Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.

ВЛАД

Коосновач на wayme.tours, 30 год.
Камјански, Украина

 

На 12 февруари ми се слоши и останав дома со температура. На вести зборуваа за опасностите од руската агресија.

Го замолив татко ми да го наполни резервоарот на колата и да спреми резерви со вода дома и во градината. Почнал да го пакува планинарскиот ранец, но не завршил. Мајка ми не веруваше дека се наближува инвазија.

24 февруари – 1 ден од војната

Се разбудив во 7:41. Беше многу тивко. Почнав да ги проверувам вестите. Се јавив на двете мои баби кои ја преживеаја Втората светска војна. Едната ми рече дека е мирна бидејќи веќе минала низ војната. Она што ја загрижуваше беше колку долго ќе трае војната. Напролет, ако не се засадени сите житарки, можно е да дојде до глад.

Мајка ми доби повик од работа. Распоредот се промени: од тој ден, таа ќе работи во смена од 24 часа на Украинската железница (порано, нејзините смени траеа по 12 часа).

Беше воведена воена состојба. Од првиот ден, сестра ми почна да оди на протестите во Варшава.

25 февруари – 2 ден од војната

Мајка ми видела контролни пунктови на излезот од нашиот град и долга редица затоа што ги проверуваа сите багажници и пасоши.

Татко ми разговараше со својот братучед од Белорусија кој му рече дека руските војници се упатуваат кон Украина. Не знам дали е вистина. Ќе видиме. Мајка ми сè уште не верува дека војната започнала.

26 февруари – 3 ден од војната

Утрото зедов машинка за коса и ја избричив главата без штитник за машинка за прв пат во мојот живот. Не требаше да размислувам за тоа во следните 10-15 дена во случај да морам да одам во војна. Тоа беше симболичен гест.

Сите ние имаме свои обреди и ритуали. Ми предизвика благо олеснување.

Мојот роден град е празен. Луѓето се или дома или си заминуваат. На мостот и во близина на браната, ги видов контролните пунктови, противтенковските ежиња и луѓе со митралези. На банкоматите имаше долги редици. Никој не можеше да извади повеќе од илјада хривнии [околу 30 евра] по човек.

28 февруари – 5 ден од војната

Во канцеларијата за воена регистрација рекоа дека не им требаат уште луѓе.

Планирав да отидам до неколку продавници и да го посетам Центарот за хуманитарна помош. Исто така, сакав да купам јод во случај на нуклеарна експлозија, но немаше во ниту една аптека. Купив чоколади и суво грозје, што беше доволно за ден-два за целото семејство.

Најдов една продавница во сопственост на муслиман. Ми даде попуст на сувото грозје и ми рече: „Грижи се за себе и за своите најблиски, брате. Алах ќе ги казни овие Руси, ние ќе победиме!“

2 март – 7 ден од војната

Ноќта паѓаше снег. Сестра ми рече дека нема да има нуклеарна војна. Го напишав следново:

Се молам за денот

кога сите ќе го видиме Путин

на обвинителната клупа

во Меѓународниот кривичен суд

во Хаг.

Во изминативе две години, поради карантинот, станав позаинтересиран за политика и култура. Во еден момент ми стана јасно дека не постои ништо надвор од политиката. Исто така, ми стана очигледно дека исполнувањето на договорите од Минск значеше самоубиство за Украина.

Секогаш кога ќе ја посетев баба ми, разговаравме за политика. Таа е наставничка. Ме научи да читам и да зборувам украински многу пред да тргнам на училиште. Отсекогаш била против Советскиот Сојуз и Комунистичката партија. Ја поддржува независна Украина. Понекогаш разговаравме за тоа што се случува во Русија, за делувањата на Путин и за нив – Русите.

Јасно се сеќавам како се чувствував јас и сите околу мене кога започна руско-чеченската војна.

Во 2000 година, кога имав девет години, се сеќавам како потона подморницата Курск. Путин не дозволи навреме да се спасат морнарите, иако имаше можност за тоа, а светот се понуди да помогне. Тоа беше моментот кога за првпат помислив дека Путин е тој кој може да го напушти својот народ додека гледа како полека се задушуваат од недостаток на кислород.

Вечерта, во 22:54 часот, на вести видов дека колона Руси оди во нуклеарната централа во Енергодар*.

*Нуклеарната централа Запорожја се наоѓа во Енергодар, Украина. Тоа е најголемата нуклеарна централа во Европа.

4 март – 9 ден од војната

Не спиев цела ноќ бидејќи постојано проверував што се случува. Кадировци упаднаа во нуклеарната централа. Почнаа гранатирањето и пожарот. Сето тоа се случуваше не толку далеку од мојата куќа. Домашните спиеја.

20 март – 25 ден од војната

Објавив манифест. Еве еден извадок:

Се држиме и се трудиме да останеме безбедни, одлично ни оди. Си помагаме, потребни сме едни на други, навистина е неверојатно! Една од најважните задачи во моментов е да се преживее. Ако имате сила да го сторите тоа, помогнете им на другите да преживеат.

Украина не (ќе) постои без Украинците. Ако сега не се грижите за себе и не соберете сила, каде ќе најдете ресурси за да се грижите за другите кога ќе сакате да го направите тоа?

Забележав дека се променив. Сите луѓе околу мене се променија. Можеби никогаш нема да бидеме тоа што бевме пред војната.

Лінія                                                                                                                           Линија

Ми стоїмо                                                                                                           Стоиме

світлом,                                                                                                   како светлината

на межі темряви.                                                                   на работ на темнината.

Ти, я, кожен із нас –                                                                     Ти, јас, секој еден од нас –  

ми є суцільна лінія                                                                        формираме цврста линија

оборони.                                                                                                           на одбрана.

 

 

МАРИНА

Уметница, 29 год.
Киев, Украина

 

Мојата физичка и психичка состојба се менуваше од добра во лоша и обратно… Во првите неколку денови следеа шокот, стравот и паниката, солзи и вознемиреност, напнатост и очај. Потоа, неколку дена беспомошност и солзи. Чувствував некакво тешко бреме внатре, неможност да се соберам. Чувствував омраза кон себе затоа што сè уште не бев отишла никаде да волонтирам, додека другите го правеа тоа.

Првите неколку дена само лежев, свиткана во ќебе, пиев смирувачки чаеви од нане и ги слушав ужасните вести. Времето траеше цела вечност. Возможно беше да се планира само „овде и сега“. Не постоеше иднина, дури ни еден час напред.

Тоа утро, кога ги слушнав сирените надвор, отпрвин не сфатив што се случува.

Се разбудив в зори и долго лежев без да ги затворам очите, гледав низ прозорецот и размислував. Како ќе го поминам овој ден? Кога ќе ја измијам косата? Дали ќе одам некаде? Зошто надвор е толку мрачно? Зошто повторно несоница? Од каде доаѓа оваа вознемиреност?

Во одреден момент од далеку се слушна звукот на сирените, а кучињата почнаа да лаат. Помислив дека е тренинг за вонредна состојба. Тоа се случува понекогаш, но наутро? Скокнав од креветот, го отворив прозорецот и едвај ги слушнав зборовите кои велеа да го вклучам телевизорот и радиото. Вестите на телефонот гласеа: започна. Русија само што изврши напад. Експлозии во градовите, уништени аеродроми, немилосрден тероризам. Воена состојба, торби за итни случаеви, потрага по најблиското засолниште.

Почнав да се тресам. Мојот ум не можеше да ја пофати таа реалност. Сакав да се вратам назад во времето или да се разбудам од кошмарот. Во паника го грабнав ранецот и го фрлив на подот. Со солзи во очите, се мислев што да ставам во него. До тој момент не верував дека ќе ми биде потребна „торба за итен случај“. Фрлив некои документи, а потоа и парите што ги имав заштедено. Го испразнив комплетот за прва помош. Целиот. Погледнав наоколу и сфатив дека сите материјални работи што ги имам – сите слики, маслени бои, фотографии и други работи – нема да ги ставам во ранецот. Сето тоа немаше никаква вредност. Сакав само Живот. За мене и моето семејство. Тоа е сè.

Неколку дена подоцна, се разбудив со јасна потреба да помогнам: некаде, некому. За време на следното предупредување на сирената поминато во подрумот, еден сосед спомна за двочасовна обука за прва помош. Собрав сили и отидов таму горе да учествувам.

Една девојка која даваше упатства за ставање завои на раните ми покажа што да правам. Куклите беа сосема реални: вештачки крвави рани, извадени очи и црева. Од сознанието дека тоа сега е нашата реалност и дека ова знаење, за жал, навистина може да ми биде потребно, ми се сврте во главата и како да се стемни за миг. За моите уши, сè наоколу како да беше придушено од густа магла. Испив малку вода, но попусто.

Тогаш сфатив дека почнувам да губам свест. Се срамев од тоа и се борев со моето тело. Во критичен момент некако здогледав столче на метар од мене и седнав за да не лежам на подот. Се обидов да си ги повратам сетилата и да не ги пропуштам упатствата на инструкторката. Малку подоцна се чувствував подобро и на крајот направив масажа на срцето на манекенот.

Добрата работа е што ги запознав моите соседи. Се испостави дека се кул. Речиси сите биле уметници или имале професии поврзани со уметност. Куќата во која живеевме беше дизајнирана од полски архитект.

Се надевам дека ќе остане недопрена исто како нас.

П.С.

11 март

Ја слушнавме сирената таа ноќ. Јас бев првата што слезе по скалите во мракот и ја отвори вратата од подрумот за да се скрие таму.

Додека се движев надолу, нешто удри во прозорецот долу, удри во стаклото и скокна назад. Ја свртев батериската ламба на телефонот и две светла од уплашени мачкини очи погледнаа назад во мене. Сигурно се исплашило од сирената или влегло во зградата да се стопли бидејќи надвор беше грч ладно.

Се оддалечив, за да не се уплаши и мачката одлета по скалите. И животните деновиве се под силен стрес. Алекс, мојот партнер, дојде подоцна и не ја виде мачката. Рече дека звучи како нешто да експлодирало некаде (беше тивко и страшно).

Се сетив на мачката. Беше 4 часот наутро.

 

 

 

КАТЕРИНА

претприемачка, 31 год.
Киев, Украина

 

Животот се рацепи на половина со првата експлозија. Не можеше да се состави одново. Не по повикот на татко ми во 6 часот наутро за ми каже: „Војната започна“. Негирање, лутина, преговарање, депресија, прифаќање. Секој ден минувате низ нив.

Изгледа како да не остануваат едноставни решенија. Порано избирав што да зготвам за вечера според моите желби. Сега размислувам како рационално да ги продолжам остатоците.

Првото нешто што го купивме кога со мојот партнер имавме можност да отидеме до продавница беше храна за мачки. Зошто тоа ни беше приоритет? Се сеќавам дека помислив: „Ние ќе се снајдеме, но треба да ги обезбедиме нив“.

Еднаш, по телефон, наши познаници ни понудија да се преселиме кај нив во побезбедна област, но потенцираа дека се алергични. Ќе мора да ги оставиме мачките. Во тој момент, една од нив се свитка во мојот скут. Немав друг одговор освен: „Ти благодарам, но ќе останеме дома“.

 

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 28, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Оваа Барби чувствува
Како Барби одлучи да живее?
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (прв дел)
Првиот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој нè запознава со некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ќе преживеат ли жените овде? (говори и фотографии)
Марш за женски права 2023
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Карол Раѓишевски: Квир архивите ги менуваат колективните наративи
Со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“, на полскиот уметник Карол Раѓишевски, вечерва ќе се отвори единаесетото издание на Скопскиот викенд на гордоста – Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram