Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.

Ќе си дозволам да бидам опуштено патетична, па движењето кое елементарно може да се сведе на борба за политичка, општествена и економска еднаквост на жените и мажите, односно еднаков третман во остварување на сите права да го сведам на „тоа е за мене прашање на почит, воспитаност и љубов“.

Љубов во смисла на она што Бел Хукс го подразбрала кога напишала „Визионерскиот феминизам е мудра и љубезна политика, вкоренета е во љубовта на машкото и женското битие, одбивајќи да го привилегира едното над другото. Душата на феминистичката политика е посветена на спречување на патријархалната доминација над жените , девојките и момчињата. Љубовта не може да постои во однос кој е базиран на доминација и сила. (освен во некои согласни сексуални игри, можеби м.з.) Вистинската феминистичката политика секогаш нè води од ропство кон слобода“.[1]

Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.

Да ги анализирам процесите низ кои вредностите на Големиот Патријархален Друг се интернализираат, трансформираат и децении подоцна упорно (ќе) притискаат преку чувство на нереализирани очекувања.

Феминизмот во својата суштина е израз на грижа, солидарност и пријателство. Бидување свесна за женската ситуација која „е и моја, ја гледам кај другите и знам дека секоја жена, секој ден мора да вложува огромен исцрпувачки напор. Сиромашни или богати, неуки или образовани, убави или грди, славни или непознати, мажени или немажени, вработени или невработени, со деца или без нив, бунтовни или покорни – сите сме длабоко обележани од начинот на битисување во светот, кој и кога го нарекуваме свој, во корен е отруен од илјадниците година на машка доминација“ (Елена Феранте)

Феминизмот подразбира свест за контекстот и за својата позиција и можеби „привилегија“ наспроти Другата. Обид да се разберат причините зад нејзините одлуки, начин на живот и избори, кои „никогаш не би ги направила ЈАС [2] “ која „отсекогаш напорно сум работела“ и на која „ништо не и било дадено на тацна“ ХМ?

И на крај, подолу неколку голи податоци од Државниот завод за статистика кои сведочат за родовата нерамноправност, која, според мене во голема мера се уште е резултат на меките притисоци и „добри совети“, лоши лектири и пренесување вредности слични на ставот „знам дека можеш сама ама фино е да имаш некој да те ЗАШТИТИ.“

Така на пример:
„Вработеноста во Република Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд.
Стапката на вработеност во Република Македонија во 2016 година кај жените изнесува 33.8 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите која изнесува 52.3. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 43.8, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69.2.

Конечно, феминизмот е политика која нуди ослободување и на мажите. Од чувството на притисок дека треба да ја докажуваат својата мажевност, цврстина и да знаат да „издржат мУшки“ (што и да значи тоа, ама секако со „У“) што резултира со атмосфера на токсична машкост…но и неверојатна диспропорција во сторените кривични дела.

„Од вкупно пријавени 11 866 познати полнолетни сторители на кривични дела во 2016 година, 1 159 или 10% се жени, односно 10 707 или 90% се мажи. Кај обвинетите, пак, од вкупно 9320, 868 или 9% се жени, а 8452 или 91% се мажи. Од вкупно 8172 осудени лица, 723 или 9% се жени, а 7449 или 91% се мажи. Од вкупно пријавените 557 деца сторители на кривични дела во 2016 година, 35 или 6% се женски, односно 552 или 94% се машки. Од вкупно обвинетите 702 деца сторители, 41 или 6% се женски, а 661 или 94% се машки. Од вкупно осудените 468 деца сторители, 29 или 6% се женски, а 439 или 94% се машки“.

Вкоренетата доминација и дискриминација на жените во Македонија денеска резултираа со следниве податоци со кое бевме соочени минатата недела:
„Девет од десет млади Ромки на возраст од 18 до 24 години во целиот регион не се школуваат, не проаѓаат никакви обуки, ниту се вработени “ и „28 од 34 убиени жени во последните 8 години во Македонија се водат како фемицид“.

 

 

 

[1] Низ реченици како „Јас го разбирам твојот порив по слобода и безусловна љубов ама кога си повозрасна извесна тишина на акшам знае да е ужасна.

[2] Оваа „ЈАС“ е секоја успешна и еманципирана жена која се доживува како пример дека еднаквоста е постигната, а притоа (под)заборавила на поддршката и условите за личен и професионален развој. Без никаква тендеца за омаловажување, сомнеж и релативизирање на нејзиот труд, влог и евентуална жртва.

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • November 16, 2018
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram