Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.

Градите на жената се сексуализираат од рана возраст, а со тоа доаѓа и општоприфатеното правило дека тие треба да се кријат во јавност. Всушност, сексуализацијата на женските гради и тела се наметнува како нешто нормално толку рано, што навистина е реткост да видиш петгодишно девојче на плажа без горен дел од костимот за капење. На врвот на забранетото од таа мистична женска територија се наоѓа женската брадавица, која во суштина е комплетно иста како и машката, но како што на сите нам ни е познато, таа не смее да се покажува на фотографии на социјалните мрежи и, генерално, во јавност. Немаше да ми биде толку тешко да ги разберам општествените чувства кон градите и брадавиците, да не беше толку контрадикторно.

Од една страна, градите се срамни, забранети, интимни и треба да се кријат. Од друга страна, пак, масовните медиуми и поп-културата постојано ни праќаат пораки дека токму градите се атрибут што треба да се истакнува, со цел да се привлече сексуален партнер. Оваа контрадикторност резултира до ситуација каде што медиумите, комерцијалните филмови, билбордите и општо поголемиот дел од јавниот простор е преплавен со полуголи, провокативни, совршени женски тела, кои ни комуницираат како женското тело треба да изгледа и да се однесува. Сепак, забрането е жените да владеат со својата сексуалност и да се изразат преку сопственото тело на начин на којшто тие сакаат. Постојат многу движења што лобираат за „ослободувањето на женските гради и брадавици“, а едно од пионерите на социјалните мрежи е движењето free the nipple, кое се залага за еднаков третман на различните тела во јавниот простор.

 

via GIPHY

 

Неколку настани на кои добро се сеќавам од моето растење, ми имаат испратено контрадикторни пораки во однос на градите на женското тело. Кога бев на претшколска возраст, мајка ми не гледаше потреба да го кријам горниот дел од телото, но колку и да се чувствував слободна кога бев на плажа со неа, исто толку се чувствував засрамено кога бев пред други луѓе, особено на моја возраст. Кога почнав да одам на пливање на седум години, јас бев единствено девојче кое не носеше горен дел костим за капење, па другите деца ме покажуваа со прст како „девојчето со голи цицки“. На летните одмори одбивав да си играм со другите деца на плажа, бидејќи веќе не можев да објаснувам дека едноставно не располагам со горен дел костим за капење. Денес, кога ги гледам тие девојчиња со полускриени и стегнати телца, неизмерно сум ѝ благодарна на мајка ми што ме оставила да бидам дете. Не девојче, не девојка “in the making”, едноставно дете. Како и да е, во тие моменти го презирав фактот што сум различна од другите девојчиња на плажите и го славев денот кога конечно ми беше дозволено да си ги покријам градите на плажа.

Ми требаа повеќе од 10 години од тој момент за да сфатам дека всушност нема ништо поубаво од НЕносење горен дел „купач“ на плажа. По долго убедување и натегање со самата себе, решив дека оваа година ќе одам топлес на плажа. Драмата со која ја пишувам оваа реченица сведочи колку e неприродно, стресно и несекојдневно за нас жените да се решиме на овој чекор (секоја чест на исклучоците, но реткост се, навистина). Не ми беше тешко да се уверам дека топлесувањето е прекрасно и дава чувство на слобода и безгрижност, а плус тоа го решава проблемот со проклетата „разлика“, односно прерамки, врвки и други материјали чија форма се гледа на кожата откако ќе фатиш тен. Од друга страна, пак, и по една цела недела на одмор, сè уште не можев целосно да се опуштам. Поголемиот дел од времето го поминував под чадор и наоѓав иновативни начини да се потскријам. По првата недела почнав да станувам сè посигурна во себе, но едно попладне додека излегував од вода и одев накај чадорот, се случи тоа од што се плашев. Забележав една жена што решително доаѓаше кон мене и почна да ми вика и да ме навредува бидејќи сум ја вознемирувала со мојата појава (не сакаше ни да го изговори зборот „гради“). Кој беше нејзиниот главен аргумент и порив да дојде од другата страна на плажата за со пцости да ми објаснува за бонтон? Нормално, фактот што има деца. Непристојно, дегутантно и недолично е нејзините две ќерки (кои наскоро исто така ќе имаат гради, зар не?!) да гледаат голи гради на плажа, но истовремено е сосем во ред да гледаат како мајка им се заканува на девојка што воопшто не го ни повишува тонот и пробува да објасни на сите можни начини дека има право да реши како и што ќе носи на плажа, и на крајот од денот, таа и ќерките не мора да ја гледаат доколку тоа е против нивната култура, воспитување или вкус.

Откако напорите да ме натера да се облечам се покажаа како неуспешни, а навредите беа потрошени, и уште повеќе откако луѓето околу мене застанаа во моја одбрана, таа побара од хотелот во близина да бидам отстранета поради непристојно однесување. На мое пријатно изненадување, персоналот од хотелот што го посведочил целото фијаско, не само што не ме исфрли, туку и ми понуди искрено извинување, слично како и неколку локалци на плажата. Малата победа беше добиена. Иако сонцето почна да заоѓа и почна да ми станува студено, не се облеков до заминување. Не поради тоа што сакав да ѝ докажам нешто на таа жена што никогаш повторно нема да ја видам, но за да си докажам себеси дека нема да дозволам да бидам цензурирана, замолчувана и санкционирана, ниту од самата себе, ниту од средината, поради фактот што сум жена. Сфатив дека денес, борбата за правда за градите е борба за слобода, бидејќи не постои слобода на умот додека телото е под контрола. Доколку живеам во година што се смета за година на феминизмот, сигурно нема да дозволам некој/а да ми каже дека моето тело е закана за јавниот ред и мир.

 

 

 

 

 

Извор: PopUp

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • August 7, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ќе преживеат ли жените овде? (говори и фотографии)
Марш за женски права 2023
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој навистина се бори за слобода на говор во нашето општество?
Спојлер алерт: не, тоа не се конзервативците
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram