Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.

Еве го мојот најголем проблем со капитализмот: нè убедува да купиме производи што не ни се потребни преку манипулација со нашите реални емоции и чувства. На пример, неодамна влегов во една локална продавница додека барав пар панталони и наидов на маица на која пишуваше „women empowerment “ или нешто слично. Значи, нема ништо за овој бренд (колку што знам) што промовира феминизам – дали тие се потрудиле да вклучат повеќе жени во нивната работна сила, дали се однесуваат праведно кон женскиот труд – барем со исплаќање на минимална плата, дали донираат средства во добротворна организација која им помага на непривилегираните жени? Најверојатно не. Па, кога ја видов таа маица, сè што можев да помислам е како тие се насочени само кон жени – феминистки како мене кои можат да ја купат маичката без всушност да направат нешто со кое навистина ќе им помогнат на жените.

Тука има многу претпоставки (можеби брендот им помага на жените на некој начин, а јас едноставно не знам за тоа, затоа не го именувам самиот бренд тука), но има и други, поголеми примери за тоа како брендовите едноставно не успеваат да се придржуваат кон феминистичките идеали кои што ги пропагираат во своите реклами и ПР трикови, и едноставно провидни ми се.

На пример, на почетокот од оваа година, Најк ја промовираше кампањата „Dream crazier“, во која беа претставени моќни женски спортистки кои ги нарекуваат „луди“ поради тоа што покажуваат емоции на теренот. Ги охрабри жените да имаат големи соништа и да не дозволуваат некој да им застане на патот.

Но, на самиот почеток на оваа година се дозна дека Најк ја изгуби Алисон Феликс, една од најважните спортистки на годината, американска атлетичарка која се натпреварува во спринтерските дисциплини, откако и беше понуден доста поинаков договор по нејзиното забременување. Во една статија на Феликс за Њујорк Тајмс, атлетичарката тврдеше дека била во процесот на обновување на нејзиниот договор со брендот за време на нејзината бременост кога брендот понудил да и плати 70% од претходно договорената сума. Очигледно, атлетичарката била спремна да се согласи на тоа. „Ги прашав претставниците на Најк дали може во договорот да се гарантира дека нема да бидам казнета ако не успеам да постигнам одлични резултати неколку месеци пред пораѓањето. Претставниците на Најк одбија.“ напиша таа. Ова беше најголемиот проблем за Феликс.

Таа понатаму утврди дека вистинската причина поради која потпишала со Најк била тоа што мислела дека брендот навистина сака да помогне во зајакнување на позицијата на жените, а ако всушност не било така, можела да потпише со друг бренд за уште повеќе пари. „Кога се сретнав со лидерите на брендот во 2010, една жена ми кажа за иницијативата за спонзорство на Најк која се викаше „Girl Effect“ и промовираше адолесцентки како клучот за подобрување на општествата низ целиот свет. Со придружување на Најк, кажа таа, мислев дека ќе можам да помогнам во зајакнување на позицијата на жените. Таа ми кажа дека Најк верува во жените и девојките, а јас и поверував.“ – потврди таа.

Ако мислите дека одбивањето на нејзината понуда од страна на Најк е фер, потребно е да знаете дека Феликс пред некое време го надмина рекордот на Јусејн Болт, со тоа што доби 12 златни медали на Светскиот шампионат во атлетика во Доха, Катар.
Болт се смета за најдобриот спринтер на сите времиња, а Феликс го надмина неговиот рекорд 10 месеци откако се породи.

Најк очигледно сега ја смени политиката кога се работи за пораѓање, но сепак не сум особено импресионирана бидејќи истата беше сменета откако добија негативен публицитет поради тоа што Феликс реши јавно да се изјасни во врска со тоа што се случило. Излишно е да се каже дека веќе уште еднаш не купувам Најк патика за трчање.

Сепак, не треба само Најк да биде издвоен. Брендови низ целиот свет почнаа да сфаќаат дека феминизмот продава лесно. Жените имаат поголема заработка отколку што имале порано. Наеднаш има цела една нова демографска структура која може да купи многу повеќе продукти отколку што можеше во последната декада. Исто така, има и цел еден нов бран на нови работи – облека, спортска опрема, козметика. Сѐ што ќе посакаш. Сѐ што треба еден бренд да направи е да изгледа како да го промовира зајакнувањето на позицијата на жените и толку е потребно за баш истите тие жени да ги преплават продавниците.

Дури и бренд како Лукс реши да се вклучи во трендот – еманципација на жената за да им се продава сапунот. Пред некое време во една нивна реклама беше вклучена и Саба Камар, во која актерката зборуваше за тоа како била критикувана што носела кармин со појака боја или поради тоа што се смеела прегласно (морални политики на кои жените во Пакистан се подложени). Рекламата завршува со тоа што таа кажува дека не треба да се замараме многу што луѓето би кажале. Сепак, не сум во заблуда поради оваа иронија. Не треба да се замараме што би кажале луѓето, но би требало да нѝ е важно што Лукс пробува да нѝ каже? А, што всушност Лукс пробува да каже? Дека убава, гламурозна жена може да си дозволи да не се припотресува што ќе каже општеството. Вклучете жена со прекумерна тежина, или со темна боја на кожа, или жена која не е богата, па потоа кажете ми дали ќе може да се поклопи со стандардот што Лукс го постави за тоа што значи убавината во ова општество. Можеби е лесно за Саба Камар да не се грижи за тоа што велат луѓето, но за жал ние секојдневните луѓе ја немаме истата привилегија.

Значи – брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало. Започнете мала добротворна организација која им помага на жртвите на семејно насилство, има илјадници жени заглавени во насилни домашни средини затоа што немаат каде да одат. Понудете конкурентни плати на вашиот женски персонал. Подобрете ги условите за работа (без разлика дали се машки или жени) на вашиот труд. И, замислете, потоа можете да ги користите овие убави гестови како ПР трикови! Промовирајте ги, соопштете му на светот за нив. Затоа што ако мора да заработите пари од нас, зошто истовремено да не се обидете да го направите светот подобро место?

 

 

 

 

Извор: Cutacut

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • Гала Насева
  • October 21, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram