Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.

Кога другарка ми од Белград ми испрати линк од YouTube на WhatsApp со порака „СЛУШАЈ!“, фрлив поглед, видов дека видеото трае 12 минути, си помислив „па дали си ти нормална“ и ментално го архивирав за тогаш-кога-ќе-имам-време. За среќа, пандемијата ги благослови прекарните независни уметници како авторкава на овој текст со вишок слобода, па веќе попладнето кликнав на линкот, некаде помеѓу опсесивното читање вести од Украина, напади на ПТСН и клипчињата со слатки мачки на Инстаграм.

И откако му фрлив поглед, не престанав да го гледам. Триптихот на Констракта (Nobl, In corpore sano, Mekano) моментално има над половина милион прегледи на YouTube.

Од каде толкава глобална фасцинација и ентузијазам? Покрај одличната заразна музичка основа, Триптихот е текстуално урнебес, а хуморот е – како што знаеме – последната линија на одбрана против апсолутниот ужас на човековото постоење, никогаш порано толку интензивен. Сè додека можеме да се смееме, нема да се убиеме.

Од воведниот кадар и првата реченица од првата песна – „Пијаното го прави мојот мал стан да изгледа благородно“, Констракта започнува со своето генијално и комично мапирање на невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и остатоците од буржоаската средна класа, трансформирани во идеолошкиот пресврт од последниот четвртина век. Преку трите песни кои се како три фази на постсоцијалистички груминг, авторката ги поврзува овие точки во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.

Во првиот сегмент, Nobl, протагонистката е опседната со својот статус, материјалните работи и телото. Исто како и Шерон Стоун, во која се претопува, таа се гледа во огледало и плаче, ѝ се спротивставува на идејата за стареењето и смртноста и ја негира („Зар јас да умрам? Е можеби баш јас нема)“. Во следниот сегмент, In corporе sano, измачувана од несигурноста и сопствената невидливост, уметницата неволно ја прифаќа моменталната ситуација („И не мора да биде подобро, моето срце само чука/ Верувам, само нека чука), за во последниот сегмент, Mekano, да признае целосен пораз и конформизам („Не остана никаква трага / Мекоста нека е проклета“).

И покрај тоа што дејството е во Србија, на Балканот, и таа пее на српски јазик, ритамот и имагинарното во делото на Констракта се западно-цивилизациски. Нејзините референтни системи се Италија, Франција/Париз, Америка (Шерон Стоун, Меган Маркл), Античка Грција – тие се предметот на нејзината желба, но и простори за идентификација. Ако ги сведеме брилијантните слики на авторката на заеднички именител, би можеле да кажеме дека Триптихот се занимава со (типично западната) животна криза во неолибералниот капитализам и неможноста да се преговара со него, со посебен акцент на специфичното цис-женско искуство.

Единствената асоцијативна врска со балканското (СФРЈ) минато во Триптихот е зградата Генекс и можеби бабата Десанка (р. 1912 г.) која во Глибовац ги чита судбините во џигер. Сите други мотиви ефективно ги бришат границите меѓу „Балканот“ и Западот. Ова е важно за толкувањето што следи.

***

Кога Констракта победи на српскиот Евросонг со средниот сегмент, In corpore sano, целата пост-југословенска територија се вжешти. Но ниту меѓународните медиуми, публика и обложувалници не останаа рамнодушни. Композицијата на Констракта доаѓа на евровизиската сцена во Торино како де-етнизиран вонземјанин и комплетна инверзија на класичните авто-егзотизирачки стихови, нешто што често може да се види на овој настан. Навистина, In corpore sano со своите музика и текст е „позападна“ од најзападното, поекспериментална, попрогресивна – невозможна за класифицирање, бидејќи кога зборува за кревкоста на телото, здравјето и невидливоста на уметниците, таа зборува за секоја западна, поцивилизирана земја.

Површниот поглед на странските медиуми – и нивната лишеност да го разберат текстот надвор од референцата на Меган Маркл – сугерира конфузија, но и несомнена фасцинација. Песната толку го заинтригира американскиот Newsweek што ѝ посвети напис, сепак, нарекувајќи ја „бизарна“ и имплицирајќи дека косата на Маркл е главна тема на песната. Други, пак, во миењето раце на сцената прочитаа коментар за пандемијата и инстирање да се зачува менталното здравје.

На нашите простори, пак, како важна референца и водич за толкување на делото на Констракта беше препознаено делото на Марина Абрамовиќ. Опсесивното миење на рацете на Констракта и повторувањето на „Уметницата мора да биде здрава“ многумина ги потсети на перформансот на Абрамовиќ во Копенхаген, Art must be beautiful, artist must be beautiful („Уметноста мора да биде убава, уметникот мора да биде убав“, 1975) во кој авторката опсесивно се чешла, повторувајќи ја споменатата реченица.

Ако се земе предвид културно-образовната позадина на Ана Ѓуриќ Констракта (дипломирана архитектка, р. 1978), голема е веројатноста дека таа намерно и свесно ја цитира Абрамовиќ. Сепак, би било многу поинтересно и интерпретативно посилно ако In corpore sano се спореди со Балкански барок, перформанс со кој Абрамовиќ го освои Златниот лав на Венециското биенале во 1997 година. Во перформансот, Абрамовиќ пее народни песни, и со часови и денови седи среде брдо крвави животински коски кои неуспешно се обидува да ги истрие и измие – како алегорија на, меѓу другото, страшните војни во Југославија.

Тогашниот триумф на Балкански барок на еден од најважните уметнички настани не само што беше голем успех за авторката, туку и за перформативната уметност воопшто, во тоа време крајно маргинализирана гранка на семејното стебло на визуелните уметности. Само неколку години подоцна, Марина Абрамовиќ добива потврда за својата глобална уметничка видливост кога нејзиниот перформанс The House with the Ocean View станува клучен дел од дванаесеттата епизода од шестата сезона на Сексот и градот – катализатор за повторното обединување на Кери и Александар Петровски (Кој ужас!). Во интервјуто од 2002 година, во очи емитувањето на Сексот и градот, Абрамовиќ изјави дека се гледа себеси како Балканот, а своето тело како мост меѓу Западот и Истокот.¹

Останатото е, што би рекле, историја. Во 2010 година, Абрамовиќ доби тримесечна ретроспектива во МоМа, каде што паралелно изведе 726-и-пол часа од перформансот The Artist Is Present („Уметникот е присутен“), што конечно ја втурна во кругот на славните светски уметници, сугерирајќи дека Балканот е најпосле припоен кон Западот.

Како Балкански барок на Абрамовиќ, делото на Констракта почнува и завршува над гротескен рид од животински коски. Но кај Констракта нема обиди за искупување или прочистување; гробиштата со пилешки коски се ручекот на двајцата протагонисти (брачен/вљубен пар). Наздравувајќи со звукот на отчукувањата на часовникот, несвесни за масакрот под нивните прсти, Констракта и Коста ги крцкаат крилцата како сцена од семејниот живот, врамена во собата, како масло на платно, закачена на ѕидот од дневната соба на секој од нас.

Колективниот ужас и трагедијата од Балкански барок на Абрамовиќ кај Констракта се невидливи, иако ѝ се случиле во текот на животот, и неповторливи, бидејќи колективот веќе не постои. Балканот е мртов, се самоуништи и беше проголтан од Западот. Четврт век по нашите војни и перформансот на Абрамовиќ, Констракта се занимава со хоророт што дојде отпосле, ужасот на пост-балканскиот индивидуализам: средбите со бесмисленоста на секојдневната работа, медиумското ѓубре, стареењето и умирањето на телото, заменливоста на идеологиите… Сето тоа пропратено со капиталистичка индивидуалистичка мантра и опсесивно миење раце, наместо коски, од каква било (колективна) одговорност. На крајот, во уште една духовита инверзија на Абрамовиќ, чиешто свето присуство во МоМа го посведочија илјадници луѓе, кај Констракта постбалканската „уметница е невидлива“ и незаштитена.

Иако многу се пишуваше за односот на Констракта кон косата на Меган Маркл², Триптихот е поинтересно да се гледа како пост скриптум или епитаф кон делото на Абрамовиќ, и како еден духовит³ и циничен коментар на нејзиното барање од уметноста да „ вознемири, да ја предвиди иднината и да поставува прашања“.

Зашто, откако сите прашања беа одамна залудно поставени, откако иднината беше детално прочитана од црниот дроб на невините, откако уметноста и сите перформанси и сите уметнички дела под небесниот свод не успеаја да ги спречат војните и ужасите, би дала сто Марини Абрамовиќ за една Констракта, на repeat, со која ќе се смееме, и ќе плачеме, до последниот такт.

Пишува: Мима Симиќ

Извор: Kulturpunkt

 

 

¹ “I see myself as a bridge, like the Balkans, between the West and the East. I use my body as the way to get across.”

² Овој стих со М. Маркл треба да се посочи како слепа точка на раскинувањето на Констракта со Балканот. Ниту еден бел човек во западниот свет не би посегнал лесно по мотивот на косата на личност со афро-американско потекло, дури и делумно, бидејќи со него е поврзан специфичен вид на опресија. Ова faux pas, за жал, најлесно би било да се одбрани со „балканското“ незнаење – и со тоа да се исече гранката со најубав поглед. Среќно, Констракта!

³ Кога сме веќе тука, најблиската референца за Констракта во светот на музичките изведби секако би била Лори Андерсон. Најдобрата раскажувачка меѓу музичарите и најдобрата музичарка меѓу раскажувачите, Андерсон исто така го користи хуморот како мачета, особено во ремек-делото The Ugly One With the Jewels and Other Stories (1995), во кое, повторно, се реферира на Марина Абрамовиќ во една од песните.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • May 11, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram