Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција

Дали покрај плажа, на ливада или везден во кревет, одморот е најдрагоцената обврска која ја имаме кон нашето тело и ум.

Па така, овој месец креваме нозе во вис и полека крчкаме возбудливи планови и содржини за новата школска година.

А бидејќи секој добар одмор подразбира и добра книга, ве оставаме со шест препораки за летна читачка уживанција од нашата авторка, Елена Иванова. 

 

 

„Мајка ми знае што се случува по градовите“, Радмила Петровиќ, 2020

Лесно воочливо и од самиот наслов, поезијата на Радмила Петровиќ зборува за сите оние опасни и скришни работи што се прават по градовите, за мајките што останале дома но знаат, нè предупредуваат. Петровиќ пишува за суровоста на селото, лезбејската љубов, за градот и растењето. Нејзините песни се полни со билки и патишта, животни и трамваи, трактори и нежност. Песните се или цврсто посадени во селото и цветаат или летаат по шините на градот. Табуата на селскиот патријархат се испреплетуваат со осаменоста и нежноста на градот. Мајка ми знае… се чита како како што се јаде лубеница, по неколку големи парчиња на ден, неколку пати во денот, неколку дена по ред. 

Збирката е достапна на македонски во издание на ПНВ Публикации. Низ збирката има испечатено QR кодови што ве носат на soundcloud профилот на издавачот каде можете да слушнете снимки од песните изведени од поетесата.

 

„Млечни заби“, Лана Басташиќ, 2020

Збирката раскази Млечни заби e најновото дело на балканската писателка Лана Басташиќ. Во расказите, отсуствува возрасната перспектива и романтичното видување на детството, типични за книгите за возрасни што се пишуваат на тема детство. Наместо тоа, децата се и неми сведоци и активни учесници во светот полн со злоупотреба, насилство и немоќ. Во приказните – чиешто сврзно ткиво се траумите од детството – мрачни и тешки, ликовите живеат некаде на Балканот и некогаш во 20-тиот век и на некој начин во истиот свет во којшто живеат ликовите во расказите на Румена Бужаровска.

 

„Crying in H Mart“, Michelle Zauner, 2021

Во 2021, Мишел Заунер, предводничката на инди бендот Japanese Breakfast, го објави својот мемоар Crying in H Mart, што беше на некој начин проширена и надградена верзија на нејзиниот истоимен есеј објавен во Њујоркер во 2018. 

Книгата се фокусира на врската на Заунер со нејзината мајка и со своето корејско потекло, почнувајќи од тинејџерските години, сѐ до нејзината 25-та година кога мајка ѝ умира од рак. Книгата зборува за несогласувањата и потешкотиите, но и за љубовта, храната и љубовта кон храната. Crying in H Mart e трогателна медитација за тагата, ожалостеноста, врските, потеклото и очекувањата што членовите на семејствата ги имаат едни од други.

 

„Nightbitch“, Rachel Yoder, 2021

Осаменоста, изолираноста, но и здодевноста и баналноста на секојдневните рутини што се дел од мајчинските обврски се тема на првиот роман на Рејчел Јодер. Nightbitch e уметница, чијашто кариера е на пауза додека таа е во улога на домаќинка и мајка на двегодишен син. Како што се развива дејството, животот исполнет со вишок секојдневни обврски и недостаток на разонода и каква било ментална стимулација постепено се менува и мајката почнува да добива сѐ повеќе и повеќе кучешки карактеристики додека еден ден не се претвори во Nightbitch (Ноќна кучка). 

 

„Дневникот на Бриџит Џонс“, Хелен Филдинг, 1996

Дваесет и пет годишнината од излегувањето на Дневникот…  во САД беше повод за повторно отварање на прашања од типот дали Бриџит Џонс е феминистка (не е), дали Хелен Филдинг е феминистка (е), дали е феминистички да се чита оваа книга (зависи). Настрана дебатата што инспирираше неколку think pieces, Дневникот на Бриџит Џонс e забавна книга-дневник за 30-и-неколкугодишна сингл жена што живее во Лондон, работи во издавачка куќа и “нема среќа во љубовта“. Дваесет и пет години подоцна, безмалку хаотичниот живот на Бриџит и другите ликови во книгата продолжуваат да нѐ забавуваат и разнежнуваат. Филдинг пишува со многу хумор, топлина, љубов и сочувствување за недостатоците на нашата несовршена а симпатична хероина.

Додека се чита книгата, важно е да се има предвид времето во кое е сместено дејството, како и при читањето или гледањето на други забавни класици од поп-културата од тоа време (Сексот и Градот, Пријатели). На пример, Бриџит е вљубена во нејзиниот шеф Даниел, нешто што тој не се стеснува да го злоупотреби, па може да го замислите изобилието од сцени преполни со секојдневното и нормализирано сексуално вознемирување на работното место.

 

„Мојата мрачна Ванеса“, Кејт Елизабет Расел, 2020

Дејството во дебитанската книга на американската писателка Кејт Елизабет Расел се движи помеѓу сегашноста, во свет непосредно по #MeToo движењето, и раните 2000ти кога главниот лик Ванеса, средношколка во елитен интернат, започнува тајна врска со речиси 30 години постариот наставник. Како класичен предатор, 40-годишниот наставник ја искористува позицијата на моќ и авторитетот што го ужива кај децата, меѓутоа 15-годишната Ванеса не е пасивен, набљудуван објект. Од друга страна, таа сепак не е освестена жртва што јасно ја гледа злоупотребата, спремна да го признае тоа пред себе и пред другите. Ванеса претежно престојува во тој облак од несвесност за сериозноста на злоупотребата на која е изложена, верува во работите што наставникот ѝ ги кажува и само повремено доживува изблици на јасно согледување на ситуацијата.

И покрај многуте детални описи на заедничките сцени и мрачната атмосфера, стилот на Расел е лесен, прецизен и многу читлив. Една од најсилните страни на книгата е нејзината способност да ве обземе и пренесе во свет во кој ќе заборавите на времето, плажата и морето.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • August 1, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Рафики: Колективниот пристап е клучен за впечатливи искуства 
Запознајте го диџеј колективот РАФИКИ Берлин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Политиките кои водат кон родова еднаквост се втемелени и во нашата историја
Идејата за родовата еднаквост е имплицирана во политичките концепти уште од создавањето на македонската држава.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС и ПМДР
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram