Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.

Но, нештата можат да бидат различни. Благодарение на напорната работа на безброј активисти и академици, мрежни работници и поттикнувачи, можеме да замислиме и друг начин. Оваа пандемија може да го отвори патот кон нови вредности. (Rutger Bregman, Неолибералната ера завршува. Што доаѓа следно?)

 

Се сеќавам на првото време поминато дома, непосредно по прогласувањето на пандемијата на корона вирусот. Деновите ми беа крајно неструктурирани. Бев емотивна. Го средив цел плакар. Потоа ги фатив полиците во кујна. Слушав радио и водев дневник. Друг ден зјапав во ѕид. Често бев дел од некои групни повици на месинџер кои вклучуваа многу вино. Почесто се слушав со моите. Другарка ми рече дека ќе учи за масерка во случај да доаѓа апокалипсата, па и јас панично размислував што би работела по крајот на светот каков што го знаеме. Тоа што требаше да бидат 2 недели изолација се претвори во некој нов живот. Сè уште се чувствувам како да доаѓа крајот на светот каков што го знаеме, но сакам да верувам дека тоа не мора да е лоша вест. 

Со стишувањето на повиците кон надвор и непобедливото фомо, се отвори некое време за интроспекција. Стравот од заразата беше присутен, но истовремено апстрактен, а работата, после многу години, повеќе не ми беше централна оска на постоењето како човек. Крајните рокови околу кои си го структурирав животното темпо одеднаш станаа смешни. Дати кои не значат многу, споредбено со тектонските промени и стравови кои ги донесе пандемијата. Се создаде простор да се реобмислува начинот на кој го поминуваме и користиме ова чудно нешто што го нарекуваме живот. Во тој лимбо период на очекување на новата, различна иднина, кога реалноста на здравствената криза сè уште не беше баш реална, кога сè уште не се беа уклучиле сите аларми за различните начини на кои кризата ќе нè погоди како луѓе и заедници, постоеше една тивка надеж и освестување: дека можеме и заслужуваме подобро. Дека работата не секогаш е цел за себе. Неплатениот труд е исто така работа. Дека сме меѓузависни, повеќе отколку што сме си признавале. Дека сите заслужуваме достоинствена плата, здравствена и социјална заштита, јавни добра и слободно време. Бидејќи пред се и после се, сме луѓе; со различни потреби, расположенија, способности, состојби, можности, обврски, соништа, стравови и реалности. 

 

Можност за поширока солидаризација и идентификација

 

 

Се идентификувам со една глобална генерација која беше растена со прашањето „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“ и идејата дека во одговорот на тоа прашање лежи клучот на исполнетиот, среќен и стабилен живот. Дополнително, во одговорот на тоа прашање го гледавме излезот од сеприсутната сиромаштија.  

Се идентификувам со генерација која порасна со зборот транзиција, со живот од денес за утре, со родители во стечај, со баби и дедовци со навредливо ниски пензии, потпросечно образование и квалитет на животна средина, со разнебитена локална и глобална економија, и апокалиптични прогнози за иднината. Здравствената криза е само fine finish на оваа слика, која многу јасно покажа: спасот не е во работата. 

Новонастаната состојба креираше моментум да се размислува и разговара за радикални промени, за потребата од трансформација на односот кон работата и природните ресурси, за работничките права, силните и слабите страни на општествените стуктури. Мерката „седи дома“ го подели народот на оние кои можат и оние кои не можат да седат дома. Оние кои работеа од дома се најдоа во привилегирана положба, иако и голем дел од нив се често без никакво здравствено и социјално осигурување. Дополнително, работата од дома се покажа како огромен предизвик за родителите со мали деца, и целосно ги избриша границите меѓу професионалното и приватното. Спалните соби се претворија во канцеларии, идејата за работно време беше заборавена, а честите онлајн состаноци доведоа до можност да се скова и специфичниот термин zoom fatigue. Оваа нова состојба, фрли ново светло на нашата реалност каде жените извршуваат над 70% од  обврски поврзани со домот. 

 

 

 

Оние пак кои упорно одеа на работа, живеа со секојдневен страв од зараза, а работните услови често не беа соодветни за почитување на протоколите за хигиена и дистанца. Дополнително, работницте од таканаречените есенцијални професии работеа невозможно долги работни саати. Различни медиумски прилози зборуваа за истоштесноста на докторскиот кадар, секој пат кога ситуацијата со заразата се влошуваше.

 

 

Новата реалност нè остави сите физички и психички исцрпени.

Во таа смисла, може да се зборува за некои линии на пресек на искуствата на сите работници, и оние во поповолна и оние во понеповолна состојба: можност за поширока солидаризација и идентификација, за кои порано можеби немаше плодна почва. Кревкоста на нашите животи, неповратноста на нашето време, кршливоста на поредокот во кој се вложуваме и бесполезноста на апсолутното вложување на нашите тела и труд станаа поопипливи сознанија. Прашањата за што и за кого го правиме ова, повеќе не може да се игнорираат.

Во таа насока, бројни автори и теоретичари зборуваат за овој моментум како клучен за редефинирање на нашите работни односи и начинот на кој е структурирана работата, кога милиони луѓе се враќаат на работа по речиси две години масовна невработеност и работа од дома. Конвенционалниот пристап кон работата, од светоста на 40-часовната недела до идеалот за нагорна подвижност, доведе до раширено незадоволство и навидум сеприсутна исцрпеност (burn-out) дури и пред пандемијата. Сега, моралната структура на работата се става под знак прашалник.

 

 

 

Борба за базични работнички права

 

 

Тешко е да се проектираат нови спогодби кои би оделе во прилог на сите работници, кога здравствената криза на еден пластичен начин покажа колку се всушност чести прекршувањата на базичните работнички права, особено во земји со послаба заштитна мрежа, како нашата. Прашалникот според кој го правиме видеото „Работа во време на пандемија“ го потврдува токму ова. Драстичната промена во начинот на кој функционира потрошувачкото општество подразбираше и губење на работни места од денес за утре, експлоатација на вработените, небезбедни работни услови, злоупотреба на мерките на владата за помош на работниците во полза на газдите, намалување и неисплаќање на платите и придонесите и ред други злоупотреби.

 

 

Дополнително, некои групи како прекарните работници (хонорарците, фриленсерите и слично) и работниците со договори за вработување на определено време целосно останаа на цедило. Првите, Законот за работни односи не ги признава како работници, иако се тие де факто во работен однос, а вторите кои составуваат дури над 20% од вработените во земјата, живеат во страв од непродолжување на договорот, а тој страв за многу стана реалност токму по почетокот на пандемијата.

Родителите на мали деца, хронично болните, како и работниците кои се грижат за хронично болни и/или стари лица, се сносија со дополнителен товар и неизвесност при воведувањето на мерките на Владата за спречување на ширење на вирусот – една од кои подразбираше платено отсуство на еден родител со дете до десетгодишна возраст. Иако овие мерки беа воведени за да им помогнат на работниците, родовата нееднаквост, институционалната нефункционалност, корупцијата и другите општествени  недостатоци со кои сме навикнати да живееме, креираа контра-ефект во реалните животи на работниците на кои се однесуваа мерките. 

 

 

Во тој контекст, Наташа Петковска од Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје забележува,  навидум, оваа мерка се чини дека ја препознава поделеноста на правата и обврските на родителите во рамките на домот и грижата за децата, но податоците добиени преку пријавите за прекршување на работничките права покажуваат дека оваа мерка во најголем дел ја користеа мајките […] Работничките се соочија со ситуации каде што работодавачите не ги ослободуваа од работни обврски или пак, тогаш кога ги ослободуваа им ја намалуваа платата. Некои работодавачи дури им се закануваа со откази и непродолжување на договорите за вработување на определено време.

Токму жените во нашата земја (а и глобално), претставуваат дел од работната сила во најлошо платените индустрии, иако некои од тие индустрии се соочија со зголемен обем на работа за време на кризата. Тоа беше случајот со шиење на заштитни маски во текстилната индустрија кај нас, каде работничките освен што немаа соодветни и безбедни услови за работа и превоз до работното место, тие беа дополнително експлоатирани за време на кризата, а често и спречени да ја користат горенаведената мерка, која резултураше во ситуации каде работнички во текстилната индустрија кои се ослободени од работа да примаат плата во износ од околу 7500 денари. Со оглед на тоа што многу од овие жени се и примарни хранителки во своите семејства, овој податок е застршувачки. 

 

 

Втората група за која владата предвиде мерки за изостанување од работа се хронично болните лица, кои се во најдиректна опасност од заразата. Некаде меѓу комуникацискиот хаос и честите измени на предвидени мерки, ова категорија на лица често беше (и сè уште е) оставена на милост и немилост на своите работодавци, голем дел од кои биле повикани да се вратат на работните места веднаш штом се прогласи крајот на вонредната состојба, што во никој случај не кореспондираше со пооптимистична состојба во однос на менаџирањето на заразата. Кај хронично болните, слично како и кај родителите со деца под десетгодишна возраст беше нотирано незаконско намалување на плати.

Мерката која ги ослободи од работните обврски хронично болните работници престана да важи во септември 2020, со ретки исклучоци. Во Прегледот на владините мерки за превенција и заштита од корона вирусот и нивното влијание врз работничките права на Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, Наташа Петковска истакнува, престанокот на важноста на оваа мерка значи дека системот ги остава незаштитени хронично болните работници во услови кога стапката на новодијагностицирани лица достигнува 164 на 100.000 жители за период од една недела, а за истиот период, во 28.3 проценти од епидемолошки истражените случаи било утврдено присуство на хронични здравствени состојби.

Со други зборови, изминатиов период во пракса покажа дека во моменталната системска поставеност нашите тела се вредни само додека се работливи и снажни, јавните добра не одговараат на потребите на времето, а зајакнувањето на институциите е работа за утре. Сепак, утре веќе пристигна. Она што е потребно поитно од било кога се институции кои се грижат за своите граѓани, кои учат од нашите микро заедници на поддршка и ги слушаат потребите на луѓето, особено оние кои се маргинализирани, кои немаат можност да одат во друга земја по вакцина, оние чиј дом е небезбеден, кои живеат на минимална плата, оние со посебни потреби…

Потребно е зајакнување и отворање на структурите кои се во непосредна врска со луѓето, како општините и општинските совети, како и конечно воведување на прогресивно даночење како би се зајакнале јавните добра. Потребни се институции кои ќе бидат во чекор со реалноста која веќе ја живееме, како и потребите и барањата на граѓаните, чија егзистенција не може да биде целосно условена од нивната работоспособност. Такви институции не можеме да очекуваме од старомодната политика, но можеме да ги уважиме нашите искуства и знаење, кон институционализација на културата на солидарност¹. За овие идеи и нивната материјализација може подробно да се прочита во извонредниот зборник „Друг свет – огледи за системска трансформација на иднината“, каде уредничката Ивана Драгшиќ, во својот текст Искуствата од Ковид19 пандемијата како лекции за системска трансформација на иднината, за културата на солидарност забележува: Таа е место во кое новиот свет е возможен и активно се работи на него. 

Ова можеби звучи апстрактно, но зачетоците на тие институции постојат секаде кадешто директно се чувствува промајата од дупките на моменталниот систем; во реалциите, споделувањето, имагинацијата, знаењето и отпорноста на оние заедници кои се отфрлени, заборавени и маргинализирани од големите наративи. Помислете на сите самоорганизирани крводарителски акции, волонтерите кои купуваа немирници за постарите, групите за размена на знаење и вештини за време на карантините, или пак на почетокот на годината, на сите групи за поддршка (правна, психолошка, пријателска) на жртвите на сексуално насилство и вознемирување.

Финално, или можеби пред сè, потребна е мобилизација на различни фронтови која оваа култура би ја издигнала на ниво на политики. Можеби престојните локални избори се една таква можност, со оглед на големиот број на независни листи низ многу општини во земјата, кои се залагаат за различен начин на водење на политиката. Промените, оние кои се најнепосредни, често се креираат во нашето најблиско опкружување. 

 

 

Јас не сум тоа што правам, јас сум тоа што сум

 

 

И во држава како нашата, а и можеби особено во држава како нашата, соочени со нестабилноста на нашите работни места, несигурноста на инфраструктурата која ја плаќаме, а и феномените на прегорување и секојдневна експлоатација, се отвора можност да се бориме отаде ова секојдневие кое го знаеме. Бидејќи сега знаеме дека тоа освен што не е одржливо, не е ни вечно.

Од тоа воочување и тој потрес на идејата business as usual, не е несвојствено да се замислува, зборува и проектира за можните насоки во кои ќе се движиме како микро и макро заедници (и локални и глобални). Кризата, како и секоја криза, отвори простор за прифаќање на генералната идеја дека вака повеќе не може. Тоа вака ја подразбира бескрајната акумулација на богатство во рацете на одредена класа и експлоатација на ресурси која повеќе не можеме да си ја дозволиме. Тоа вака ја подразбира и hustle културата, која младите сè повеќе ја отфрлаат. Луѓето почнаа повеќе да спортуваат, да одмараат, да зборуваат повеќе меѓу себе, да се појавуваат во некои естетски, но и емотивно поавтентични верзии на себеси, да негуваат хоби, да се грижат едни за други – особено во контексти како нашиот, каде другите форми на грижа потфрлаат. Овие увидувања направија потребен простор за преспитување на нашата вредност како луѓе и доведоа до популаризирање на идеи како 6 часовно и флексибилно работно време, напуштање на канцеларијата, практични барања за реорганизација на работната инфраструктура за родителите, хронично болните и лицата со попреченост, потребата од силни синдикални здруженија, и инсистирање на солидарност, а не продуктивност, како централна вредност врз која ги градиме нашите релации.

 

 

Кризата со која се соочуваме е поразлична од големите економските кризи, бидејќи тоа што е ставено „на коцка“ е вредноста на животот на секој еден човек. Бројните откази и намалувањето на платите, оневозможувањето на многу луѓе да ја извршуваат својата работа од повеќе причини, исчезнувањето на одредни професии, и појавата на нови; како и согледувањето на времето како нешто вредно и потрошно, го промени начинот на кој размислуваме. Промениот начин на размислување, надежно би водел кон системска трансформација која би подразбирала заштита, безбедност и просперитет за сите луѓе, без разлика на нивната сила за продукција, како и раскрстување со идејата за продуктивност, раст и нерационална експлоатација на природни ресурси, како движечка општествена сила. Оваа идеја е едноставна, но радикална. Таа го оправдува универзалниот основен приход и правата на домување и здравствена заштита. Таа ја оправдува платата за живеење. Исто така, ни овозможува не само невработеноста, туку пензионирањето, попреченоста и грижата да ги гледаме како нормални, легитимни начини на живеење. Идејата е дека секој од нас има достоинство без разлика дали работиме или не.  

 

Јас не сум тоа што правам, јас сум тоа што сум. Поддршка на таа идеја подразбира нови матрици на размислување и дејствување. Подразбира раскрстување со моменталниот начин на општествено организирање. Подразбира одговорни, храбри и солидарни чинители на позиции на моќ и инаква прераспределба на моќ во приватните и во јавните релации. Особено подразбира грижа и љубов. Подразбира време кое не се користи за продуцирање и консумирање. Со досега познатиот начин, ваков вид на разбирање на животот, светот и местото на човекот во него, е речиси невозможен. Но имавме шанса да ѕирнеме дека можеме поинаку, и колку тоа поинаку ни е итно потребно. Сакам да верувам дека таа шанса ќе порасне во нешто поголемо, за сите нас.

 

 

 

 

 

 

 

¹Ивана Драгшиќ, „Искуствата од Ковид19 пандемијата како лекции за системска трансформација на иднината“, Друг свет – огледи за системска трансформација на иднината, Плоштад Слобода (2021)

 

 

 

 

 

 

 

Инспирација и користена литература:

 

Ивана Драгшиќ, „Искуствата од Ковид19 пандемијата како лекции за системска трансформација на иднината“, Друг свет – огледи за системска трансформација на иднината, Плоштад Слобода (2021)

Наташа Петковска, Преглед на владините мерки за превенција и заштита од корона вирусот и нивното влијание врз работничките права, Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје (2020)

Jonathan Malesic, “The future of work should be working less”, The New York Times (2021)

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • October 4, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Кика Авеиро
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram