Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.

Ако се гледа внимателно, може

да се види Ева. Скриена зад грбот на Бога. 

Чека на ред да биде создадена. 

Да биде видена. Да добие живот. 

Понекогаш и јас така се чувствувам. 

Како да чекам нешто. 

Според легендата, еден познат уметник некогаш кажал дека сите деца се родени уметници. Проблемот е како да останеме уметници штом пораснеме. Овој проблем не е карактeристичен за одредено место, или време. Всушност, живеејќи во општество кое се обидува да капитализира од секое наше движење и уште од најрана возраст на милион различни начини и фреквенции ни праќа порака кои професии се пожелни во овој ситем, а кои не, да се (о)стане уметник е навистина еден чин на протест. Тој чин на протест може да е едноставен како намерно загорување на една чорба од грашок. Веројатно помислувате како се најде грашокот во оваа приказна. Тоа е клучниот момент кога шведската уметница Берта Хансон, решава дека е доволно храбра да раскрсти со очекувањата и ограничувањата од средината и да го следи својот внатрешен повик кон уметноста. 

За животот и растењето на Берта Хансон, читаме и доживуваме, преку прекрасната сликовница за деца и возрасни „Птицата во мене лета каде што ќе посака“, смислена, напишана и илустрирана од Сара Лундерберг, според писмата и записите од дневниците на уметницата. Сликовницата е преведена од шведски на македонски од Родна Русковска, во издание на Артконект, во едицијата „Бајче“. 

 

 

Колку пати треба да се ослободи жената, за конечно да полета?

 

 

Приказната е сместена при почетокот на 20 век, во гратчето Хамердал, каде 12 годишната Берта се чувствува растргнато помеѓу поривот да истражува и креира, и многуте обврски кон нејзиното семејство со земјоделско потекло. Повеќе од што било друго, Берта сака да продолжи да се школува и да стане уметница, но тоа ѝ се чини како невозможна мисија: нејзиниот строг татко кој ја калеми да стане домаќинка не сака ни да чуе за уметност. (Кога ќе пораснам, ќе бидам уметник./Како Микеланџело./Но тоа не го кажувам наглас. Затоа што тоа не е вистинска професија./ Не е нешто што стануваш./ Особено ако си девојче./Знам дека тато мисли така.)¹

Берта излегува да дише надвор, во природа. Таму таа се чувствува како себеси – како птица, а птиците кои ги изработува од глина ѝ ги подарува на својата болна мајка, во тој момент единствената која ја поддржува нејзината дарба. Птиците остануваат да бидат дел од богатото творештво на Берта, како симбол на слобода, но и своевидно автопортретирање и доживување. 

Кога Берта ќе ја загуби личноста што ѝ ја дава најголемата поддршка и потпора, мора да најде начин да замине. Свесно решава да покаже колку е неспособна како домаќинка, подгорувајќи го ручекот – малиот чин на отпор, кој за неа претставува внатрешен пресврт. „Неделите минувале, работата на фармата продолжила како и вообичаено. Но кога Берта уште еднаш по грдиот пресврт како што таа го нарекува настанот со супата од грашок, го замолила татко си за дозвола да продолжи да учи, тој го сменил мислењето.“² И така, таа заминува.

Читателот добива впечаток дека оваа сцена на заминување од непосредната околина и со тоа, од семејните, класните и родовите стеги кои ги носи таа, претставува конечното ослободување на уметницата Берта Хансон. Сепак, имаме можност подетално да се запознаеме со нејзиниот живот по заминувањето од селото, благодарејќи на поговорот напишан од новинарката Александра Сундквист, кој го наметнува прашањето колку пати треба да се ослободи жената, за конечно да полета?. 

Берта завршува школување, но не за уметност како што таа сакала, туку за учителка, зашто „времето едноставно не било созреано за жени уметници“.³ Додека работи како учителка во селото Фредрика, таа продолжува да слика, па затоа и не е воошто чудно што портретите од деца се доста препознатливи за нејзиното творештво. Дури после многу години, писателката Елса Бјоркман-Голдшмит при посета на училиштето каде таа работи, ги забележува сликите на Берта и ѝ помага конечно да ја лансира својата кариера како уметница.        

Различните нишки на женска солидарност, поддршка и препознавање е она што ме фасцинира во оваа приказна и начинот на кој ја добиваме во форма на книга. Читаме и учиме за животот на една уметница, која се одважила да го следи својот пат со поддршката од мајка си, а успеала во целта со помош на друга уметница. Стотини години подоцна, трета уметница ја раскажува и илустрира оваа приказна, на еден топол и приемчив начин. Илустрациите во сликовницата ни го доближуваат секојдневието во селото, но и бујниот и хаотичен внатрешен свет на малата Берта. На моменти, добиваме впечаток дека спалната соба во која лежи и црта покрај мајка си, може да е наша спална, шумата каде се шета и крие, може да е шума во нашиот град или село, а силната желба да се биде нешто свое, како да е наша желба. 

 

 

 

Овде и сега

 

 

Книгата ме наведе да размислувам за положбата на уметниците денес и овде, имајќи на ум колку често може да се сретне ставот дека уметноста не е навистина професија, а женските уметници локално, како и глобално, сѐ уште постојат на маргините на уметничкиот канон. Во такви услови, да се биде уметница бара тврдоглавост, поддршка и храборост. Добив порив за темите кои ги сретнав во книгата да поразговарам со уметници кои живеат и творат кај нас, и на некој начин да ја продолжам методата на прераскажување, а во тоа ми помогнаа Јана Јакимовска, Инес Ефромава и Елена Чемерска: три современи уметници, кои користат различни медиуми и имале различен пат и приказна, но никогаш не се откажале од своите крилја. 

Јана, Инес и Елена го споделуваат искуството на раното препознавање на себеси во оваа пракса. „Не знаев дека тоа ќе биде моја професија, ама знаев дека е нешто што го правам постојано. Од кога се сеќавам на себе, беше дел од мојот идентитет. Јас бев Инес, Инес која црта.“, вели Инес кога се присеќа на своето детство и местото на уметноста во него. 

На сите три несомнено многу им помогнала поддршка од семејството, како во собирањето храброст да се проследи оваа идеја докрај, така и во континуираната поткрепа која е очигледно важна и потребна. 

Моето семејство, мајка ми и татко ми, никогаш ниту ми ги кратеа крилјата, ниту се потсмеваа со кој било мој каприц, интерес или амбиција – напротив, за сѐ што сум работела ми пружале максимална поддршка. (Јана Јакимовска) 

Мајка ми уште од многу мала ми го поттикнуваше интересот и постојано ме потсетуваше да не го угасам тој дел од себе. И кога дојде делот за упис на Факултет, ми даде апсолутна поддршка, не само морално, туку и практично. Таа, поради околината, не успеа да ги реализира својата уметничка дарба и желба. Ама, денес има и син и ќерка, дипломирани ликовни уметници… Тука е и сопругот, кој подоцна безусловно ми помогна и ме поддржа да дадам отказ од канцелариската работа што не беше поврзана со уметноста, и да се вратам на ликовното.  (Инес Ефремова) 

Имав целосно разбирање од семејството, кое претпоставувам има некоја улога во тој период кога се донесуваат тие одлуки. Постоеа некои грижи, за тоа дали сум свесна во што се впуштам. Веројатно во некој миг провеа уште некоја грижа за тоа како ќе се справам како млада девојка со фактот дека во моето семејство имаше неколку уметници кои поседуваа авторитет, но мене тоа апсолутно не ми беше секирација. (Елена Чемерска) 

Иако овие уметници ја добиле многу потребната поддршка од своите семејства, кога-тогаш се соочиле со одредени сопки и препреки кон себе-реализацијата. Сепак, тоа не ги спречило да продолжат да го газат патот кој го наумиле. 

Некаде околу 12/13 години, поради немање стимул од образовниот систем и поради идеите на околината за успех, ја ставив „Инес која црта“ во некој ќош и почнав да имам други планови за идна професија. Истите станаа многу поконцизни на крајот од средното образование. Постоеше и идејата за Факултет за ликовни уметности, ама беше некаде далеку. Ми беше страв дека ако одберам ФЛУ, ќе бидам осудена на глад и неуспех. Ама, сонував сон во кој ми беше кажано дека сè ќе биде во ред ако сум уметник. Така всушност ја одбрав ликовната академија. Чудничко малку, знам. (Инес Ефремова)

Постојат различни аспекти на тоа што дава сила да се занимаваш со некоја работа. Мислам дека за луѓето кои се занимаваат со уметност е до некаде и идентитетско прашање. Потребно ти е да го правиш тоа. Добрите уметнички дела поставуваат прашања без дефинитивни одговори, поставуваат параметри кои се доволно отворени, иако сугестивни, да те вовлечат во себе за ти да го најдеш својот пат низ уметничкото дело. Пуштаат одредени процеси во погон кои плетат комплексни динамики. Ова искуство е нешто што секогаш ми давало сила и сум го чувствувала како ветер во грб, како мотивација и желба да го допрам и самата и можеби и самата еден ден да успеам да комуницирам на овој начин. (Елена Чемерска) 

Сфатив дека ако не студирам уметност ќе сакам да ги убијам сите што тоа го прават – од љубомора, нормално. За среќа, клишеата од типот „нема леб од уметноста“ ниту дозволив да ме тангираат, ниту се покажаа како точни. (Јана Јакимовска) 

За жената да твори, потребни се соодветни услови. Ова е лекцијата која ја научивме од „Сопствена соба“ на Вулф. Оваа реалност и ден-денес е неотуѓива од уметничкото, а особено женското творештво. Прекарноста на работата, несигурноста, непостоењето на системска поддршка и генерално, маргиналната позиција на уметноста во општеството денес, се сили кои ја отежнуваат и загрозуваат работата, и следствено егзистенијата на уметниците. Би било неблагодарно да им се честита на овие уметници (и сите уметници), кои биле истрајни во својот избор на професија, без одново да се начне прашањето на нивната позиција, како и позицијата на уметноста во поширокиот општествен контекст, денес. 

Уметниците и културните работници, освен што произведуваат содржина, на мускули ја буткаат глобалната машинерија која е „the Art World“. Се соочуваме со огромен притисок, несигурен живот и сѐ што налагаат тие воспоставени прекаријатни динамики и односи на моќ. Ова се чувствува и во нашата средина, иако ние и одвај да имаме сцена. (Елена Чемерска) 

Цела деценија изгубив работејќи во маркетинг и медиуми, за да можам да преживеам и да имам средства да творам. И баш пред некое време коментиравме со сопругот, кој е исто така уметник, дека овој свет како да ја казнува креативноста. Ако работиш нешто што го сакаш, нешто што ти ја обзема душата и создава светови, ја плаќаш цената на имањето љубов, со немањето финансиска компензација за истото. (Инес Ефремова). 

Искуствата на Елена, Јана и Инес донекаде говорат за променети услови за уметниците. Денес, можеби девојките поретко се спречени да се остварат како уметници од страна на своите семејства, но прашањето колку се поттикнати од потесната и пошироката средина е релевантно. Митот за машкиот гениј продолжува да се перпетурира, како преку образовниот систем, така и преку светот на уметноста: музеите, признанијата, академиите… Повеќето од нас знаат поразително мал уметници кои твореле низ историјата и кои творат денес, а улогата на жената во уметноста како муза, наместо креатор, е превалентна, како и во минатиот век. 

Тешкиот пат кон пробивот, скромните можности за финансирање, социјалните медиуми и притисокот константно и брзо да се создава нешто ново, притисокот да се „продаваат“ вештините за маркетинг на продукти, се еден мал дел од многубројните пречки со кои се соочуваат уметниците денес. Сепак, од другата страна на оваа приказна стои можноста за инакво организирање, иницирање трансформации и промени, градење сојузи, и меѓусебна солидарност. Токму заради таа субверзивна и трансформативна моќ, велиме дека уметноста е бесценето важна за општественото ткиво и дека, најпросто речено, на светот му требаат повеќе уметници. Уметници кои ни помагаат да го погледнеме светот и себеси поинаку и ние останатите да полетаме каде што ќе посакаме. 

Во тој дух, ги прашав Јана, Елена и Инес што би им порачале на младите девојки кои сонуваат да станат уметници. Наместо заклучок, еве ги нивните одговори. 

Нема да биде лесно и потребен е труд. Веројатно нема да има баш многу пари. Но, ќе има многу задоволство, знаејќи дека си донелa мало парче креативност на свет. (Инес) 

Девојко, можеш ти. Ако немаш поддршка е тешко, но ќе се најде некој/а ментор/ка која ќе ти ја вдахне вербата во тоа што го правиш. Слушај забелешки, но селективно применувај, верувај на другите, но најмногу во себе. Ако гледаш дека нешто некаде не оди, скршни малку лево или десно, можеби таму е твојот пат. Твојот труд е твој – ти решаваш колку и дали ќе го наплатиш. Ако за уметноста се вели дека е 10% талент и 90% работа, исто така може да се рече дека за да „успееш“ ти треба 10% дело и 90% attitude. А „етитјудот“ повикај си го со првата реченица што ти ја кажав: Девојко, можеш ти.  (Јана)

Напред храбро и чувствително, со жестина и ранливост – па што. И упорност и отворено срце и еден тон хумор за сѐ околу нас и за себе – ќе се најде. (Елена) 

…Затоа што јас имам птица во мене 

Која мора да лета

Каде што ќе посака… (Берта Хансон)

 

 

 

 

 

Оваа книга е објавена како дел од проектот ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ НА НАДЕЖ на издавачката куќа Артконект, поддржан од Креативна Европа на Европската Унија.

 

 

 

 

¹Сара Лундберг, „Птицата во мене лета каде што ќе посака“

² Поговор од Александра Сундквист, „Птицата во мене лета каде што ќе посака“ 

³Ibid

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • November 10, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram