Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.

Живееме помеѓу размерот на глуоните и галаксиите, неспособни да допреме ниту на едните, ниту до другите, нерелевантни за нивното постење. Скроени од прашината на ѕвезди кои умираат, се движиме низ универзум на непристрасни закони со нашите соништа и копнежи, страсни пиони во рацете на големите случајности, секојдневно гледајќи го светот како се врти спротивно на нашите желби, секојдневно сведочејќи како потклекнуваме пред сопствената волја. 

Како можеме наспроти оваа космичка беспомошност да негуваме чувство на личен агенс, неопходен за водење на нашите човечки животи, и дотолку повеќе да ги исполниме нашите животи со величествена смисла?

Овие прашања ги адресира Ник Кејв во дијалог со еден негов обожавател кој ги споделил со него своите  разорни чувства на егзистенцијална беспомошност и немоќ. Одмотувајќи ја централната креативна слика во една од неговите песни, тој пишува: 

„Секојдневниот човечки гест е секогаш на чекор од чудесното – [запомни] дека најпосле, нештата се случуваат како резултат на нашите постапки, вон нашето разбирање или намера; дека нашите навидум мали, обични гестови имаат необјасниви последици; дека она што го правиме на овој свет има некакво значење; дека не сме ништо; и дека дури и нашите најсекојдневни постапки природно го надраснуваат доменот на нашата намера и значајно и радикално се прелеваат низ времето и просторот, менувајќи сè… Нашите дела, без разлика колку ни се чинат безначајни, се полни смисла и последици и постојано вршат влијание врз расплетот на приказната за светот, без разлика дали сме свесни за тоа или не“.

Обраќајќи му се директно на човекот кој го изгубил чувството на лична вредност и моќ, додава:

„Наместо да се чувствувате импотентно и бескорисно, мора да се помирите со фактот дека како човечко суштество сте бескрајно моќни и да преземете одговорност за оваа огромна моќ. Дури и нашите најмали постапки имаат потенцијал за големи промени, позитивни или негативни, а начинот на кој сите ние се однесуваме во светот има некакво значење. Вие сте сè само не импотентни, вие сте, всушност, извонредно и застрашувачки динамични, како и сите ние, и со сета почит, имате обврска да се исправите и преземете одговорност за тој потенцијал. Тоа е вашата најбазична и насушна должност“.

Во „Верба, надеж и колеж“ – една од моите омилени книги за 2022 – Кејв ја илустрира оваа моќ на суптилните дела со пример за еден таков „мал, но монументален гест“ понуден од речиси непозната личност, со навидум многу мал локус на моќ во светот, но сепак доволен за да направи огромна разлика во неговиот живот, во периодот кога тагувал по својот син:

„Има едно вегетаријанско местенце со храна за носење во Брајтон наречено Infinity, кадешто понекогаш јадев. Отидов таму првиот пат кога излегов во јавност откако Артур умре. Таму работеше една жена со која секогаш бев пријателски настроен, знаете онаа стандарна учтивост, но отсекогаш ми се допаѓаше. Чекав во редот. Таа ме праша што сакам и ми падна чудно, бидејќи во нејзиниот однос немаше никакво уважување. Ме третираше како секој друг; фактички, професионално. Ми ја даде храната, јас и ги дадов парите… Но додека ми враќаше кусур, ми ја стисна раката. Намерно.

Тоа беше толку тивок чин на љубезност. Наједноставниот и најартикулираниот гест, но, истовремено, ми значеше повеќе од сè што некој се обиде да ми го каже…поради неуспехот на јазикот во пресрет на катастрофа. Таа, во тој момент, ми посака сè најдобро. Имаше нешто навистина трогателно во тој едноставен, нем чин на сочувство…Никогаш нема да го заборавам. Кога ми е тешко, често се навраќам на чувството што таа ми го даде. Човечките суштества се навистина извонредни. Такви нијансирани, проникливи суштества“.

 

 

 

Извор: The Marginalian 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • January 26, 2023
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram