Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.

Од 2 до 8 септември на неколку од нашите омилени локации (Музејот на современа уметност, Комитет, Shortbus, но и онлајн) ќе можете да следите изложби, перформанси, предавања, промоциja на книгa, танцовa изведбa, дрег шоу и ди-џеј сет, како дел од овогодинешниот Викенд на гордоста во Скопје, во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка.

„Основниот кураторски субјект на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што им оддаваме почит на продуктивните начини на обмислување,естетиката и политичката критика воведени преку делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011), од една страна, и да ги истражиме и проблематизираме современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка, од друга страна. Суровиот оптимизам ги означува тековните приврзаности и афектниот и либидинален влог кон/во објекти, места, идеали, норми, институции, светови и форми на живот како грст ветувања и извори на истрајност, како блискост што не ги прават подостижни ветените нешта и фантазијата за добар живот туку, напротив, се спротивставуваат на нашиот процут, индивидуален и колективен. Особено сурово во овие форми на односи на „приврзаност кон компромитирани состојби на можноста, чија реализација е или невозможна, обична фантазија или премногу возможна, и токсична“ (Берлан 2011) е тоа што субјектите не успеваат да ја истрајат можната загуба, прекин, трансформација, криза или исчезнување на овие објекти и места на желба и приврзаност, и покрај искуството на абење на субјективната и колективна благосостојба. Загубата на овие места, норми, институции и форми на живот воведуваат афектна дезориентација, прекин или криза во прилично познататите жанрови на живеење, интуиции и афектни мапи за самореализација и закотвување, и вреднување и интерпретација на светот. Овие загуби се прекин во „континуитетот на чувството на субјектот да узнае што, всушност, значи да продолжи да живее … и го надвладуваат капацитетот и способноста на субјектот да негува надеж за нешто“. Во современите социо-политички и културни услови, објектите на сурова оптимистичка приврзаност можат да се препознаат во  тековните инвестирања, надеж и близина до национализмот, хетеронормативност, мажественост и родова бинарност, привилегијата на белата раса, разни идентитетски политики и неолибералната рационалност, и покрај тоа што тие се проблематични објекти на желба преку кои се поткопуваат условите на колективниот живот и добриот живот за кои копнеат субјектите. Но освен тоа, во поширок историски и западен контекст, би можеле да ги разгледаме политички фиксираните значења и надежи вложени во нормативните форми на субјективитет, индивидуализам, автономија, идентитет, интенционалност, љубов, сопственост, нормалност и обичност, заедница, нацијата-држава, суверенитет, политиката на границите и „метафизиката на присуството/сегашноста“ воопшто“. – вели Славчо Димитров, куратор на фестивалот.

Целата програма на фестивалот е замислена да одговори на протоколите пропишани за одржување на јавни настани заради состојбата со пандемијата, каде организаторите во соработка со институциите, ќе внимаваат истите да се почитуваат целосно  Согласно, бројот на посетители на секоја од фестивалските активности ќе биде ограничен.

🟡 Програма // Timetable
📆 02 септември (среда)
20:30 ч.
Музеј на современа уметност
Групна изложба: СКРШЕНО
Каталог за изложбата

Куратор: Славчо Димитров
Уметници: Феликс Гонзалез-Торес (Felix Gonzalez-Torres), Полин Бодри и Ренате Лоренц (Pauline Boudry / Renate Lorenz), Христина Иваноска(Hristina Ivanoska), Карин Мичалски (Karin Michalski), Федерика Даури и Хермес Питакос (Federica Dauri / Hermes Pittakos), и Велимир Жерновски (Velimir Zernovski)

📆 03 септември (четврток)
21:00 ч.
Музеј на современа уметност
Мојот последен американски долар (My Last American Dollar)
Кијун Томас (Keijaun Thomas)
Детали

📆 04 септември (петок)
13:00 – 14:00 ч.
Онлајн предавање на д-р Горан Павлиќ (Академија за драмски уметности, Универзитет во Загреб)
Да се застрани или не: ненормативен пристап кон кураторството
Детали

📆 05 септември (сабота)
21:00 ч.
Музеј на современа уметност
Во партнерство со Кино Култура
dragON aka PONY
Танц, кореографија, перформанс: Александар Ѓеоргиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас ака STEAM ROOM
Музика: Цветан Момчилов
Костими, сцена: Ралица Тонева
Графика: Ѓорѓи Десподов
Копродукција со: Колектив Гараж (Garage Collective), Проект Бреин стор (Brain Store Project) и Танцовата академија „Номад“ од Словенија.
Детали

📆 06 септември (недела)
20:00 ч.
Онлајн
Предавање и разговор со Лорен Берлан
СУРОВ ОПТИМИЗАМ
Детали

📆 07 септември (понеделник)
18:00 ч.
КОМИТЕТ
Самостојна изложба: Низ ножици
Јован Јосифовски
Детали

📆 07 септември (понеделник)
21:00 ч.
Супкултурен центар SHORTBUS
Промоција на романот Лето во кое те нема од Петар Андоновски
Промоторки: Румена Бужаровска и Ирена Цветковиќ
Детали

📆 08 септември (вторник)
21:00 ч.
Онлајн ДРАГ ШОУ: Берлин – Скопје – Белград
Онлајн пренос на facebook страната на Skopje Pride Weekend
Затворена забава со ДиЏеј сет на Ивана Драгшиќ
Супкултурен центар SHORTBUS и online stream на facebook страната на Skopje Pride Weekend
Детали

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • August 27, 2020
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога љубовта трансформира?
Во и надвор од сопствените срца: белешки од животот во Шпанија
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Важноста на родителската поддршка за квир лицата
За важноста, контроверзноста и субверзивноста на родителската поддршка за квир лицата.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јазикот ја пренесува родовата пристрасност во алгоритмите
Јазикот ги рефлектира и репродуцира родовите нееднаквости што постојат во општеството. Тоа важи и за компјутерските јазици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram