Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.

Поминати се околу три недели од ужасниот инцидент на полициска бруталност во Битола врз тројца Роми. Многу од нас го гледаа видеото каде што јасно се гледа дека полицајците користат прекумерена сила против едно лице (и уште едно лице во близина на полициско возило), мавајќи го шамари и клоци. За жал, мал број медиуми вистински пренесоа колку насилно и дехуманизирачки се однесувале полицицајците.

Во интервју со АВАЈА, граѓанска иницијатива која ги застапува интересите на Ромите во Македонија, кое беше пренесено и од Слободен Печат, тројцата жртви на полициско насилство ги раскажаа своите приказни. Најпрво тие искусиле нешто трауматично: сообраќајка. За среќа не завршиле со многу сериозни повреди, но сепак се нашле во состојба на шок и болка. Еден од жртвите раскажува како тој отишол да провери дали сите негови другари се живи. Но она што се случило кога дошла полицијата, наместо да повикаат медицинска помош, тие веднаш почнале да ги тепаат.

„Тие требаше да ни дадат нас помош, а не да не маваат,“ вели еден од жртвите, кој исто така објаснува дека еден од полицајците го мавнал и му го земал телефонот кога тој пробал да го документира насилството. Исто така тој бил одбиен од страна на Сектор за Внатрешни Работи каде што се обидел да пријави што му се случило нему и на неговите пријатели.

Жртвите биле држени и тепани во полициската станица до 5 часот следното утро и биле нарекувани со погрдни расистички зборови. Сите тројца имаат повреди, меѓукои пукната аркада, повреден грб, повредени вратови и скршена рака, но немаат целосна медицинска документација бидејќи иницијално биле одбени од страна на болницата во која отишле.

„Свесни сме дека истото се случувало претходно во затворени простории, односно во полициските станици, меѓутоа овој пат сообраќајната полиција одлучи да го направи тоа на отворено. (…) Да не беше снимено ова видео најверојатно овој случај би останал скриен како и многуте други случаи,“ вели ромскиот активист од АВАЈА, Елвис Шаќири.

За жал Шаќири е во прво. Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација. Со самото пасивно прифаќање на фактот дека Ромите живеат на работ на сиромаштија во ефективно сегрегирани населби, жените во Шуто Оризари немаат пристап до гинеколог, а децата продаваат балони или просат пред семафори, се приклучуваме кон нормализацијата на третманот кој овие личности го добиваат од речиси сите институции и општествени структури.

Фактот што многу Роми се сиромашни или се бездомници исто така допринесува до создавање и оддржување на негативни стереотипи за нив (пр. дека се „мрзливи“ или „не сакаат да работат“. Дискриминацијата кон нив (делумно) продолжува токму поради ваквите стереотипи, а колку повеќе остануваат Ромите сиромашни и маргинализирани, толку повеќе може да се зајакнат овие стереотипи.

„Во основно имаше едно дете во нашето одделение што очигледно беше Ром ама имаше македонско име. Кога јас или некој од моите другари, не сеќавам баш, го прашавме зашто е толку темен, тој ни рече дека едно лето многу се исончал и таква му останала кожата. Ние му поверувавме. Кога сега се сеќавам на таа приказна ми станува јасно дека тогаш не би паднало ни на крај памет дека мојот соученик би можел да биде Ром, бидејќи тој одеше во школо со мене, а за мене тогаш, Ромите постоеја на улица,“ ми раскажа еден другар кога зборувавме за инцидентот од Битола.

Во муабетот со другар ми стигнавме до заклучок дека во нашето општество,  а и во многу други европски држави, Ромите не се сметаат како граѓани од ист ред како сите други. Но имањето на предрасуди кон Ромите не постои само на индивидуално, туку и на системско ниво. Според извештај на Агенцијата за човекови права на Европската Унија од 2016тата година, 80% од Ромите во ЕУ државите се во ризик на сиромаштија, само 53% од ромските деца одат во основно училиште и 41% од интервјуираните Роми веруваат дека биле дискриминирани во различни ситуации како барање работа или здравствени услуги во последните 5 години.

„Оти сме сиромаси затоа тие нѐ тепаа, од што не можеме ние да се жалиме,“ вели еден од жртвите во интервјуто со АВАЈА и е комплетно во право. Ако веќе Ромите се третирани како второкласни или третокласни граѓани, тогаш какви се шансите да институциите донесат правда во ваков случај кога ретко ги штитат Ромите во нивните секојдневни животи?

Пред неколку месеци имаше сличен случај на расистичка полициска бруталност кон групата бездомни Роми кај Железничката станција во Скопје и практично немаше последици за полицајците. За разлика од скопскиот инцидент во Јуни, сега имаше организирано протест против полициската бруталност во Битола само два дена по интервјуто со АВАЈА. По реакциите на социјалните медиуми и протестот, МВР реагираше со дисциплински мерки: еден полицаец е суспендиран, а друг е и суспендиран и против него има поднесено кривична пријава. Но на иницијалното видео од инцидентот се гледаат барем тројца полицајци и од сведоштвата на жртвите изгледа како да биле инволвирани повеќе од само двајца полицајци за кои има последици.

Веројатно најтрагично е што на 30ти Септември, независниот полициски синдикат одржа протестен мото марш против одлуката на МВР за суспензија на нивните колеги. Да, полицијата протестира во поддршка на полициската бруталност на нивните ортаци. Пораката на битолската полицијата е јасна: нашата работа не е да ги штитиме Ромите.

Но полицајците не се штитат едни со други само во Македонија, туку и во многу други држави. Случаите на полициска бруталност често не се доволно добро истражени или се прикривани од страна на полицијата. На пример, има нови полициски снимки за убиството на афро-американката Бреона Тејлор од страна на полицајци од Луивил (Кентаки, САД) што укажуваат на потенцилно заташкување на истрагата.

Како што во САД има проблем со расизмот против афро-американците (и други етнички малцинства), во Северна Македонија имаме сериозен проблем со расизмот против Ромите. Народниот правобранител Иџет Мемети кажа за Радио Слободна Европа дека оваа година веќе има 15 случаи на полициска бруталност во Северна Македонија, додека лани имало само 3 (иако има висока веројатност да тие бројки се повисоки бидејќи, како што кажа Елвис Шаќири, овие случаи не секогаш се пријавени). Не смееме да го игнорираме овој загрижувачки тренд кај македонските полицајци, ниту пак секојдневната дискриминација и расизам кој го доживуваат македонските Роми.

Сведоштвото на тројцата жртви од Битола докажува дека постои системска дискриминација кон Ромите во многу институции и сегменти на македонското општество. Често пати македонските политичари од различни политички партии зборуваат за инклузија и интеграција на ромската етничка заедница, но очигледно премалку се прави по ова прашање. Треба да има структурни промени и интервенции во здравството, образовниот систем, полицијата, јавните институции и уште еден куп полиња. Нема решение што ќе го реши расизмот против Ромите преку ноќ, но добар почеток би било да се донесе квалитетен Закон за спречување и заштита од дискриминација по сите основи.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • October 19, 2020
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram