тоа можеме да го направиме само преку заедништво, надеж, храброст и промени.

НАПИШАНО ОД:
  • Ангелина Станојоска
  • July 22, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram