Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.

По воведувањето на новите мерки за заштита против Ковид-19 со појави нов дискурс околу колективната имунизација. Според новите мерки кои стапија на сила минатата недела само вакцинираните (со барем една доза) и оние кои имаат го имаат прележано Ковид-19 вирусот во последните 45 дена смеат да влезат во угостителските објекти, кафулињата и баровите. Кај граѓаните кои се противат на вакцинацијата и рестриктивните мерки, оваа вест побуди голем револт кој резултираше со неколку масовни протести.

На самите протести имаше различни аргументи против вакцинацијата искажани во говори на де-факто лидерите на движењето и на транспарентите на демонстрантите. Некои од аргументите на протестите едноставно не се базирани во реалноста бидејќи несериозно го сфаќаат или комплетно го негираат постоењето на Корона вирусот. На еден транспарент од протестот во Скопје на 15ти август пишува на англиски „Ако повторуваш една лага доволно често, таа станува вистина Ковид-19“. Јасно е дека личноста која го испринтала овој транспарент не верува во постоењето на Ковид-19, па нема како и зошто да се дебатира оваа изјава, бидејќи не е базирана во реалноста. Колку и да е апсурдно што сѐ уште постојат луѓе кои не веруваат во Ковид-19, сепак некои од анти-ваксерските аргументи мора се адресираат, во најмала рака бидејќи некои луѓе кои моментално не сакаат да се вакцинираат можеби би биле отворени да ја променат нивната позиција. Заради ефектот кој го има ова движење врз јавното здравје, не можеме да си дозволиме да го игнорираме овој дискурс. Во овој напис би сакала да адресирам еден аргумент кој континуирано се појавува на протестите и во анти-ваксерскиот дискурс: правото на избор. 

Во текстот на Фејсбук настанот на анти-ваксерскиот протест кој се одржа на 22ти август во Струмица едно од клучните барања е:„Да се почитува правото на слободен избор.“ Исто така еден транспарент на првиот протест во Скопје на 15ти август вели: „Моето тело е мој избор! Имам право на избор! Мое право!!!“ Сметам дека оваа реторика е апропријација на феминистичка или општо прогресивна реторика околу телесна автономија. Чест аргумент кој се користи за поддршка на правото на абортус се базира на телесната автономија на жената/бремената личност и нејзиното право на личен избор за нешто што се случува во нејзиното тело. Генерално, феминистки и други луѓе кои го поддржуваат правото на абортус го поддржуваат врз основа на концептот на право на личен избор, заради апсолутната телесна автономија која би требало да ја имаат сите луѓе. 

Кога една бремена личност одлучува да се ја прекине бременоста од било која причина — финансиска, медицинска, лична итн. — таа одлука ќе има најголемо влијание врз нејзе бидејќи таа би требало 9 месеци да го носи плодот и многу веројатно би требало да се грижи за бебето по неговото раѓање. Одлуката на бремената личност може да ги повреди чувствата на некои луѓе во нејзиниот живот — на пример, ако партнерот, пријателите или родителите на оваа личност се противат на нејзината одлука (чие противење потенцијално доаѓа од вкоренети сексистички идеии околу општествената улога на жената). Но, дури и ако абортусот на една личност може потенцијално да ги повреди чувствата на некои луѓе, повредени чувства не се валиден аргумент за одземање на ова право кај луѓето кои може да забременат. Бидејќи оваа одлука не нанесува директна штета врз други луѓе и бидејќи секоја личност треба да има право на телесна автономија, правото на абортус е право на личен избор. 

Друг споредлив пример поврзан со прашања околу телесна автономија е процесот на транзиција кај трансродовите луѓе (лица на кои им бил доделен различен пол при раѓање, но живеат, се идентификуваат и се идентификувани со различен род од доделениот пол). Трансродовата заедница и нејзините поддржувачи исто така често користат аргументи поврзани со телесна автономија и личен избор за да изразат зошто транродовите луѓе треба да имаат право и пристап до хормонална терапија, операции и слични здравствени услуги за потврдување на нивниот род, како и право на менување на нивните лични документи итн. Без разлика што постојат луѓе кои не ја поддржуваат трансродовата заедница, транзицијата на една трансродова личност нема директен ефект, ниту пак нанесува штета врз други луѓе. Ако една транс личност одлучи да започне со својата транзиција, овој процес може да ги повреди чувствата на некои луѓе во нејзиниот живот кои можеби не се согласуваат со таа одлука или пак замислиле друг живот за оваа личност. Но тие потенцијални повредени чувства (кои најверојатно потекнуваат од длабоко вкоренети трансфобични и паријархални вредности) не се валидна причина за загрозувањето на овој личен избор и прекршувањето на правото на телесна автономија на транс луѓето. 

Зошто тогаш невакцинирањето не е споредлив избор со абортусот или телесната автономија на трансродовата заедница? За разлика од абортусот и транзициите кај транс луѓето, невакцинирањето нанесува директна штета кај други луѓе. Освен што вакцинацијата ја намалува шансата за тешко заболување и смрт од Ковид-19, исто така има многу научни докази кои покажуваат дека вакцинирањето драстично ја намалува шансата да се пренесе Ковид-19 вирусот на други луѓе. Кога една личност не е вакцинирана, таа има поголема шанса да се разболи од Ковид-19 што значи дека исто така постои и поголема шанса да таа личност го пренесе вирусот кај други луѓе. Самиот факт што невакцинирањето допринесува до потенцијална директна штета кај други луѓе веќе докажува дека изборот за (не)вакцинација не е прашање на телесна автономија. 

Во период од две недели во август во С. Македонија кога драстично порасна бројот на новозаболени од Ковид-19, дури 85% од овие случаи биле кај невакцинирани лица. Фактот што очигледно вирусот полесно се шири помеѓу невакцинирани луѓе само повторно докажува дека вакцинацијата не е прашање на телесна автономија и личен избор, туку алатка со која колективно можеме да се избориме со пандемијата. Колку подолго одредени луѓе не се вакцинираат, толку подолго ќе трае пандемијата. Тоа значи дека можеби ќе се развијат нови варијанти на вирусот (како Делта сојот), можеби повторно ќе треба да се изолирираме, повторно ќе треба да се затвараат рестораните и кафулињата, да го жртвуваме нашето ментално здравје, и најважно, луѓе ќе продожат да умираат  од овој вирус. Исто така, ако болниците повторно се преоптоварени со луѓе заболени од Ковид-19, ова може да има ефект и врз луѓе болни од други заболувања. На пример, некои пациенти може да бидат приморани да чекаат подолго време за хируршки зафати и терапии заради потенцијалната преоптовареност на здравствените установи предизвикана од нови бранови на Ковид-19. Ова чекање може да има негативни ефекти врз физичко и ментално здравје на некои пациенти и во најлоши случаи може да ја предивика прераната смрт заради надминатите здравствени капацитети. 

 Во тој контекст, во последно време анти-ваксерите ги користат хронично болните лица за своите агенди, аргументирајќи дека не секој може да се вакцинира и дека заради тоа новите мерки се форма на дискриминација. Ангел Димитриевски, лице со хронична болест и активист за правата на лицата со попреченост, ги адресираше токму овие реторички тактики кај анти-ваксерите во еден Фејсбук статус каде што тој напиша: „Еден пристап којшто го користат овие луѓе е под маската на загриженост (на пример за хронично болни што не можеле да примат вакцина) промовираат невакцинирање. Ова е невистина и како хронично болно лице и групи на хронично болни што ги знам — знам дека ние бевме првите што побаравме вакцинирање. Ова е наратив на здрави и алчни луѓе што сакаат да ги искористат хронично болните како параван за да можат да се протнат на жива свирка во кафана невакцинирани. И на крај и да ги убијат хронично болните.“

Токму заради опасноста која невакцинираните ја претставуваат за луѓе како Ангел е причината зошто невакцинирањето е неспоредливо со било феномени поврзани со телесна автономија. Дури и да не се во прашање хронично болните, пренесувањето на Ковид-19 на било кој во ситуација кога една личност има пристап до вакцинација и може да превземе нешто за да превенира телесна и здравствена штета кон други луѓе е тотално себична и неморална позиција. Користењето на хронично болните за да се оправда оваа себична одлука е крајно манипулативно. 

Секако, мора да се напомене кои се некои од луѓето кои ги мотивираат овие протести и шират дезинформации онлајн, а и на самите анти-ваксерски демонстрации. Иако Гордана Гоџо, претседателката на граѓанското здружение „Од нас за нас“, не беше главната организаторка на протестите, таа држеше говор на протестот во Скопје кој се одржа на 15ти август, каде заедно со други демонстранти таа сечеше маски и зборуваше за наводната експерименталност на Ковид вакцините и Ковид тестовите. Инспирирани од нејзиниот говор, демонстрантите почнаа да скандираат, нарекувајќи ги новинарите „платеници“, а докторите „убијци“. Гоџо во нејзиниот говор исто така рече дека тие кои сакаат и тие кои „не се информирани“ имаат право да се вакцинираат, користејќи инверзија на аргументот базиран на принцип на телесна автономија за да имплицира дека анти-ваксерите, пак, имаат право да не се вакцинираат. 

Неизненадувачки за здружение кое се занимава со ширење лажни вести за Сеопфатното Сексуално Образование (ССО) и анти-ваксерска пропаганда, „Од нас за нас“ не се поддржувачи на правото на абортус и телесната автономија на трансродовата заедница. Во повеќе наврати во нивните написи го претставуваат абортусот на застрашувачки начини, ја шират лажната теорија на заговор дека американската организација Планирано Родителство (Planned Parenthood) “е вклученa во нелегална трговија на органи од абортирани фетуси” и тврдат дека ССО „промовира абортус кај децата“. Исто така „Од нас за нас“ жестоко се противи да децата учат за трансродовост во школскиот систем и шират говор на омраза за трансродовите луѓе. 

Иронично е што истите луѓе кои се борат за некое наводно „право на избор“ не ги поддржуваат реалните права на избор и на телесна автономија на жените, сексуалните и родовите малцинства. Апропријацијата на оваа феминистичка и прогресивна реторика која има допринесено кон добивањето на клучни права за маргинализираните групи низ целиот свет не е само манипулативно искористена од анти-ваксерите, туку веќе има смртоносни ефекти. Според Министерството за здравство на 28ти август пријавени се дури 24 починати лица од Ковид-19 и оваа бројка ќе продожи да расте ако продолжат себичните трендови на анти-ваксерското движење. 

    

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • August 30, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram