Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.

Според сè уште застарените учебници по социологија во средно училиште жената би требало „да седи дома, за да биде заштитена од комуникација, одговорност, конфликти“ или како што авторите посочиле да биде „помалку изложена на влијанието на објективни криминогени фактори“ (иако би посочила дека во криминологијата се користи терминот надворешни или егзогени криминогени фактори). Ова последново е само дел од многуте погрешни толкувања на криминалното однесување на жените, пред сè преку т.н. превентивни решенија на лаиците, според кои „седењето дома“ значи „помалку комуникација, ниту пак конфликти“.

Но, реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација. Најголемиот дел на убиствата извршени од жени се случуваат дома (Mann, 1996) нивни жртви се интимните партнери (Browne & Williams, 1993) и не се планирани (Agnew, 2006). Всушност се случува „криминализација на виктимизацијата“ (Chesney – Lind, 2002).

Феминистичката криминологија се појавува во доцните шеесетти години на XX век во САД и седумдесеттите во Велика Британија како критика на традиционалните погледи на криминолошката наука, која не го истражувала криминалното однесување на жените, ја занемарувала виктимизацијата на жените, пред сè насилството на мажите врз жените. Криминолошките теории не одговарале на состојбата со криминалот на жените, бидејќи не биле поставени врз емпириски податоци поврзани со жени (Naffine, 1996). Mainstream теориите, всушност биле malestream теории.

Првиот бран феминистичка критика кон криминолошките објаснувања на криминалот на жените била насочена кон проблемите во поврзувањето на криминалното однесување и девијантноста на жените со одредени биолошки фактори, а не со општествените и економските, погрешна перцепција на мотивите и поврзување на сексуалната девијантност со криминалното однесување. Општествениот статус на жената е ограничен, истата сè уште е анализирана како морален заштитник на домот и културата (Daly & Chesney – Lind, 1988).

Вториот бран феминистичка критика во криминологијата е насочена кон влијанието на приватната сфера која била користена како средство за обесправување на жената, а со тоа и неможноста да биде достигната и еднаквост во јавната сфера.

Податоците од Државниот завод за статистика на РСМ покажуваат стапка од помалку од 5% на жени од вкупниот број осудени сторители на кривични дела. Зошто различни стапки на криминално однесување кај различните полови, односно родови? Хофман – Бустаманте (1973) заклучила дека тоа е резултат на различните очекувања од половите и различната родова социјализација, потоа различната општествена контрола, различните можности за извршување одредени кривични дела, поретка вклученост во супкултури и различна класификација на кривичните дела.

Анализирајќи ги различните стапки на криминално однесување кај двата пола, Адлер и Симон, ја поставиле теоријата на еманципација на жените, објаснувајќи дека општествените промени овозможуваат приближување и изедначување на општествените улоги на мажите и жените, резултирајќи со еднаквост во одредени општествени сфери.

Тестирајќи ја генералната теорија на напнатост на Роберт Агњу на затвореничка популација во РСМ, според која напнатоста е резултат на неуспехот да се достигнат позитивно вреднуваните цели (одреден општествен статус или финансии); на отстранување на позитивно вреднуван стимул (смрт на близок роднина или пријател; или прекинување интимна врска); и како резултат на негативно вреднуван или опасен стимул (насилство во семејството), заклучивме дека криминалната активност на жените кои издржуваат казна затвор за одредени кривични дела е поврзана или со финансискиот стрес или со нивната виктимизација во текот на животот. Тоа значи дека истите биле или невработени или вработени на несигурно работно место или слабо платено, без можност да ги исполнат основните потреби, или биле жртви на физичко, психичко или сексуално насилство од страна на, најчесто интимниот партнер, но и од други членови на семејството. Така, на пример, во РСМ, 54% од студентите се од женски пол, 57% од нив дипломираат, но само 33.7% од вработените се жени, наспроти 50.5% мажи (Државен завод за статистика на РСМ, 2016). Понатаму, дури 81% од жртвите на семејно насилство се жени (76% од нив биле виктимизирани од страна на мажи) (Глас за правда, 2014), односно системот за социјална заштита и помогнал на 1081 жена жртва на семејно насилство во 2016 година (Државен завод за статистика на РСМ, 2016).

Заклучоците би биле во согласност со мислењето на Меда Чесни – Линд, која го посочува јасниот избор при превенирањето на криминалното однесување на жените, а сигурно тоа не е нивното затворање дома. Она што е потребно е финансиите кои се трошат за затворање на жените сторители на кривични дела во пенитенцијарна установа, да бидат пренасочени кон решавање проблемите на економски маргинализираните жени, жените жртви на насилство, жените кориснички на наркотични дроги, односно жените кај кои постои ризик од криминално однесување. Потребни се програми за третман кои би ги исполниле нивните потреби, би ги откриле изворите на напнатост, би ги отстраниле истите и би спречиле појава на негативни емоции, како и професионално би ги оформиле, притоа менувајќи го нивниот живот и значително намалувајќи ги можностите за повторна криминална активност.

Превенцијата на криминалното однесување на жените треба да се презема во чекор со нивниот секојдневен живот, нивните проблеми, но и спречувањето на родовата дискриминација во сите слоеви на општественото постоење. На ваков начин би се овозможила еднаквост на половите со која би се уништил митот дека жената која седи дома е безбедна и/или безопасна.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • February 11, 2020
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram