Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд

Во саботата (16/10) беше објавено однапред снименото видео од првата епизода за превод на регионалната емисија за книжевност, Inside/Out, која имаше формат на работилница и беше посветена на опсежноста на смислите на оснажувачкото еротско во поезијата на американската авторка Одри Лорд. Епизодата ја модерираше поетесата Селма Асотиќ, а гостуваа нашата уредничка Душица Лазова и Грација Атанасовска, кои направија компарација на нивните препеви на две песни по личен избор од Одри Лорд.

На работилницата беа споредувани решенијата до кои дошле двете преведувачки, препреките на кои наишле во преводот (замрсената синтакса и повеќезначноста на зборовите) и предизвикот да се пренесе интензитетот на еротскиот импулс од изворниот јазик.

Покрај самиот превод, преведувачките дискутираа и за континуитетот помеѓу еротското и креативното во овие песни (и воопшто во поетското творештво на Лорд), за релациите на моќ на субјектите чии идентитети се претопуваат еден во друг под перото на поетесата и во самиот еротски чин на спознавање – препознавање – пресоздавање.

Како што вели Грација, Одри Лорд е препознатлива по нејзината „комбинација на митски слики и интимност“ и вештото вметнување на „митското време… [кое] го доведува во спалната соба, во тие интимни простори и го преобразува во нов женски контекст“.

Во продолжение можете да ги прочитате и споредите нивните препеви:

 

 

Жена

 

Сонувам за парче место меѓу твоите гради

да си изградам дом налик заслон

каде сејам сејанина

во твоето тело

недогледна берба

каде најчестиот камен

е месечевиот камен и абоносовиот опал

хранејќи го со млеко секој мој глад

и твојата ноќ се надвиснува врз мене

како животворен дожд.

 

(Д.Л.)

 

 

Жено

 

Сонувам за место меѓу твоите гради

да си изградам куќа како пристан

каде што ќе сеам посеви

во твоето тело

бескрајна жетва

каде и најгрубиот камен

е месечев камен и абоносот опал

им даваат млеко на сите мои гладови

и твојата ноќ слегува на мене

како хранителен дожд. 

 

(Г.А.)

 

 

Пресоздавање

 

При спојувањето

полесно се работи

откако нашите тела

ќе се сретнат

на пенкалото и хартијата

ниту им е гајле ниту имаат корист

од тоа дали пишуваме или не

но додека твоето тело се движи

под моите дланки

наелектризирано и во исчекување

го сечеме ланецот

ти ме создаваш наспроти твоите бедра

ридести од слики

во движење низ нашите зборовни земји

моето тело

ја испишува во твоето месо

песната

низ која ме спознаваш.

 

Те допирам и ме пресретнува полноќ

додека месечеви огнови ми се вгнездуваат в грло

те љубам месо в цут

те создадов

и создадено те земам

во мене.

 

(Д.Л.)

 

 

Разонода

 

Спојување

полесно е да се работи

откако нашите тела 

ќе се сретнат

на пенкалото и хартијата

ниту им е гајле ниту имаат добивка

од тоа дали ние пишуваме или не

но како што телото ти се движи

под моите раце

во набој и очекување

го сечеме ремчето

ме создаваш наспроти твоите бутки

ридести и сликовити

движејќи се низ нашите збороземји

моето тело

ја пишува во твојата плот

песната

што ја правиш од мене.

 

Допирајќи те ја фаќам полноќта

како што месечевите огнови се палат во моето грло

те сакам плот во цут

те направив

и те земам направена

во мене.

 

(Г.А.)

 

 

Во оваа прилика ви препорачуваме да го прочитате и култниот есеј „Примените на еротското: еротското како моќ“ на Одри Лорд во превод на Душица Лазова, објавен на нашиот сајт.

Следната епизода на Inside/Out – „ОДНАТРЕ КНИЖЕВНОСТА: Петар Андоновски за пишувањето, сеприсутноста на квир аспектите и различните културолошки разбирања на делата“ – ќе биде емитувана во петок (22 октомври) во 20 часот на самиот Фејсбук настан.

 

 

 

Inside/Out се стреми кон поврзување на регионалните книжевности и практики преку разгледување на заедничкото. Емисијата е производ на желбата да се понуди отпор кон отуѓеноста и да го промовира разбирањето на различностите меѓу земјите од екс-Југославија, обновувајќи го некогашното единство преку јакнење на сестринските, лево ориентираните и анти-хетеро-патријархални другарства.

Сезоната на Inside/Out ја реализираат Коалиција МАРГИНИ, порталот за култура OKNO.mk и мрежата Побунети читателки (Pobunjene čitateljke) од Србија. Редакцијата на третата сезона на Inside/Out ја сочинуваат: Мања Величковска, Борисав Матиќ, Фросина Крушкаровска и Наѓа Бобичиќ.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • October 18, 2021
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram