Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
пишува Љупчо Петрески

Иднината? Боже – дали ќе биде полошо и полошо? Дали никогаш нема да патувам, никогаш нема да го почувствувам животот, никогаш нема да имам цел, значење? Никогаш се нема време – долги размислувања, истражувања, идеи, филозофија – да го артикулирам нејасното навирање на желби во мене? Дали ќе бидам секретарка – самооправдана, неинспирирана домаќинка, потајно љубоморна на способноста на мојот сопруг да се развивам интелектуално и професионално додека сум спречена – дали ќе ги потиснувам моите засрамувачки желби и аспирации, одбивајќи да се соочам со себеси или да полудам и да станам невротична?

– од „Целосниот дневник на Силвија Плат“

 

            На една од последните фотографии кон крајот на 1962 година, направена од Сузан О’Нил Рои, Силвија Плат целосно го менува својот изглед заменувајќи ги познатата руса коса и црвен кармин со куса кафеава коса и широка насмевка. Тој период е познат и како нејзиниот најплоден период како поетеса – скоро сите песни во постхумно издадената „Ариел“ (1965) се напишани во последните неколку месеци од нејзиниот живот, кој згасна пред точно 60 години на 11 февруари 1963 година. Таа зад себе остави комплицирано наследство, а нејзината последна биографка Хедер Кларк ја опишува како „можеби најпознатата американска поетеса на дваесетиот век“. Нејзиниот краток живот, но богат поетски опус остава трага во поезијата и феминизмот – ослободувајќи го стихот од метриката, послушноста и женственоста – на ист начин како што се ослободува од својот ултра женствен изглед создавајќи поинаква, последна слика по која сака да ја паметиме.

Вистинската грижа, целиот свој живот, Силвија Плат ја посветува во балансирањето меѓу семејството и кариерата како писателка. Она што Шварц го забележува е дека Плат успева да го преиспита женскиот идентитет обременет со ограничувања, табуа и бес и да го ослободи од лошо поставените  општествени улоги на жената. Дури и нејзиното самоубиство се смета за чин преку кој се преработува женското тело (текст) со цел да се создаде отпор и гнев кон психо-социјалното патријахално маргинализирање на жената. Но, пред да се убие себеси, мора да раскрсти со опресорите.

Во едно патријахално општество, хетеронормативниот брак е родово структуиран и вообичаено е „судбина која општеството традиционално им ја нуди на жените“ (Бовуар, 608). Сѐ што една жена стекнува е тоа што го добива од татковиот дом, а магичниот круг продолжува со сопругот кој одлучува колкава ќе биде нееднаквоста и измачувањата во бракот на една жена. Опресијата на таквото општество во песната „Тато“ ја илустрира со стихот „секоја жена обожава фашист, чизмата в лице, на ѕверот“. Секој обид на жената да излезе од веќе поставената улога од страна на мажот ќе резултира со казна, каде нееднаквоста ја претставува метафорично споредувајќи ги мажите со вампири што се хранат од жените, алудирајќи дека мажите ги жртвуваат жените за да го зацврстат својот општествен статус, воопшто не водејќи грижа за желбите и потребите на жената.

„Тато“ е личен манифест на Плат преку кој успева да го преболи отсуството на татковата фигура во нејзиниот живот и да ја отрфли машката фигура како општествено доминантен лик во животот на една жена. Ото Плат е закопан, сите врски со Тед Хјуз се завршени како прекината жица од телефонот. Со убивањето на татка си го убива и сопругот за конечно да ја почувствува слободата и да стави крај на деструктивната моќ на мажите.

Но, животот во брак за Плат е психолошко страдање, а опресивноста на сопругот е ускратување на слободната волја и свесноста за сопството. Во песната „Сопругата на чуварот во зоолошка“ сопругата страда од бесоница поради психосоматските нарушувања предизвикани од неговата индиферентност и отуѓеност од сопругата споредена со „мртво езеро“. И покрај обидот на сопругата да изгради здрава врска со него таа сфаќа дека сѐ е залудно и го именува сопството како „бездробно“ и „грдо“ зад чија симболика се крие неволјата која ја снашла – животот и сексот се еднострани и насилни – поткопувајќи го концептот за еднаквост во бракот.

Плат често пее во своите песни и за неверствата на сопругот, кои го поткопале пак, взаемното разбирање во врската.  Тед Хјуз, познат по своите неверства со повеќе жени додека е во брак со Силвија Плат, никогаш не почувствувал потреба да се повлече или ослободи од обвинувањата. Силвија станува свесна за неверствата кога не ја пречекува на паркингот после предавање кога требало да го прослават нејзиното „ослободување“ од работата на колеџ. „Плашливата“ е автобиографска песна која зборува за една караница преку телефон поврзана со неговата тогашна љубовница Азија Вивил: „Овој маж создава псевдоним/ и се крие зад него како црвец/ оваа жена на телефон/ вели дека е маж, а не жена.“ Телефонот, измамата, неверството го има во повеќе нејзини песни, алудирајќи токму на случката со Вивил. Во „Тато“ ги пресекува жиците од телефонот да не стигнат гласовите што неверниот сопруг ги упатува кон љубовницата, но нема да биде неразумно ако речеме дека песната не е само за татковата фигура, туку  и за сурогат таткото – сопруг каде не постои никаква разлика во авторитарното однесување на таткото и сопругот.

Она што Плат го прави преку својата поезија е создавање на пошироки концепти за родовите перспективи во патријахалното општество. Песните се каналот преку кој сакаше да допре до пошироката јавност за обединетоста на жените и кревањето на гласот против фалоцентризмот. Нејзината поезија го претставува хетеронормативниот брак во патријахалното општество како пазар каде сопругата воглавно е стоката. Многу феминисти тврдат дека мажот не го бара интелектуалното друштво на сопругата туку целосното предавање на нејзиното тело за соблазнување. На пазарот за брак, вели Мери Волстонкрафт, жените кои бараат комодитет од мажите со кои стапуваат во брак, отворено ја прифаќаат „легалната проституција“.

Во песната „Пурда“ лирското јас е во харем, со свој сопственик, обезчовечена под плаштот на потчинетоста: „блескам како огледало,/ на површината се појавува младоженецот,/ господарот на огледалата!/ Самиот се протнува низ овие свилени/ набори тие шушкави додатоци./ Дишам и покриената уста/ го занишува превезот, превезот/ на окото е / спој од виножита.“ Токму тоа лирско јас станува свесно за сопството во вакви услови. Во патријахалните услови тоа не е нејзино ами сопственост на друг – дури и неговата отсутност го диктира начинот на кој жената живее во неговата сенка. Токму тогаш се издигнува лирското јас и се спротиставува на патријахалниот господар. Тука се покажува нејзината желба да се издигне над патријархалната поставеност на жената и канибалистички низ лутина да оди против предрасудите на сопругот: „од пепелта/ се издигам со црвена коса/ и јадам мажи како воздух.“ (Лазарка, 82-84)

Умира, за да воскресне, но за да воскресне користи две слики Лазар и Феникс. Лазар зависи од милоста на Исус, машкиот столб, а Фениксот е комбинација од двата пола и надвор од доменот на машкиот опресивен фактор. Токму песните на Плат ја симболизираат нејзината желба за преземање на сопството и отфрлање на ограничувањата на патријархалното општество – од нејзиното самозапалување до издигнувањето од сопствената пепел, исто како и нејзината последна фотографија.

НАПИШАНО ОД:
  • Љупчо Петрески
  • February 23, 2023
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Збор, два за црквата
На 29 јуни МПЦ организира „сенароден“ протест против родовата еднаквост и правното признавање на родот. Еве дел од причините зошто ова е погрешно и страшно.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Стара приказна, нови актери
Говорот на омраза никогаш не завршува како говор.
  • Од Лин
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram