Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.

Откако во јануари објави на Инстаграм дека е бремена, со уметнички исценирана папараци фотографија на која се шета со нејзиниот партнер, ASAP Rocky, трудничкиот стил на Ријана стана главна тема на разговор и тоа не поради она што го носи, туку она што не го носи на себе. 

Ријана не облече ниту еден вреќест труднички фустан ниту пак фармерки за трудници. Всушност, таа речиси и да не носи ништо.

Наместо тоа, го разголува својот труднички стомак во секоја можна прилика: во зелен топ со реси и омбре панталони на настанот за убавина на Fenty; со градник, проѕирен син топ откопчан над нејзиното трудничко стомаче и сиви фармерки со низок струк на Super Bowl; во црни панталони со извезени змејови, винил топ и кристален превез за коса на ревијата на Гучи; во проѕирен Диор фустан над чипкаст градник и гаќички; и, неодамна, во проѕирна синтетичка Валентино ролка, топ и здолниште со монисти на афтер забавата на Џеј Зи за Оскарите.

Навистина не постоел ваков призор во аналите на јавната бременост! Со право збеснаа сите сајтови за славни личности. „Ријана продолжува да се облекува најсекси помеѓу трудниците“, напиша HighSnobiety. „Ријана успеа сама да го ребрендира трудничкиот стил“, се одважи Glamour UK.

Се разбира дека се во право. Но стилските избори се само дел од приказната. Постојано облечена со намера да го соочи светот со физичката реалност на нејзината бременост, Ријана не праќа само современа модна порака. Таа праќа „целосно трансгресивна и ултра политичка порака“, вели Лиза Цалики (Liza Tsaliki), професорка по медиумски студии и популарна култура на Националниот и Каподистрискиот универзитет во Атина во Грција.

Овој современ феномен ги вклучува: (1) културата на славните личности, која сè повеќе ги обликува нашите потрошувачки навики и однесувања; (2) она што Цалики го нарекува „естетизирање на телото и набљудување на струкот на жените“; и (3) современите политики.

Затоа трудничката модна приказна на Ријана оди подалеку од она „да изгледаш исто како твојот идол“. Ова се случува во време кога „многу луѓе од екстремната, па дури и главнотековната десница промовираат политики кои ја оспоруваат автономијата на жените и лицата кои се идентификуваат како жени врз нивните тела, животи и капацитетот за одлучување“, вели Renée Ann Cramer, авторка на „Бремени со ѕвездите: гледајќи го и посакувајќи го бебешкото стомаче на славните“.

Со тоа што го покажува својот труднички стомак и се облекува сосема различно од традиционалната трудничка облека, Ријана создава една сосема спротивна реалност. „Таа вели: Јас сум пред сè личност и тоа моја личност“, абележува Крамер, односно дека таа може да биде „независна, моќна и онаква каква што е, дури и во бременоста“. Таа го поврзува правото да се облекувате онака како што сакате со други, уставни права што е прилично радикален потег.

Со векови наназад, бременото тело се славело, се цензурирало, било криено и сметано за проблематично. Во античко време, бременоста била почитувана и изложувана. Ја сметале за физичка манифестација на поврзаноста на жените со мајката земја. Во средниот век, под влијание на средновековното христијанство, бременоста станала нешто срамно, состојба која повеќе не била поврзувана со светото, туку со профаното, вулгарното.

Бременоста станала симбол за нашите ниски страсти и за женската нестабилност и недостаток на контрола. Нешто што било најдобро да се чува зад затворени врати и слоеви облека. Барем додека не се појави детето и жената не се претвори во олицетворение на чиста мајчинска несебичност.

Оваа еволуција беше разоткриена во „Приказ на бременоста“ (Portraying Pregnancy), изложба од 2020 година, поставена во музејот Foundling во Лондон. Поставките покажаа како, од 16 век па наваму, „реакцијата и односот кон вознемирувачкиот физички потсетник за смртноста и сексуалноста кој го претставуваат бремените тела се менувале“. Барем така напиша Helen Charman во нејзиниот осврт кон изложбата во меѓународниот уметнички магазин Apollo.

Како што вели таа, изложбата покажува како сликите и другите уметнички форми мигрирале од првичното прикажување на бремените тела „како своевидно афирмирање на патерналистичките структури на наследство и моќ“, преправањето дека бремените тела воопшто не постојат, сè до ставањето на бременоста во центарот на самото дело како една крајно идеализирана состојба.

Во 1952 година, Лусил Бол забремени за време на снимањето на „Ја сакам Луси“ и ги принуди нејзините продуценти да ја додадат во сценариото и да ја прикажат на малите екрани нејзината „состојба-невозможна-за-игнорирање“ (иако сè уште не смееле да го користат зборот „бремена“ на телевизија). Овој историски настан беше неодамна прикажан во филмот „Being the Ricardos“.

Од тој момент на сила стапуваат вреќестите фустани за трудници. Можеби се сеќавате на разбрануваните слоести труднички фустани на принцезата Дијана на почетокот и средината на 80-тите. Сè додека Деми Мур не го шокираше светот позирајќи гола во поодминат стадиум од бременоста за насловната страница на Vanity Fair во 1991 година, свечно отварајќи ја ерата на уметнички портрети на бремени жени.

Тој период се протегаше преку дузина корици со разголени труднички стомаци – Синди Крафорд, гола и бремена за W; Бритни Спирс, гола и бремена за Harper’s Bazaar во 2006 година; и Серена Вилијамс, гола и бремена за Vanity Fair во 2017 година. Оваа фаза го достигна својот врв со фотосесијата на Бијонсе во 2017 година со која таа објави дека е бремена со близнаци, серија тешко едитирани фотографии со уметнички референци како Венера на Ботичели и ренесансна Мадона.

Како што бременото тело почна да биде валоризирано за својот животворен потенцијал, така сè повеќе почна да станува „место на безбедна транзгресија“, вели Крамер. Според неа, бременоста стана еден од ретките случаеви кога жените можат „безбедно да нарушат некои норми“.

Иако изгледаат прогресивни, сепак, како што напиша Charman во Apollo за таквите слики, тие сепак „ги следат блескавите конвенции“.

Тоа не е случајот со Ријана, која го претвори соочувањето со нејзината бременост во секојдневна работа за неа. Или уште подобро, за нас. „Ја очекував нејзината објава“, вели Крамер – можеби и неколку други, внимателно искалкулирани појави и фотографии. „Но таа одбива да ја скрие бременоста“.

Иако е можно да се работи за несвесен избор – можеби нејзината кожа е толку чувствителна што не ѝ годи да има нешто врз нејзиниот стомак – Ријана има историја на свесно користење на сопствениот изглед и профил за преиспитување на постоечките предрасуди и социјалните конвенции за женската автономност и убавина. Најдобар пример за тоа е нејзиниот бренд за долна облека, Savage X Fenty, моментално проценет на околу 3 милијарди долари.

Навистина, би можеле да кажеме дека нејзиниот сегашен пристап беше наговестен од нејзиниот избор да ја вклучи Slick Woods, во деветтиот месец од бременоста, како модел на нејзиното прво шоу на Savage X Fenty во 2018 година, носејќи само лепенки на брадавиците и чипкаста долна облека. Вудс се породи веднаш по ревијата, а подоцна објави: „Тука сум за да кажам дека МОЖАМ ДА ПРАВАМ ШТО САКАМ КОГА САКАМ А МОЖЕШ И ТИ“. (Плус минус некој збор што не може да се испечати во овој весник.)

Сменете го датумот и оваа изјава лесно би можела да биде мотото позади трудничката облека на Ријана. Најпосле, самата таа својот труднички стил го нарече „бунтовнички“.

Сега, останува прашањето дали „јавното славење на телесната автономност преку бременоста може да направи разлика?“, вели Крамер. Може ли „изведбата на оснажена бременост од страна на богата жена на врвот на нејзината игра да се филтрира“ за да направи промена во начинот на кој се перципира бременоста воопшто?

Ако е можно, тогаш Ријана ќе направи многу повеќе од тоа да смени како се облекуваат трудниците. Таа ќе издејствува врз тоа како размислуваме за правата на жените. Бремени или не.

 

 

Извор: NYTimes

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • May 3, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram