Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пофалба на глупоста I
(Мет Волш, „Што е тоа жена?“, и здравиот разум)
пишува: Каи Гладкова

 

 

Пред неколку месеци Коалиција за заштита на децата и фондацијата Елеуса, со здружени сили, го донесоа со македонски превод филмот на Мет Волш „Што е тоа жена?”. Почнувајќи од Струмица тргна караванот на проекции низ нашата земја. 

За Мет Волш и овој филм имам слушнато уште пред да го донесат кај нас. Мет е познат американски конзервативен политички коментатор, домаќин на The Matt Walsh Show и колумнист во Daily Wier или како што пишува на неговиот твитер профил – автор на детски книги и теократски фашист. Во 2022 The New Republic го круниса за трансфоб на годината.

Околу филмот имаше контраверзии уште пред премиерата, кога во 2022 транс активистката Илаи Ерлик го обвини Волш за барање интервјуа со транс лица со лажна намера –  исклучително неетична пракса, кога се работи за документарни филмови.

Па кога дознав дека филмот се прикажува во Струга, на само 14 километри од мојот град, сфатив дека дојде време да го погледнам и критикувам. 

За каков филм станува збор

Филмот „Што е тоа жена?” почнува со роденденот на децата на Мет, близнаци – момче и девојче, прикажувајќи ги најбаналните родови стереотипи, розево за девојчето, сино за момчето. Мет, уште во првата минута ја кажува следнава реченица:

 „Сум слушнал дека некои луѓе тврдат дека нема разлика помеѓу мажите и жените – тие луѓе се идиоти.”

Ваква строга осуда и цврст став се несвојствени за документарните филмови, дури и во случај кога авторите се изразено пристрасни. Напротив, ваквите почетоци се карактеристични за пропагандни филмови, чија цел е да ја афирмираат позицијата на пропагаторот.

Мет, наместо да ја истражи темата, тргнува да докаже дека оние кои не се согласуваат со него се „идиоти”. За да ја постигне оваа цел, се користи со разни манипулативни тактики, како извртени информации, трик прашања, полувистини и чисти лаги, кои стојат цврсто на стаклени нозе. Всушност, аргументите кои Мет ги изнесенсува во филмот се потпираат на логичка грешка наречена повикување на здравиот разум.

Здравиот разум

Најдобар начин да убедиш некого да ти верува е да му го потврдиш она кое веќе го знае. 

Пристрасноста кон ставовите кои ги застапуваме нè прави подложни на измама, па повикувањето на здравиот разум ја злоупотребува оваа особина и служи како одлична тактика за придобивање на широка публика.

Всушност, под „здрав разум”, подразбираме очигледни вистини кои нема потреба да се дискутираат. Нешто кое секој разумен човек го подразбира. Но, пробелмот е што голем дел од овие очигледни вистини не се ништо повеќе од широко распространети стереотипи, предрасуди и застарени убедувања кои се погрешни. Денес, ова е особено случај кога се работи за верувањата поврзани со родот и родовитот идентитет. 

Не само што генералната популација не е во тек со новите концепти и истражувања поврзани со родот, туку и самите трансродови лица се стигматизирани, маргинализирани и погрешно претставени. 

Мет добро ги познава убедувањата на својата публика и нема потреба да елаборира. Доволно е да ги брани нивните ставови, на тој начин што оние кои ги предизвикуваат ќе ги нарече идиоти, одбивајќи да ги земе во предвид аргументите кои ги изнесуваат.

Обичниот човек

За целосно да се заземе страната на Мет, не е доволно публиката да ги дели истите убедувања или да ѝ недостасува љубопитност, туку потребно е да има аверзија кон комплексна мисла.

Мет не сака неговата публика да размислува на овие теми. Тој тврди дека едноставните прашања заслужуваат едноставни одговори. Па поради оваа причина како мерило за здраворазумност го зема обичниот човек. Иронично, идиотите се психолози, доктори, професори по родови студии и други професионалци кои ги посветиле своите животи на унапредување на правата на трансродовите лица.

За да ги прикаже овие луѓе како идиоти, Мет се користи со разно-разни трикови.

Интервјуираните, очигледно, не се информирани која е целта на документарецот во кој учествуваат, па одговараат искрено и се обидуваат да му објаснат. Паузите кои ги прават додека зборуваат се оставени во финалниот едит, со намера да бидат прикажани како помалку компетентни. Нивните одговори се игнорирани или вадени од контекст, прашњата се неискрени, се користат и разни аудио и визуелни ефекти кои имаат цел да исмеат.

Ова е особено воочливо во интервјуто со Патрик Р. Грзанка. Тој, како и останатите, очигледно не е информиран во каков документарен филм учествува, па е ентузијастичен да ги одговори прашањата. На прашањето „Која е разликата помеѓу род и пол?”, Патрик дава исцрпен одговор кој во едитот е скратен, а преку него е пуштена театрална музика која има намера да исмее. Додека тој зборува, Волш го гледа со израз на ликот како едвај да чека да заврши.

На обичниот човек сложените концепти и исцрпните одговори му создаваат главоболка. Тој веќе ја знае вистината, за која Мет му потврдува дека е доволно само да поседува здрав разум, додека професионалците поминале премногу време во апстрактни идеи, па го изгубиле допирот со реалноста. 

Во улога на обичниот човек се појавува Дон Сукер. Дон е 80 годишен сопственик на Sucher & Sons Star Wars Shop во Абердин, кој се прослави со виралното видео во кое тој и советничката Таиса Мескис се расправаат околу трансфобниот знак пред неговата продавница. Неговиот дијалог со Мет ги содржи сите клучни идеи кои треба да бидат пренесени на публиката:

Волш: Како знаеш дека личноста не е жена?

Дон: Па, здрав разум.

Волш: Ти не си научник, не си студент по родови студии? Што си?

Дон: Не.

Волш: Како знаеш дека си маж?

Дон: Веројатно затоа што имам к*р.

Волш: Па, барем Дон не размислува премногу.

Ова е тоа што Мет го бара од публиката, самоувереност во своето незнаење и едноставна вулгарна трансфобија.

Тие

Во филмот Мет не ги прикажува своите неистомисленици како безопасни будали кои не заслужуваат внимание, туку како опасен непријател против кој мора да се преземе акција. 

„Што е тоа жена?”  од страна на Daily Wire е рекламиран и како „Филмот кој тие навистина не сакаат да го гледате”.

Во филмот тие се спомнува често како моќен непријател, кој никако не добива јасна дефиниција, но гради слика за некакви неименувани елити кои го контролираат светот.

Ваквата недефинираност на непријателот дозволува флексибилност за менување на наративот според потребите, идеално за публиката да го проектира својот замислен непријател во рамката тие. Холивуд, докторите, власта, транс лица и активисти, глобалисти, Сорос, големи фармацевтски компании, вонземјани, рептили… Кои се тие зависи најмногу од имагинацијата на гледачот.

Мет намерно поврзува една теорија на заговор со друга, па ги спомнува и маските: 

„Тие пробаа да ме замолчат со тоа што не ми дозволија да зборувам, и кога тоа не им успеа, се обидоа да ме замолчат со маска.”

Транс лицата во филмот се прикажани и како непријател и како жртва. Најчесто непријателот се транс жените, додека транс мажите се жртви, како што можеме да видиме во разговорот со Скот Кели Њуџент – контраверзна личност, редок случај на трансфобичен транс маж и миленик на конзервативците кои често го користат за ширење на анти-родова пропаганда. Скот во филмот повторува неклолку веќе излитени трансфобични слогани, како веќе добро познатата дехуманизирачка приказна:

„Кога ќе ги ископаат моите коски по неколку стотици години ќе речат, да тоа беше жена, имала бебиња.”

Скот е носител на наративот – транс маж како жртва на неименуваните елити. Тој зборува како целиот негов агенс во процесот да бил одземен и да не знаел буквално ништо за процедурата на која се согласил. Зборувајќи за докторите кажува „погледни што тие ми направија ”.

На целиот овој наратив се надоврзуваат т.н. експерти, чија главна експертиза е анти-родова пропаганда. Овие лица наместо да елаборираат, само ги потврдуваат предрасудите на обичниот човек и шират лаги базирани на тие предрасуди. Целта на овие лаги е да предизвикаат страв и гадење кај публиката. Па наместо соодветни медицински термини се користат преувеличени зборови како “осакатување” и “хемиска кастрација”, во комбинација со зборот деца. Всушност децата се прикажани како главната мета на скриените елити.

Покажувајќи ја „It’s perfectly normal“, книга за сексуално здравје наменета за деца од 10 години па нагоре, Миријам Гросман кажува: 

“Неискажливо е што овие луѓе им направија на нашите деца”.

Децата ги спомнува и Скот Кели Њуџент:

“Имам три деца на возраст на која тие им го прават ова на децата. Јас не сум трансфобичен. Јас си ги сакам моите деца и ги сакам децата на другите. И ти треба да ги сакаш.”

За паниката да го достигне пикот, на сето ова се надоврзува анонимниот родител кој се жали дека тие го казниле и му го одземале детето, бидејќи одбил да ги користи правите заменки и не сакал да го поддржи во транзицијата. 

Во комбинација со наративот за заразност на трансродовоста, гледачите се заплашуваат дека ако не преземат ништо, еден ден истото ќе се случи со нив и нивните деца.

Будалиот зборува, паметниот молчи

Филмот „Што е тоа жена?” достигна голема популарност, собори рекорд од 180 милиони прегледи, а со преводот стана релевантен и кај нас. 

Негвото влијание веќе се чувствува во нашата земја. Сè почесто ги слушаме и читаме аргументите од филмот кажани од  различни луѓе околу нас.

Ова веќе ја влошува и онака лошата реалност која ја живеат транс луѓето, и локално, и глобално. Говорот на омраза ескалира, а стигмата е раширена и на семејствата и на поддржувачите на трансродовите лица.

Сепак, кога една долго игнорирана тема за мала маргинализирана група, ќе стекне ваква популарност, иако преку лага, можеби ќе отвори врата конечно да се слушне и вистината. За да се случи ова, сите кои ги знаеме комплексните одговори на едноставните прашања, не смееме да молчиме. 

Додека паметниот молчи, будалиот зборува. Сега сме етикетирани како будали, па време е гласно да говориме. 

НАПИШАНО ОД:
  • Каи Гладкова
  • July 14, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто мајчинството носи неосновано чувство на вина?
Притисокот да се достигнат нереални мајчински идеали води кон себе-обвинување и срам кај мајките
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram