Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.

Во периодот околу 8 Март, на една утринска емисија каде требаше да се разговара за женската еманципација, како дел од воведот во темата се кажа една реченица која во најмала рака ме расони. „Значајноста на улогата на жената во општеството сè повеќе се зголемува“. Оваа, навидум, општа изјава, ја поврзува значајноста на жената во општеството со нејзиното делување во јавната сфера. Помислив на сите генерации жени врз чиј труд, напор и упорност денес можам да седам на емисија во телевизија и да зборувам за еманципација. Помислив на моите баби кои ме чуваа додека мајка ми беше на работа, и наместо да одмараат во пензија, готвеа и чистеа и ги проверуваа моите домашни задачи. Тогаш не сфаќав, но сега знам, колку е значајна нивната улога, ако ништо повеќе, тогаш за мојот живот и развој.

Неплатениот труд и мноштвото улоги со кои жената отсекогаш жонглирала и продолжува да жонглира, а се клучни за одржливоста на нашите општества, во споменатата изјава, како и во нашиот систем, остануваат невидливи. Делумно поттикната од оваа мала случка, утрото на Меѓународниот ден на жената споделив една едноставна порака. Пораката гласеше: Radite manje.

Повикот да се „работи помалку“ можеби се чини некомпатибилен со денот кога, меѓудругото, ја славиме и (борбата за) економската рамноправност на жената. А можеби, токму тоа е крикот на жените денес. Жените кои не само што работат, туку се преработени, а сепак не се финансиски независни. Тоа е крикот кој, според мене, најуспешно, ги става под ист чадор нашите различни (а сепак толку слични) искуства како жени: кои работат во најнископлатените сфери, кои балансираат помеѓу 2-3 работни места, жени кои се постојано во прекаријатна положба, жени на чиј грб е речиси целиот неплатен труд, жени кои трпат економско насилството, жени кои се помалку платени од своите машки колеги, жени кои тапкаат во место со години и во поглед на плата и позиција, жени кои трпат сексуално вознемирување на работното место, жени кои иако работат постојано, не успеаваат да си купат нешто за себе, жени чие работно место виси на конец во случај да забременат, жени кои иако работат постојано немаат ниту здравствено, ниту пензиско осигурување.

Несомнено е дека постои една специфична премореност, која се чита единствено на женските лица. Повикот да се работи помалку, во таа смисла, е субверзивен повик на бунт и единствен логичен чекор за женската борба за права и слободи денес. Паролата одморот е отпор, застапувањето за пократка работна недела и флексибилни работни места, советите за поставување граници и кажување не, па и статистиките кои ја потврдуваат т.н. ера на отказот, се логичен резултат на пост-пандемиската реалност, кога сфативме не само дека работата не го чини животот, туку и дека животот е кревок и краток. Овие наративи се, како што кажав, логични, но нивниот превод во реалните околности во кои живемее и работиме се чини не само романтичен, туку речиси невозможен. Па така, додека на Инстаграм го споделив повикот да се работи помалку, во реалниот живот прифатив уште неколку тезги на сметка на моето слободно време. Митовите за скромниот, но среќен живот и романтизирањето на сиромаштијата може да функционираат во светот на белетристиката. Но во овој, реалниот, нема ништо романтично во тоа да работиш, а притоа да не заработуваш доволно за достоен живот или пак трудот да ти останува системски непрепознаен, невидлив.

Секоја година, околу 8 март, во морето наративи за „успешни жени“, веќе неколку години кружи една понесекојдневна честитка од Ирена Цветковиќ, која вели дека 8 март е симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.

„8 Март е за сиромашните жени. За оние жени кои ги чуваат децата на успешните, ги средуваат нивните домови, ги пеглаат нивните кошули за состаноци. Оние чиј труд е непрепознаен, оние кои го немаат статусот ниту на работнички, оние без здравствено и социјално, они кои подобро да не ја дочекаат својата пензија. Денес е ден на работничките. Оние кои се вработени и сиромашни. Оние кои шијат облека за извоз во државите на успешните. Оние кои ја одржуваат хигиената и сјајот на објектите на успешните. Оние кои го минуваат животниот век служејќи ги успешните. Не се овие жени од челик, не сме повеќето жени од челик. Се виткаме и кршиме затоа што притисокот е пресилен.“

Популарноста, условно кажано, на оваа честитка зборува за една реалност која нè обединува, а која често ни се измолкнува од јазикот, зашто сме растени со наративи дека напорната работа и упорноста ќе ни го донесат животот кој сме го сонувале, само за да сфатиме дека најчесто правилата на игра не се во наша полза, а приказните за „успешните жени“, без системска подлога и потпора, почесто отколку поретко звучат како бајки за добра ноќ. Ако порано сме верувале, под влијание на лоши Холивудски филмови за преработените кариеристки со одлични чевли, дека тајната на среќниот живот и успехот е да работиме работа која нè исполнува, денес, во време на рецесија и инфлација, ни станува јасно дека работата баш и не мора да исполнува ништо повеќе од нашите џебови и дека не е срамота тоа да се мисли или да се каже. Но тешко е да се каже, кога системските недостатоци ги доживуваме како лични неуспеси. Да се биде сиромашен/на е срамота, а молкот кој го креаира тој срам, ја декапацитира нашата моќ да бараме повеќе.

Според тематскиот извештај „Економското насилство како форма на родово базирано и семејно насилство. Дали е доволно препознаено?“, спроведен од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, на женската сиромаштија влијае разликата во стапката на невработеност меѓу мажите и жените, според која речиси половина (46%) од жените на работоспособна возраст се надвор од работната сила, во споредба со 23.3% од мажите. А дури 40% од жените се надвор од работната сила поради одговорностите поврзани со грижата за децата и возрасните или други семејни одговорности, во споредба со само 3.4% од мажите. Ако на овие бројки се додаде и состојбата со имотно-правните односи, односно фактот дека само околу 12% од имотот во нашата земја се наследува од страна на жени, станува јасно дека денес, женскиот труд премногу често не води кон финансиска независност, слобода и омоќување. Баш напротив. Во руралните средини состојбата е уште посериозна, каде само 5% од жените имаат било каков имот на свое име, а работат дури и по 11 часа на ден.[1]

Влезот на жените на пазарот на трудот значи и негово менување. Но и покрај сите синдикални здружувања, борби за еднаква плата и борби против вознемирување на работното место и бројните победи во тие полиња, темпото и структурата на денешниот модел сè уште се базираат врз моделот на вработен/а и партнер/ка кој се грижи за сите „животни детали“[2]. Работните саати наместо да се намалуваат, се зголемуваат и најчесто е невозможно сите животни детали да се регулираат после работното време, или за време на викенд. Чистење, перење, пеглање, миење, пазарење, готвење и целокупна грижа за домот и лицата на кои им е потребна грижа се повидливите елементи кои ги поврзуваме со неплатениот труд. Не знам дали воопшто да навлезам во тоа колку притисок, кој специфично ги тангира жените, дојде и со трендовите поврзани со социјалните медиуми. Идејата за успешност денес подразбира блескава кариера, чист и шик дом, бјути рутина која вклучува најмалку 100 чекори наутро и навечер, време за водење дневник, здрави оброци, редовно вежбање, и така натака, и така натака, и така натака. Секако, тука постои и менталниот труд (товар) поврзан со самото организирање на едно просечно домаќинство, каде повторно најчесто жената, има улога на „микро-менаџер“, постојано преоптоварена со задачата да памети, да планира и да знае што треба да се направи за домаќинството да функционира нормално.[3]

Во Македонија во просек жените проаѓаат дури 2.5 часа дневно повеќе во извршување на домашните задачи од мажите – во нормални услови. Товарот на домот резултира во тоа премногу жени, особено оние кои немаат никаква поддршка, да немаат можност да бидат дел од формалниот пазар на трудот – како што е структуриран денес. Во својот текст „Колку вреди неплатениот труд на жените“ Тања Стоименовска пишува:

„Ова не само што ја отсликува родовата нееднаквост, но говори и нешто друго – половина од жените немаат сопствен приход и никаква финансиска независност, иако работат дома. Финансиската зависност пак ги прави поранливи, несамостојни во донесувањето одлуки и секако, повеќе изложени на семејно насилство“[4].

За време на маршот за женски права, кој оваа година го носеше името „Ќе преживеат ли жените овде?“, додека првите редови скандираа „женската борба е класна борба“, оние позади продолжуваа со „женската борба е гласна борба“. Секако, женската борба е гласна, но зарем толку ни е отуѓена идејата дека женската борба е во суштина и класна борба? Недостатокот на дискурс за проблеми кои се секојдневни, чести и меѓусебно слични, не само за многу жени овде, туку за многу жени ширум светот е веројатно и една од причините зошто тие проблеми опстојуваат низ различни политички и економски системи. Митот дека „за пари не се зборува“ всушност излегува како моќна алатка за угнетување, токму на оние кои во очите на овој систем се најслаби, најранливи и чиј труд е најмалку видлив и ценет.

Кампањата за „фустани со џебови“, која исто така овој месец се појави на социјалните медиуми, со цел да поттикне дискусија поврзана со достапноста и безбедноста на финасискиот простор на жените кај нас, дополнително ме наведе да размислувам за женските простори, симболични и фактички, кои се неоходни, не за преживување, туку за живеење. Во видеото, трите решителни девојки, опремени со ножици во рацете, преку еден ослободувачки танц успеваат да го создадат (исечат) просторот кој им недостасува во нивните фустани за финално да земат здив. Ослободувањето е поврзано со рекреирање, ремоделирање, редефинирање на начинот на кој тие се носат во светот.

Финансиска слобода и независност не значи само пристап до работно место, туку значи и можност да се располага со слободно време, да се уживаат плодовите на сопствениот труд, да се има контрола врз сопствените ресурси и значи целосно реобмислување на работата поврзана со грижата, која е најчесто невидлива, неплатена или нископлатена, а е работа која е клучна за нашето опстојување како луѓе и заедници.

Апелот да се работи помалку, во суштина доаѓа од потребата и нужноста да се има контрола врз сопственото тело, време и труд. Апелот да се работи помалку значи да се градат услови кои, за почеток, ќе им го олеснат патот на жените, особено оние кои се најранливи, до платена работа, но и ќе создадат услови за достоинствен живот и време за одмор. Да се феминизира пазарот на трудот, наместо да се очекува од жените да го перпетуираат традиционалниот мачо-модел на успех. Финално, женскиот апел да се работи помалку е и апел до мажите да работат повеќе во доменот на домот. Жените ќе бидат независни и слободни кога, за почеток, стиховите 8 часа работа, 8 часа одмор, 8 часа за било што ќе важат и за нив, исто како и за нивните колеги, партнери, браќа и пријатели. Жените во минатото се избориле за правото на работа. Наше е да се бориме нашата работа да се вреднува соодветно. Исто како и нашето време за одмор и за било што друго.

 

 

 

 

 

[1] https://pina.mk/5868-golem-broj-zheni-se-ushte-ekonomski-zavisni-od-drugi/

[2]https://news.cornell.edu/stories/1998/12/friedans-new-agenda-fairness-men-too

[3] https://meduza.mk/fem-101/dali-ste-slushnale-za-mentalen-tovar/

[4] https://meduza.mk/fem-101/kolku-vredi-neplateniot-trud-na-zhenite/

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • March 22, 2023
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јазикот ја пренесува родовата пристрасност во алгоритмите
Јазикот ги рефлектира и репродуцира родовите нееднаквости што постојат во општеството. Тоа важи и за компјутерските јазици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram