Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.

Сексуалното насилство врз жените е во алармантен и комплетно необјаснив пораст во Велика Британија. Насилството се протега насекаде – од употреба на личното сексуално минато на жените – жртви за време на судските рочишта за нивните убиства, до популаризација и злоупотреба на BDSM практиките, честопати обвинувајќи ја сеприсутната хардкор порнографија. Она што останува нејасно е следново – која е причината за овој нов бран на родово насилство и како личното консензуално и растечко вклучување на жените во екстремни форми на секс зборува за пошироката слика за сексуалните односи во денешно време.

Убиството на 21-годишната британка Грејс Милан и последователното судско рочиште предизвика длабока загриженост, истакнувајќи го начинот на кој може да се користат приватните сексуални наративи на жените против нив како дел од одбраната на „грубиот“ сексуален однос.

Во пресрет на нејзиниот 22-ри роденден, Милан – која патуваше низ Нов Зеланд – се состана со маж што го запозна на Тиндер. После вечерта помината заедно, двајцата се упатиле кон неговиот дом, кадешто за време на сексуалниот однос тој ја задавил до смрт. Иако минатиот месец поротата го прогласи за виновен, самото судење предизвика голем број на реакции поради начинот на кој сексуалниот живот на Грејс беше претставен како доказ против неа. Нејзиното претходно учество во BDSM односи и употребата на мобилни апликации како Виплр, беа искористени како докази дека таа уживала во одредени типови на односи, што значи дека ова било случај на „сексуални игри кои отишле во комплетно погрешен правец“. Еден од нејзините поранешни партнери дури беше повикан да сведочи од страна на одбраната за да потврди дека Грејс се согласувала на давење поради сексуално задоволство.

Во последната деценија, во Велика Британија се забележува 90% зголемување на користиње на на „грубиот“ сексуален однос како дел од одбраната на рочиштата, а во последните пет години користењето на оваа метода беше успешно во скоро половина од случаите. Ужасната од брзиот пораст на овој тренд, Фиона Мекензи ја започна кампањата „Не можеме да се согласиме на ова“, која се труди да ја исфрли од британските судови употребата на „грубиот“ сексуален однос – или т.н. „50 нијанси сиво“ како дел од случаите на одбраната. Заедно со пратеничката Хариет Харман, се обидуваат да додадат клаузула во Законот за семејно насилство, со која би било незаконски за маж кој убил жена да тврди дека имало согласност од страна на жртвата на насилството што всушност довело до нејзината смрт. Носителите на кампањата тврдат дека давањето согласност за одредени секс игри не е еквивалентно со давање согласност да бидат убиени, како што покажа случајот „Милан“. Користењето на архументот на „грубиот“ сексуален однос во одбраната, дополнително ги обесхрабрува жртвите на сексуална злоупотреба да зборуваат за тоа, бидејќи се плашат дека нивните сексуални животи ќе бидат искористени за да бидат обвинети или да пак засрамени – нешто што веќе е превалентно во судскиот систем.

„Се чини дека се работи за типично традиционално машко насилство врз жените што се чини дека е апсолутно во согласност со поширокиот поим за насилство врз жените“, вели Мекензи. „Но, поради некоја причина во кривичното право, а до одреден степен и во медиумите, кога се пријавува ваков случај се верува дека жените кажале – „да, сакам да бидам ужасно повредена. Сакам да бидам хоспитализирана поради мојот сексуален живот.“

„Честопати, за личноста која починала нема да најдете ништо повеќе од нивното име и некое од овие луди обвинувања дека се согласила на секаков вид сексуална активност пред да почине“, продолжи Мекензи. „Ако се вратиме уште во 90-тите и 2000-тите години, женските имиња се насекаде низ весниците под насловите „кинки секс – мајка “, „BDSM студентка“.

Справувањето со прашања во врска со комплицираното испреплетување на сексуалниот однос и насилството се претвори во сериозен проблем, не само поради тоа што доказите сугерираат дека станува проблем кој е сè повеќе погубен за жените, туку затоа што тоа е манифестација на раширена конфузија околу тоа како изгледа сексуалниот однос помеѓу луѓето помлади од 40-годишна возраст.

Фактот дека грубиот сексуален однос стана популарен во последниве години не е новост за никого, а сепак сексуалната политика зад неговата распространетост кај младите сè уште не е позната. Студијата спроведена од Savanta ComRes за Радио 5 на Би-Би-Си минатата недела откри дека 38% од жените под 40-годишна возраст доживеале „непосакувано“ удирање, гушење или задушување за време на консензуален секс. Точно 42% од овие жени изјавиле дека се почувствувале „под притисок“ или „биле присилени“ на тоа. Честопати се обвинува хардкор порнографијата која е популарна меѓу младите мажи за нормализацијата на насилните сексуални практики. Но, според Мери Шарп од Фондацијата „Reward“ – добротворна организација за порнографија и сексуално образование – порнографијата на сличен начин ги условува жените да ги бараат „грубите нешта за да чувствуваат почувствуваат било што“.

 

 

„Како млада жена до 25-годишна возраст, веројатно веќе 10 години сте гледале хардкор порно“, вели Шарп за „Dazed“. Таа верува дека сегашниот културен бран ги охрабрува жените погрешно да го изедначат сексуалното ослободување со сексуалните екстреми – факт што се влоши кога младите мажи „интернализираа дека жените сакаат да бидат млатени“. Точката на збунетост тука е дека жените не се само жртви на културата, но и дека таа подмолно ги обликува нивните желби, и условува од нив да посакуваат сексуален однос кој честопати се сведува на фантазија која не е целосно нивна, притоа ставајќи ги во ризична ситуација.

Дебатата за грубиот сексуален однос исто така не и прави услуга ни на BDSM заедницата. Некои луѓе решиле да ја позајмат нејзината естетика и наводниот „девијантен статус“ без да усвојат правила и упатства за согласност и безбедност на кои оваа заедница е комплетно обврзана. Правејќи ја оваа култура мејнстрим поради (неизбежно ужасниот) 50 Нијанси Сиво, само се охрабри злоупотребата и погрешното претставување на културата и заедницата, која впрочем е крајно фокусирана на придржување кон правилата – согласноста е основата на „кинки“ културите, и ако се придржувате кон тоа на здрав и безбеден начин, можете во секое време да се вклучите или пак да излезете од неа.

Треба да се обрне внимание и на тоа како родовото насилство се поврзува со „кризата“ на машкоста. Да се тврди дека мажите би посегнале по најпримитивните начини на добивање доминација и моќ во момент на колективна криза звучи како преедноставен заклучок за кој нема вистински доказ (сè уште). Но, вреди да се размисли дали мажите „се повлекуваат“ зад вратата на нивната спална соба и далеку од очите на јавноста. Случка по појавувањето на „Me Тoo” движењето ja доведе машката сексуалност до состојба на целосна конфузија: некои мажи одеднаш сметаат дека нивното претходно сексуално однесување сега е дефинирано како неприфатливо; други се чувствуваат незадоволно од промените кои надоаѓаат со поголема сила и брзина заради моментумот зад „Me Too„ движењето.

Конор Крејтон, писател и инструктор по медитација кој доби внимание поради неговите работилници за медитација (mindfulness meditation) и машкост, верува дека во моментот има „многу збунетост за врските“ меѓу мажите, но не мора да значи дека тоа е гнев. „Не мислам дека мажите се лути, но гневот е единствената емоција која тие се охрабруваат да ја споделат“, вели тој. „Значи, ако еден маж е депресивен, тажен или збунет, чувството се појавува како лутина, затоа што тоа е начинот на кој веќе сме социјализирани“.

Сè уште е тешко да се каже што овој бран на сексуално насилство врз жените и начинот на кој истиот се брани кажува за нас и за сегашноста, но додека пробуваме да откриеме, важно е да се воспостават заштитни мерки како на правно така и на културно ниво. Во однос на правните мерки, ова е опфатено со кампањата „Не можеме да се согласиме на ова“ и мисијата да се додаде клаузула во Законот за семејно насилство со која ќе се овозможи сексуалното минато на веќе почината жена да не може да се користи против неа од страна на бранителите на нејзиниот наводен убиец. На културно ниво, потешко е да се дознае точно каде треба да се започне. Потребно е да се признае дека насилството врз жените се манифестира на посуптилни и приватни начини – и од фундаментална важност е тоа да се признае веднаш – затоа што само тогаш можеме да се обидеме да решиме еден галопирачки, а понекогаш и фатален проблем во кој самиот интерес на жените и нивното учество во екстремни форми на сексуален однос ги доведува во ризична состојба, а истовремено нашата култура на живеење останува неодговорна за последиците.

 

 

 

Извор: Dazed Digital

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • Гала Насева
  • April 16, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram