Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.

Центарот не додржуваше, напиша Џоан Дидион[1] во култниот есеј „Наведнати кон Витлеем“, дисекцирајќи ги културните тропи на крајот од шеесеттите години на минатиот век и распаѓачкиот декор на тоа време. Време, на кое, доволно иронично, често се навраќаме како време на ветување, цут и слобода. Веројатно, со потрезвено и дисоцирано видување на времето и местото што го населуваме (талент што ретко кој го владее како Дидион) може да се стигне поблиску до вистината. Можеби вистина е дека хаосот и редот се две страни на истата паричка.

Сепак, скептично се запрашувам зошто ми се чини како крајот на светот каков што го знаеме да доаѓа токму сега? Се прашувам, што би кажале Јејтс и Дидион за држењето на моменталниот центар, да можеа да видат на кои сè креативни начини тој попушта? Дали секоја генерација на оној или на овој начин ја живее апокалипсата или сеприсутното ехо дека баш и нема смисла да се стане од кревет, зашто крајот е блиску, е специфичен и уникатен за ова време? Нашето време.

Светот се наоѓа пред климатска катастрофа и тоа е факт пред кој не смее да се замижи. Заблажувањето на пандемијата не ја заблажи економската криза, која допрва ќе ги обележи нашите животи. Еден ден оваа година се разбудивме со веста дека Русија ја напаѓа Украина. Џеф Безос отиде во вселената колку да ни покаже дека му се може. Врховниот суд во САД ја отповика пресудата Roe v. Wade, со што го одзеде федерално загарантираното право на абортус. Антиродовите движења се во пораст. Екстремната десница е сè поприсутна во владите низ светот. Анорексијата е повторно во мода. Стотици животи беа брутално одземени во Иран, во протестите кои започнаа по убиството на млада девојка од страна на моралната полиција заради нарушување на нормите за облекување, кои сè уште траат. Можам да продолжам, но ќе запрам тука. Каде да најдеме сила и смисла да продолжиме со нашите комично мали животи? Како да се исправиме пред овие космички катастрофи? Како да не западнеме во очај и цинизам од кој нема враќање? Како да излеземе од состојба на пролонгиран и континуиран страв? И финално, како да зачекориме храбро во иднината, што и таа да носи?

Во ова време-невреме, мудрост и утеха може и мора да се побара во силите кои нè полнат со живот. Пред неколку месеци веројатно ќе превртев очи на ваква очигледно клише реченица, кога хранејќи ги сопствените состојби на очај и паника, едноставно не можев да видам никаква перспектива, лична, а уште помалку колективна. Кога ми се случи неочекувана релокација на друг континент, ми се случи и промена на фокусот.

Длабоката и пријатна самотија ми ја врати вербата во себе, во телото, во најинтимните чувства и релации: блиските пријателства, нежните и суптилните тактилни задоволства и заедницата од која секогаш можеме да црпиме инспирација, енергија и сила – која на некој начин ни го афирмира постоењето, дури и кога се чувствуваме како да висиме на конец. Немам одговори на погоре поставените прашања кои сè уште ме држат будна, но на моменти наоѓав одговори на многу од нив во книгите и филмовите кои ми правеа друштво, во постојаното движење на природата, во раѓањето на детето на сестра ми, во грижата и љубовта која ја гледам и сведочам секојдневно, и конечно, во работата на „Медуза“ и составувањето на оваа книга, во која автор/к/ите нималку наивно и на мноштво начини начнуваат одговори токму на тие прашања, или отвораат нови.

Во оваа книга со авторски текстови се појавуваат: Вики Младенова, Кристина Атанасовска, Грација Атанасовска, Елена Петрова, Тамара Славеска Апостоловски, Нина Раповска, Душица Лазова, Марта Стевковска, Ана Блажева, Елена Гаговска, Ангел Димитриевски, Калина Качоровска, Александра Спасеска. Ќе прочитате разговори со Маша Станишиќ и Елена Чемерска, рефлексија на зборови на Благица Димитрова, Сара Миленковска, Ивана Батев, Славчо Димитров, Ана Блажева, Наталија Теодосиевска, Анастасија Марковска и Лени Фрчкоска, и неколку храбри препеви, од нашата нова петочна рубрика „Песна на неделата“, која ја уредува Душица Лазова.

„Променливо облачно“ е колекција на феминистички есеи, разговори и песни, која пробува да даде смисла на животот во непредвидливо време и да понуди патеки на размислување и дејствување отаде. Додека дел од содржините се занимаваат со системите на опресија кои на многу начини кулминираа изминатава година, во други може да се најдат политички стратегии на отпор и ослободување, но и истражување на мистичните и интуитивни процеси и простори како извори на (женска) моќ. Која е нишката што се провлекува низ целата книга? Уважувањето на ова време, нашето време, како тешко, на моменти очајно, во сите негови изблици на лудило, пропаст и нееднаквост. Но и потрагата по механизми храбро да му се погледне в очи на ова време. Ако крајот навистина доаѓа, тогаш немаме што да изгубиме.

Нашите кошмари никогаш не биле поинтимни и посподелни, истовремено. Велам интимни, зашто разноразните ментални предизвици со кои повеќето од нас се соочуваат се осеќаат некаде длабоко внатре и имаат тенденција да нè туркаат во изолација. Велам споделени, зашто сè појасно станува дека кога небото е тмурно, тмурно е за сите нас. Од тоа сознание треба да црпиме методи, сила и енергија, да се осмелиме да го замислиме новото време и да работиме на неговото доаѓање, денес.

Надежта дека небото ќе се расчисти, дека ние имаме одговорност да го разведриме, не е наивна емоција, туку стратегија и верба во нашата поединечна и колективна моќ. „Надежта е есенцијална во која било политичка борба за радикална промена кога генералната општествена клима промовира разочарување и очај“, вели бел хукс. Медуза продолжува да биде мојата искра и израз на надеж и во најтемните денови и времиња. Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.

[1] Парафразирајќи го стихот „Нештата се распаѓаат; центарот не може да додржи“ на песната Второто доаѓање која Вилијам Батлер Јејтс ја напишал во 1919 година, веднаш по завршувањето на Првата светска војна, со што поетот го пренесува своето чувство дека на светот за кој знаел дотогаш му ближи крајот, а нов свет е на патот.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • December 24, 2022
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram