Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.

Минатата сабота во раните утрински часови, со одлука на претседателот на државата, Турција официјално се повлече од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција. Три дена претходно, Американскиот Стејт Департмент одобри продажба на 54 лесни оклопни возила за потребите на АРМ. Набавката на возилата е во вредност од 210 милиони долари и е дел од веќе започнатиот долгорочен план за опремување на македонската армија во согласност со НАТО стандардитe.

 

Помеѓу декларативните заложби и реалноста

 

 

Може да помислиме дека два навидум неповрзани настани се случија минатата недела, ако не го согледаме пресекот во кој се наоѓаат Македонија и Турција како членки на НАТО. За да се поврзат овие два настани вреди да се запрашаме кои се принципите и приоритетите на овој воен сојуз, кога една држава членка се повлекува од општо прифатена меѓународна конвеција за заштита од родово засновано и семејно насилство и кога друга држава членка среде здравствена и социо-економска криза троши 210 милиони долари на оклопни возила за армијата.

Случувањата во Полска, кон крајот на минатата година, зборуваат за НАТО членка која речиси го забрани абортусот како право на жената да одлучува за своето тело. Минатонеделните случувања во Турција и Македонија не се изолиран случај. Во континуитет се зголемува јазот меѓу пропагандата за НАТО – гарант на просперитетот, демократијата, човековите права, и реалноста за НАТО – воен сојуз без претходно наведените принципи и приоритети.

Во првиот случај, членството на Турција во НАТО не претставува гаранција за човековите права. Во просек земено, во Турција скоро секој ден се убива по една жена поради најразлични причини, а во најчест број од случаите, жените се убиваат од нивните сегашни или поранешни партнери (брачни или вонбрачни) или од членовите на нивното потесно семејство. Положбата на жените во Турција и досега беше трагична, но можеме да замислиме каква ќе биде отсега натаму со повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција, која што конвенција до некоја мера нудеше барем рамка за правна заштита на жените. Неколку дена после повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција, за само еден ден, убиени се 6 жени, односно, пет убиени и еден смртен случај под „неразјаснети околности“ .

Во вториот случај овој воен сојуз не покажува разбирање за приоритетните потреби на македонските граѓани, особено во услови на светска пандемија. Се наметнува прашањето зошто баш сега една од најсиромашните држави во Европа треба да потроши 210 милини евра за оклопни, наместо за амбулантни возила и државно покриени трошоци за тестирање и лечење од Ковид 19. Статистичките податоци на заразени/смртни случаи од Ковид 19 во Македонија сами по себе укажуваат на неопходноста од кратење на непродуктивните трошења на останатите министерства за потребите на Министерството за здравство. Во прв ред, неопходно е кратење на буџетот за одбрана, затоа што Македонија нема опасност од напад од друга држава, туку има опасност од пад/крах на здравствениот систем доколку и мерките за ограничување на движењето не дадат резултати. Кои се црвените линии (и дали воопшто постојат?!) за македонските власти, кога е очигледно дека мора да се испорача ако не историско, тогаш барем времено НЕ! на милитарната зделка, особено кога други приоритети се наметнаа во меѓувреме (здравствени и социјални).

 

 

Перспективи за женското прашање

 

 

Каква е улогата на жените во овие современи собитија? Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата. Колку и властите и воопшто меѓународниот фактор сакаат да нè убедат во тоа дека рамноправноста меѓу мажите и жените е постигната, особено во поразвиените земји, тоа е лага. А за таа лага, дрско се служат со примери, како што се процентуалната застапеност на жените во јавната политика. Сепак вистината е јасна како ден. Како најбитна улога на жените сепак останува улогата како мајка, сопруга и сексуален објект. индивидуа која сепак пред сè постои и служи за задоволување на потребите на патријархатот. Човек кој не може да води, човек кој во длабоката суштина е само декларативно рамноправен, без разлика дали е во Турција, Полска или Македонија. Во сето ова се состои цела привидност на рамноправноста.

Затоа главното прашање е каква ќе биде реакцијата на жените на оваа двојна дискриминација. Дали ќе ги радикализира, или дополнително ќе ги потчини? Притоа мислам на мнозинството жени – жените работнички.
За жал, и покрај целиот индустриски и технолошки развиток, многу жени сè уште живеат во речиси феудални односи во рамките на традиционалните семејства во руралните средини. На другиот крај од хоризонтот, многу жени го прифаќаат патријархатот како начин на уредување на меѓучовечките односи, дури и кога се наоѓаат на високи општествени или деловни скалила. Но сепак, мнозинството жени се жени работнички. Иако навидиум тие жени изгледаат беспомошно и немотивирано да се борат, сепак историјата покажува дека радикализацијата доаѓа кога во борбата ќе се вклучат најугнетените слоеви.

Имајќи ја предвид траекторијата по која се движи капитализмот, јас сум уверена дека жените работнички многу скоро ќе станат свесни за нивната положба во општеството и масовно ќе се приклучат во борбата за постигнување на целосна рамноправност.

НАПИШАНО ОД:
  • Џејлан Велиу
  • March 25, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС и ПМДР
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram