Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.

Годинешниве парламентарни избори се разликуваа од сите претходни по тоа што за прв пат се оддржаа во ек на пандемија. Сепак, не се разликуваа во нивниот пристап кон жените во македонската политика. Според законот, 40% од кандидат(к)ите на секоја изборна листа треба да бидат од помалку застапениот род¹. Оваа мерка постои со цел да се промовира родовата еднаквост во Парламентот. Пред да разгледаме до кој степен оваа мерка вистински влијае на застапеноста на жените во нашето Собрание, да објасниме зошто е воопшто важно и кај нас и во светот парламентите да бидат родово балансирани и генерално инклузивни.

Собранието е претставничка институција, што значи дека неговото постоење има јасна цел да ги застапува интересите на сите граѓани и граѓанки и во согласност со тие интереси да носи закони кои важат за сите. По таа логика, жените припаѓаат на таа институција исто толку колку и мажите, затоа што живеат според законите на државата исто толку колку што живеат и мажите. Дополнително, одредени закони кои ги носи Собранието секако повеќе засегаат одредени групи во општеството како на пример, закон за абортус, закони поврзани со семејното насилство, или спорниот закон за антидискриминација. Ова важи и за сите други различности што постојат во едно општество, па така и довербата што граѓаните ја имаат во една од најважните демократски институции – Собранието, зависи од тоа колку успешно таа ги одразува и почитува различностите што постојат во општеството.

Квотата за 40% застапеност на помалку застапениот род на кандидатските листи (што во нашиот случај речиси без исклучок се жените) ја исполнија сите политички партии на овогодинешните избори. Вкупно 42.78% од кандидат(к)ите за пратеници и пратенички беа жени. Партијата со највисока застапеност на жени на кандидатска листа беше ДУИ, која што во една изборна единица имаше дури 60% кандидатки на изборната листа². Вака наредени, се добива слика дека македонското општество е отворено кон родовата еднаквост и промовирањето на женската застапеност во најважната демократска институција. Но, реалноста како и секогаш е далеку покомплицирана.

На пример, жените на овие, како и на сите претходни избори, беа во многу помал број како ностелки на изборните листи. Тоа ни укажува дека тие често се ставени на листата за да се запази квотата, но се позиционирани на помалку конкурентни места. Доколку прочепкаме малку повеќе, се отвора еден цел свет на пречки кои кандидатките за пратенички ги доживуваат во текот на целиот изборен процес, како резултат на постоечките норми и стереотипи, според кои политиката е доминатно машки терен.

Генерално и во рамките на политичките партии, жените имаат помалку можности за просперирање на повисоки функции во партијата, што е видливо и по бројните анкети во кои довербата кон политичарките е помала од онаа кон политичарите. Како кандидатки за пратенички жените вообичаено имаат потежок и поограничен пристап до извори на финансирање потребни за водење политичка кампања, а и пристапот и третманот во медиумите е различен во споредба со мажите. Жените се помалку застапени во медиумите, а и кога се застапени обично се претставувани во некои традиционални рамки и почесто се мета на родово базиран говор на омраза, нешто со коешто машките кандидати не се соочуваат. Овие пречки³ имаат длабок корен во општествените и културолошките норми, според кои се смета дека жените не припаѓаат на високи политички позиции, делумно и затоа што од нив се очекува да ги извршуваат мноштвото од обврските во домот и околу семејството. Изборот помеѓу приватниот и јавниот живот кај мажите е полесен, бидејќи очекувањето дека тие ќе останат исто присутни во фамилијарниот живот без разлика на предизвиците кои ги преземаат во кариерата е многу помал отколку кај жените. Овде дополнително се јавува уште едно сериозно прашање поврзано со социјалниот статус. За почеток, поверојатно е дека жена со подобар социјален статус ќе се ангажира во политиката, бидејќи има можност да плати помош околу дополнителните обврски, за разлика од жена од посиромашните социјални слоеви. Покрај тоа, постои и товарот кој секоја политичарка го носи кога се појавува во јавност, а тоа е дека првото нешто кое што се забележува и коментира не е нејзината компетентност како политичарка, туку изгледот, облеката, фризурата. Ова се фактори кои уште во почеток исклучуваат и обесхрабруваат многу жени од политичко учество, особено во највисоките државни органи. Сите овие пречки создаваат стеги кај жените и водат кон тоа многу жени сами да одлучат дека кандидатурата за Собранието е преголем товар кој не можат да си го дозволат.

Резултатите од минатонеделните избори укажуваат на тоа дека овие пречки се се’ уште пресудни, и дека многу партии ги формираат кандидатските листи со цел формално да ја задоволат квотата, но без реална посветеност кон родовата еднаквост. Па така, во новиот состав на Собранието избрани се само 43 пратенички (од вкупно 120), што е 4 помалку од минатиот собраниски состав. Партијата пак со најголема застапеност на жени на кандидатските листи – ДУИ, има само 4 избрани пратенички од 15 места, или 26,6% од редовите на партија која во една изборна единица имаше дури 60% жени на листата.

Самата застапеност на жените во Собранието како статистика не е гаранција за родовата еднаквост во работата на институцијата. Застапеноста е само еден дел од концептот на родовата еднаквост во парламентите. За вистински родово сензитивен парламент секако е важен балансот во бројките, но потребно е многу повеќе од тоа. На пример, гледајќи ги само бројките на пратенички во парламентот, најродово балансиран парламент во светот има Руанда. За разлика, Исланд е рангиран неколку места под Северна Македонија по бројот на пратенички. Тоа не значи по автоматизам дека парламентот на Руанда е родово посензитивен од тој на Исланд. За вистински родово сензитивен парламент, потребни се суштински залагања за женските права од страна на сите пратеници и пратенички, што опфаќа се’: од темите на политичката агенда, до законите кои се гласаат во Собранието, до инклузивноста во јазикот кој се користи на Собраниските седници. Тоа значи дека пратениците и пратеничките во Собранието дебатираат и носат одлуки и закони земајќи ги предвид различните потреби на граѓаните и граѓанките и активно размислуваат за тоа каков ефект нивните одлуки имаат врз жените и мажите во општеството. Добар пример за ова е веќе споменатата квота од 40%. Во нејзино отсуство, изборниот законик би изгледал родово неутрален бидејќи пропишува еднакви права за сите кандидати без оглед на родот, што може да доведе до заклучокот дека тој закон не ги ограничува жените да се кандидираат за пратенички. Но, во општество кое се’ уште ги маргинализира жените и женските прашања, недостатокот на квота како афирмативна мерка резултира во доминацијата на мажите во високите државни институции како што е Собранието. Родово сензитивната мерка во тој случај е да постои квота во изборниот законик со цел да се постигне родов баланс во Собранието, бидејќи општеството со своите норми уште во почеток им дава предност на мажите. Квотата не значи дека жените со помалку компетениции од мажите можат да стигнат до пратенички места, туку дека на жените кои се подеднакво компетентни, дури и покомпетентни од мажите, им се отстрануваат пречките поставени од општеството и им се овозможува колку-толку порамноправно да учествуваат во трката со мажите. Ваквиот начин на анализирање на одлуките носи до Собрание кое се фокусира на интересот на граѓаните и граѓанките, а не на гласањето во интерес на партиите од кои доаѓаат пратениците, или во интерес само на одредена група на граѓани.

Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост. Во тој поглед не е неочекувано дека борбата за родова еднаквост во македонското Собрание продолжува да се одвива под влијание на меѓународните и невладините организации, а не како иницијатива или стратешка цел на пратениците и пратеничките.

 

 

¹Иако во законските регулативе се уште се користи терминот „пол“, во овој текст се користи терминот „род“ како точен термин во дадениот контекст.

² Проект „Поддршка за изборни реформи“, Парламентарни избори 2020 – Анализа на кандидатски листи низ призмата на општествена и политичка вклученост, Скопје 2020

 

НАПИШАНО ОД:
  • Ангелина Цветковска
  • Ангелина Цветковска
  • July 27, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram