Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.

Неапол е град за кој што Џорџо Агамбен претпоставува дека ако бил изборот за престој во Италија, наместо Торино, филозофот Фридрих Ниче во 1888-89 г. немало да полуди и можеби никогаш немало да се врати неколку чекори наназад за да го гушне торинскиот коњ.

Неапол е град на Пулчинела, патем, и причината – според Агамбен – заради која Ниче би можело да не полуди, ако го избере како референтна фигура наместо Заратустра.

И последниот впечаток за градов, при овој обид во зборови да се истолчи искуството од вечерта на Пенси во Скопје, Неапол е град во кој за да се преживее трагичноста на настаните, истиве се замешуваат во ведрина и никогаш само не се плаче или само не се смее, туку истовремено и заедно – и се смее и се плаче. Tiene ment’ a ‘sta mascara: nun vide ca je maje rido e maje chiagno o – pe’ meglio parlà – accussì forte astregno ‘nzieme ‘stì ddoje cose cа cchiù nun se po’ dicere: ‘È chesta! . . . È chella!’ „Имај ја на ум мојата маска: не гледаш дали јас плачам или се смеам или подобро да се каже – толку силно ги врзувам овие две работи што никој не може да каже: Тоа е! . . . Ова е!“ – вели Пулчинела. Ова обраќање кон светот не е поразлично од тоа како Пенси се движеше низ болката и мапата на повреди на оние кои живеат инакво, рабно, спротивно на нормата и нормалното, често за осуда и против правилата на денот и календарот на паланката. Неговото движење низ мапата на повредите, соодветно и неговото движење позади сцена и на сцена, нужно завршуваше во врисок кој се разлева и ги разлабавува грижите до нивна променета агрегатна состојба, сега, онаква на врвна ведрина. За маската или вџашувачките слоеви на шминка (пр. во случајот на дрег-кралиците), зборуваше и Пенси: „ние сме и вајари, и скулптори и сликари“, со апел до сите – да се прави што се сака со себеси, да се сака секого, да се биде сенешто, поентираше мајсторката на вечерта: да се напушти нашата persona, да се создаде нова, пак да се напушти, да се (пре)создаде нова… и сѐ така до најважната политичка операција на нашето време: да се деактивира диспозитивот на личноста, носителот на правниот капацитет кој во себе веќе ја содржи логиката на исклучување и нејзината екстензија во сите (не)замисливи форми на насилство. Формите на живот и инаков свет се можни само преку политичката операција на расличностување! Формата-на-живот како среќен живот нужно се населува во биолошко-правно-политичка растеретеност, во дестабилизиран и до неодамна препознатлив социјален статус. Не постои есенција која ја предодредува нашата судбина, тоа не може да биде полот ниту родот, законот ниту правилото, досадната естетска ниту етичка рамка на нацијата, бидејќи нацијата не е единствениот можен амбиент на заедничарење, пред и после нацијата тлеат мноштво форми на бивање и бивање-заедно.
Сепак, расличностувањето не е лесна политичка операција, таа истовреме во себе го содржи и смеењето и плачењето, но ништо што наѕира ново не може да биде лесно. Ниту животот во Неапол е лесен, ниту животот на кутрите работливи луѓе кои се облекуваат како Пулчинела и бараат 1, 2, 3 евра од туристите, како што, конечно, не е лесно да се биде инаков во паланката и да се спротивстави бивањето-заедно на нацијата која евентуално мрази, односно на правото кое сигурно исклучува. Категоријата persona, веројатно, е најодговорна за политичкото и правното поимање на окцидентот, и ги посредува сите крупни правни и политички појави кои историографски даваат одговори на прашањата за ропството, расизмот, војните, и останатите нивни современи облици. Оттука, изгледа навистина неумесно – да се постават инакви прашања чии одговори ги содржат фигурите на Пулчинела и Пенси. И тоа е така заради политичката навика на конфликт и непријателство, на милитаризирани опции за освојување на политичкиот простор.
„Во животот на луѓето – ова е учењето [на Пулчинела] – најважната работа е да се најде излез.“ (Агамбен 2015: 45). Излезот, бидејќи води само другаде и нема прецизна и претходно одредена дестинација, истовремено претставува и прекин, расцеп, бегство од постојното и премин кон новото. Или како што порачува Пулчинела: Ubi fracassorium, ibi fuggitorium (Каде што има катастрофа, има и пат за бегство). Имено, излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси. На тоа инсистира и Агамбен и некои негови толкувачи: ако конфликтот се овозможува во политиката преку војна, тогаш играта – како спротивна политичка акција на војната – го оневмозможува (l’inoperosità del conflitto). Играта е жива, успева и се одвива на прагот кон поинаков свет, живот и заедница. На Пенси, на преминот 15-16 јуни, 2019 г. му успеа да претстави и претскажа друг свет во кој може да живееме.
Да живееме!

Посакав последниот пасус од овој текст да го започнам со „Текстов го посветувам на…“, но не може да се посвети текст на регистарот на толку многу нови зборови, трпнежи, искуства, радости и стравови заедно, погледи и сензации. Текстот постои поради тој и таков регистар, а истиов има и име – Славчо Димитров.

Изразувам длабок наклон за работата на главниот куратор Славчо, за неговиот тим Стефи, Ена, Буби и Јана, за животворниот фестивал за квир култура и уметност Светкави рани (2019, Викенд на гордоста во Скопје). Вечерта на Пенси во Скопје беше поредена како последен настан – Дрег Шоу: Берлин-Белград-Скопје од програмата на Светкави рани (2019).

НАПИШАНО ОД:
  • Вики Младенова
  • June 26, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: БОРБА
Калина Малеска, Александра Спасеска, Билјана Кочоска, Калиа Димитрова и Марта Стевковска ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сите за МКЦ: Движење кое почна со дружба
Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram