Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.

Уште во март годинава Светската здравствена организација, но и други меѓународни и локални граѓански организации предупредија на ризикот од зголемување на семејното насилство во услови на криза, како пандемијата на КОВИД-19 со која се соочуваме во моментов. И покрај оскудните податоци, искуствата од Кина и останати земји каде проширувањето на вирусот започна уште на почетокот на годинава, укажуваа на драстично зголемување на семејното насилство, што беше доволно да навестат слични сценарија и во остатокот од светот. Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.

Семејното насилство е во пораст кога семејствата поминуваат повеќе време заедно, како празници и летни одмори, а во услови на пандемија насилството се однесува како опортунистичка инфекција која само си наоѓа плодна почва за процветување. Рестрикциите на движењето, постојаните препораки да се остане дома, работењето од дома, грижата за деца кои не одат во градинка или училиште, губењето работа, се само дел од широката лепеза на предизвици кои ги донесе пандемијата. Стресот кој го предизвикува неизвесноста на ситуацијата, а особено економските последици кои во некои случаи ја додведуваат во прашање и елементарната егзистенција, придонесуваат за зголемување на ризикот од насилно однесување чии најчести жртви се жените и децата.

На глобално ниво, најголем дел од убиствата на жени (64%) се извршени токму од страна на интимен партнер или роднина. Дури и без пандемија, една од пет жени во ЕУ е жртва на семејно насилство, а ризикот е уште поголем за жените кои живеат во домаќинства кои се борат за основна егзистенција. Доколку имаме предвид дека веќе голем дел од домаќинствата ги почувствуваа финансиските последиците од пандемијата, особено како резултат на бранот на отпуштања, можеме да претпоставиме колку ризикот од насилство во домот ја достигнува својата кулминација во овој период. И покрај тоа што сè уште е можеби рано за констатирање на одредени трендови, сепак првичните извештаи укажуваат на интензивен пораст на насилство врз жените за повеќе од 25%, во некои земји достигнувајќи дури и двојно повеќе.

За време на изолацијата во Обединетото Кралство бројот на убиства во домовите се зголемил за двојно повеќе и сервисите за поддршка регистрирале рекорден број на јавувања. Се претпоставува дека најмалку 16 од смртните случаи во последните три недели се резултат на семејно насилство, што е најголем број на фемициди кој е регистриран во Обединетото Кралство во последните 11 години.

Во Шпанија, која е една од земјите пионери во борбата против родовото насилство, во првите две недели од почетокот на изолацијата која започна на 14 март, бројот на регистрирани случаи на семејно насилство бил за 18% поголем од претходниот месец. Само во првите две недели од месец април имало за 47% зголемување на повиците на линијата за семејно насилство во споредба со претходната година, додека бројот на жени кои се обратиле до сервисите за поддршка преку електронска пошта или социјални медиуми се зголемил за неверојатни 700%. Меѓутоа, постои нагло намалување на бројот на пријави во полиција, пред сè поради потребната поддршка од семејството и блиските, што е уште повеќе отежнато со изолацијата.

Франција е една од земјите во Европа која има најголема стапка на семејно насилство, имајќи предвид дека според официјалните статистики секои три дена една жена е убиена од страна на сегашен или поранешен партнер. Со започнувањето на изолацијата на 17 март, бројот на пријавени случаи на семејно насилство во Франција се зголемил за 30%, а само во Париз за 36%. Имајќи предвид дека стапката на пријавени случаи во Франција е само 20%, останува претпоставката за реалниот опсег на насилство во овој период.

Едно од позастрашувачките сценарија се случува во Турција каде во месец март се регистрирани 29 фемициди од кои 21 жена била убиена од маж во период од 20 дена додека трае изолацијата (11 март). Од овие, 18 жени биле убиени во својот дом, а 4 на работно место. Во 2019 година вкупно 474 жени биле убиени во Турција, од кои 114 заради тоа што барале на развод или одбиле да се смират со партнерот. 218 жени биле убиени од страна на сегашен или поранешен партнер, а 101 жена од страна на роднини.

Фемицидот како најтешка форма на семејно насилство е неретко присутен и во земјава и покрај тоа што сè уште недостасуваат соодветни официјални статистики за негово евидентирање. Според истражувањата, во повеќе од 80% од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата, а во најголем дел од случаите убиството е извршено од страна на сегашен или поранешен партнер. Во нашата земја, иако се уште нема податоци кои зборуваат за пораст на домашното насилство, само минатата недела триесет и шестгодишна жена беше убиена во својот дом од страна на својот сопруг по вербална расправија, пред очите на нивните деца.

Податоците од минатонеделниот извештај на UNFPA укажуваат на катастрофалните последици кои може да ги има пандемијата врз жените и девојчињата на глобално ниво во претстојниот период. Според проекциите на UNFPA, за секои нови три месеци на продолжување на изолацијата, се очекуваат дополнителни околу 15 милиони случаи на родово базирано насилство, што на годишно ниво би стигнало и до 61 милион случаи. Доколку изолацијата продолжи во наредните 6 месеци се проценува дека 47 милиони жени нема да имаат пристап до современа контрацепција што може да резултира во 7 милиони несакани бремености. Според проценките, пандемијата може да доведе до зголемување на родово базираното насилство не само со зголемување на фактичкото насилство во домот за време на изолацијата, меѓутоа и со удар кој ќе го нанесе врз постоечките програми за превенција, помош и поддршка.

И покрај сите повици и предупредувања, статистиките неминовно говорат дека државите потфрлија во превенирање на насилството и она што останува сега е само да се санираат штетите. Кризата ги обелодени недостатоците на мерките за поддршка кои дури и во нормални времиња не соодветствуваат на потребите, така на пример, дури и во земји на ЕУ капацитетите на шелтер центрите за жени некаде се дури двојно помали од оние пропишани со Истанбулската конвенција.

Ефектите од оваа пандемија ќе ги чувствуваме уште долго за што ќе биде потребна сериозна подготвеност на сервисите за напливот од жртви кои ќе бараат поддршка и помош по завршување на изолацијата. Спротивно на сите овие повици и укажувања беше неочекуваната одлука на Владата на РСМ за пренамена на 5 милиони денари од програмата за родова еднаквост на Министерството за труд и социјална политика, наменета за поддршка на граѓанскиот сектор кој е главен двигател во полето на превенција и заштита од родово базирано насилство. Имајќи предвид дека токму во овој период од исклучително значење е поддршката на активностите за намалување на негативните последици од кризата врз основните човекови права на жените, ваквите потези укажуваат на неприоритетноста на родовата еднаквост во државниот систем.

Новонастанатата ситуација во која се наоѓаме влијае на сите нас, но не на сите подеднакво. Токму онаму каде постои нееднаквост во пристапот до основни човекови права, во пристапот до расположливите услуги и сервиси, постои и нееднакво влијанието на ефектите од пандемијата. Овој период државите беа ставени на тест за мерките и сервисите кои ги предвидуваат за заштита од насилство, но и на уште поголем тест за постоечките нееднаквости во општеството. Пандемијата, покрај тоа што самата создава нееднаквости, истовремено ги кристализира невидливите и продлабочува постоечките нееднаквости. По кој знае кој пат, сведоци сме дека правата на жените се многу често меѓу првите на удар во услови на криза, што неминовно ги уназадува сите долгогодишни залагања за родова еднаквост. Она што е поразително во целава ситуација е што овој период на криза само ни ја избистри сликата за родово нееднаквата реалност во која секојдневно живееме.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • May 4, 2020
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram