Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување

Пред околу два месеци јавноста дозна за застрашувачкиот случај со родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, чии три здрави органи неоправдано ѝ беа извадени, иако самиот настан се случи минатата година во август. За случајот се пишуваше и дискутираше детално во јавноста и секој нареден настан во приказната беше јасно документиран. Она што неретко се случува по вакви случаи е тие да добијат голем публицитет и со истиот да се врши притисок како на злосторникот, така и на жртвата. Во случајот на Веапоска, притисокот беше кон директорот на струшката болница, лекарската коморa и Министерството за Здравство. Во други случаи, заради публицитетот на целиот настан се разгледува историјата на жртвата, која следствено е ставена во јавното око и не е имуна на осудување. Во наведениот случај, таа беше „идеалната жртва“ затоа што се најде во неизбежни околности, каде немаше ниту можност да избегне да биде на таа локација, не го „познаваше“ нејзиниот напаѓач и не можеше да се бори против нејзиниот напаѓач. Поточно, таа не можеше во никој случај да биде обвинета за било каков морален или кривичен прекршок. Меѓутоа, како резултат на нефукционалниот систем, потребен беше јавниот притисок за воопшто да има некакво поместување во врска со нејзиниот случај и дури пола година подоцна да се актуелизира тоа што ѝ се случи. Овој случај е доста комплексен за јасно да се увиди двојната виктимизација, меѓутоа таа постои. Кога системот не реагира соодвено на насилството кое било извршено, тоа претставува двојна виктимизација само по себе.

За да може да се сфатат сите сегменти релевантни за еден ваков настан, битно е да се претстави целокупната слика за што сè ѝ се случува на една жртва, односно кои се можните патишта на нејзината болка, од случувањето на самиот настан, до судскиот процес (ако делото се пријави) и понатаму. За да се избегне капитализирање на болката на Веапоска или на било која друга жртва, ќе се користиме со хипотетички настан. Односно, во натамошниот текст ќе ги следиме честите последиците конкретно врз жртва на сексуално насилство, разгледувајќи ги повеќето слоеви кои ја предизвикуваат траумата. Тоа ќе го направиме заради тоа што во реалноста речиси никогаш не постојат „совршени“ жртви на сексуално насилство и токму затоа тие често се жртви на двојна виктимизација.

 

 

Првиот пат – настанот

 

 

Кога ќе се случи сексуално злоставување (или сексуално насилство) на жртва, најчесто се зборува дека има бројни последици по нејзиното здравје – како физиолошки, така и психолошки. Од физиолошките се бројат несакано забременување на жртвата, пренесување на венерични инфекции, неплодност, инфекции на уринарниот тракт и останати телесни и тешки повреди. Психолошките последици се исто толку сериозни и може да траат многу подолго. Може да се појават следните: синдром на пост-трауматски стрес, страв, анксиозност, вина, депресија, злоупотреба на супстанции, растројства во исхраната и во најлош случај може да има и фатални последици. А, често кога се дискутира за трауматски настани, се напоменува дека на некоj начин преживувањето, односно претрпувањето на минатото (т.н. „флешбек“) е потешко од самиот трауматкси настан. Тоа е затоа што настанот што ја предизвика таа траума има почеток и крај. Од друга страна, пак, претрпувањето (најчесто кај луѓето кои имаат симптоми на пост-трауматски стрес) може да се потворува одново и да се појавува во најразлични моменти. На физиолошко ниво, повторувањето на овие мемории предизвикува зголемена кардиоваскуларна работа (Chou et al., 2015) и како плашење од самите мемории при нивно сеќавање (Joscelyne et al., 2012). Oвие реакции, генерално, се ирационални и надвор од контрола на лицата. А, кога луѓе имаат интензивни нагони и емоционални реакции врз кои или немаат или имаат мала контрола, тие се чувствуваат како да не припаѓаат на своето тело. Тоа дополнително предизвикува стрес на лицата кои поминале низ трауматски настани.

Друг битен елемент што мора да се напомене дека е фактот дека жртвите немаат едно исто искуство. Како што пишуаат Јуан, Кос и Стоун (Yuan, Koss & Stone, 2006), „разновидноста на емоционалните исходи е видлива според варијабилитеот на сериозноста (благ вознемирувачки настан и опасен по живот), времето (непосредно по настанот или со одложено влијание), времетраењето (краткорочно до долгорочно) и видовите на последици [по жртвите].“ Тоа значи дека секој жртва е ранлива на свој начин.

 

 

Вториот пат – барање помош

 

 

За надминувањето на болката нанесена од сексуално насилство, скоро секогаш се бара помош од заедницата и во општествените системи на заштита. Тоа подразбира обраќање до семејството или пријателите, до полициските служби или здравствениот систем, т.е. посетување доктори или професионалци по ментално здравје. Но, одлуката да се побара помош не е толку лесна и ја претставува првата препрека која мораат жртвите да ја надминат. Во различни култури на различен начин се гледа сексуалното насилство и затоа има различни емоционални исходи кај жртвите. Како што наведуваат Калра и Бугра (Kalra & Bhugra, 2013), во социоцентрични култури, каде срамот е превалентна емоција, жртвите може нема да сакаат да разговараат за својата траума и следствено нема да го пријават случајот. A, во егоцентричните култури, кои се повеќе индивидуалистички, се предизвикува поприватно чувство на вина или самообвинување.

Без разлика на културата во која се наоѓа, општествените и индивидуалните стеги, како и достапноста на формалните институции на заштита, жртвата најчесто има потреба да ја сподели својата траума. Тука се говори за позитивна и негативна социјалната подршка или социјалната реакција. Под позитивна социјална реакција се подразбира верување на жртвата за случувањето на настанот, сослушување што има таа да каже, како и пружање средства и можности оптимално да се справи настанот; негативна социјална реакција вклучува обвинување на жртвата дека „сама е крива“ или дека била неодговорна. Но, што се случува кога овие формални и неформални системи на подршка не ѝ ја даваат помошта, или уште полошо, кога ја негираат состојбата на жртвите? Различни истражувања покажуваат кон тоа дека (Davis et al., 1991; Ullman & Siegel, 1995; Ullman, 1996) негативните реакции само ја влошуваат психолошката симптоматологија, го одлужуваат закрепнувањето и доведуваат до полошо перцепирано физиолошко здравје кај жртвата. На општествено ниво, се создава култура на недоверба во системот и доведува до непријавување што дополнително влијае на тоа како се перцепира овој проблем и како се водат законодавните политики околу овие прашања.

 

 

Третиот пат – јавно обелоденување на случајот

 

 

Како што беше наведено во воведот, кога случаите од ваков тип стануваат јавни најчесто се обелоденуваат детални информации и за жртвата и за обвинетиот. Но, тоа претставува нож со две острици – кога некоја личност што е на позиција на моќ јавно е обвинета за некакво кривично дело, тогаш често се охрабруваат и други негови жртви да покренат судска постапка. Од друга страна, пак, кога се откриваат приватни информации за жртвата, содржината на истите претставуваат лакмусов тест за дали тоа дали истата ќе биде подржана или критикувана од јавноста. Доколку жртвата не го помине ваквиот тест на морална „чистота“, односно доколку во нејзината историја е пронајдено било каква информација што може да ја претстави во ништо помалку од „идеална“ позиција, тогаш стихијата на осудувања неизбежно ќе излезат на виделина.

Без разлика кој комуникациски канал се користи, најчесто се случува на јавнно засрамување на жртвата, односно понижување. Ваквиот обред на срамење не е нов per se; во последната деценија тоа најчесто се случува на интернетот, преку социјалните мрежи. Иако може да се јави во различни форми, ваквиот тип на јавно осудување на жртвата често е во облик на сајбербулинг. Како релативно нов феномен, сè уште се истражуваат целосните ефекти од ваквото однесување. Некои истражувања покажуваат дека во зависност од повеќе фактори – колку често се повторува однесувањето, балансот на моќ, јавно или приватно силеџиство, како и анонимност (Palladino et al., 2017) – како и типот на силеџиство (Langos, 2015) зависи и ефектот од ваквото однесување. Но, заради постоечките проблеми во правосудниот систем и индиферентноста кон справување со било какви однесувањана интернетот, не постои системска подршка на жртвите.

 

 

Четвртиот пат – системска индиферентност

 

 

Неколку истражувања покажуваат дека самата правна процедура ѝ претставува вознемирување на жртвата (Cluss et al., 1983; Sloan, 1995a; Matoesian, 1993), но тоа е кога општествените системи на заштита „функционираат“. Кога системите на заштита, особено полицијата, го негираат злосторството, тоа допринесува до зголемување на пост трауматските симптоми (Sloan, 1995b). Повторно, тоа е во ситуации кога злосторникот не е дел од (или блиску до) самата полициска служба и жртвата може да се охрабри да го пријави случајот. Во светскиот извештај за насилство и здравје на Светската Здравствена Организација се наведува дека вредностите на една заедницата се битен фактор. Колку длабоко е вкоренето верувањето во машка супериорност и машкото „право“ на секс има големо влијание врз колку е веројатно да се случи сексуално насилство, како и општата толеранција во заедницата на сексуални напади и санкциите, доколку ги има, против сторителите. Полицијата го третира пријавувањето на секусалното злоставување со помала сериозност особено ако нападот е извршен од страна на сопругот на жртвата. Кога полициската истрагите и судските случаи продолжуваат, постапките може да бидат релаксирани или корумпирани – на пример, така што правни документи се „губат“ за возврат на мито. Неретко е и самиот сторител да е дел од институциите за заштита, што е дополнителен фактор заради кој жртвата не го пријавува случајот.

 

Петиот пат – социјални норми

 

 

Социјалните норми на една култура не се само неформални правила кои го раководат однесувањето на лицата, туку се и одраз на вредносниот систем во даден регион. Кога во еден систем не се вклучува сеопфатно и системско справување со сексуално, но и родово базирано насилство, тоа покажува дека системот повластува едни групи повеќе од другите. Како што се наведува во извештајот на СЗО, сексуалното насилство извршено од мажи е во голема мера вкоренето во идеологиите на „правото“ на секс кое им се доделува на мажите. Многу мажи на тој начин едноставно ја исклучуваат можноста дека нивните додворувања може да биде одбиени или дека жената има право да направи автономна одлука за учество во сексуални пракси.

Општествените норми околу употребата на насилство како средство за постигнување на одредена цел се значајно поврзани со распространетоста на сексуалното насилство. Во општества каде има силна идеологијата за супериорност на мажите (нагласувајќи ја доминацијата, физичката сила и машка чест) сексуалните насилства се почести. Земји со култура на насилство, или каде има насилен конфликт, доживуваат зголемување на скоро сите форми на насилство, вклучувајќи го и сексуално насилство. Oд друга страна, битно е да се разгледаат и начините на кои општетвото реагира по сексуално насилство, затоа што реакциите често се раководат по преовладувачки идеи за сексуалноста и статусот на жени во општеството.

 

 

Крај на патот – што може да се направи?

 

 

Секој од горенаведените сегменти е тема која вреди засебно да се истражи. Но, она што може и треба да се направи е не само да се третираат последиците од ваквите настани, туку проактивно да се работи на спречување да се случат во прво место. Некои истражувања (Santelli et al., 2018; Morean et al, 2021) покажуваат дека работилници и оптшо сексуално образование помага во превенција на сексуално злоставување, зголемување на просоцијалното однесуцање (т.е. намалување на апатијата на „случајниот минувач“), како и обука да се препознаат ситуациите во кои може да се случи ваков настан. За поздрав и почит е тоа што организации како ХЕРА работат на интеграција на сексуалното образование во формалната настава. Но, во чекор треба да бидат и формалните институции на заштита. Тие, исто така, треба да се дел правењето на промена, без разлика дали преку менување на внатрешните политики околу истрагите на сексуално насилство или преку организирање на вакви обуки и работилници. Ако системот не ја поддржи ваквата промена, тогаш ќе биде многу тешко да се искорени проблемот.

 

 

 

Библиографија:

Brewin, C. R. (2015). Re-experiencing traumatic events in PTSD: New avenues in research on intrusive memories and flashbacks. European journal of psychotraumatology, 6(1), 27180.

Campbell, R., Sefl, T., Barnes, H. E., Ahrens, C. E., Wasco, S. M., & Zaragoza-Diesfeld, Y. (1999). Community services for rape survivors: Enhancing psychological well-being or increasing trauma?. Journal of consulting and clinical psychology, 67(6), 847.

Chou, C. Y., La Marca, R., Steptoe, A., & Brewin, C. R. (2018). Cardiovascular and psychological responses to voluntary recall of trauma in posttraumatic stress disorder. European journal of psychotraumatology, 9(1), 1472988.

Cluss, P. A., Boughton, J., Frank, E., Stewart, B. D., & West, D. (1983). The rape victim: Psychological correlates of participation in the legal process. Criminal Justice and Behavior, 10(3), 342-357.

Davis, R. C., Brickman, E., & Baker, T. (1991). Supportive and unsupportive responses of others to rape victims: Effects on concurrent victim adjustment. American Journal of Community Psychology, 19(3), 443-451.

Joscelyne, A., McLean, S., Drobny, J., & Bryant, R. A. (2012). Fear of memories: the nature of panic in posttraumatic stress disorder. European Journal of Psychotraumatology, 3(1), 19084.

Kalra, G., & Bhugra, D. (2013). Sexual violence against women: Understanding cross-cultural intersections. Indian journal of psychiatry, 55(3), 244.

Langos, C. (2015). Cyberbullying: The shades of harm. Psychiatry, psychology and law, 22(1), 106-123.

Matoesian, G. M. (1993). Reproducing rape: Domination through talk in the courtroom. Chicago: University of Chicago Press.

Morean, M. E., Darling, N., Smit, J., DeFeis, J., Wergeles, M., Kurzer-Yashin, D., & Custer, K. (2021). Preventing and responding to sexual misconduct: Preliminary efficacy of a peer-led bystander training program for preventing sexual misconduct and reducing heavy drinking among collegiate athletes. Journal of interpersonal violence, 36(7-8), NP3453-NP3479.

Palladino, B. E., Menesini, E., Nocentini, A., Luik, P., Naruskov, K., Ucanok, Z. & Scheithauer, H. (2017). Perceived severity of cyberbullying: Differences and similarities across four countries. Frontiers in psychology, 8, 1524.

Santelli, J. S., Grilo, S. A., Choo, T. H., Diaz, G., Walsh, K., Wall, M. & Mellins, C. A. (2018). Does sex education before college protect students from sexual assault in college?. PloS one, 13(11), e0205951.

Sloan, L. M. (1995а). Revictimization by polygraph: The practice of polygraphing survivors of sexual assault. Med. & L., 14, 255.

Sloan, L. M. (1995b). Revictimization by polygraph: The practice of polygraphing survivors of sexual assault. Med. & L., 14, 255.

Ullman, S. E. (1996). Correlates and consequences of adult sexual assault disclosure. Journal of interpersonal violence, 11(4), 554-571.

Ullman, S. E., & Siegel, J. M. (1995). Sexual assault, social reactions, and physical health. Women’s health (Hillsdale, NJ), 1(4), 289-308.

Yuan, N. P., Koss, M. P., & Stone, M. (2006). The psychological consequences of sexual trauma.

НАПИШАНО ОД:
  • Матеј Тројачанец
  • April 5, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Џоан Дидион: За самопочитта
„Карактерот - подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот - е местото од каде што извира самопочитта.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram