Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.

Петок е, седум часот наутро. Ајви (Ivy) ги запали светлата во најголемиот центар за овозможување абортуси во Тексас – Клиниката за жени во Хјустон (HWC), кадешто работи како супервизорка речиси две децении. Откако во мај протече нацрт-одлуката на Врховниот суд и се откри дека конзервативното судско мнозинство има намера да ја поништи одлуката Ро против Вејд, педесет и шест годишната Ајви, која побара во текстот да биде условена со прекар, секој ден оди на работа со помислата дека може да ѝ биде последен. Но, утринските работни навики на Ајви не се променија заради сѐ поизвесниот крај на правото на абортус, ниту заради постоечките ограничувања на пристапот до абортус во Тексас. На почетокот на секој работен ден, Ајви сѐ уште си ја собира побелената долга коса во пунџа и ја прибира во црна хируршка капа; сѐ уште ги стерилизира сите шприцеви, ги пребројува киретите и пречекува колегите на работа. Само начинот на којшто им се обраќа на пациентите е различен – отсега, секое добредојде е проследено со службено оградување.

„Одлуката Ро против Вејд секако ќе ја поништат, а и легалниот абортус може да го забранат во секој момент“ ги предупредува Ајви трудниците после секое „Добро утро“ и прием во клиниката. Петок е и пациент(к)ите почнаа да пристигнуваат во осум часот, после ‘паркинг-преговорите’ со анти-абортус демонстрант(к)ите. „Ај покажи ми лична карта, mija“, ѝ вели Ајви на првата жена што стигнала во сончевото предворје, исполнето со жуборот од аквариумот. Жената беше облечена во црни панталони и сив дуксер, а за да ѝ се заштити идентитетот во целост, била регистрирана под одреден број. Како и поголемиот дел од утринските пациентки, таа е во четвртиот месец од бременоста, и ова ѝ била втора од двате пропишани лекарски прегледи. Според законот за абортус во Тексас, жените треба да чекаат најмалку дваесет и четири часа откако ќе добијат писмена потврда за бременост и ехо снимка за да смеат да ја прекинат бременоста. Се надева дека после оваа посета и втората ехо снимка, барањето за абоортус ќе ѝ биде одобрено. Десно од бирото на Ајви висеше врамена прокламацијата во чест на четириесет и четвртата годишнина од Ро против Вејд, потпишана од градоначалникот на Хјустон.

Тој ден, и покрај предупредувањата на Ајви, се чинеше дека само неколку жени на рецепцијата пријавиле дека нивниот пристап до абортус е загрозен. Пациентките биле најмногу загрижени за ултразвукот, преку којшто доколку се утврдеше дека лицето е бремено повеќе од шест месеци; или доколку евентуално се детектираше некаква активност во феталните клетки – тоа би значело дека прекинот на бременоста нема да им се дозволи во Тексас заради усвојувањето на државниот закон во септември минатата година и ќе треба абортусна нега да си побараат во друга држава.

За ехото и лекарското советување, жените беа или повикани една по една во задниот дел од клиниката, или советувани да го причекаат докторот, којшто не се беше појавил сè уште. Пациентките седеа и чекаа на крути дрвени столчиња, а на спротивниот ѕид висеше врамена фотографија од Серулеанскиот залив во Портофино. Дури жените зјапаа час во сликата од италијанското село, час во мобилните, десетина нервозни медицински службеници се врткаа околу рецепцијата. Една од нив го ставила телефонот врз купот медицински досиеја за колегите полесно да го видат дневниот ред на Врховниот суд за тој ден. Една од медицинските сестри пак, почна да ја плете светло обоената коса на рецепционерката. „Може да се случи во секој момент“ рече Шила, раководителката на клиниката и надредената на Ајви,  којашто била во контакт со адвокатите на Американскиот сојуз на граѓански слободи (A.C.L.U). „Сестра ми се обидува да ми ги тргне мислите од ова и еве, штотуку ми испрати статија: ‘Како да престанете да излегувате со луѓе со коишто не си одговарате.’ Се слушна извик од друга просторија: „Ај препрати ми!“

И покрај тензичната атмосфера, медицинските лица се обидуваа да се фокусираат на работните обврски и да одговорат на сите телефонски повици, коишто никако не престануваа. Колку побрзо работеа, толку повеќе пациенти можеа да подготват за лекарска посета. На жените кои ги исполнуваа условите за прекин на бременоста докторот или ќе им препишеше апчиња или ќе го изведеше абортусот хируршки. Но, во точно 9:11 часот, пред докторот воопшто да пристигне и да почне со извршување абортуси, Шила доби телефонски повик од адвокатката на Американскиот сојуз на граѓански слободи: „Го поништија Ро“. На излегување од лабораторијата, Ајви не сфати што точно ѝ кажала адвокатката на Шила, но откако виде како ѝ треперат рацете, ѝ беше јасно.

Надвладеа штама неколку секунди. Ајви се повлече во одделението за проверка на виталните функции и анализа на урина. Конечно сама, си ги прекри насолзените очи, а останатите колеги се прегрнаа. Една од пациентките стана од столчето и го прекина молкот: „Зошто плачете?“ праша збунето. Шила се обиде да се сталожи, ги избриша солзите и се сврте кон жената и уште тројцата пациенти во чекалната: „Дами, за жал, законот за абортус е поништен“. „Во моментов не смееме да извршуваме никаков тип абортус, но тоа не значи дека немате опции, океј?

Две од пациентките, облечени во светли пуфкасти папучи, немо гледаа во празно, а третата, со наочари со дебели рамки, заплака на глас. „Qué pasó?“ – праша една од пациентките, којшто не зборуваше англиски. Шила клекна покрај неа и на лош шпански ѝ рече: „No podemos hacerlo ahora“, што значи „Не може да го направиме сега“. Жената, со кубанско потекло, воопшто не изреагира, па Шила побара од Ајви да ѝ преведе: „Мила, Врховниот суд штотуку го забрани абортусот во Тексас“. „Не смееме да ви помогнеме“. Жената се стаписа.

Ајви ѝ даде брошура со телефонскиот број на Националната федерација за абортус и ја охрабри да се јави за да дознае кои ѝ се опциите на располагање во другите држави. Брошурата беше на англиски и содржеше контакт податоци на три фондови за абортус, од коишто два престанаа со работа веднаш по објавувањето на пресудата. „Не ги извршуваат повеќе во Тексас? – праша жената со ококорени очи. Ајви одмавна со главата и си ја потпре раката на рамото на жената.

Ајви ја прераскажа истата порака и на дваесетина други пациентки коишто го чекаа доктрот. Иако жените можеа слободно да ги приложат ехо снимките во клиниката, на медицинските лица им беше забрането да ја извршуваат абортуси. „Нема повеќе абортуси“, ѝ рече Ајви на една жена којашто седеше во фоајето со наведната глава. И покрај тоа што Ајви течно говореше два јазика, во целата конфузија, нејзината речитост за момент исчезна. Полека се сталожи и ѝ рече „Ќе им се јавиш и тие ќе ти објасат чекор по чекор што да правиш“. Ѝ ја подаде сега веќе застарената брошура и со сите сили се трудеше да не заплаче.

Штом ја чуле веста, дел од пациентите побегнале од клиниката. Кога Ајви ги побара телефонски за да ги советува што понатаму наиде на тишина од другата страна на слушалката. Шила беше особено загрижена за една жена чиј претходен обид за медикаментозен абортус не успеал и баш тоа утро се вратила во клиниката за да проба повторно. Дел од пациентките едноставно одбиваа да ја прифатат веста и да ја напуштат клиниката. Една од нив ја зграпчи Ајви за раката и никако не сакаше да ја пушти. „Те молам помогни ми“, ѝ шепна, нудејќи ѝ купче пари во замена за апчиња за абортус. „Не смееме да извршуваме абортуси“, инсистираше Ајви. „Противзаконски е“. Жената ја молеше и ветуваше дека апчињата ќе ги пие дома, во потполна тајност. „Маж ти ќе мора да те одвезе во друга држава“, рече Ајви со сериозен тон. „Абортусот не е легален“.

Неколку часа подоцна, на масата во просторијата за прегледи, Ајви ја затекна Британи (22) со истуткана бела маица и стегнати тупаници, којашто беше дојдена за рутински контролен преглед една недела по абортусот. Веќе ја беше чула веста и беше ужасната дека за малку и таа ќе беше спречена да направи абортус и плус ќе беше „мета“ на судско гонење. Дали сега би можела да западне во неволја затоа што абортирала пред една недела, ја праша Ајви. „Не си направила ништо незаконско“ ја увери Ајви, но ѝ посочи дека веројатно ќе биде подобро за неа ако не раскажува наоколу за својот абортус.

Откако замина и последниот пациент тоа утро, приемниот оддел на клиниката заличи на центар за контрола на летови. Ајви почна да ги собира досиејата на пациентите во кутии, додека две други колешки се обидуваа да им се јават на жените што беа закажани попладне за да ги извести да не доаѓаат. Останатите од персоналот се трудеа да сфатат како одлуката ќе им влијае врз егзистенцијата. Клиниката не би имала веќе работа, па не беше тешко да заклучат дека ќе ја изгубат работата. „Има два закона“, ѝ рече Шила на една од сестрите, надоврзувајќи се на она што ѝ го кажаа адвокатите. „Едниот е пред Ро, закон од 1960, во Уставот, а другиот е автоматски закон“, рече опишувајќи разни тексашки закони. Јавниот правобранител на Тексас се закани дека првиот ќе го спроведе уште веднаш. Вториот ќе стапи на сила триесет дена по пресудата на Судот и со него обезбедувањето абортус ќе стане кривично дело.  

Не помина долго, пациентите од попладнето почнаа да се појавуваат и покрај пораките што им ги оставаа вработените. Секој пат кога ќе свирнеше алармот на вратата, сите истовремено се вртеа кон влезот со овенати лица. „Не знам дали слушнавте“, ѝ рече рецепционерката на една жена што се чинеше дека е на раб да заплаче. Дојде и друга пациентка и, збунета, ја праша Шила што вели законот сега. „Бидејќи ја поништија пресудата Ро против Вејд, сега се враќа правото на секоја држава да носи своја одлука,“ објасни. „Па, зашто, очигледно, живееме во конзервативна држава, сега станува нелегален.“ Колегите околу Шила веќе почнаа да зборуваат за Ро во минато време, како да се сеќаваа на некоја далечна ера кога абортусот бил уживан како право.

За време на една кратка пауза сред гужвата од пациенти, Шила се потпре на еден шкаф да здивне. „Сега може да паѓаме“, им рече на другите. Една од вработените, Линда – шеесет и нешто годишна жена, која работела во клиниката четириесет и две години, не се согласи. Се потсети на годините кога антиабортистите провалуваа во клиниката со смрдливи бомби или ја поплавуваа зградата со црева низ отворот за пошта на влезната врата – некогаш ги поплавуваа толку многу што требаше да направат дренажни дупки во подот. „Ако паднеш“, рече Линда со сериозен глас, „ќе те изгазат.“

Осумдесетгодишниот доктор на клиниката, Бернард Розенфелд, не отиде на работа тоа утро, плашејќи се дека дури и само да се појави таму после донесувањето на одлуката, државата може да го гони. Но не можеше да издржи долго, и рано попладне пристигна за да ги теши своите вработени. Како и Линда, и тој многу добро се сеќаваше на абортусот во минатото. Студираше медицина во доцните шеесетти и рани седумдесетти, пред Ро да го легализира абортусот во 1973. „Секојдневна рутина ни беше да спасуваме жени од септички абортуси и крварење“, рече за периодот кога работел во Градската болница во Бостон. „Катастрофа беше.“ Розенфелд потоа почнал на пракса во Медицинскиот центар во Лос Анџелес при Универзитетот во Јужна Калифорнија, а во 1975 станал главниот свиркач во еден случај на принудна стерилизација во болницата. На стотици Латиноамериканки им било побарано да потпишат согласност за подврзување на јајцеводите сред породување. Некои жени не биле ни свесни дека биле стерилизирани сѐ додека еден адвокат што работел со Розенфелд не им се појавил на врата.

Розенфелд на крај се придружил на катедрата на Медицинскиот колеџ Бејлор, во Хјустон, и станал специјалист за одврзување на јајцеводи и во раните осумдесетти го презел раководството на клиниката во центарот на градот. На денот пред одлуката на Судот, тој, Ајви и Шила седнаа на големите кожени фотелји, каде што обично пациентите се одмараа после хируршките абортуси, и дебатираа што ќе се случи по пресудата. И тројцата се прашуваа кај би му бил крајот на законот. Ќе влијае ли на третманите за плодност? Ќе биде ли легално ин витро оплодувањето? И кои би биле импликациите за генетските истражувања? За Розенфелд, исто толку загрижувачки беше и фактот што помладите генерации доктори ја избегнуваат оваа професија. Веќе со години не можел да најде доктор што ќе го замени. „Не мислев дека ќе се пензионирам толку рано“, рече со горка насмевка. Веќе некое време чувствуваше притисок од државните регулативи да престане да изведува абортуси. Кога гувернерот на Тексас, Грег Абот, нареди сите такви клиники да се затворат за време на пандемијата, Розенфелд беше повикан пред Медицинскиот одбор на Тексас и обвинет за непочитување на државните наредби. На крај го прогласија за невин, но се плашеше дека властите на сличен начин ќе го набљудуваат и оспоруваат и сега, после Ро. „Мора веднаш да престанеш, инаку ќе почнат хајка по тебе“, рече.

Во петокот, по одлуката, Ајви и Шила на кратко се тргнаа од пациентите за да земат селотејп и да излезат надвор. Требаше да го постават големиот постер што жена му на докторот го направи претходниот ден. На него пишуваше „HWC веќе не може да обезбедува абортивна нега.“ Ајви го повика чуварот на клиниката на помош. „Хуан!“, рече. „Los abortos ya no son legales“ – абортусите веќе не се легални. Чуварот, еден слаб човек од шеесет години, кој ѝ служел на клиниката четиринаесет години, беше зафатен барајќи бургија за да може целосно да ја процесира веста дека остана без работа. Тројцата се качија на една клупа под веќе постоечкиот знак на којшто пишуваше WE ♥ HWC. Кога Хуан ги одврти шрафовите, знакот падна на подот, а завртките се истркалаа зад него. 

Внатре, одлуката што лебдеше наоколу со месеци, одеднаш се материјализира: по повеќе од четириесет години клиниката ќе се затвори. Една трудница што зборуваше на телефон со една од медицинските помошнички пред да спушти бесно се развика: „Значи ќе треба да ги преземам работите во свои раце, нели?“. Психолозите од клиниката раскажуваа за пациентки кои се фрлале по скали или сериозно размислувале за самоубиство. „Сѐ почесто ќе гледаме бебиња во контејнери,“ – рече Лупе, друга медицинска помошничка. Таа најмногу беше загрижена за жените што не се во можност да патуваат надвор од државата и Латиноамериканките што ги имала третирано низ годините, од кои дел беа неписмени. По затворањето на клиниката кој ќе ги шири информациите за алтернативите што постојат?

Надвор на паркингот, несигурна, беше Кубанката на којашто ѝ беше даден флаер со опции што не можеше да ги прочита. Кога ја напушти клиниката, еден демонстрант против абортус по име Раул проба да ја намами да влезе во автобус што се упатуваше кон „Хјустонската коалиција за живот“, што тој ја нарекуваше „Медицински центар“, но Кубанката само го одмина.  „Не можам да го задржам, веќе имам три“. Рече таа додавајќи дека децата се на возраст од две, четири и осум години. Жената беше во петта недела од бременоста. „Зошто би направиле вакво нешто?“, рече за Судот. Кажа дека не може да си дозволи да патува во друга држава. Дури и средствата што ѝ беа наменети за абортусот тој ден ги снема. Но беше убедена дека ќе најде начин. Пријателка ѝ кажала дека има некој Мексиканец што може да оди кај неа дома и да ја изведе процедурата. „Ми кажа дека ако не испадне ништо на клиника, можам да го побарам него“, рече надежно гледајќи кон затворената врата на клиниката.

Извор: The New Yorker

Преведено од Елена Петрова и Благица Димитрова
НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • July 26, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram