Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
Како ја започна својата приказна со танцот? Што те привлекува во тој израз?

 

Уметноста отсекогаш била околу мене. Првата љубов не ми беше танцот, туку музиката, па пишаниот збор, па сликарството и на крај фотографијата и танцот. Затоа и живеам во една постојана синергија на нештата, но и конфликт за тоа што сакам повеќе. Во седмо сама се запишав на танц, во моето основно училиште, а потоа бев дел од неколку приватни школи, но би рекла дека вистинското спознавање на танцот се случи дури откако почнав да предавам, на 18 години и кога се јави потребата да знам повеќе, бидејќи веќе носам една посериозна одговорност. Од тој аспект, најмногу ми помогнаа семинарите со странските кореографи, кои и денес ги посетувам континуирано бидејќи се основата за растење во оваа област. Мојот прв семинар беше со Миша Габриел, главниот лик и кореограф на добропознатиот филм Step Up, во Белград, и оттука започна сé. До сега имам посетено околу двесте семинари со светски кореографи и танчери и секогаш учам нешто ново.
Она што ме привлекува кај танцот е дозата на предизвик која ја носи со себе. Тој има таква моќ да те сруши и распарчи до молекуларно ниво, а истовремно да те издигне до небесата. Кога танцуваш си најблиску до себеси и танцот не поддржува лицемерие. Особено во развивањето на модерните стилови каде се повеќе се отклонуваме од строго пишаните/утврдените форми. Штом застанеш на сцената, штом се насочат сноповите светлина кон тебе, и штом се закорави погледот на публиката на твоето тело, сѐ излегува на виделина. Затоа, каква ти е душата во моментот, така и ќе танцуваш, а техниката е само алатка која ја користиме за да се изразиме подобро.

 

Твојата биографија е импресивна! 27 кратен меѓународен првак во соло-категорија, со своите групи си шампион на голем број државни, регионални и европски натпревари, креаторка си на Битрикс Културно – уметнички Центар и Битрикс Танцова лига и на бројни проекти и претстави. Како собра храброст и се одлучи да отвориш нов танцов и креативен центар?

 

Ви благодарам! Навистина, моето историско катче има повеќе признанија и награди, но, ќе бидам искрена, жал ми е што светот, а особено уметноста функционира на принципот “запечати со медаља”. Како сите нешта да стануваат видливи тогаш штом се закитат со признание, за чие потекло, а и критериуми прашањето останува отворено. Тоа повлекува извитоперување на вистинските принципи на уметноста, а необелоденети стојат нешта кои имаат позначајно влијание за човештвото и творештвото. Навистина ми се драги достигнувањата и сите тие бележат одредени периоди во мојот живот, но значително подраг ми е процесот на создавање на нештата, на истражување, себе-запознавање и најмногу оној кој се однесува на работата со децата и кој вклучува многу борба, страст, менаџирање на внатрешни и надворешни конфликти, градење на односи на доверба и другарување. Токму потребата постојано да го преживувам тоа со нови генерации и да знам дека токму јас сум оставила едно парче од себе во секое дете, ми ја дава сета храброст на светот.
Така што идејата за Битрикс била отсекогаш тука, бидејќи таа се поврзува со идејата за моето постоење, прво, како што вели Сократ: “Спознај се себеси”, а потоа, смени го светот и колку можеш допринеси, подобри го.

 

Фотографија: Ангела Петровска
Што те инспирира секојдневно да се надоградуваш и развиваш себеси, а притоа и да помагаш во личниот и креативниот развој на другите?

 

Не можеш да го промениш светот, доколку немаш доволно издржлив стомак за промени. И тука, под промена подразбирам еден континуиран процес на самонадоградување, едуцирање, себе-запознавање, истражување, откривање, созревање… Само така би можеле да делуваме во светов проактивно, а не да набљудуваме и оставиме на случајност како пасивни и индиферентни битија (што за жал е одлика на мнозинството). Тој процес на работа на себеси потоа неминовно се поврзува и со улогата која сите ние ја имаме, влијаејќи на светот или во случајов, јас на своите ученици. Не постои нешто поубаво на светот од тоа кога ќе видиш дека повеќе од тоа што си го научил твојот ученик на некаква си танцова техника, си му помогнал да порасне како човек. Си му помогнал и ти, покрај неговите/нејзините родители, да цени, да сака, да вреднува и верува, да е борбен/а и храбар/а, да му/и’ се роди љубов за науката и истражувањето, да ја разбере потребата од тоа да се едуцира и на крај да им дозволиш да те надминат и да ја продолжат мисијата.

 

Во Македонија постои тенденција почесто да се гледаат мажи на лидерски позиции. Како се справуваш со средината во која работиш и дали се соочуваш со родови стереотипи како девојка претприемач?

 

Во контекст на ова, лично имам два проблеми. Првиот е што сум девојка, а вториот е што сум младолика 🙂 Кога ќе ги споиш двете се случува убиствена комбинација. И двете придонесуваат за тоа од прва луѓето да немаат доверба и очекувања од тебе. Но, моето мото е: Не постои невозможно нешто, бидејќи самата ги правам нештата возможни и од мене зависат. Така што, можеби подобро што немаат очекувања од мене, бидејќи така возбудата од изненадувањето е поголема! Шала на страна, сум имала секакви ситуации, најмногу на состаноци ми било потребно определено време да ги пробијам бариерите, бидејќи многу е важно што ќе кажеш, па се трудам секогаш да имам нешто квалитетно да кажам и да бидам подготвена. Впрочем, додека работев во една голема компанија порано, почнав да ги гледам нештата како веројатност. Колку повеќе состаноци одржиш, колку повеќе лица запознаеш, толку се поголеми шансите нешто да оствариш, па оттука комплетно бесполезно ми е да размислувам како ме доживуваат, сé додека знам дека сум комплетно искрена и своја.

 

Веќе многу години секојдневнo работиш со млади. Кои се вредностите кои им ги пренесуваш преку креативната работа во Битрикс? Дали и на кој начин танцот им помага со нивната самодоверба, себеприфаќање и прифаќање на другиот?

 

Кај нас се завршуваат цели факултети по педагогија, но, за жал имаме недостиг на вистински педагози. Мислам дека тоа е така бидејќи за да се нарече еден човек педагог, тој треба да поседува внатрешен порив и љубов кон својата работа и постојана желба внимателно да ги анализира и да делува врз учениците. Тука зборуваме за секакви ситуации, од секојдневни до професионални. Она што се трудам е да бидам комплетно активна во животот на моите ученици. Танцот е еден сегмент, алатка која ја користам, меѓу другото, за да ги разбудам сите нивни сетила. И дете, како дете чувствува сѐ. Па така, доколку си искрен, довербата се стекнува за многу кратко време, а штом ја стекнеш можеш да делуваш на сите аспекти. Од аспект на вредности се трудам постојано да им пренесувам сѐ што сметам дека е правилно, полезно; од помош во создавањето на самодовербата, поддршка за справување со секојдневните ситуации, до култура на живеење, исхранување, однесување, градење и одржување на односи, проактивно делување во општеството и љубов кон едукацијата од било кој аспект. Многу внимателно работам на градењето на почитта едни кон други и прифаќањето на разликите, но и на меѓусебна поддршка и поткрепа, како би можеле сите подеднакво да се развиваат.

 

Фотографија: Ангела Петровска
Навикнати сме на сцената да гледаме витки, мускулести, совршени тела…Сепак, танцот не остана имун на движењето body positivity, па така, можеме да видиме многу танчери и танчерки кои повеќе не се вклопуваат во идејата за совршено тело од минатото. На кој начин ги стимулираш младите со различни предиспозиции, тела и амбиции да го пробаат танцот, иако можеби се несигурни во себеси?

 

Секое тело е различно, а и вкусовите на луѓето се различни. Она што мене ми се допаѓа, можеби некому не му се допаѓа. Кога зборуваме за витки тела, тука дефиницијата е извитоперена. Јас стојам зад тоа дека правилната исхрана и внимателното однесување кон своето тело се неопходни бидејќи телото ни е едно. Па така и во танцот, не треба да бидеш скелет, можеш да бидеш и пополничок, сé додека не одиш до степен да го покачиш холестеролот, а тoа не влијае само на танцот, туку на квалитетот на живот. А од друга страна, напорните тренинзи се причина плус зошто да се танцува, бидејќи физичката активност е неопходна за одржување на здраво тело и здрав дух! Така што, за сите што се колебаат – не е важно каде/каков си сега, важно е каде/каков сакаш да бидеш и да ја преточиш желбата во план и активност.

 

Сметам дека танцот, особено класичниот, ги перпетиураат традиционалните родови улоги. Истовремено, современиот танц и потенцијалот кој го нуди за експириментирање, ја дава токму можноста за замаглување и премостување на родовите улоги… Колку сметаш дека сцената и танцот даваат простор на комплетно ослободување од било какви општествени стеги?

 

Современите танци се појавуваат како последица на осовременувањето на општеството, т.е. неговото менување или менувањето на претходно постоечките прифатени принципи. Денес човекот бара слобода да биде сѐ она што сака да биде и притоа да не е осуден. Аналогно на тоа и танцот го бара истото. Уметноста секогаш се развива во корелација со општеството. Стегите, какви и да се, полека го намалуваат своето влијание и сцената се повеќе дава простор за ослободување. Но, ние во Македонија сме сѐ уште далеку.

 

Минатата година претставата „Тишина” на Битрикс, поттикната од семејното насилство имаше своја премиера во МОБ, Скопје. Велите дека низ перформансот осцилираат ситуации од вистинити приказни од секојдневието на членовите и нивното опкружување, кои, за жал, се прифатени и сè уште присутни во заедницата, а жртвите се чувствуваат немоќни. Перформансот имаше за цел да ја разбуди свеста и да охрабри промена за оние на кои им е потребна. Како решивте да ја обработувате оваа тематика која е горлива тема локално и глобално? Дали сметаш дека ја постигнавте вашата цел?

 

“Тишина” е еден проект кој одбележа значаен дел во мојот живот од секаков можен аспект. Чувствата од нејзината реализација се сѐ уште измешани, бидејќи со поставката на овој перформанс како и поради процесот во кој се впуштивме нашата перцепција значително се промени. Сега можам со сигурност да кажам дека “Тишина” ни беше потребна на нас, исто онолку колку што му беше потребна и на светот. Станува збор за за осознавање и будење на претходно незабележани аспекти од едно навидум нормално секојдневие кое го опишуваме во точките. Така, целите не можат да се постигнат преку ноќ и само со една претстава…Во еден разговор со партнерите од УНИЦЕФ, благодарение на кои добивме шанса да ја прошириме нашата мисија низ цела Македонија, за што сум им многу благодарна, ми рекоа вака: “Ние цели седумдесет години работиме на будење на свеста на луѓето. Ако се надевавме на итна промена, одамна ќе требаше да ја затвориме канцеларијата, но и еден чекор е голем напредок за човештвото.”

 

Фотографија: Ѕвонко Петровски
Колку сметаш дека уметноста може (и треба) да биде општествено ангажирана и да повикува на промена?

 

Човекот е непосредно поврзан со општеството во кое живее, а уметноста пак произлегува од него, па така би рекла дека е невозможно тие две да не се поврзани и да не дејствуваат едно на друго. Така, уметноста како производ на нашата личност, која пак е производ на општеството, целокупно какво што го познаваме, претставува или револт/восхит или едноставно пресликување на личните (општествени) доживувања. Уметноста секогаш предизвикува некаква реакција, со што автоматски уметникот е општествено ангажиран, но уметникот може да одбере дали сака да пресликува со цел да постигне некаква промена и за тоа има право само тој. Така што, не би можела да кажам “дали треба” бидејќи секој има свој стил на дејствување, би можела само да кажам дека секој уметник со себе носи голема одговорност за како може неговото дело да биде интерпретирано и перципирано, бидејќи несомнено ќе биде, на овој или оној начин.

 

Фотографија: Ѕвонко Петровски
Кои се општествените промени кои според тебе биле поттикнати директно или индиректно од твојата работа?

 

Она кон кое се стремам и за кое работам е да го видам Скопје како лулка на квалитетен танц, збирно место на светски имиња, колевка на уметност…Се стремам моето влијание да биде во тој правец, а тоа инкорпорира многу аспекти и може да се постигне само со паралелна работа на неколку фронта. Едниот е техничката едукација во танцот, но и општата едукација, другата е едукацијата од аспект на педагошкиот пристап, на која пак и следи нов, современ, силен, здрав и способен кадар. На тој начин произлегуваат генерации способни да создаваат, менуваат и креираат. Со работа на сите овие фронта со тимот постојано постигнуваме мали победи. Тргнавме од нула, без никакви ресурси и до сега, моето најголемо достигнување е создавањето на еден колектив од млади способни и амбициозни луѓе, поткрепени со едукација и вистински вредности како процес кој не застанува. Исто така, кампот “Битрикс танцова лига“, кој оваа година ќе ја доживее својата петта реализација, е бебето кое го растеме и кое го претставува животот на едно ново движење.

 

Претпоставувам дека секој ден ти е преполон со професионални обврски. Кои се твоите рутини и/или ритуали на self-care кои ти помагаат да го одржиш својот баланс и ментално здравје?

 

Морам да признаам дека ова се можеби најдобрите прашања кои некогаш сум ги добила. Ова особено ми се допадна бидејќи сметам дека покрај сѐ, опфаќа еден од најважните аспекти за секој човек – грижата за себеси и начинот на одржување на континуитет во квалитетот на делување на приватно и професионално ниво.

Кога на 22 години земав поприлично солен кредит за да го отворам студиото, тоа секако имаше реперкусии врз моето ментално здравје и ме изложи на една сериозна внатрешна борба. Притисоци имаше постојано, од сите страни, па дури и од најблиските. На кого му се верува дека уметност кај нас ќе успее? Во даден момент забележав намалување на квалитетот на моето функционирање како последица на недоволната грижа кон себеси. Едноставно стресот од обврските те обзема, па се забораваш себеси. Затоа изминатава година значително работам на одржување на сопствениот дух.
Пишувањето ми е огромна издишка, а истовремено го чувствувам и како метода да си ги дообјаснам секојдневните случувања. Така што, прво нешто што почнав да правам кога го увидов проблемот беше тоа. Се навратив на пишувањето проза, поезија, но и на музика. По малку свирам пијано, па така некогаш си креирам и свои композиции. Во борбата со секојдневните притисоци, многу ми помогна и моето куче, Каш, со кого еден период си ветив дека ќе одам на утрински прошетки во градскиот парк и ќе поминувам време сама, со него и музика.
Во еден период почувствував дека ми недостига да се едуцирам, да истражувам и дека поради тоа чувствувам празнина. Затоа се запишав на уште еден факултет и тоа при Факултетот за музичка уметност, отсек Балетска педагогија – современ танц. Не би рекла дека нема обврски и предизвици и таму, но чувството кое произлегува од работата на себеси, психолошки ми влијае многу позитивно. Од друга страна, односите со луѓето ми се мошне значајни и едно од нештата кое значително негативно влијаеше тогаш на мене е тоа што не си оставав време за да ги негувам. Оние најблиските ќе бидат секогаш тука да се јават, да те потсетат и премногу им благодарам за тоа во тие времиња, но сепак, се чувствував дека не им возвраќам доволно. Всушност, џабе ти е успехот, ако на крајот си сам. Затоа, се трудам секој слободен момент да го поминувам со најблиските, грижејќи се за нив.
За крај, она на кое најмногу работам во последно време е да живеам и уживам во моментот! Учам како да се радувам на секојдневните нешта кои ги носи животот, на убавите утра, шолја кафе или чај, на разговор со блиските, на добра масажа, гестови на внимание и љубов, прошетки, квалитетна музика и свирки низ градот, време поминато самата со себе, да се радувам на луѓето кои ми ги носи животот, бидејќи една моја многу драга професорка кажува: “науката вели дека не постои такво нешто како случајност. Знаеш ли колку нешта треба да се поклопат за две личности да се сретнат?”
Едноставно е, треба да се направи баланс за сè во животот и на сите ни е потребно да имаме некаква издишка, a пропратно да знаеме како да бидеме сами со себеси, што мене ми е најпрекрасното чувство на светот и никогаш не ми е досадно. Сé ова и поставување на вистинските приоритети во вистинското време водат кон внатрешен мир, а тоа е секогаш поважно од физичкиот одмор.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • February 13, 2019
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гасеница
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram