Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty

Не сум ниту модел, ниту славна личност, но сликата за себе ми беше украдена. Кога имав 17 години, момчето од средно ги рашири голите слики што му ги имав испратено на горе-долу сите луѓе што некогаш ги бев сретнала, како и на многу луѓе што воопшто не ги бев сретнала. Бурните пораки на Фејсбук што го преплавија моето сандаче беа секојдневен потсетник за тоа дека моето тело веќе не ми припаѓа мене. Им припаѓаше на мажите од Интернетот; јас само живеев во него.

Тоа што ми се случи мене, иако во многу поголем размер, ѝ се случило и на прочуената манекенка и актерка Емили Ратајковски. Како што самата раскажува во својата дебитантска збирка есеи, Моето тело („My Body“), еден моден фотограф кој ја фотографирал гола кога била млада, пијана и ранлива, продолжува да продава книги со истите полароиди.

Тој е далеку од единствениот маж кој профитирал од убавината на Ратајковски: како што објаснува таа во „Откупување на себеси“, можеби најдобриот есеј во нејзината обмислена и пристапна книга, уметникот Richard Prince прикажал една од нејзините слики на Инстаграм како дел од неговата серија насловена „Инстаграм слики“, која се состои од „слики од објави на Инстаграм…испечатени на големо платно“. За да ја врати фотографијата, Ратајковски морала да го купи уметничкото дело; на крајот, таа се нашла во бизарна позиција да мора самата да се откупи.

Она што е впечатливо за Моето тело не е тоа колку се различни искуствата на познатиот супермодел од оние на обичната жена, туку колку се истите непрекинати. Отпрвин помислив дека тоа е она што ја прави книгата здодевна. Моето тело повеќе наликува на нелинеарен мемоар отколку на збирка есеи – иако размислувањата на Ратајковски се организирани во одделни секции, тие како да се претопуваат во поопшт автобиографски метеж – и многу од сеќавањата на Ратајковски датираат од деновите кога била адолесцентка. Таа се присеќава на нејзината фиксација со Бритни Спирс, нејзиниот дом од детството во Сан Диего и, пред сè, на немилосрдната објективизација од страна на работодавците и романтичните партнери Додека листав низ описите на недоличните приоѓања и свиркања, се прашував зошто Ратајковски одбрала да посвети толку многу простор на релативно вообичаени понижувања како овие, наместо да се фокусира на поегзотичните омаловажувања со кои сигурно се соочувала како што станувала славна.

Но, како што читав понатаму, сфатив дека поентата е токму во депресивната блискост на насилствата што ги бележи Ратајковски. Анегдотите во Моето тело го драматизираат она што отсекогаш било вистина и се подразбирало: дека жените не можат целосно да избегаат ниту целосно да ги населат телата кои мажите одлучиле дека ќе ги присвојат. Иако Ратајковски ја препознава својата привлечност како своевидна форма на моќ, таа исто така сфаќа дека „сето влијание и статус што ги стекнав ми беа доделени само поради тоа што им бев допадлива на мажите“. Нејзиното тело вреди само доколку е во функција на стока, „алатка што ја користам за да заработувам како модел“. Кога се соблекува за снимање, таа се „оградува“ од своето тело: „Јас дури воопшто не го препознавам моето тело како дел од мене“.

Сепак, покрај сета нејзина свесност, Ратајковски не успева да ги истражи целосните импликации на нејзиното телесно отуѓување. Самата фраза „да се откупам“ подразбира дека женските тела се производи наменети и дизајнирани да ги привлечат машките купувачи. Изгледот на Ратајковски е токму тоа – производ – а сепак, таа го опишува, во најголем дел, како да е природна дарба, дар што и е „пренесен“ од нејзината мајка како „парче накит даден во наследство“. „Не направив ништо за да ја заработам мојата убавина“, заклучува таа.

Но како и сите манекенки, таа се има многу потрудено. Како прво, држела диета, факт што го споменува само спорадично низ Моето тело. Во еден момент, таа ноншалантно забележува дека успеала да закаже многу повеќе фотосесии откако се заразила со грип и изгубила 10 килограми за една недела; понатаму, попатно забележува дека „почнала да пуши цигари и да прескокнува оброци за да има мал струк“. Како што пишува поранешната манекенка која стана социолог, Ashley Mears, во нејзината импресивна етнографија за модната индустрија, Ставање цена на убавината („Pricing Beauty“), „работата на моделот – и работата на нејзините агенти, клиентите, нивните асистенти и целиот нивен социјален свет – остануваат надвор од видното поле.”

Она што Моето тело одбива да го истражи е дотераната стилизација на Ратајковски и нејзината социјална основа. Како што објаснува во хипнотизирачко видео со упатства објавено на YouTube каналот на Vogue (но пропушта да зборува за својата книга), нејзината секојдневна рутина за шминкање вклучува 15 чекори и примена на 11 производи. Со други зборови, таа носи повеќе шминка на вечера со нејзините пријатели отколку што јас имам носено во целиот мој живот. Поентата не ми е да ја срамам – напротив, и се восхитувам и ѝ завидувам на нејзината уметност, а да не зборувам за нејзиното трпение – туку да забележам дека, во една книга во која се зборува за женската пожелност и неправдите околу неа, вреди да се нагласи дека убавината бара време, вештина, пари и труд.

Со други зборови, убавината си бара работа. Многу жени се чувствуваат обврзани да бидат убави, но повеќето од нас не се исплатени за тоа. Модели или не, немаме друг избор освен да се гледаме себеси низ призмата на нашите тела; принудени сме да го поистоветиме нашето јас со тоа како изгледаме; и сите се мачиме, на овој или оној начин, да се откупиме. Штосот е во тоа што многу од нас сè уште не можат да си го приуштат тоа.

 

Извор: The Guardian

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • November 26, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (прв дел)
Првиот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој нè запознава со некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram