Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.

Помина речеси еден месец од почетокот на мерките кои почнаа со препораки за социјално дистанцирање и стигнаа до строг полициски час. Сите различно ја поднесуваме оваа новонастаната реалност и сите сме различно погодени, како во здравствена, така и ви социјална, економска, емотивна и културна смисла. Во овој период на сите ни се вртат секакви сценарија низ глава. Сите имаме денови на еуфорија и денови на мизерија. Затекнати од ситуацијата и Медуза се претвори од феминистчка платформа во мала архива на животот за време на Корона кризата, а овој колажен текст ќе допринесе кон тоа. Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време. Свесни сме дека повеќето од нас ги пишуваат овие редови од позиција на привилегија. Свесни сме дека е смешно да се делат tips and tricks за пополнување на време – затоа и не го правиме тоа. Не се обидуваме да бидеме позитивни, ниту продуктивни, а уште помалку да ви кажаме како да се однесувате и што да правите вие. Тоа што сакаме е да ги споделиме нашите искуства кои во голема мера се преклопуваат, вмрежуваат, разделуваат и повторно сретнуваат. Неколку часа пред целовикендашкиот полициски час, потребно ни е да почувствуваме некаков вид на споделено искуство и заедништво.

 

Елена – Долги години имам преживувано различни форми на изолација и чувство на пореметено живеење

 

Ваздух мирише на лудило…така некако се осеќам. Ниту домашната изолација ми е непозната, ниту некоја внатрешна, да кажам – лична, ниту пак да си изолирана и сама, иако си некаде со луѓе. Долги години имам преживувано различни форми на изолација и чувство на пореметено живеење. Физичката укоченост која ја доживеав од првичниот шок на ова лудило беше предизвикано пред сè од многубројни стравови кои не се бројат на прстите на рацете. Но, поминувајќи неколку дена во размисли, анализи на сè и сешто и разговори со сите блиски луѓе, некако се вратив во реалноста… Секако дека не ми е розово, а мене ми е омилена боја розевата, па се трудам да си го разведрам секојдневието со попозитивни нешта. Не ми успева постојано, ама можам да кажам дека подобро се осеќам. Сфатив дека многу важна ми била секојдневната рутина, и сега некако наеднаш сè се смени, па земав и се посветив на креирање нова рутина! 🙂
Ме иритира мултиплицираната глупост која што владее наоколу, и ме разочарува длабоко…Луѓе умираат, луѓе немаат емпатија, ме загрижува тоа. Емпатија и солидарност за мене не се курсеви кои треба да се платат.
Си ја слушам FAG by Todrick, знам дека наскоро ќе играм во Шорт Бас и во диско и како денсерите на Миси Елиот со нови патики и то е то!
Она што сакам да се одржи е да се помагаме едни со други, ова ќе потрае и колку што можеме да се избориме за подобро утре, што впрочем голем дел од нас го правиме и во редовно-официјалниот наш ни животец….а внатрешниот…за тоа потоа.

 

 

Мања – Не се чувствувам виновна

 

Тргам книги на страна за читање, а не читам. Во главата составувам приказни, а потоа не ги запишувам. Постилам за вежбање, а не вежбам. Правам плејлисти за слушање, а музика не слушам. Штиклирам филмови за гледање и не ги гледам. Наоѓам и зачувувам страници со отворен пристап и не ги отворам. Помислувам да им се јавам на некои луѓе и не им се јавувам. Лежам, но не спијам. Јадам и заборавам што сум јадела. Невнимателна сум и непродуктивна и скарана сум со сопствената совест. Единствено што правам е се грижам, се грижам, се грижам.. но виновна не се чувствувам. Идеите ми се на максимум, технето на минимум и има нешто што ми вели дека токму така треба сега и да биде.

 

Лени – Не сакам да делам совети, не дај боже да кажам некому да „работи на себе“. А тек „да се пронајде“

 

 

Во мојот случај, неколку години работам од дома, некоја голема промена не чувствувам. До тука, немам право да зуцнам 🙂
Ми недостасува по некое пиво на клупа. Излегувања. Кино. Внука ми ја немам видено …
Паралелно ми се потврди дека имам склоност кон непристоен ескапизам, тенденца да се изманипулирам себе до степен на краток заборав. И онака сериите, книгите, филмовите, кучето ми се со мене…и да се заангажирам со куп активности. Емотивно и ментално да се втопам во стварите што ги читам или гледам. На здравје за таа супермоќ.
Истовремено во некој момент буквално физички ме заболува момент на страв дека можам да изгубам некој близок. Тотален грч. И по една секунда да паднам од смеење за некоја глупост како да никогаш не се случило.
Дополнително ги замразив релативизациите кои ги приоретизираат „младите“. Гајле ми е како ова делува.
Паралелно сум свесна за комфорот кој го имам, да не се грижам дека ќе ја изгубам работата додека има луѓе кое веројатно се тресат пред можноста да немаат буквално како да си го прехранат семејството, ранливи категории, луѓе кои се заглавени со роднини кои не им се „дом“ и конечно луѓе кои во болниците низ светот умираат сами. Не смееме да си дозволиме да не се сетиме на ова, ако веќе ништо не можеме. Должни сме да знаеме.

 

 

Калина – Мислам на бесмисленоста на времето како концепт

 

Во период како овој, тешко е да не си оптоварен од сопствените мисли. Мислам на другарка ми која спаѓа во високоризичната група на граѓани, а чие семејство сè уште оди на работа. Мислам на мојата привилегија што изолацијата ја поминувам со луѓе со кои се чувствувам сигурно и сакано во дом кој ми нуди заштита. Мислам на бесмисленоста на времето како концепт. Мислам на тоа што е дистопија. Мислам на еуфоријата на првата средба со сите што ги сакам по сето ова. Мислам на опсесијата со тоа денот и неделата рамномерно да ги распоредам. Мислам на тоа како сум креативна, а не и продуктивна и колку виновно се чувствувам поради тоа. Мислам на потребата од човечка интеракција. Мислам на сите настани кои се откажаа. Мислам на тоа како го пропуштам мојот омилен период од годината. Мислам на модерниот, напреден свет и како тој се сруши во рок од една недела. Мислам на преродбата која допрва доаѓа.

 

 

Благица – Имам грижа на совест што воопшто го пишувам ова

 

Мислам дека иако сите сакаме да се вклопиме во идејата што преовладува – колку е неподносливо да седиме дома, колку е досадно и колку сме полуделе – не треба да е срамно да се каже дека нѐ има и такви на кои ни е удобно. На некои им било така уште пред ситуацијава, а други пак, иако приморани, сега си го нашле спокојот дома. Знам, смешно и кул е да се пронаоѓаме во мемињата од типот „карантин ден 53454“ (што понекогаш се вистинити дури и за оние на кои им е најудобно на светот), ама во однос на врската помеѓу мене и затворениот простор генерално не се чувствувам задушена.
Но, она што е чудно е тоа што иако имам доволно обврски за да не ми е досадно и милион идеи што да правам со слободното време, тешко ми е да направам што било од ова. Она што се сменило кај мене е фактот што сѐ повеќе и сѐ почесто се затекнувам залепена на интернет. Не за да комуницирам со оние што ми се далеку, не за нешто едукативно, ниту креативно – туку за да ја прочитам секоја новост за вирусот, секој коментар, секое рационално размислување, секое нелогично објаснување, секоја пофалба, секоја поплака, сите светски статистики, сите мерки што ги преземаат различни држави, пресметувам стапка на смртност – станав вистински зависна.
Ова понатаму ме тера да размислувам буквално за сѐ: како се навистина мајка ми и татко ми (освен она што ќе ми го кажат по телефон); зошто некои не ни веруваат во вирусот; како им е на оние што живеат на работ на егзистенција; што со семејното насилство; ги испитувам и преиспитувам сите нови мерки; колку треба да сум привилегирана за да се жалам што ми е досадно дома – имам грижа на совест што воопшто го пишувам ова; замислувам сценарија после коронакризата; решавам светска политика; создавам ново општествено уредување и…тотален хаос. Физичкиот простор не ме гуши, ама психичкиот и тоа како. Како цел товар од кризата да паднал врз мене и сама да треба да го решам ова, па мора да ги имам сите информации на светот, а сепак не можам ништо да сторам. Ако зборуваме за ментално здравје, ова е сѐ што не треба да правите! Не треба да останеме игнорантни за овие прашања, меѓутоа не смееме да дозволиме да нѐ преоптоварат и потопат безбројните информации што стигаат до нас.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 10, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram