Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик

Постои истрајна и раскошна традиција на мажјаснувачи во светот. Некои теории на заговор тврдат дека во поглед на содржина и авторство, дури и историјата е област која индоктринира со мажјаснување. Дел од постоењето и историјата на мажјаснувачите во нивните природни живеалишта е уредно документирано и овековечено во овие уметнички дела од 17 век. Овој широко распространет вид на мажи не е воопшто тешко да се забележи во нашата околина; не ви e потребен теренски водич, ниту двоглед, и нема потреба да одите на мажјаснувачко сафари, затоа што доколку некогаш сте се обиделе да понудите сопствен увид во извесна област од која имате познавање, вашиот обид скоро секојпат ќе ја привлече љубопитноста на овие суштества. Во ваквите случаи, останатите експерти за мажјаснување како стандардна пракса препорачуваат да се воздржите од аргументирани излагања и внимателно да слушате, или евентуално да фаќате белешки.

Со текот на времето ова суштество еволутивно се развило, и по пат на природна селекција стекнало нови карактеристики коишто соодветсвуваат со новонастанатите услови, или во случајов, за него, социјални неприлики. Мажјаснувачот научил да се адаптира и да избразди нови патеки по кои може да се посвети на тоа што најдобро го знае – да зазема простор и време комплетно неповикан. Но, доколку внимателно го следиме текот на еволуција на мажјаснувачот, ќе видиме дека се појавува уште еден негов подвид, многу поподмолен и со поопасни мутации, кој за жал зазема уште поголем замав во јавноста. Писателката Мелани Хамлет во нејзината колумна го нарекува овој подвид ,,the faux student’’.

Еве еден типичен пример за ова: поголемо друштво, седите и разговарате за докажаната системска нефункционалност кога станува збор за превенирање на фемицидите. За ова сте свесни затоа што не живеете на Марс. Одеднаш, се појавува тој, мажјаснувачот – вооружан со прашања, морализирачки испрашувања, филувани со тенденциозни изјави. Оправдано ќе се претпоставите дека сигурно овој маж досега живеел во пештера, зашто инаку како не би знаел за причините за фемицид или статистиките кои говорат за родово засновано насилство во конзервативни и патријахални средини: сите оние податоци кои се лесно достапни на интернет. Но, сепак знаете дека тој е високообразуван и добро ситуиран и со пристап до интернет. Зошто тогаш бара од вас да посветите време, неплатен труд и многу трпение за нешто, за кое може тој сам да се информира?

,,Добро де, сакам да научам, обично прашање ти поставив’’ – ќе рече дефанзивно.

Доколку ова ви се има некогаш случено, вие најверојатно сте имале блиска средба со ,,the faux student’’ или оттука па натаму ќе го нарекуваме подмолното прваче.

За да избегнете потенцијална средба со подмолното прваче, корисно е да научите да препознавате дел од неговите карактеристики и навики. Важно е да се знае дека таксономскиот идентитет на овој подвид е официјализиран пред неколку години, веднаш откако одекна #MeToo движењето, па мизогинијата беше принудена да си пронајде нови канали на дејствување, зашто oдеднаш се испостави дека степенот на образование, финансиската стабилност и непречениот пристап до информации, ги обременува мажјаснувачите со една тешка задача – да ја напуштат улогата на блажено несвесни учесници во патријахатот. Па така, скоро преку ноќ мажјаснувачите, наводно сакаа да научат, да се просветлат и да запливаат во феминистичкиот дискурс, само, нормално им требаа мускули и гума кои феминистките требаше да ги поделат бесплатно.

Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик. Како вистинско прваче кое за првпат седнало во училишните клупи, тоа е изненадено од стапката на родово засновано насилство кај нас, но после бесплатните, соџвакани информации што ќе ги добие од феминистката/от што му посветила време, повторно ќе праша зошто жртвите на домашно насилство, кое е родово-засновано, едноставно не ја напушат насилната средина.

Иако понекогаш подмолното прваче има професионална позадина во ИТ светот, за него незамисливо е да седне пред компјутер или телефон и само да ги пребара информациите, под изговор дека сака информациите што ќе ги добие да бидат проверени. Ова привилегија ќе ѝ/му припадне на некој(а) феминист/ка, што ќе ја има благодарната задача да приложи научно издржани докази, и со маркер да му ги обележи информациите кои би го интересирале. Феминистката мора да постигне баланс меѓу научно издржани податоци и интересни содржини за да му го задржи вниманието на подмолното прваче. Во спротивно, тоа ќе залута со мислите и наместо продуктивно потрошено време на рецитирање факти, кои феминистките го имаат во изобилие, вие ќе го изгубите интересот на подмолното прваче. За разлика од типичниот мажјаснувач, подмолното првачето остава впечаток дека сака да развие дискусија за феминизмот и ќе ви остави простор да се искажете, затоа што нели, тоа пристапува кон конструктивна дискусија со детска наклонетост и желба да научи. Но, сепак ја резервира можноста во текот на бесплатната лекција да ве прекине, да ви укаже ако нешто не ви е допроверено или да ве фати неподготвени. Размислува критички и затоа чувствува дека е негова надлежност да пробува да ви ги оспори информациите, коишто ги слуша првпат, а со тоа и вас да ве натера да согледате нешто што е најчесто некаква шовинистичка пристрасност.

Како и 6-годишно прваче, на секоја тема ѝ пристапува љубопитно, но сепак се обидува да ја држи на нишан целата приказна. Затоа, скока од тема на тема и ја шири дискусијата со цел да ја мапира детално ситуацијата. Но доколку внимателно го следите текот на мисла на подмолното прваче, ќе видите дека неслучајно 30 секунди после вашето ,,јавна соба е кривично дело’’ ќе ве праша дали ги имате прочитано условите и критериумите за користење на Инстаграм. Исто, заради неговата стратешка дистанца од конкретен проблем со кои се соочува извесна маргинализирана група, првачето располага со недопрена проникливост за тоа како феминистката/от на смена (би) требало да постапи со тој проблем. Кога ќе почне да блика идејниот млаз, повторно се пропорачува да постапите според гореспомнатата стандардна пракса.

Исто како и вистинско прваче, подмолното прваче верува во родова еднаквост, исто како што верува и во Дедо Мраз – дека нè посетува и го славиме еднаш годишно. Особено е претпазливо да не случајно направи некаков јавен лапсус и да не си ги открие вистинските намери, затоа што исто како што Дедо Мраз може да го стави на листата на непослушни, би било вистинска штета да биде јавно прозван и линчуван од феминистките за нешто ,,за кое не бил разбран’’. Но, доколку се случи нешто такво, секако подмолното прваче итро ќе се обиде да ја неутрализира ситуацијата со скормна молба кон феминистите ,,да му објаснат’’.

Подмолните првачиња знаат да бидат и најразлични лица кои бараат неплатен (ментален) труд од некаква маргинализирана група, најчесто за работи за кои веќе се има истражувано и пишувано. Ова барање неретко им е и последен фронт на одбрана, па така одеднаш незнаењето од лична одговорност станува наивност со (не)свесно убедување. Оттука, тие не се ограничуваат само со незнаење за родова нееднаквост. Неретко не знаат и за класната нееднаквост, расизмот и етничката нетрпеливост во нивниот локален контекст.

Затоа, нареден пат кога ќе се сретнете со првачето не се заплашувајте од неговото зрачно незнаење – тоа е тука да научи. А вие да си наплатите.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • September 6, 2023
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Карол Раѓишевски: Квир архивите ги менуваат колективните наративи
Со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“, на полскиот уметник Карол Раѓишевски, вечерва ќе се отвори единаесетото издание на Скопскиот викенд на гордоста – Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Важноста на родителската поддршка за квир лицата
За важноста, контроверзноста и субверзивноста на родителската поддршка за квир лицата.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram