Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552

Историјата на жените на западот забележува засилување на борбата за женски права во средината на 19 век, раните 1900-ти, раните 1940-ти и особено раните 1970-ти години. Помалку забележана е реакцијата која следела по секој од наведените периоди од женското движење. Сузан Фалуди е американска новинарка и авторка на книгата Backlash. The Undeclared War Against American Women, со која дава ретка и сеопфатна анализа на начините и механизмите на реакција од страна на институциите и мас-медиумите на тензиите произлезени од здружувањето на жените во акција за еднакви права. Фалуди испитува како во Американското општество во 1980-те, главно низ медиумските, модните бизниси и индустриите за забава, се произведувало банализација и уназадување на ефектите од женското движење, главно изразено во општата тенденција на претворање на работното место во непријателско место за вработените жени, пропратено со конзервативна пропаганда за „светоста на приватната сфера“.

Теоретското исходиште на книгата може да се најде во третиот бран феминизам, минус академскиот деконструктивизам во феминистичкото теоретизирање, а методолошката позиција е документаристичка и скоро целосно позиционирана во истражувачкото и аналитичкото новинарство¹. Токму заради тоа, понекогаш при читањето може да ни се чини „академски несофистицирана“, но дотолку подобро. Нејзиниот пристап земен тотално, воопшто не е поедноставен, а за да објаснеме со современиот јазик, 29 години по излегувањето на книгата, можеме да го наречеме некој предходник на youtube предавањата во стилот на Contrapoints и PhislosophyTube. Одличен пример може да најдеме во првата глава каде авторката ги разбива современите медиумски поткрепувани митови низ научни и останати јавни анализи, често финансирани од религиозни и политички центри од десниот политички спектар, каде не само успехот, туку и воопшто видливоста на жените во професионални средини се прикажани како хибрис кој мора да го плати и нацијата – вокализирани низ неколку популарни поими – „епидемија на неплодност“, „мрачната страна на разводот“, „женски алкохолизам“, „одложување на бракот“ (“the man shortage”), „прегорување” и слично. Фалуди успева да покаже дека овие „женски кризи“ всушност не постојат, а нивните автори потпомогнати од медиумите успеале да ја „прелажат“ публиката.

Стилот на авторката е проследен со специфичната остроумност на американските новинарки, проследена истовремено со дозиран хумор и длабока аналитичност, која никогаш не запаѓа во академизам или крут историцизам. Покрај тоа, текстот никогаш не ги отфрла класичните и универзални примери и често користи филозофски и историски аналогии за сублимирање на појавите во западната култура. На пример, го користи страрогрчкиот мит за Аталанта за прикажување на начините на кои неолибералниот пазар го комерцијализира женското движење. Исто така, рекцијата на Катон од Рим во 195 година п.н.е против можноста римските жени сами да возат кочии е приложена како експлицитен приказ на огромните општествени реакции, како и фрагилноста на маскулинитетот, кога жените законски ќе се стекнат со минорни права кои би требало природно да ги имаат (зарем не се случи истото со стекнувањето на квотите за женско претставување во македонскиот Парламент?).

Фалуди започнува прашувајќи се зошто во американскиот родов систем, главно формиран од „ослободените“ жени од нејзината генерација, се чувствува некоја тескобност:

 

Зарем недостатокот на конфликт не сугерира дека феминистките ги натерале на повлекување своите непријатели? Зарем оваа тишина, не е тишина после битка, тишината после Агинкорт? Можеби. Но, нешто ми вели дека станува збор за друго. Нешто како битката кај Хераклеа, кога на бојното поле кралот Пир славно изрекол над својата крвава победа: „Уште една ваква победа и готови сме!

Фантазиите за „слава“ и „освојување на светот“, децидна е Фалуди, припаѓаат на соновната табла на пазарот, не на феминизмот; полето на дејствување на женското движење постојано се соочува со губење на права поврзани со здравственото и социјалното осигурување на жените, (не)еднаквата плата, репродуктивните права, сексуалните напади и слични, главно „негламурозни“ делови од животот. Фалуди успева да ја реконструира новата антифеминистичка Maginot линија на конзервативните политичари на пристапен начин: тие не се обидуваат да ги блокираат жените од универзитетите, корпорациите, редиците за подигнување кредит, репрезентативците на Републиканската платформа. Тие ја предале таа територија само за да откријат дека се работи за гранична предстража, а не внатрешноста на тврдината која го држи клучот на патријархалното status quo: „ќе ве прифатиме во светот, само доколку го прифатите светот таков каков што е.“ Така, институционалните правници и судиите поентирале дека може да се направи корелација помеѓу подемот на женската независност и растот на женската патологија, или според зборовите на шерифот на Калифорнија: „Жените уживаат многу слободи сега, и како резултат на тоа прават повеќе криминал.“ (Зарем не нé потсеќа оваа изјава на домашните учебници по социологиија со сомнителна научна методологија според кои „жената ако е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело“?) Фалуди објаснува дека постои нешто што може да се нарече „идеологија на реакцијата кон женското движење“: реакцијата истовремено се јавува како банална и софистицирана, лажно „прогресивна“ и гордо назадна. Ги присвојува истовремено „новите“ пронјадоци на “научните истражувања“ и бајатиот морализам од „старите добри времиња“; се обраќа со и низ медиумските sound bites и интересните опаски на популарната психологија и секако на популарната реторика на новата десница. Реакцијата успеала да го врами целото женско движење во својот јазик. Како што Реганизмот го пренасочувал политичкиот дискурс далеку кон десно и ја демонизирал левицата, така реакцијата успеала да ја убеди јавноста дека „женското ослободување“ е вистинската чума на современа Америка – извор на сите лични, социјални и економски проблеми.

Фалуди нуди некоја американска верзија на македонското „еден чекор напред, три назад“ преку опоменувањето за предизвиците кои го чекаат женското движење во секоја нова генерација. Реакцијата е опишана како феномен кој се повторува: се јавува секој пат кога жените ќе направат некаков исчекор кон своите права, или според американските историчари на женската историја: „жените се осудени на циклуси на изгубено-најдено“. Сепак, интересно е како реакцијата успава да влијае врз колективната меморија за женските движења и историја на борба за права, па така историјата на жените за секоја нова генерација делува како права линија која започнала пред дваесет години, а не како крива со врвови и опаѓања. Така во менталната мапа на женскиот прогрес во Америка преовладува сликата за „традиционалната женскост“, „природност“ и „пасивност“ сé до 1970-те. Опасноста на оваа мапа лежи во претставувањето на женската борба како еднократен настан, дури и случаен нус-производ на посмодерната доба. Бришењето на политичкото и историското минато на жените прави борбата за права во секоја нова генерација да изгледа како абнормална екскреција во ликот на времето. Но, овој феномен не е специфичен само за американските жени, зашто различни видови на реакција кон женските, најчесто минорни исчекорувања, може да се најде во подемот на рестриктивните закони за сопственост, казни за безбрачните или бездетните жени од стариот Рим, до еретиците од средниот век или до масовните спалувања на вештерки во средновековна Европа. Во Америка, историјата на систематско изнудување на женската согласност во сопствената потчинетост може да се трасира низ начините на кои белите европски жени го населувале континентот како „невести со порачка“, испорачани во Вирџинија и продавани на ергени по цената на нивниот бродски транспорт. Оваа трансакција била ценета не како трговија со луѓе туку како личен избор направен од жените.

Како важен елемент на реакцијата, Фалуди го потенцира јавното оцрнување на феминистките како главни експоненти во женското движење. Набрзо по женското стекнување на правото на глас, неколку државни легислативи за еднаква плата и право на поротничка должност, започнал контранападот: Воениот оддел на САД (The U.S. War Department), со помош на Легијата на Америја (American Legion) и Ќерките на американската револуција (Daughters of the American Revolution), започнале кампања против лидерките на женското движење. Феминистки како Charlotte Perkins Gilman биле остракизирани од медиумите, Jane Addams била етикетирана како комунистка и „закана“ за националната безбедност, а Emma Goldman била протерана. Во медиумите суфражетките биле дехуманизирани, а списанијата пишувале како феминизмот е „декструктивен за женската среќа“; Нацијата им го понудила на жените натпреварот Избор на американска убавица (Miss America beauty pageant), востановен во 1920 година, истата година кога жените се стекнале со право на глас.

Уште еден концепт кој го развива Фалуди, а е директно поврзан со женските движења и освојувањето на јавниот простор е реакцијата која се јавува низ фрагилноста на маскулинитетот, што пак се материјализира во конзервативната младина, релативизацијата на насилството кон жените и честите примери на мажи убијци во САД кои влегле во одредени објекти и извршиле повеќекратни фемициди. Ширењето на женските права се разбира како стеснување на машките права, оттаму и чудните барања на “male rights activists” и сл. (Зарем не одѕвонува како ехо од нашето време идеологијата на „недоброволниот целибат“ и Inceldom?).
Оваа книга е одлично четиво и во последната деценија кога се почесто во Европа и САД можевме да служнеме типични buzz words мобилизирани од религиските организиации или владеачките десничарски партии како „родова идеологија“ (gender ideology), рестрикции на правото на абортус, засилување на националниот мачо-популизам во јавниот простор, остракизирање на жените од високото образование и феминизацијата на сиромаштијата во одредени индустриски сектори и во 21 век. Останува да се прашуваме, каков контранапад ги очекува женските движења по малата победа над сексуалното вознемирување во некои професионални сектори, оличено низ падот на Харви Вајнштајн и неговата 23-годишна затворска казна?

Во едно свое интервју за The New York Times од 2017 година, Фалуди изјавува: „Патријарсите паднаа – патријархатот е посилен од кога било.“ Таму таа предупредува дека иако 2019 година може да ни се чини како „game-changing year“ и мислиме дека дошол крајот на патријархатот, треба да погледнеме подобро наоколу. Таа бара да погледнеме во несреќата која се случува во средината на настаните од новата женска револуција на #MeToo: додека жените се ослободија од неколкумина Харвиевци, Трамп потпишал закони (The Tax Cuts; Jobs Act) со кои систематски се пресекуваат бенефициите на вработените на минималец (скоро две-третини од нив се жени), како и планови за целосно симнување на здравственото осигурување низ Medicaid и Medicare. Формата на женското движење низ кое тоа е помалку спектакуларно, но е суштинско е во борбата против начините на кој светот е структурно изграден против жените. Фалуди бара да разбереме дека борбата против патрирасите и патријархатот не е исто:

 

Да се бориш против демонот, значи да се биде на страната на ангелите, да ставиш на себе плаш на морал и пуризам. Политичката арена, пак, не е место на ангели и победите постигнати во неа се спори и често нецелосни. Без генерирање на храбороста за кршење на молкот, може да се забележи и опачината на процесот: зборовите, особено сега, може да генерираат инстант и драматичен одговор и итно постапување до задоволувањена правдата, за разлика од протестирањето упатено кон економските и правните структури.

 

Денес е 26 март 2020. Го пишувам текстот додека општеството во кое живеам се наоѓа во спроведување на вонредната состојба (и во најмала рака, чудна употреба на полициски час). Замислено е „сите“ да се вратиме дома, во „приватната сфера“. Додека добар дел од работничките остануваат во индустриксите хали, медицинарките се на фронтот, благајничките во големите маркети и аптеките во улога на респиратор на капитализмот зафатен од корона кризата, на удар се и градежните и комуналните работници кои се брутално изложени. Ова е одличен момент да се преиспитаат прашањата за моменталните состојби на реакција и нивната перспектива „денот потоа“. Не го пишувам овој предлог како интересно и остроумно четиво за корисно поминување на домашната монотонија во време на кризата заради коронавирусот. Напротив, ова е еден критички предлог во прилог на размислата на Славој Жижек дека по кризата „нема да се вратиме „како порано“, новата нормалност ќе биде поинаква“. Хрониките на реакцијата во американското општество и култура прецизно прикажани од Сузан Фалуди може да ни помогнат да ги деконструираме ставовите дека „денес жените се целосно еднакви“, но и да нé замислат за состојбата на жените по корона кризата.
На линкот може бесплатно да го превземете јубилејното издание на книгата од 2006 година.

 

 

 

 

¹ Сузан Фалуди е добитничка на Пулицеровата награда за аналитичко новинарство во 1991 за сторија објавена во The Wall Street Journal: “The Reckoning: Safeway LBO Yields Vast Profits but Exacts a Heavy Human Toll” (May 16, 1990)

 

 

Ивана Хаџиевска е родена во Битола во 1995 година. Таа е историчарка и независен истражувач на теми од балканската социјална историја и историјата на жените.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Ивана Хаџиевска
  • March 26, 2020
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram