Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.

Размислувам за репродуктивната слобода. А како да не мислам на тоа? Јас сум жена на репродуктивна возраст и, во зависност од тоа каде живеам, моите репродуктивни избори се ограничени.

Често, кога читам вести, морам да се осигурам дека всушност не го читам Д Онион (The Onion). Продолжуваме да имаме национална и државна дебата за абортусот, контрацепцијата, и репродуктивната слобода, и најчесто мажите ја диригираат таа дебата. Каква сатира.

Политичарите и оние слични на нив, кои се настрвени да ја воведат репродуктивната слобода како „дел од кампањата,“ имаат краткорочно сеќавање. Секако дека имаат краткорочно сеќавање. Тие се грижат само за она што е политички погодно или практично.

Жените немаат краткорочно сеќавање. Не можеме да си го дозволиме тој луксуз додека изборот ни се намалува.

Политичарите и оние слични на нив забораваат дека жените, а до одреден степен и мажите, од секогаш го правеле она што требало за да ги заштитат женските тела од несакана бременост. Во древните времиња, жените користеле желеа, лепаци, и растенија како контрацепција или за да прекинат несакана бременост. Овие практики продолжиле дури и во 1300-тите, кога на Европа ѝ требало да се зголеми бројот на населението, па почнале да ги ловат „вештерките“ и бабиците кои го споделувале нивното скапоцено знаење за овие контрацептивни методи.

Кога владите сакале да постигнат некоја цел, најчесто поврзана со зголемување на бројот на населението, тие ќе ја ограничеле достапноста на контрацепцијата и/или ќе ја криминализирале контрацепцијата освен, секако, ако зголемувањето на населението ги засегало сиромасите, во кој случај контрацепцијата била промовирана со голем ентузијазам. Историски гледано, општеството сакало само „правиот тип на луѓе“ да имаат право на живот. Не смееме да го заборавиме тој факт.

Еве во што е работата со историјата – таа се повторува пак и пак и пак. Ловот на вештерки, демонизацијата на контрацепцијата и абортусот, жените што ги нудат овие услуги уште од 14-тиот и 15-тиот век, сето ова пак се повторува. Меѓутоа, овој пат, ловот на вештерки е циничен трик за да сe одвлече вниманието на населението од оние навистина битни проблеми со кои општеството се соочува: уништената економија и културата на Вол Стрит која си тера непопречено дури и покрај штетата што ја направила, огромните класни нееднаквости и сѐ поголемата поделба помеѓу оние што имаат и оние што немаат, студенските долгови што демнат или кризите со потрошувачките долгови, нарушената расна клима, недостатокот на целосни граѓански права за геј луѓето, лезбејките, и трансродовите лица, здравствен систем до кој премногу луѓе немаат пристап, војни без крај, претстојни глобални закани, и така натаму и така натаму и така натаму.

Наместо да се решат вистинските проблеми со кои се соочува САД, некои политичари, најчесто конзервативци, решиле да пробаат да го решат „женскиот проблем“ со тоа што ќе направат димна завеса и повторно ќе ги актуелизираат абортусот и, што е уште почудно, контрацепцијата во националните дебати.

Жените и порано биле приморувани тајно да се снабдуваат со контрацепција или да прават абортуси, а ако е потребно, пак ќе работиме тајно. Ќе си ги ризикуваме животите ако политичариве, кои толку очигледно ги понижуваат жените, нѐ натераат.

Фала богу што жените немаат краткорочно сеќавање.

Бременоста е истовремено и приватно и јавно искуство. Бременоста е приватна зашто е толку лична. Се случува во телото. Во идеален свет, бременоста би била интимно искуство што го делат само жената и нејзиниот партнер но, поради многу причини, тоа е невозможно.

Бременоста е искуство што повикува на јавно делување и го принудува женското тело да биде дел од јавниот дискурс. На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.

Јавното делување може да биде прилично умерено, повеќе досадно отколку било што друго – луѓето сакаат да ти го допрат пораснатото стомаче, ти кажуваат како да го израснеш детето дури и ако не побараш совети, прашуваат за терминот за пораѓање или полот на уште-нероденото дете, демек непознатите имаат право да ги знаат информацииве само заради тоа што си бремена. Кога бременоста ќе почне да се покажува, не можеш да избегнеш да бидеш дел од овој дискурс, без разлика дали сакаш или не.

Јавното делување може да биде неопходно зашто бремените жени, генерално, бараат соодветна медицинска нега. Не можеш да се сокриеш во пештера и да се надеваш на најдоброто колку и примамливо да изгледа таа алтернатива. Бременоста е многу нешта, вклучувајќи и комплицирана и понекогаш напорна. Медицинската интервенција, ако имаш среќа да имаш здравствено осигурување или да можеш да си дозволиш друг вид на нега, помага да се осигураш дека бременоста тече така како што треба. Таа овозможува фетусот да биде тестиран за абнормалности. Овозможува здравјето на мајката да се следи за голем број болести кои може да се појават од бременоста. Ако работите тргнат на лошо во бременоста, а може да добијат многу, многу лош тек, медицинската интервенција може да го спаси животот на мајката и, ако се има среќа, животот на фетусот. Јавното делување од страна на доктор, бабица, или акушерка е исто така неопходно кога мајката се пораѓа.

Само откако ќе се роди бебето, жената конечно може да има малку приватност.

А тука е и начинот на кој законите, во многу држави, се мешаат во бременоста одново и одново, особено кога жената одбира да го искористи правото да ја прекине бременоста. Овој избор како да станува сѐ поголем есер, или барем така е претставен од најгласните во разговорот.

Од 1973 година па наваму, жените во САД имаат право да изберат да ја прекинат бременоста. Имаат право да изберат да не бидат приморани да станат мајки. Од 1973 година па наваму, тоа право е оспорувано на многу различни начини и секоја изборна година оспорувањето на репродуктивната слобода жестоко пламнува.

Во премногу држави, работите се искомплицираа за жените кои сакаат да го искористат правото на избор. Ширум САД, законодавните органи работат многу напорно за да го обликуваат и контролираат абортусот на бизарни и нечувствителни начини, кои на многу јавен и болен начин се мешаат во искуство што треба да е лично и приватно.

Изминативе години, неколку сојузни држави предложија и/или усвоија закон со кој се бара секоја жена да добие ултразвук пред да абортира. Седум сојузни држави моментално го бараат ова.

Држави како Вирџинија пробаа да усвојат предлог-закон со кој се бара од жените што сакаат да абортираат да добијат медицински непотребен трансвагинален ултразвук, но тој предлог-закон не успеа. Подоцна, по пат на донеси-па-промени донесување на закони, законодавните тела од Вирџинија усвоија предлог-закон со кој се бара регуларен ултразвук. Тој предлог-закон исто така бара, без разлика дали жената ќе одбере да го погледне ултразвукот или да го слушне чукањето на срцето на фетусот, информацијата за изборот да биде евидентирана во медицинското досие со или без нејзино одобрување.

Разговорот за трансвагиналниот ултразвук е особено разгорен, со тоа што оние што се залагаат за жената да има избор тврдат дека оваа процедура е слична со силување наложено од државата. Тоа и во најдобар случај е неодговорно. Силување си е силување. Оваа процедура – и законот што ја наложува процедурата – се нешто сосема друго, иако, можам да ве уверам, трансвагиналниот ултразвук не е баш пријатна процедура најмногу поради тоа што не е баш пријатно да си полугола пред непознати додека те испитуваат со тврд, пластичен предмет, барем во медицински контекст. Трансвагиналниот ултразвук е медицинска процедура што некогаш мора да се направи, но не можеме да имаме разумен разговор за процедурава и недостатокот од медицинска потреба за неа кога станува збор за жени што сакаат абортус зашто таа безгрижно се фрла во разговорот за абортус како само уште една тактика за одвлекување на вниманието.

Законите за ограничување на правото на абортус, без разлика која форма ја имаат, се прилично транспарентна тактика. Ако политичариве не можат да ги спречат жените да имаат абортус, сигурно ќе ги казнат за тоа. Ќе ги казнат жените строго, сурово, и на невообичаен начин зашто се осудиле да донесат одлука за мајчинството, нивните тела, и нивната иднина.

Во трката да се види кој може да ги казни жените најмногу зашто ги направиле овие избори, Тексас се надмина себеси, барајќи од жените да имаат повеќе сонограми, да им се каже за достапните услуги за да се поттикнат да ја продолжат бременоста и, најлошото, да го слушаат докторот додека зборува за сонограмот.

Овој закон дизајниран за да ја контролира репродуктивната слобода е толку кукавички што прави да се запрашате до каде отиде човештвото. Одвратен е. Нашиот правен систем, кој врз основа на Осмиот амандман бара ниту една кривична казна да не биде сурова и невообичаена, им дава повеќе човекови права на криминалците отколку на жените. Само прашајте ја Каролин Џоунс која поминала низ вакво грозоморно искуство во Тексас кога со сопругот сакале да ја прекинат втората бременост зашто нивното дете ќе се родело во живот полн со измачување и медицинска нега. Приказната е скоро неподнослива за слушање, што зборува за големината на тагата што таа мора да ја доживеала.

Гувернерот на Пенсилванија Том Корбет поддржа закон со кој ќе се бара жените да добијат ултразвук пред абортусот. Тој предложи жените едноставно да мижат за време на ултразвукот. Очигледно се дозволува било кој да се кандидира за функција деновиве, вклучувајќи ги и мажите што веруваат дека ако не посведочиш нешто, полесно ќе го пребродиш.

Како поддршка за предлог-законот бр. 954 во претставничкиот дом на Џорџија, со кој во државата би се забранил абортусот по дваесеттата недела, претставникот Тери Ингланд предложи жените да ги доносат мртвородените фетуси до крајот на терминот зашто кравите и свињите така прават. Потоа се обиде да го повлече кажаното и да рече дека не мислел така. Жените и животните не се многу различни за овој маж или за повеќето мажи кои се обидуваат да го контролираат разговорот и законите поврзани со репродуктивната слобода.

Триесет и пет сојузни држави бараат жените да добијат советување со различни степени на специфичност пред да абортираат. Во дваесет и шест сојузни држави, на жените мора исто така да им се понуди или даде пишан материјал. Ограничувањата продолжуваат и продолжуваат. Ако мислиш дека си слободен од овие форми на ограничување, размисли пак. Во 2011, 55 проценти од жените на репродуктивна возраст во САД живееле во држави кои биле непријателски настроени кон правото на абортус и репродуктивната слободна.

Периоди на чекање, советување, ултразвуци, трансвагинални ултразвуци, раскажување на сонограми – сите овие законодавни потези се инвазивни, навредливи и омаловажувачки зашто тие се многу погрешни обиди да се изврши притисок врз жените да го променат мислењето и да се изврши притисок врз жените да не ја прекинат бременоста, небаре е толку лесно да ги предомислиш жените што ваквите мали сурови тактики би успеале. Политичариве не разбираат дека ако жената еднаш се одлучи да ја прекине бременоста, многу малку нешта би ја предомислиле. Одлуката не е лесна, а ако жената ја смета за лесна, тоа е нејзино право. Жената секогаш треба да има право да избере што ќе прави со своето тело. Ме фрустрира тоа што морам постојано да го повторувам ова. На скалата за релевантност, јавното одобрување или неодобрување на изборот на жената не треба да заслужува мерка.

А што е со докторите кои полагаат заклетва дека ќе работат во најдобар интерес на нивните пациенти? Каква одговорност имаат тие во ова? Ако медицинските лица се здружат и одбијат да учествуваат во некои од овие ограничувања, дали тоа ќе направи некаква разлика?

Дебатава е димна завеса, но е многу намерна и опасна димна завеса. Опасна е зашто ни покажува дека може да се преговара за репродуктивната слобода. Репродуктивната слобода е точка на разговор. Репродуктивната слобода е кампањски проблем. Репродуктивната слобода може да се укине или ограничи. Репродуктивната слобода не е неотуѓиво право иако би требало да биде.

САД како што ги знаеме биле основани на принципот на неотуѓиви права, идејата дека некои права се толку свети што ни владата не може да ги одземе. Секако, создавачите на оваа земја мислеле само на богатите бели мажи кога го кодифицирале принципов, но сепак, идејата дека има некои слободи што не можат да се одземат е добра.

Она што оваа дебата ни го покажува е дека дури и во денешницава, правата на жените не се неотуѓиви. Нашите права можат да бидат и се, алармантно често, одземани.

Се мачам да прифатам дека телото ми е предмет на закони. Вистината поврзана со овој факт прави да ми е тешко да дишам. Не се чувствувам како да имам неотуѓиви права.

Не се чувствувам слободна. Не се чувствувам како моето тело да е мое.

Нема никаква слобода во ниту еден случај каде телото е предмет на закони, ни-как-ва. Во статијата „Озаконување на женското тело: Репродуктивната технологија и реконструираната жена,“ Изабел Карпин тврди дека, „Во процесот на регулирање на женското тело, законот ја наведува неговата форма, карактеристиките, и неговите граници.“ Премногу политичари и културни моралисти пробуваат да ги дефинираат формата и границите на женското тело иако жените би требало да ги дефинираат тие работи сами за себе. Би требало да ја имаме таа слобода, и таа слобода треба да биде света.

Потоа, секако, постои проблемот со жените кои сакаат, можеби, целосно да го избегнат прашањето за бременост со тоа што користат контрацептивни методи со приватноста и достоинството и достапноста што исто така би требало да бидат неотуѓиви.

Или, според некои, курвите.

Маргарет Сенгер би била ужасната да види како, скоро еден век откако ја отворила првата клиника за контрацепција, сѐ уште се бориме за истите права. Жената во никој случај не била совршена, но таа засекогаш го променила текот на репродуктивната слобода. Срамно е да се гледа што се случува со нејзиното наследство зашто навидум мораме да тврдиме дека контрацепцијата треба да можеме да си ја дозволиме и да биде слободно достапна и има луѓе кои не се согласуваат со тоа.

Во раните 1900-ти, Сенгер и други се бореле за репродуктивна слобода зашто знаеле дека квалитетот на животот на жената може да се подобри само со неограничен пристап до контрацепција. Сенгер знаела дека жените си правеле абортуси самите на себе или дека добивале тајни и илегални абортуси што им ги ставале животите во опасност или ги правеле неплодни. Таа сакала да смени нешто. Сенгер и другите пионери на контрацепцијата чесно и посветено се бореле зашто го знаеле тоа што жените од секогаш го знаеле, тоа што жените никогаш не си дозволиле да го заборават: многу често, товарот на раѓање и одгледување деца паѓа пред сѐ на грбот на жените. Секако, во мојов животен век, мажите преземаа поеднаква улога во родителствувањето, но единствено жените можат да забременат и мораат да ја преживеат бременоста што не е секогаш толку лесно колку што изгледа. Контрацепцијата им овозможува на жените да изберат кога ќе ја преземат таа одговорност. Поголемиот дел од жените имаат искористено барем еден контрацептивен метод во нивниот живот, па очигледно ова е избор што не сакаат да го изгубат.

Имаме необјасниви разговори за контрацепцијата, разговори во кои жените мораат да го правдаат користењето на контрацептиви, разговори како конгресно сослушување за контрацепцијата кое не вклучува жени зашто мажите на власт се свесни дека жените не мора да бидат вклучени во разговорот. Ние немаме неотуѓиви права како што имаат мажите.

Во 2012 година, Аризона воведе закон со кој му се дозволува на работодавецот да ѝ даде отказ на жена зашто кориси контрацепција. Мит Ромни, наводно добар претседателски кандидат, истата таа година изјавил дека би ја укинал организацијата Планирано Родителство (Planned Parenthood) што главно работи за да им овозможи достапна здравствена нега на жените.

Една просечна, морално банкротирана радио персона како Раш Лимбо јавно пострамоти млада жена, Сандра Флук, зашто имала храброст да се заложи за субвенционирана контрацепција зашто контрацепцијата може да биде многу скапа. Ја нарече курва и проститутка.

Повознемирувачка од оваа чудно-темпирана дебата за контрацепција е жестотата со која жените треба да оправдаат или објаснат зошто користат контрацептиви – здравствени причини, за да ја регулираат менструацијата, знаете, како да има нешто лошо во тоа да користиш контрацепција само затоа што сакаш да имаш секс без тој да резултира во бременост. Во одредени кругови, контрацепцијата се претставува како курвинска медицина. Сега се соочуваме и со бизарна нова моралност каде што жената не може едноставно да каже, на еден или друг начин, „Користам анти-бебе пилули зашто сакам кур.“ Крајно регресивно е жените да се чувствуваат како да мора да направат да изгледа дека користат контрацепција за причини поинакви од оние за кои таа била создадена: да го контролираат раѓањето.

Кога ќе има прогрес, како на пример Законот за достапна нега што бара од компаниите за приватно здравствено осигурување да ги покријат трошоците за превентативни услуги и контрацепција без патриципација, таквиот прогрес е попречен преку блокирање на владата во октомври 2013, зашто републиканците пробале да вклучат едногодишно одложување на законот во нивниот буџетски предлог. Пак и пак, гледаме како може да се преговара за женските тела.

Не можам а да не помислам на грчката драма„ Лисистрата“.

Она што често не се спомнува во разговорот е како дебатите за контрацепцијата и репродуктивната слобода постојано го принудуваат женското тело да биде законска мерка зашто мажите одбиваат да ја прифатат нивната инволвираност во контрацепцијата. Мажите одбиваат да дозволат нивните тела да бидат законска мерка зашто тие го имаат тоа неотуѓиво право. Фармацевстката индустрија нема вистинска мотивација да развие реверзибилен метод на машка контрацепција зашто леле, колку е профитабилно да се принуди жената да го носи тој товар. Според Шенон Петипис, која известува за Блумберг (Bloomberg), Американците потрошиле 5 милијарди долари на контрацепција во 2011 година. Има исклучоци, светли и блескави исклучоци, но повеќето мажи не изгледаат како да ја сакаат одговорноста на контрацепцијата. А зошто би ја сакале? Гледаат колку таа одговорност продолжува да ги чини жените, како јавно така и приватно.

Контрацепцијата е тортура. Медицинско чудо е, но исто така е несовршено чудо. Најчесто, жените мора да стават нешто во нивните тела што ќе ги промени нормалните функции на телото само за да можат да имаат сексуален живот и да спречат несакана бременост. Контрацепцијата може да биде скапа. Контрацепцијата може да ви ги поремети хормоните, менталното здравје и физичката добросостојба зашто, во зависност од методот, има несакани ефекти и тие несакани ефекти можат да бидат апсурдни. Ако користиш анти-бебе пилули, мора да се сетиш да ја испиеш или тешко тебе. Ако користиш спирала, мора да се грижиш да не ти зарасне во телото и да стане постојан дел од тебе. Океј, тоа си е моја грижа. Не постои секси начин да си ставиш дијафрагма кога ќе дојде оној момент. Кондомите пукаат. Можеш да веруваш во свршување надвор само во средно. Понекогаш, контрацепцијата нема ефект; знам многу бебиња родени и покрај пилулите. Користиме контрацпеција зашто, колку и да е тортура, бескрајно е подобра од алтернативната опција.

Ако ви го кажам мојот избор на контрацептивен метод, во кој некако како да се колнам, ќе ме погледнете и ќе си речете дека сум малку луда. Доволно е да се каже дека би земала пилули секој ден кога и мажите би ја имале истата опција. Сите треба да сме заедно во ова, така? Еден од најомилените моменти ми е кога дечко, во одреден момент од врската, ќе каже нешто очајнички надежно како „Дали користиш анти-бебе пилули?“ Јас едноставно велам, „Не, а ти?“

Редовно мислам, со шокантна јасност, дека сакам да почнам тајна мрежа за контрацепција. Секако, исто си мислам дека тоа е лудо. Овие димни завеси се само тоа. Сѐ ќе биде океј. Потоа, сфаќам дека верувањето, колку и да е минливо, дека жените можеби ќе мораат да работат илегално за да имаат репродуктивна слобода и не е толку лудо колку денешнава ситуација. На мој начин, бев баш сериозна за создавањето некаква тајна мрежа за да се осигурам дека правото на жената безбедно да го одржува своето репродуктивно здравје е, на некој начин, засекогаш неотуѓиво. Сакам да се чувстувам корисна. Сакам да се чувствувам моќна.

Кога почнав да ја замислувам тајната мрежа, чувствував дека жените, и мажите што нѐ сакаат (колку да имаат секс со нас), ќе треба да бидат подготвени за најлошото. Најлошото, кога станува збор за репродуктивната слобода, најверојанто сѐ уште нема поминато. Најлошото е секаде околу нас, ни дише в врат, во немилосрдна потера. Политичариве или се сериозни или пробуваат да го пренасочат националниот разговор. Двете алтернативи продолжуваат да ја откриваат кршливоста на правата на жените.

Подземната железница функионирала во минатото. Може пак да проработи. Би можеле да собереме различни методи на контрацепција и информации за тоа каде жените би можеле да одат за безбедна, етичка репродуктивна нега во секоја држава – контрацепција, абортус, едукација, за сѐ. Би можеле да создадеме мрежа на луѓе кои ќе нудат услуги за репродуктивна нега и луѓе кои би правеле абортуси и хумано би се однесувале со жените зашто владата не го прави тоа и би можеле да бидеме сигурни дека секоја жена која требало да избере ја имала помошта што ѝ требала.

Со часови мислам на оваа тајна мрежа и што сѐ би ни требало за да се осигураме дека жените никогаш нема да мораат да се вратат во времето кога се изложувале на сериозен ризик за да ја прекинат бременоста. Може да се претвори во трилогија и во познат филм со Џенифер Лоренс во главната улога.

Ме изненадува, иако не би требало, колку краткорочни сеќавања имаат политичарите. Тие забораваат на бруталните мерки што жените ги преземале за ја да прекинат бременоста кога абортусот бил противзаконски или кога бил премногу скап. Жените се фрлале по скали или на други начини пробувале да си наштетат самите на себе за да предизвикаат спонтан абортус. Др. Валдо Филдинг забележал за Њу Јорк Тајмс (New York Times), „речеси секое средство што можете да го замислите било користено за да се направи абортус – големи игли, чингелаќиња, соларници од резбано стакло, шишиња од сок, некогаш непроменети, некогаш со скршен врв.“ Жените пробувале да користат сапун и избелувач, катетери, лекови на природна база. Историски, жените би направиле сѐ за да го постигнат неопходното. Жените повторно ќе го прават ова ако нѐ избуткаат во тој ужасен ќош. Ова е одговорноста што општеството им ја наложува на жените веќе стотици години.

Мало чудо е што жените немаат краткорочно сеќавање за правата што од секогаш ни биле, срамно, отуѓиви.

 

 

 

 

 

 

Авторка: Роксен Геј 

Превод: Сара Гинова

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 20, 2022
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram