Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.

Текстот подолу е преведен со цел да покаже како на проблемите поврзани со динамиките на релациите на младите и нивната сексуалност им се приоѓа во земји кои имаат различни форми на ССО (сеопфатно сексуално образование) – кое во комплексни ситуации отвара простор за дискусија без задршки, кршење на табуа, простор во кој ниту едно прашање не се отфрла како контроверзно или бизарно, а се споделуваат и најделикатните несигурност, сомнежи, стравови, притисоци…

Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.

Притоа не разбираат дека идејата за семејни вредности поврзана со погрешниот став за „семејството коа јадро на општеството“ наспроти таа за „индивидуата и нејзините слободи и права“ е дополнително обланда која покрива табуизираност и конзервирани сфаќања. Таквиот став е од другата страна на квалитетното образование кое нужно отвора и крши табуа, отвора контроверзни прашања и создава индивидуи одговорни кон самите себеси и кон другите.
Они би да ги „контролираат младите“, додека ние би да ги воспитаме малите девојчиња да знаат дека можат да блујат оган.

 

 

А сега подолу што вели еден психолог за Њујорк тајмс.

Една неодамнешна студија покажа колку е вообичаено момчињата-тинејџери да принудуваат или да им се закануваат на девојчињата да им испраќаат експлицитни фотографии: анализа на 500 девојчиња од 12 до 18-годишни за негативни искуства со секстинг открива дека на две третини од нив им било побарано да испратат експлицитни слики – и дека барањата честопати напредуваат од ветувања за наклонетост до „манифестации на гнев, вознемирување и закани“.

Во статија за студијата објавена на „Њујорк Тајмс“, психологот Лиза Дамур пишува: „Тинејџерите стануваат дел од сексуална култура која почива на штетна премиса: на хетеросексуално поле, момчињата обично играат офанзивно, а девојките дефанзивно. Повеќето училишта и многу родителите веќе им кажуваат на тинејџерките да не испраќаат сексуализирани селфија. Но, зошто не им кажуваме и на адолесцентите да престанат да бараат голи фотографии едни од други? “

Студијата на Сара Томас од Универзитетот Нортвест покажа дека помалку од 8% од девојчињата споделувале експлицитни слики затоа што самите сакале; останатите го сториле тоа заради желба да задоволат, да се смират или да избегнат конфликт со момче. Покрај тоа, додека истражувачите откриле дека и девојчињата и момчињата испраќаат голи фотографии едни на други, кај момчињата има скоро четири пати поголема веројатност да извршат притисок врз девојчињата да го сторат тоа отколку обратно. Ако двојката веќе е во релација, идејата честопати се нормализира со тврдења како „сите други имаат слика на својата девојка“, а доколку девојките се двоумат, некои момчиња се закануваат со прекин на врската.

Во некои случаи, момчињата исто така го користеле тоа што веќе имаат слики за да извршат притисок врз девојчињата да испраќаат нови фтографии со закана дека ќе ги објават претходните. Момчињата кои не биле во врска, исто така, барале слики од девојки девојки, а скоро 12% од сведоштвата сугерираат дека слики бараат различни момчиња што прави девојчињата да чувствуваат дека „барањата за фотографии се неизбежни и “. Но, најзначајно, Томас открила дека дел од девојчињата се чини дека немаат механизми за снаоѓање: „додека многу млади жени ја преземаат одговорноста да преговараат за овие притисоци, сепак велат дека се збунети… затоа што чувствуваат дека им недостасува стратегии како да го сторат тоа“.
Дамур, кој исто така е авторка на Водич за тинејџери низ седумте транзиции во зрелоста, вели дека родителите и воспитувачите можат да направат едноставни измени за да помогнат во поддршката на младите жени во оваа ситуација, почнувајќи со фокусирање на барањето исто толку колку на испраќањето со инсистирање на поголема одговорност од момчињата што бараат фотографии.

„Eдноставно да се прогласи нов код за однесување нема да го реши проблемот“, пишува таа. „Но, правилата можат да направат разлика“. Кога возрасно лице вели „не е О.К. да бараш експлицитни фотографии затоа што тогаш некого ставаш во ужасна позиција“, тоа го поставува она што Дамур го нарекува „behavioral speed bump“ што и девојчињата и момчињата можат да ги користат за да се спротивстават на ампулсивноста на адолесценцијата.

Исто така, им дава на девојчињата нешто што им е очајно потребно: јасно водство за тоа што да прават ако некој ги малтретира со инсистирање на гола слика. „Ако родителите и училиштата јасно стават до знаење дека и барањата се повреда“, истакнува Дамур, „девојчињата би чувствувале дека имаат можност да направат „screenshots“ од конкретните барања, да ги пријават и да бараат помош од возрасните“. Со тоа, Дамур тврди дека „поставуваме јасни и правилни очекувања кај младите луѓе, бидејќи тие започнуваат свој романтичен живот [што] може да биде само чекор во вистинската насока“. На крајот на краиштата, таа забележува: „Во пошироката култура, се чини дека одеднаш сме ја достигнале границата на нашата толеранција за сексуализирана злоупотреба на моќта од страна на возрасните мажи. Логичен следен чекор е да се преквалификуваат некои од токсичните норми што се шират и меѓу тинејџерите “.

 

 

 

Извор: Mighty girl

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • January 30, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram